feature

Моќно издание на одбраната и голманите, Еурофарм Пелистер го надигра Вардар

По големата победа во Скопје вредна титула, Еурофарм Пелистер отвори со триумф против вечниот ривал Вардар 1961 и во подготвителниот период за новата сезона, односн на турнирот „Крсте Андоновски“ кој се игра во Охрид. Третиот натпреварувачки ден беше затворен со вечното дерби меѓу најголемите македонски ривали, а после високото темпо од двете екипи на стартот на средбата, тимот од Битола беше оној кој се издвои со подобра игра во одбрана, но и поефикасен напад.

Еурофарм Пелистер на крајот славеше со 28-23, а со самото тоа покажа дека до оваа фаза од подготовките се наоѓа во подобра форма.
Најдобар стрелец кај Еурофарм Пелистер беше Хекберт со седум гола, додека Хориха кај Вардар постигна девет гола. Сепак, натпреварот го одбележаа голманите на битолската екипа – Хаидарирад со петнаесет и Брестовац со пет одбрани,

Во последното трето коло од групната фаза, Еурофарм Пелистер утре ќе се сретне со Динамо Панчево.


Астон Вила го позајми Бејли на Рома

Играчот од средниот ред на Астон Вила, Леон Бејли, ќе игра на позајмица во Рома до крајот на сезоната, објави денес италијанскиот клуб.

Во соопштението се наведува дека Рома има опција да го откупи договорот на репрезентативецот на Јамајка на крајот од сезоната.

Бејли во својата кариера играше за Генк и Баер Леверкузен, а од 2021 година е член на Астон Вила. Минатата сезона одигра 38 натпревари за клубот од Бирмингем и постигна два гола.

Бејли ќе го носи дресот со број 31 во Рома.


Два премиерлигаши го сакаат Марк Касадо од Барса

Играчот од средниот ред на Барса, Марк Касадо, е на мета на два клуба од англиската Премиер лигата.

Пред затворањето на летниот преоден рок, Вест Хем и Вулверхемптон се подготвуваат да достават свои понуди за младиот ШПанец. Се зборува дека и двата англиски клуба се подготвуваат да испратат слични понуди во висина од околу 30 милиони евра.

Сепак, приоритет на Касадо е да остане во Барселона и покрај тоа што нема сигурно место во стартната постава. Останува да се види како ќе минат преговорите.


Македонија со победа ги заврши претквалификациите

Македонската кошаркарска репрезентација со победа од 82-75 против Унгарија го заврши настапот во претквалификациите за Светското првенство во 2027 кое ќе се одржи во Катар.

Во СРЦ „Кале“ во меч без резултатско значење околу местата на табелата, нашата подмладена селекција покажа повеќе од противникот и сосема заслужено ја однесе победата. Во нашиот табор Вајли беше најпрецизен со 23 кошеви пред Митревски и Ташовски со 14 поени.

На крајот во нашата група Романија и Унгарија продолжија во квалификациите додека Македонија заврши на последното место со една победа и три пораза.


Реми на Еурофарм Пелистер и Тримо Требње во драма на турнирот во Охрид

Еурофарм Пелистер со реми стартуваше на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид откако денес во интересен натпревар одигра нерешено против Тримо Требње 32-32. Првото полувреме помина во израмнета игра на двете страни во која за нијанса подобри беа гостите од Словенија кои по триесет минути игра имаа позитива од 14-15.

Вториот дел се играше гол за гол, а натпреварот влезе во неизвесна завршница. На шест секунди до крајот Видомски стрелаше за 32-32 и дуелот заврши без победник. Радивојевиќ со седум и Павле Атанасијевиќ со шест гола беа најефикасни кај Еурофарм Пелистер, а Јуречиќ со седум и Цингесар со шест гола се истакнаа кај Тримо Требње.

Ракомет
Меморијален турнир „Крсте Андоновски“ – Охрид 2025
Група Б – прво коло

Еурофарм Пелистер – Тримо Требње 32-32 (14-15)

Спортска сала „Билјанини извори“ – Охрид
Гледачи: 200
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов (Македонија)
Црвен картон: Павле Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер)

Еурофарм Пелистер:
Брестовац, Хаидарирад, Манасков 4, Цехте 2, Видомски 5, Тајник 2, Калед Валид, Хенигман 3, Радивојевиќ 8, Абутовиќ, Кајалџиевски, Павле Атанасијевиќ 4, Хекберт 1, Пешевски 1, Петар Атанасијевиќ 2, Хаџиќ
Седмерци: 6/5
Исклучувања: 14 минута

Тримо Требње:
Лесјак, Шаламон, Дидовиќ, Јуречиќ 7, Мајсторовиќ, Соршек 4, Базник 1, Котар, Авдиќ 3, Гучек, Грмшек 3, Павловиќ 5, Грмшек 4, Цингесар 5, Цисерле, Смолчиќ, Херцег
Седмерци: 10/9
Исклучувања: 12 минути

Во второто коло Еурофарм Пелистер утре од 21:00 часот ќе се соочи со Вардар 1961.


Марко Белинели означи крај на кариерата

Италијанскиот кошаркар Марко Белинели одлучи да ја заврши својата богата кариера на 39-годишна возраст. Тој ја сподели одлуката на социјалните мрежи.

-Кошарката ми даде сè… и јас ѝ дадов сè. Тешко е да се каже збогум, но дојде време. Го оставам сонот за новата генерација – нека го остварат, напиша Белинели.

Белинели останува во историјата како единствениот Италијанец со шампионски прстен во НБА, освоен во 2014 година со Сан Антонио Спарс. Во истата сезона, тој ја освои и титулата во натпреварувањето за шутирање тројки на НБА Ол-стар викендот.

Во текот на 14 сезони во најсилната лига во светот, тој одигра дури 925 натпревари, со просечен учинок од 9,7 поени во регуларната сезона и 8,5 во плејофот. Последните пет години ги помина во Виртус од Болоња, со кого го освои Еврокупот во 2022 година и обезбеди враќање во Евролигата.


Малезија ја враќа трката во Формула 1 во календарот

Големата награда на Малезија на патеката во Сепанг се возеше од 1999 до 2017 година и беше една од омилените на многу фанови во караванот.

Сега веќе долго време е отсутна од календарот, но постои иницијатива да се врати.Директорот на патеката, Азан Шафриман Ханиф, рече дека нема да биде лесно, Формула 1 да се врати во Малезија.

„Не сакаме да ги повториме грешките од минатото. Дозволивме Формула 1 да си оди и сега е многу тешко да се вратиме. Има листа на чекање за враќање, а секако трошоците се многу високи.

Ни беше кажано дека компензациите се 70 милиони долари по трка. Тоа не ги вклучува трошоците за подготовка, кои се помеѓу 2,3 и 4,7 милиони долари за секој настан. Вкупно, враќањето на трката би нè чинело повеќе од 73 милиони“, рече Шафриман.


Драконска казна заради допинг за украинска атлетичарка

Украинската атлетичарка Марина Бех-Романчук, вицешампионка на светот во трискок и скок во далечина, е суспендирана на четири години поради допинг, објави Одделот за интегритет на атлетските спортови (АИУ).

„АИУ ја суспендира Марина Бех-Романчук (Украина) за период од четири години, почнувајќи од 13 мај 2025 година, поради присуство/употреба на забранета супстанца (тестостерон)“, се вели во соопштението објавено на мрежата „X“.

29-годишната Бех-Романчук била позитивна на тестостерон, анаболичен стероид, на тест спроведен на 7 декември 2024 година. Привремено била суспендирана во мај оваа година.

Во својата кариера, таа освоила сребрени медали на светските првенства – во трискок во Будимпешта во 2023 година и во скок во далечина во Доха во 2019 година.


Мбапе од пенал ја сруши Осасуна на стартот на сезоната во Шпанија

Реал Мадрид синоќа ја победи Осасуна со 1-0 на домашен терен дома во првото коло од Ла Лига.

Стрелец на единствениот гол на беше Килијан Мбапе од пенал во 51. минута.

На крајот од натпреварот, одбранбениот фудбалер на тимот од Памплона, Абел Бретонес, доби црвен картон.

Во второто коло од шпанското првенство, Реал Мадрид ќе игра на гости против Овиедо на 24 август. Осасуна ќе биде домаќин на Валенсија истиот ден.


Челзи никако не може да го продаде Стерлинг

Фудбалерот на Челзи, Рахим Стерлинг, може да ја продолжи кариерата во друг клуб, објави Телеграф.

Лондонските „Сини“ се отворени за понуди за позајмица за 30-годишниот Англичанец.

Исто така, се објавува дека Челзи сака да добие уште осум играчи пред да се затвори преодниот рок.

Стерлинг ја помина сезоната 2024/25 во Арсенал. Тој на 28 натпревари постигна еден гол и пет асистенции.