Македонскиот репрезентативецот Бојан Димоски е новиот играч на Партизан. Во клубот Димоски доаѓа од руски Акрон.
Димоски е роден 2001 година во Прилеп и игра на позицијата лев бек.
Димоски кариерата ја започна во Тетекс, по што настапуваше за Вардар и Брера од Струмица, од која во 2023 година се пресели во руски Акрон.
Има настапувано за сите јуниорски репрезентации, а моментално е редовен репрезентативец за кој има одиграно 18 натпревари.
Винициус ја одби првата понуда за нов договор во Реал
Винисиус ја одбил понудата на Реал Мадрид за продолжување на договорот, иако клубот му понуди покачување на сегашната плата од 15 милиони евра. Ова го тврди Марио Кортегана, новинар на „Атлетик“ добро упатен во односите во Реал. Тој додава дека се очекува да продолжат преговорите кои започнаа пред две недели.
Винисиус пред две години го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2027 година со трансфер клаузула од една милијарда евра. Минатото лето „Атлетик“, објави дека на менаџерите на Винисиус им се обратиле претставници на саудиските клубови, а истото го направиле и минатата есен.
Тогаш, во октомври минатата година, Винисиус изјави дека сака засекогаш да остане во Реал. Францускиот инсајдер Фабрис Хокинс сега објави дека Винисиус има понуда од Саудиска Арабија од една милијарда евра за пет години.
Бразилецот е во Реал од 2018 година, кога пристигна од Фламенго за сума од 45 милиони евра. Оттогаш, крилниот напаѓач постигна 101 гол и забележа 83 асистенции во 293 натпревари за Реал. Тој освои три Ла Лига, две Лига на шампиони и два Светски клупски првенства.
Упамекано добива нов договор во Минхен
По продолжувањето на договорите на Мануел Нојер и Алфонсо Дејвис, Баерн Минхен активно работи на нов договор со Дајо Упамекано, пренесе „Билд“.
Францускиот репрезентативец значително ги подобри своите перформанси оваа сезона, што ги мотивираше Баварците да го врзат долгорочно. Актуелниот договор на 26-годишниот дефанзивец е до летото 2026 година, но преговорите за негово продолжување се одвиваат многу добро.
Според информациите, Упамекано може да го обнови договорот веднаш по Џамал Мусиала. Баерн е во завршна фаза на преговори со германскиот репрезентаивец.
Дајо Упамекано му се приклучи на Баерн во летото 2021 година и брзо се наметна како клучна фигура во одбраната на тимот.
Надал продаде дел од академијата и заработи вистинско богатство
Легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал стана побогат за 94,1 милиони евра, откако продаде 44,9 отсто од сопственоста во неговата академија на инвестициската компанија GPF Capital.
Иако продаде дел од сопственоста, Надал сепак го задржува мнозинскиот пакет акции, што му овозможува да ја задржи контролата врз идниот правец на развојот на академијата.
Основана во 2016 година во родниот град на Надал, Манакор, Мајорка, Академијата Рафаел Надал им обезбедува на младите спортисти врвна програма за обука за тенис, комбинирана со академско образование. Овој сеопфатен пристап им овозможува на младите таленти да се подготват за професионален тенис, и на теренот и надвор од него.
Академијата брзо стана глобална институција, со центри во Кувајт, Грција и Мексико, а во 2023 година, со цел да се забрза меѓународната експанзија, се приклучи на GPF Capital како инвеститор. По тој повод, Надал ја изрази својата возбуда поради почетокот на неговата меѓународна експанзија:
„Многу сум возбуден што ќе ја започнам оваа фаза на меѓународно проширување и ќе почнам да ја лоцирам академијата во различни делови на светот“, рече Надал.
Оваа продажба претставува важен момент во деловната кариера на Надал и дополнителен доказ за неговата посветена работа да го прошири своето влијание надвор од тенискиот терен.
Роналдо доби статуа на Тајм сквер по повод 40-от роденден
Статуа на Кристијано Роналдо е поставена во центарот на Њујорк по повод неговиот 40-ти роденден.
На 5 февруари, напаѓачот на Ал-Наср и репрезентацијата на Португалија прослави роденден.
По тој повод, на „Тајмс Сквер“, плоштад во центарот на Менхетен, беше поставена бронзена скулптура на Роналдо висока 12 метри, стоејќи на камион и обоена во зелена, црвена и златна боја.
Автор на уметничкото дело е скулпторот Серџо Фурнари, кој се прослави со неговиот споменик „Ручек на врвот на облакодер“, кој е интерпретација на познатата фотографија од 1932 година на која работниците ручаат на една од челичните греди на 69-тиот кат на „Центарот Рокфелер“ во изградба на висина од повеќе од 200 метри.
Скулптурата е создадена за да ја „овековечи суштината на Роналдо не само како спортист, туку и како културна икона која инспирирала милијарди луѓе ширум светот“.
Откако Фурнари ја откри статуата, присутните почнаа да скандираат „Сиу“, начинот на кој Португалецот ги прославува головите.
Верстапен има далеку поголема плата од Хамилтон
Актуелниот светски првак во Формула 1, Макс Верстапен е најплатениот пилот во Формула 1. Според истражувањето на магазинот „Рејсинг365“, платата на Верстапен е проценета на 65 милиони долари.
Убедливо втор и со мало засотанување зад платата на светскиот шампион е Луис Хамилтон. Новиот возач на Ферари ќе има плата од 60 милиони долари. Во ТОП 3 се најде и вториот возач на Ферари, Леклер, кој има плата од 34 милиони долари на годишно ниво.
Четвртото место го делат Фернандо Алонсо од Астон Мартин и Ландо Норис од Мекларен кои годишно заработуваат плата од 20 милиони долари.
Скимо нов спорт на Зимските Олимписки Игри
Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д’Ампецо следната година во својата програма ќе имаат нов спорт – скимо.
Скимо е ски планинарење, а комбинира скијање по угорнини и спуст, како и користење врвни планинарски вештини за искачување на ледените падини.
Има различни должини на трки, од кратки спринтови до оние кои можат да траат до два часа и да вклучуваат повеќе од 1.500 метри качување.
Вкупно 18 мажи и 18 жени ќе се натпреваруваат во поединечни трки и во мешана штафета.
Спринт трките вообичаено траат само три минути за мажи и четири минути за жени и се состојат од скијање на нагорнина, дел за качување и спуштање околу портите на трката. Натпреварувачите можат да се искачат до 250 вертикални стапки.
Скимо натпреварувачите користат специјална „кожа“ што ја ставаат на долниот дел од скиите за да спречат лизгање за време на искачувањата. Нивните скии се слични на оние за нордиско скијање, малку се полесни од скиите за спуст и имаат подвижни врзиви кои овозможуваат правилно движење на зглобовите.
Зимските олимписки игри во Милано и Кортина почнуваат за точно една година, а во текот на нивното времетраење ќе бидат доделени вкупно 116 комплети медали во 16 дисциплини. Свеченото отворање ќе се одржи во Верона, додека скијачките натпревари ќе се одржат во Бормио.
Луис Енрике: ПСЖ е посилен без Мбапе
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике изјави дека не жали по Килијан Мбапе, кој минатото лето како слободен играч се пресели во Реал Мадрид.
Мбапе не му помогна на ПСЖ да ја освои Лигата на шампионите, ќе видиме дали ќе го направи тоа во „кралскиот клуб“, но факт е дека не се раздели со „светците“ во најдобри односи.
Ниту со тренерот Луис Енрике, инаку легенда на Барселона.
„Бев многу храбар минатата сезона кога ви кажав дека ќе бидеме подобри во нападот и одбраната. Тоа постојано го кажувам и бројките го потврдуваат тоа. Сите го сакаа Килијан, но тимот реагира позитивно. Сакав повеќе играчи да постигнуваат голови. Зрелоста е многу важна работа”, изјави Енрике.
Затоа, од друга страна, тој е презадоволен од настапите на Усман Дембеле оваа сезона.
„Го познавам од Барселона, тој е многу отворен тип. Тој игра спектакуларно, статистиката покажува дека „експлодира“ оваа сеозна. Не го ограничуваме, тој мора да биде важен за тимот, да носи одлуки. Тој треба да биде лидер и мислам дека може да го направи тоа“, подвлече Луис Енрике.
Одермат златен во супервелеслалом на Мундијалот во Залбах
Швајцарецот Марк Одермат, кој стана олимписки шампион во Пекинг во велеслалом во 2022 година, го освои златото на Светското првенство во Залбах, Австрија, во супервелеслалом.
За супериорното возење на 27-годишниот во петокот сведочи резултатот на неговиот врсник и освојувачот на сребрениот медал Рафаел Хазер (Австрија), Швајцарецот беше побрз за една секунда.
Подиумот го пополни 30-годишниот Норвежанец Адријан Смитет Сејерстед, со заостанување од 1,15 секунди од победникот.
Шешко е прва опција за нападот на Арсенал во јуни
Лондонски Арсенал веќе знае кој ќе биде приоритетна цел на тимот во летниот трансфер период. Арсенал го идентификуваше Бенџамин Шешко како нивна трансфер цел број 1. Се претпоставуваше дека „топчиите“ ќе тргнат по Александар Исак, но по се изгледа Њукасл тешко дека ќе дозволи Швеѓанецот да си замине.
За Исак Њукасл најверојатно ќе остане цврст на астрономската цена за шведскиот репрезентативец. На клубовите, вклучително и Арсенал, им е кажано дека ќе бидат потребни 150 милиони фунти за да го добијат голгетерот ова лето, па оттука Арсенал ќе се обиде со репрезентативецот на Словенија.