Ракометарите азиланти од Бурунди пронајдени во Белгија

Спортските обложувалници Евротип и Видеолотарија донесоа фантастични 44 милиони денари за месец Август кај среќните играчи. Во месец Август добивме еден СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот и четири МИЛИОНЕР џекпот среќни добитници.
Спортските обложувалници на ЕВРОТИП повторно со најголем број на исплатени добивки.
Најголемата добивка, спектакуларниот СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот вреден 20.110.146 денари го освои среќниот играч во уплатната локација на ЕВРОТИП – Тетово.
За месец Август имаме дури 4 МИЛИОНЕР џекпоти. Највисокиот износ за оваа добивка е 1.739.051 денари во Евротип Гостивар.
Ова се четирите МИЛИОНЕР џекпот добивки освоени во месец Август:
1.739.051 – Евротип Гостивар
1.713.284 – Евротип Могила
1.512.303 – Евротип Ростуше
1.335.453 – Евротип Битола
Месец Август го завршуваме со исплатени 44 милиони денари. Спортските обложувалници ЕВРОТИП и ВЛТ и понатаму ќе продолжат со низата на високи добивки за среќните играчи.
Следете не на социјалните мрежи на Евротип, посетете ја нашата веб страна www.evrotip.mk и креирајте го вашиот добитен тикет. Играј и биди следниот потенцијален милионер!
Жоржињо Вајналдум се приклучи на фудбалерите кои се преселија во
Саудиска Арабија и ќе го носи дресот на Ал Етифак.
Ал Етифак е клубот кој неодамна го напушти македонскиот
репрезентативец, Дарко Велковски и кој од клупата е предводен од
Стивен Џерард.
Вајналдум се обврза на тригодишна соработка со саудискиот клуб.
Изгледаше дека Серхио Рамос кариерата ќе ја продолжи во турскиот
гигант Галатасарај, но според последните најави и шпанскиот ветеран може да се пресели во Саудиска Арабија.
Информациите од арапската земја говорат дека Ал Итихад испратил
конкретна понуда за да го доведе Рамос.
Според информациите, Рамос има понуда за договор на две години со
плата од 20 милиони евра по сезона. Исто така во неговиот договор би
имало и клазула со која ќе може да го раскине договорот во било кое
време.
Рамос е без клуб откако го напушти Париз Сен Жермен.
Eрлинг Халанд постигна хет-трик во победата над Фулам и така
продолжи да испишува историја во Премиер лигата.
Норвежанецот вчера стана играчот на кој му било потребно најмалку
време да дојде до 50 голови и асистенции вкупно. На Халанд му беа
потребни 39 натпревари во најсилната англиска конкуренција за дапостигне 41 гол и да додаде девет асистенции.
Така Халанд го сруши рекордот на Енди Кол на кого му беа потребни
43 натпревари. Ова е само уште еден во низата рекорди кои ги руши
Халанд и сигурно нема да биде последен.
Дарио Ивановски ја одбрани шампионската титула на Балканското
првенство кое денес се одржа во рамки на битолската трка „Трчај Бе“.
Ивановски 21 километар истрча за време од 1:04:45 часа и тоа е нов
државен рекорд во полумаратон во машка конкуренција.
Со оваа победа Ивановски ја одбрани титулата која ја освои минатата
година на полумаратонот во Тирана. На втората позиција заврши
Ахмет Алканоглу од Турција, трет беше Романецот Стефан Иулис.
Победничка во женска конкуренција беше Албанката, Луиза Гега,
една од најдорбите атлетичарки на Балканот и актуелна европска
шампионка на 3.000 метри стиплчез. Маринела Нинева заврши зад
неа, а Даевора Аврамова на третата позиција.
Кристијано Роналдо го постигна својот 850-ти гол во кариерата во
победата на неговиот Ал Наср со 5-1 на гостински терен над Ал Хазм
во натпревар од петтото коло од првенството на Саудиска Арабија.
Роналдо постигна гол во 68. минута за 4-1 пред Садио Мане десет
минути подоцна да ги зголеми 5-1.
За Португалецотова е шести гол во последните три натпревари, а
забележа и две асистенции. Ал Наср е во серија од три
последователни победи во првенството.
Тренерот на Наполи, Руди Гарсија по поразот од Лацио со 2-1 во
натпревар од Серија А, вели дека не е задоволен од она што го видел
во вториот дел.
„Заслуживме да водиме на полувремето бидејќи игравме навистина
добро. Во речиси единствениот вистински налет на нашата половина, тие постигнаа гол, така што ефикасноста беше 100 проценти.
Израмнивме, но во вториот дел бевме далеку понеефикасни во
додавањата и создавањето шанси. Со оглед на второто полувреме,
Лацио заслужи да победи, но гледајќи ја играта во целина, мислам
дека подобро ќе беше нерешено. Момците мора да научат дека кога не можеме да победиме, барем да не губиме“, изјави тренерот на
Наполи.
Тотенхем го потврди трансферот на Бренан Џонсон, кој доаѓа од
Нотингем Форест за 45 милиони фунти.
22- годишниот фудбалер потпиша шестгодишен договор и ќе биде
деветто засилување за Тотенхем ова лето.
Џонсон ќе има тешка зада да го замени Хари Кејн во нападот, но тој е
поливалентен фудбалер и може да игра и како крилен напаѓач.
Во дресот на Нотингем Форест одигра 108 натпревари, постигна 29 гола и забележа 12 асистенции.
Дефанзивецот на Арсенал, Роб Холдинг е ново засилување за Кристал
Палас. „Топчиите“ се согласија да го продадат 27-годишниот
дефанзивец за скромна сума од 1 милион фунти, а договорот
предвидува Арсенал да добие дополнителни 2,5 милиони фунти во
бонуси. Договорот на Холдинг со Палас е на 3 години.
Арсенал го ангажираше Роб Холдинг од Болтон во 2016 година. Тој
одигра 162 натпревари за тимот од Северен Лондон, освојувајќи го
ФА Купот двапати и Комјунити Шилд трипати.