feature

Милан го носи Кимпембе од ПСЖ следната сезона

Преснал Кимпембе би можел на лето да се пресели во Милано.
28-годишниот Французин е дете на ПСЖ и целата кариера ја помина
на „Паркот на Принцовите“, но нема да го продолжи договорот
бидејќи не е задоволен од ситуацијата во клубот.
Кимпембе не е задоволен од својот статус во клубот, иако изминатите
години беше незаменлив во одбраната на „светците“. Французинот ја одбил понудата за нов договор, па на лето ќе биде слободен агент.
Таквата ситуација сака да ја искористи Милан и да го доведе без
обештетување, а многуте Французи во тимот на „росонерите“ можат
да одиграат клучна улога Кимпембе да го избере токму Милан.


Гати добива нов договор со „црно-белите“ од Торино

Јувентус и официјално го обнови договорот со Федерико Гати до
летото 2028. Веста беше потврдена на клупската веб-страница.
25-годишниот централен дефанзивец минатата година дебитираше за италијанската репрезентација, а од стартот на актуелната сезона се
повеќе е дел од плановите на Масимилијано Алегри.
Гати е момче од Торино, иако смени многу клубови пред да се
пресели од Фрозиноне во Јуве во јануари минатата година за сума од
5,4 милиони евра.


Садио Мане го купи францускиот клуб Бурже Фут 18

Крилниот напаѓач на репрезентацијата на Сенегал и актуелен член на саудискиот клуб Ан-Наср, Садио Мане, стана сопственик на
францускиот клуб Бурже Фут 18.
Според изворот, 31-годишниот Сенегалец го купил контролниот пакет
во францускиот клуб, кој игра во четвртата лига на земјата. Оваа
информација ја потврдуваат и властите на француската комуна.
По седум кола, Бурже Фут има само четири бода и се наоѓа на 13.
место во групата Б од четвртата дивизија на Франција.


Храбра игра на Еурофарм Пелистер до самиот крај во синоќешниот дуел против Киелце

Храбра игра на Еурофарм Пелистер до самиот крај во синоќешниот дуел против Киелце. Зелено-белите беа блиску до изненадување, но првите бодови во Лигата на шампиони ќе ги очекуваме во некој нареден натпревар.
Супер атмосфера помеѓу публиката и бодрење во целиот натпревар.
Повторно голема поддршка од ЕВРОТИП, секогаш повеќе – секогаш заедно


Канзас Сити е новиот клуб на Влатко Андоновски

Влатко Андоновски одново се враќа на менаџерската позиција на Канзас Сити во Националната женска фудбалска лига во САД.

Андоновски го водеше Канзас пред да стане селектор на женската репрезентација на САД со која освои две титули шампион на лигата. Андоновски сега во улога на тренер и спортски директор ќе се обиде да го врати клубот на славните патеки.

„Се враќам дома, се враќам во Канзас Сити, но поважно е што се враќам во организација која има јасна цел за патот по кој треба да оди. Возбуден сум што ќе бидам дел од тим како овој“, изјави Андоновски.


Тонали ја дозна казната, Њукасл ќе му ја „замрзне“ платата

Сандро Тонали избегна поголема суспензија, па иако се најавуваше дека надвор од терените може да биде три години, сепак доби суспензија од само десет месеци.

Њукасл му изрази поддршка во целиот процес, меѓутоа англискиот премиерлигаш изгледа планира тужба за Милан.

Во англискиот клуб сметаат дека можат да ја искористат ситуација и да извлечат одредена сума од Милан бидејќи Тонали го платија 70 милиони евра минатото лето, а сега нема да го имаат до крајот на сезоната.

Исто така платата на Тонали најверојатно ќе биде суспендирана, нешто што не се случи со Николо Фаџоли во Јувентус кој продолжи редовно да му ја исплаќа и покрај суспензијата од седум месеци.


Премиер лигата може да му одземе дванаесет бода на Евертон

Евертон е во голем проблем поради кршење на финансискиот фер-плеј.

„Дејли Мејл“ пишува дека на започнала расправа помеѓу Евертон и Премиер лигата. Постапката се одвива во тајност, а се очекува Премиер лигата да ја објави казната следниот месеци. Премиер лигата го обвинува клубот од Ливерпул за кршење на финансискиот фер-плеј. Евертон во тригодишниот период имал загуба од скоро 372 милиони фунти, а границата е 105 милиони.

Според пришувањето на британските медиуми, Евертон може да биде казнет со одземање на 12 бодови. Финансискиот експерт Киеран Мегваер смета дека тоа би донело многу проблеми за Евертон кој по девет кола е на 16. место со само седум освоени бодови.

„Клубот стравува дека обвиненијата можат да бидат потврдени и дека санкцијата ќе вклучува одземање на бодови. Одземање на 3-4 бода е нешто со кое клубот би можел да се носи, но „минус 12“ бода би биле тежок удар со оглед на нивната позиција на табелата“.


Димитријевиќ во тимот на колото во руската лига

Македонскиот репрезентативен плејмејкер Ненад Димитријевиќ се
наоѓа во тимот на неделата за периодот од 16 до 22 октомври.
Нашиот играч направи просек од 12,7 поени, 1,3 скок и 7,7
асистенции во натпреварите одиграни против Уралмаш и Самара.

Оствари личен рекорд по бројот на асистенции, вкупно 14 во победата
над Уралмаш, запиша и 12 поени за дабл дабл ефект. На дуелот со
Самара имаше 14 поени и шест асистенции.
Покрај Димитријевиќ, во идеалната петорка се и Ксавиер Рејтан-Мејс,
Маркел Џонсон, Џејмс Томпсон и Захар Ведишев.


Касемиро сака да си замине, Јунајтед веќе бара замена

Бразилскиот репрезентативец Касемиро не е задоволен од тоа како се
одвиваат работите во Манчестер Јунајтед и сака да си замине од „Олд
Трафорд“.
Тој не е во добри односи со тренерот Тен Хаг и жали што го напушти
Реал Мадрид за да се пресели во Манчестер Јунајтед, кој и оваа
сезона има слаби резултати. 31-годишниот играч за врска пристигна
во Манчестер во летото 2022 година за сума од 70 милиони евра, но
никогаш не пружи игри како тие во Мадрид.
Клубот веќе бара негова замена, а прва мета е Жоао Невеш од
Бенфика. 19-годишниот фудбалер дебитираше за португалската
репрезентација и важи за еден од најголемите таленти во Европа.


Челзи ќе испрати понуда до Интер за Бастони

Челзи е силно заинтересиран за дефанзивецот на Интер и италијански репрезентативец, Алесандро Бастони.
Бастони веќе неколку сезони е столб на одбраната на „нероаѕурите“ и
неодамна го продолжи договорот до 2028 година. Меѓутоа, Челзи му
нуди двојно повисока плата и е спремен да испрати богата понуда до
„нероаѕурите“ на лето.
Интер не сака да го продаде дефанзивецот, но е во тешка финансиска
ситуација и доколку пристигне богата понуда сигурно ќе размисли.