feature

Валтери Ботас по три години се врати во Мерцедес

Валтери Ботас по три години се врати во Формула 1 тимот на Мерцедес.

Финецот ќе биде резервен возач на тимот следната сезона, а планира да се врати на патеката во 2026 година. Ботас ќе им биде резерва на Џорџ Расел и дебитантот Кими Антонели.

Во неговиот прв ангажман во Мерцедес од 2017 до 2021 година, Ботас беше тимски колега на Луис Хамилтон. Забележа десет победи.

„Враќањето во семејството на Мерцедес е најдоброто нешто што можеше да ми се случи“, изјави Валтери Ботас.

Од 2022 година, тој е член на прво Алфа Ромео, тим кој подоцна стана Заубер.


Македонија 67-ма фудбалска сила на крајот на годината

Македонската фудбалска репрезентација го задржа 67. место на најновата ранг-листа на ФИФА која не донесе поголеми промени бидејќи немаше репрезентативни активности.

Ние годинава ќе ја завршиме со 1368.96 бодови, колку што имавме и на претходното рангирање.

Аргентина останува најдобра светска репрезентација пред Франција и Шпанија. Во топ 10 уште влегуваат и Англија, Бразил ,Португалија, Холандија, Белгија, Италија и Германија.


Само реми на футсалците против Андора

Футсал репрезентацијата на Македонија одигра нерешено 1-1 против селекцијата на Андора на домашен терен во рамките на квалификациите за пласман на ЕП 2026 година.

Нашата најдобра футсал репрезентацијата во спортската сала „Јане Сандански” не успеа да ја оправда фаворитската улога и одигра само нерешено против аутсајдерот во нашата група.

Првиот погодок на денешната средба го постигна Петровиќ во 33. минута и ја доведе Македонија во позитива. Футсалецот погоди по асистенција на Рамадан, но радоста траеше кратко.

Противникот веднаш возврати и преку Жозеп Сегура го изедначи резултатот.

Македонија во претходното коло се соочи со фаворитот во групата, Холандија и на гостински терен забележа пораз со 4-2.


Јуве подготвен да слуша понуди за Даглас Луиз

Даглас Луиз летово дојде во Јувентус како големо засилување вредно 52 милиони евра, но може експресно да си замине.

Бразилецот не ги исполни очекувањата, главно е на клупата за резерви, па „бјанконерите“ се спремни да го продадат на лето.

Тој е подготвен да го напушти Јувентус и да се врати во Премиер лигата, бидејќи очигледно не се снајде во Серија А.

Њукасл, Тотенхем и Вест Хем покажуваат интерес за него, а Јувентус сака да врати поголем дел од вложените пари, но е спремен да го пушти на позајмица со право на откуп.


Димарко од Интер е првата зимска желба на Аморим

Левиот бек на Интер Федерико Димарко е голема желба на Манчестер Јунајтед.

Приоритет на Аморим ќе биде засилување на левата бековска позиција, а прво име на списокот е токму Димарко.

Италијанскиот репрезентативец се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа.

Интер не размислува за негова продажба и наскоро ќе почне преговори за продолжување на соработката.


Донарума мина со расекотини по лицето по повредата против Монако

Голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума, заработи потешка повреда на лицето на вчерашниот меч со Монако.

Тој доби удар од Стефан Синго и мораше да биде заменет во 22. минута. Судијата Франсоа ле Тексие му прогледа низ прсти на домашниот фудбалер и не му покажа јавна опомена.

Се очекува ПСЖ денес да излезе со соопштение до кога искусниот голман ќе мора да паузира.


Наместо во Јуве, Шкрињар ќе заврши во Галатасарај

Галатасарај во зимскиот преоден рок сака да ја засили одбраната, а најголема желба е дефанзивецот на ПСЖ, Милан Скриниар.

Милан Скринар не е среќен со неговиот статус во ПСЖ бидејќи не игра многу и е спремен да ја промени средината.

Јувентус е заинтересиран за неговиот потпис, но Галатасарај сака да ја добие битката и да го „украде“ пред носот на „старата дама“.

Двата клуба го саката на позајмица со право на откуп, па се очекува голема битка за неговиот потпис.


Колумбиецот Дијаш би го заменил Ливерпул со Барса

Каталонските медиуми пренесува дека примарна трансфер цел на Барселона следното лето ќе биде ѕвездата на Ливерпул, Луис Дијаз.

Ливерпул не размислува за трансфер, но самиот фудбалер сака да ја промени средината и да се пресели во Шпанија.

Дијаз игра фантастично оваа сезона, но преговорите за продолжување на договорот со Ливерпул не одат добро, а причина за тоа е Барселона.

Колумбиецот има голема желба да се пресели на „Камп Ноу“, а познато е дека Барселона веќе подолго време го посакува во своите редови.


Анчелоти стана тренер со најмногу трофеи во историјата на Реал

Карло Анчелоти е најтрофејниот тренер на Реал Мадрид откако „белите“ вчера го совладаа тимот на Пачука во финалето на Интерконтинеталниот Куп.

Тоа за Италијанецот беше 15-от пехар со што го помина на вечната листа Мигел Муњоз, кој има 14 трофеи во периодот од 1960 до 1974 година.

Анчелоти работеше за „кралевите“ во два одделни периода. Прво од 2013 до 2016 година а потоа од 2021 година до денес.


Реал ќе се засилува, опција е и доведува на Ти-Џеј Шортс

Бруно Кабокло наскоро би можел да го напушти Хапоел Тел Авив и да се пресели во Реал Мадрид.

Бразилскиот центар, кој минатата сезона го носеше дресот на Партизан, одигра само 11 минути во натпреварот од Еврокупот во кој Израелците го совладаа Бешикташ со 109-101 по продолжение.

Покрај за Кабокло, Реал во своите редови сака да го донесе и плајмејкерот на Асвел, Тео Маледон. Францускиот репрезентативец има договор до крајот на сезоната, а Асвел сака да му понуди нов.

Според медиумите, доколку на Реал му оропадне планот со Маледон, тогаш следна мета би бил Американецот со македонски пасош, Ти Џеј Шортс. Играчот на Париз сезонава игра во неверојатна форма.