feature

Несторовски пак стрелец за Славен Белупо

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски продолжи со одличната форма и втор меч по ред се запиша меѓу стрелците за Славен Белупо, постигнувајќи гол во ремито 1-1 против Истра.

Белупо беше на чекор до победа благодарение на голот на Несторовски во самиот финиш од првиот дел, кога прецизно реализираше пенал.

Гостите ја држеа предноста до длабоко во судиското продолжение, сè до 91. минута, кога Превљак успеа да израмни и да спаси бод за Истра.

Новиот погодок доаѓа само едно коло по неговите два гола во претходното во кое беше избран и во тимот на колото.


Интер Мајами го освои Истокот, за МЛС титулата ќе се бори со Ванкувер

Интер Мајами со убедливи 5-1 го победија Њујорк Сити и станаа шампиони во источната конференција, во големото МЛС финале ќе играат против Ванкувер кој со 3-1 славеше на гостувањето кај Сан Диего и триумфираше на Западот.

Меси и соиграчите убедливо го совлдаа Њујорк Сити, Аргентинецот не успеа да даде гол овојпат, запиша една асистенција.

Херој беше Аленде кој даде хет-трик, по еден погодок постигнаа Силвети и Шеговија.

Со овој триумф Интер Мајами ја освои источната конференција, а во големото финале ќе игра против Ванкувер.

Тие со 3-1 славеа кај Сан Диего и ја освоија западната конференција.


Фламенго го освои Копа Либертадорес, Данило херој на финалето во Лима

Бразилското финале на Копа Либертадорес не ги исполни очекувањата, но донесе голема драма и ескалација на ривалството на реалција Рио – Сао Паоло.

Фламенго е нов првак на Јужна Америка, откако во тактичкото финале во Лима (Перу) го совлада Палмеирас со 1-0 (0-0).

Дуелот не беше допадлив и спектакуларен, но надмудрувањето на двата тренери царуваше. Моментот на одлука се случи на почетокот од вториот дел, кога по корнерот на Уругваецот Де Араскаета, највисоко скокна Данило и ја закова топката во мрежата на Палмеирас (1-0). Палмеирас реагираше, имаше и неколку шанси, но не успеа да се врати во натпреварот.

Ова е четврта јужноамериканска титула за Фламенго, 25-та за бразилските клубови, кои по долга оотрага се изедначија со аргентинските клубови на врвот на вечната листа.

Дури и во играта на бројки Бразил е сега поуспешен со дваесет загубени финалиња, наспроти тринаесет на аргентинските клубови.

Фламенго ќе го претставува континентот на Интерконтиненталниот Куп следниот месец, а веќе има „билет“ и за Светското клупско првенство во 2029 година.


Џејлен Вилијамс се враќа на терените

НБА првакот Оклахома Сити со речиси перфектниот старт на сезоната ќе добие и ново име во ростерот. На почетокот на сезоната Оклахома Сити има скор од 18 победи и еден пораз.

Но, екипата ќе биде дополнително „засилена“ откако од клубот објавија дека Џејлен Вилијамс повторно ќе биде во составот по повредата.

Тој досега нема одиграно ниту еден натпревар, па затоа враќањето на терен на Вилијамс треба да претставува голем плус за Оклахома.

Вилијамс има просек од 21,6 поени по натпревар, а беше дел и од втората дефанзивна петорка на лигата. Во финалето против Индијана имаше просек од 23 поени по натпревар.

Во јули годинава Вилијамс потпиша петгодишен договор вреден 287 милиони долари. Неговото враќање на теренот се очекува на вечерашниот дуел Оклахома и Феникс.


Уапсен Адријан Ситул, поранешен Формула 1 ас

Адријан Сутил е уапсен и моментално е во притвор по меѓународна полициска операција. Германецот е уапсен под сомнение за измама и проневера, објави германскиот „Билд“.

Поранешниот возач на Формула 1 е приведен од германската полиција, а Обвинителството во Штутгарт достави потврда дека се претресени неколку објекти во соработка со Државната криминална полиција на Баден-Виртемберг.

Возачот наводно не сакал јавно да коментира за обвинувањата.
Сутил возеше во Формула 1 од 2007 до 2011 година, а потоа од 2013 до 2014 година. Во текот на својата кариера беше возач за тимовите Спајкер, Форс Индија и Заубер.

Пред и по Формула 1, тој бил активен и во авто-мото спортовите. Откако завршил со автомобили, меѓу другото, се натпреварувал во „Ферари Челинџ“.


Милан доби уште едно дерби и изби сам на врвот во Серија А

Екипата на Милан со минимални 1-0 го доби дербито со Лацио на „Сан Сиро“ и така барем до утре ќе биде лидер на табелата.

Првото полувреме помина без поголеми возбудувања, со двете екипи внимателни и без сериозни шанси, па на пауза се замина со почетните 0:0.

Клучниот момент дојде веднаш по почетокот на вториот дел. По одлична акција и додавање од Томори, Рафаел Леао одлично се снајде во казнениот простор и стрелаше за 1-0.

Лацио се обиде да се врати во игра, создаде неколку солидни прилики, но Милан успеа да ја задржи контролата и да го сочува минималното водство.


Фоден го реши трилерот и донесе тешка победа на Сити над Лидс

Екипата на Манчестер Сити со голот на Фил Фоден во судиското надополнување стигна до победа од 3-2 против Лидс во 13. коло од Премиер лигата. „Граѓаните“ по првиот дел имаа водство од 2-0 со головите на Фоден и на Јошко Гвардиол, но гостите од Лидс Доминик Калверт-Луин и на Лукас Нмеча стигна до 2-2. Во првата минута од судиското надополнување Фоден со својот втор гол донесе победа за неговата екипа и второ место на табелата зад Арсенал, а пред Челзи.

На другите два дуела одиграни во Премиер лигата: Сандерленд – Борнмут 3:2 и Брентфорд – Барнли 3-1. Вечерва се играат натпреварите: Евертон – Њукасл и Тотенхем – Фулам, а другите натпревари од оваа рунда на програмата се утре (недела).


Монако го шокира европскиот првак во француското дерби

Европскиот и француски шампион ПСЖ попладнево претрпе пораз во дербито на 14. коло на во францускиот шампионат. Победа од 1-0 на домашен терен постигна Монако.

Стрелец на единствениот гол беше јапонскиот интернационалец Такуми Минамино во 68.минута. Монако последните 10-тина минути ги играше со играч помалку откако капитенот Тило Керер доби црвен картон.

Монако со денешната победа се проби на шестото место на табелата со 23 бодови, а ПСЖ е во опасност да го „испушти“ првото место доколку Олимпик Марсеј или Ленс постигнат победи во ова коло.


Вардар 1961 го доби дербито во Охрид и остана суверен лидер

Ракометарите на Вардар ја остварија четиринаесетта победа во Супер лигата во исто толку натпревари. „Вардарци“ го совладаа Охрид со 28-26 и со тоа како непоразен останаа на првото место на табелата.

„Црвено-црните“ водство имаа во текот на целото прво полувреме, а единственото изедначување беше 1-1. Вардар најголемата предност ја имаше во 20.минута кога поведе со 12-7, но охриѓани во финишот на првиот дел намалија на 13-14. Вардар и во вториот дел имаше постојано водство, а до +5 (17-22) стигнаа во 45. минута. До крајот на натпреварот „црвено-црните“ ја зачуваа предноста.

Дмитро Хориха со 8 голови беше најефикасен на натпреварот.

Второто дерби на колото се игра утре меѓу првакот Еурофарм Пелистер и Алкалоид со почеток во 19:30 часот.


Златна победа на Еурофарм Пелистер против жилавиот Куманово

Еурофарм Пелистер 2 им се врати на победите во домашниот шампионат, откако по поразот од Вардар 1961 во претходното коло вечерва со 30-28 (19-15) го совлада составот на Куманово. За младите пелистерци ова беше еден од најважните дуели во трката за плеј-оф, но момците на Александар Зарков не потпаднаа под притисокот и одиграа уште една солидна партија, која што им донесе значајна победа. По израмнетото нешто повеќе од половина полувреме, во кое двете екипи имаа свои моменти и водството на своја страна, следуваше серија на „зелено-белите“. Во клучните моменти Еурофарм Пелистер 2 го подигна нивото на игра и тоа му донесе предност од четири гола на полувреме (19-15).

Само што почна второто полувреме Еурофарм Пелистер во шестата минута пак имаше предност од четири гола, а потоа Куманово се разигра. Секогаш кога домашните ќе се понадеваат дека се блиску да го скршат отпорот на гостите, тие возвраќаат со голови, па така во 52 минута Куманово намали на 26-25 внесувајќи повторно неизвесност. Дури и со играч помалку постiгнуваа голови, па Ончев намали на 27-26, а потоа израмни на 27-27.

Во последните клучни пет минути од средбата гостите имаа шанса да израмнат при резултат 29-28, но тој удар од крило го одбрани Мартин Јовановски. На неполни три минути пред крај, тренерот на Еурофарм Пелистер 2, Александар Зарко побара тајмаут и имаше напад, кој заврши под „пасивен напад“ но без погодок. Во контра Александар Стојков шутна над стативата, па повторно битолчани беа во напад. Петар Марковски се избори за пенал, а Бен Maхуд го претвори во погодок за 30-28. Ниту ударот на Димевски не стигна до голот, па остана малку време, и Еурофарм Пелистер ја прослави победата.

Мохамед Азиз натпреварот со Куманово го заврши со единаесет постигнати гола, а одличен беше и Шулевски со шест. На спротивната страна по шест погодоци впишаа Тоше Ончев и Бразилецот Густаво Гуедес.

Во следното 15. коло Еурофарм Пелистер 2 гостува кај Охрид.