feature

Чупиќ почнува тренерска кариера

Легендарниот хрватски ракометар Иван Чупиќ на крајот од оваа
сезона ќе стави крај на славната кариера.
По завршувањето на истата тамошните медиуми известуваат дека
десното крило планира да започне тренерска кариера.
Чупиќ денеска има 38 години и долги години е на големата ракометна сцена. Во кариерата освои бројни медали и трофеи, а сигурно ќе ги памети и трите титули во Лигата на шампионите, две со Вардар во 2017 и 2019 година, и една со Киелце.


Варан го напушта „Олд Трафорд“ на крајот на сезоната

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг,
дефинитивно остана без услугите на дефанзивецот , Рафаел Варан, кој
ќе мора да паузира подолг период поради повреда на мускулот.
Францускиот интернационалец веројатно ќе се врати на терените кон
средината на месец мај. Тој во сезонава одигра 30 натпревари и
постигна 1 гол.
20-кратниот шампион на Англија утре ќе му гостува на Борнмут.


Премиер лигата ги менува финансиските правила

Претставниците на клубовите во Премиер-лигата постигнаа начелен
договор за воведување нови финансиски правила , јавува Би-Би-Си.
Тие ќе треба да стартуваат од сезоната 2025/26. Според нив, еден клуб
не може да забележи поголеми загуби од 105 милиони фунти во текот
на три години.
Според сегашните правила, секој клуб може да троши повеќе од 70%
од приходите за трансфери, плати и провизии на агенти. Во Англија
тој процент се очекува да биде 85.


Имобиле по скоро една деценија заминува од Лацио

Фудбалерот на Лацио, Чиро Имобиле, кој имаше конфликт со
навивачите на тимот, може да го напушти римскиот клуб во текот на
летниот трансфер период.
Тој игра за „римските орли“ од јули во 2016 година. Досега има 335
натпревари, 206 голови и 54 асистенции.
Неговиот договор е до крајот на сезоната 2025/26. 34-годишниот
играч вреди на трансфер-пазарот околу 8 милиони евра.


Дани Алвеш ќе остане на слобода до одлуката на судот

Дани Алвеш останува на слобода откако судот во Барселона во текот на средата ја одби жалбата на другата страна за неговото предвремено пуштање од затвор со платена кауција, пренесува француската агенција „АФП“.

Бразилец претходно беше осуден на четири ипол години затворска казна поради силување во ноќен клуб ноќта измеѓу 30 и 31 декември 2023 година. Алвеш на 25 март беше пуштен да се брани од слобода со кауција од еден милион евра.

На таквата одлука се жалеше обвинителството и адвокатскиот тим на спротивната страна, но нивната жалба беше одбиена и Алвеш ќе остане на слобода. Судот по уплатената кауција го ослоби Алвеш, меѓутоа и му ги одзема двата пасоши кои ги поседуваа, бразилскиот и шпанскиот.

Поранешната фудбалска ѕвезда на Барселона исто така не смее да ја напушти Шпанија и во судот мора да се јавува секој петок.


Голманот на Црвена Звезда пред потпис со Севиља

Чуварот на мрежата на Црвена Звезда, Омри Глазер е еден од најважните играчи на црвено-белите сезонава.

Белградскиот гигант го доведе од тимот на Хапоел Бершава за оштета од околу милион евра, денес неговата цена изнесува скоро трипати повеќе, според „Трансфермаркт“.

Најавите се дека Звезда може да го продаде за 2.8 милиони евра. Како најзаинтересирана за услугите на Глазер се истакнува Севиља која ги следеше неговите настапи во Лигата на шампионите.

Сезонаваа Севиља игра под очекувањата, доживеаа рана елиминација од европските натпреварувања додека во Ла Лига се на 14-тата позиција.


Портнер суспендиран заради сомнеж за допинг

Голманот на актуелниот европски шампион Магдебург, Никола Портнер, привремено е суспендиран поради сомневање дека користел допинг.

Во официјалното соопштение на Магдебург се вели дека деталите за обвиненијата и напредокот на случајот засега остануваат нејасни.

Од Магдебург истакнаа дека 30-годишниот голман привремено е суспендиран од учество во тренинзите и настапите на клубот додека трае истрагата.

Тоа значи дека голманот нема да брани во финалето од Купот на Германија, а доколку биде целосно суспендиран, тимот на Магдебург ќе мора без него да се бори за пласман на Ф4 во Лигата на шампионите.


Интер Мајами елиминиран од КОНКАКАФ Лигата на шампионите

Интер Мајами рано утрово загуби од Монтереј во реваншот од
четвртфиналето на Купот на шампионите КОНКАКАФ со 3-1.
Средбата се одржа на стадионот „ББВА Банкомер“ во Монтереј.
Напаѓачот на домашната екипа Брендон Васкез го отвори резултатот
во 31. минута. Неговиот гол беше единствен во првото полувреме.
Веднаш по паузата, тимот од Мексико постигна уште два гола –
погодија Жерман Бертерам и Хесус Гала.
Во 79. минута гостите останаа во малцинство бидејќи дефанзивецот
Жорди Алба доби втор жолт картон. На крајот од натпреварот Диего
Гомез ги постави конечните 3-1 по асистенција на Лионел Меси.
Во првиот натпревар Монтереј победи со резултат 2-1.


Баерн без Гнабри и Дејвис на реваншот против Арсенал

Минхенски Баерн и официјално соопшти дека неговиот играч Серж
Гнабри ја повредил тетивата во првиот четвртфинален натпревар од
Лигата на шампионите на гостувањето кај Арсенал во Лондон.
Првиот натпревар заврши без победник 2-2, а Гнабри во 18. минута
погоди за 1-1.
Гнабри беше стрелец и на последниот првенствен натпревар, кога
Баерн беше изненадувачки поразен со 2-3 кај Хајденхајм.
Баерн не објави колку долго ќе отсуствува 28-годишниот Гнабри, но
германските медиуми објавија дека се очекува да биде надвор од
терените три недели, што значи дека нема да биде подготвен за
реваншот на „Алијанц Арената“.
Ова не е единствениот проблем за Баерн пред реваншот против
Арсенал, бидејќи на тој натпревар нема да може да игра ниту
Алфонсо Дејвис, поради жолти картони.


Педро Нето од Вулверхемтон на мета на Ливерпул и Арсенал

Ливерпул и Арсенал на лето ќе водат голема битка за играчот на Вулверхемптон, Педро Нето.

Педро Нето пристигна во Премиер лигата во 2019 година од Брага и се етаблираше во еден од најдобрите фудбалери на Островот. Ливерпул го следи веќе подолго време бидејќи во него гледа идеален наследник на Салах.

Меѓутоа, „црвените“ ќе имаат голема конкуренција, па за да ја победат веќе почнаа да работат на трансферот.

 Неговата вредност е околу 60 милиони фунти, сума која Ливерпул е спремен да ја плати.