20-годишниот швајцарски дефанзивец потпиша договор со „росонерите“ до 2030 година.
Се вели дека Јанг Бојс добиле 10 милиони евра за играчот, плус 10% од секоја идна продажба.
Никола Серафимов потпиша за Левски
Македонскиот фудбалски репрезентативец Никола Серафимов денеска и официјално е промовиран како нов фудбалер на бугарски Левски. Договорот на 26-годишниот централен дефанзивец со софиските „сини“ е до летото 2028 година, а зделката стана факт откако беше раскинат неговиот договор со унгарскиот Фехервар.
Серафимов има 22 настапи и еден гол за репрезентацијата на Македонија. На 5 јуни 2022 година, тој го имаше своето деби за репрезентативниот тим во победата од 2:0 над Гибралтар на гости.
Кеслер Едвардс го засили тимот на Денвер Нагетс
Американскиот кошаркар Кеслер Едвардс го засили тимот на Денвер Нагетс.
Минатата сезона Едвардс го носеше дресот на Далас и одигра 40 натпревари, со просек од 4,3 поени и 1,1 асистенција за петнаесетина минути на паркетот.
Во моментов тој е во тренинг-кампот на Денвер и се очекува да остане во тимот кој повторно има големи амбиции за следната сезона и сака да ја нападне шампионската титула.
Кеслер е одличен одбранбен играч и се очекува да биде користен најмногу во дефанзивната ротација на тимот од Колорадо.
Беретини нема да настапи на УС Опен
ROME, ITALY – May 10: Matteo Berrettini of Italy at the Internazionali BNL dItalia held at the Foro Italico on May 10, 2025 in Rome, Italy (Photo by Peter Staples/ATP Tour)
Матео Беретини нема да настапи годинашниов турнир УС Опен.
Тој се реши да се повлече од турнирот поради повреда. Последниот настап Беретини го имаше на Вимблдон, кога во првото коло беше елиминиран од Камил Мајхшак.
Италијанецот подлог период има проблеми со повредите и нема континуитет на настапи на турнирите.
Беретини најдобрите резултати ги имаше во периодот од 2021 и 2022 година кога играше и во финалето на Вимблдон, а најдобриот пласман му беше на шестото место на АТП листата.
Во моментов е на 59.то место. Во кариерата има освоено 10 титули, а три во 2024 година.
Барса доби висока понуда за Дани Олмо од Тотенхем
Финишот на преодниот рок може да донесе сензационален трансфер на Дани Олмo. Барселона се соочува со финансиски проблеми и бара нов напаѓач, а поради недостатокот на континуитет и честите повреди, Олмо се најде во незгодна ситуација и би можел да го напушти клубот.
Шпанскиот портал „Фичхјес“, пишува дека одличната предсезона на Фермин Лопез дополнително го намалила неговиот простор во тимот.
Доаѓањето на Маркус Рашфорд треба да ја затвори позицијата лево крило, Рафиња играл како „десетка“, а Фермин и Гави можат да играат зад напаѓачите. Во Барселона, затоа, веруваат дека продажбата на Олм би била логичен потег, особено ако се земе предвид неговата склоност кон повреди и фактот дека трансферот би донел 60 милиони евра.
Олмо пристигна во Барселона во 2024 година и оттогаш одигра 39 натпревари со 12 гола и седум асистенции. И покрај талентот што го цени тренерот Ханси Флик, повредите и недостатокот на континуитет го спречија да стане стандарден член на првиот тим.
Нема недостиг од интерес за шпанскиот репрезентативец, а истиот извор наведува дека Тотенхем е сериозно заинтересиран. На Спарс им е потребен креативен играч со искуство бидејќи Џејмс Медисон неодамна претрпе сериозна повреда, па Олмо би можел да биде идеално решение. Се наведува дека поранешниот играч на Динамо е достапен за бројка од 60-70 милиони евра.
Кони де Винтер е нов фудбалер на Милан
Дефанзивецот на Џенова, Кони де Винтер, потпиша договор со Милан, објави официјалната веб-страница на клубот од Милано.
Договорот со 23-годишниот Белгиец е со важност до летото 2030 година. Порталот „Transfermarkt“ го проценува трансферот на 20 милиони евра.
Де Винтер играше за Џенова од летото 2024 година, откако се пресели од Јувентус. Во сезоната 2024/25, фудбалерот постигна три гола на 26 натпревари.
Дембеле: ПСЖ е најдобрата светска екипа годинава
Фудбалерот на ПСЖ, Усман Дембеле, по победата над Тотенхем (2:2, пенал – 4:3) во натпреварот за Суперкупот на УЕФА, истакна дека парискиот тим е најдобар во Европа во 2025 година.
Кога ПСЖ сè уште се бореше за Лигата на шампионите и се движеше напред од натпревар во натпревар, особено по осминафиналето, каде што го победивме Ливерпул, кој, според мене, е еден од најдобрите тимови во Европа, си рековме дека сè е можно. Четвртфинале, полуфинале, финале. Во 2025 година, бевме најдобриот тим во Европа, изјави Дембеле за сајтот на УЕФА.
Во 2025 година, ПСЖ го освои Суперкупот на УЕФА, Лигата на шампионите, Лига 1, Купот на Франција и Суперкупот на Франција.
Надал вложува богатство во хотелиерскиот бизнис во Аргентина
Рафаел Надал влезе во светот на хотелскиот бизнис, подготвен да инвестира повеќе од 200 милиони долари.
По завршувањето на богатата и успешна тениска кариера, Надал целосно се посвети на разни проекти надвор од теренот.
Покрај неговата позната тениска академија, една од најпочитуваните во светот, и неговиот личен бренд на спортска облека, тој сега се впушта во голем инвестициски потфат – изградба на луксузни хотели во Аргентина.
Како што потврди аргентинскиот секретар за туризам, Даниел Чоли, поранешниот светски број еден планира да изгради дури седум објекти преку хотелскиот синџир „Манакор“ на атрактивни туристички локации: Барилоче, Ел Калафате, Игуасу, Мендоза, Посадас, Салта и Ушуаја.
Првиот хотел ќе биде изграден во Ел Калафате, а според бизнис плановите, треба да биде завршен до 2026 година.
Убедлив пораз на одбојкарите во Атина
Одбојкарската репрезентација на Македонија не успеа да дојде до посакуваниот резултат на гостувањето кај Грција во Атина, загуби во три сета и сега не е се во рацете на нашите одбојкари во обидот да се дојде до место на Европското првенство.
Натпреварот во Атина заврши со резултат 3-0 (18-25, 15-25, 25-27) за репрезентацијата на Грција. Нашите репрезентативци беа најблизу да го освојат тој посакуван сет во третиот сет, кога имаа водство во повеќе наврати, на почетокот водеа со 10-5 и 11-6, но Грција се врати и направи пресврт и во финишот влегоа со предност.
Сепак и Македонија имаше сет топка кој не ја искористи, за на крај домашните одбојкари да го добијат третиот сет со 27-25 и да дојдат до победа од 3-0. Сега на одбојкарите ќе им биде потребна чиста победа од 3-0 над Грузија во последното коло, а и да се поклопат сите резултати од другите групи, за да се игра на ново Европско првенство.
Кај Македонија најдобри поентери беа Никола Ѓорѓиев со 13 и Љафтов и Маџунков со по шест поени.
Луис Енрике: Не знам дали заслуживме, но покажавме карактер и верба
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, го изрази своето задоволство по драматичната победа по изведувањето на пенали над Тотенхем во финалето на Европскиот Суперкуп. Сепак, Шпанецот призна дека Лондончани беа подобриот тим во поголемиот дел од натпреварот.
„Да бидам искрен, тешко ми е да дадам објективна оценка за овој натпревар. Имавме само 5-6 дена подготовка пред него, па затоа е неверојатно што триумфиравме. Благодарност до навивачите кои нè поддржуваа бескрајно од првата до последната минута. Среќен сум што возвративме на гестот со овој трофеј“, рече Енрике.
Тренерот не криеше дека противникот им го отежнал максимално можното натпреварување на Парижаните: „Тотенхем одигра силен натпревар – беа посвежи и подобро подготвени од нас. И покрај ова, покажавме карактер и се боревме до крај. Не можам да кажам дали нашата победа беше целосно заслужена, но тоа е фудбалот. Среќен сум за нашите навивачи. Знам дека сè уште имаме многу да подобриме – секогаш сакам повеќе од мојот тим“ изјави Луис Енрике по натпреварот.