feature

Ѓоковиќ со мака го сруши Де Минор за четвртфинале во Вимблдон

Седумкратниот победник на Вимблдон Новак Ѓоковиќ (Србија) со победата од 3-1 во сетови над Алекс Де Минор од Австралија се избори за 16-то четвртфинале на Вимблдон. Тој во денешното осминафинале направи пресврт во мечот и по негативата од 0-1 по загубениот прв сет на убедлив начин со 1-6 во гемови ги доби следните три со идентични 6-4 во гемови.

Во четвртиот сет Ѓоковиќ ја покажа својата доминација кога при резултат од 4-1 во гемови за противникот успеа да спаси брејк топка и притоа направи серија од пет освоени гемови.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Флавио Коболи од Италија, кој со 3-1 во сетови го совлада Марин Чилиќ од Хрватска.


Алегри потврди: Модриќ доаѓа во Милан во август

Главниот тренер на Милан, Масимилијано Алегри, потврди дека очекува хрватската ѕвезда Лука Модриќ да се приклучи на тимот.

Тој ќе потпише како слободен агент откако ќе му истече договорот со Реал Мадрид.

„Го чекаме Лука Модриќ. Тој ќе пристигне во август, моментално е со својот тим на Светското клупско првенство. Лука Модриќ е важен и исклучителен играч. Не му треба претставување“, рече тренерот.

Според медиумските извештаи, Модриќ ќе потпише договор на една сезона со „росонерите“ со опција за продолжување за уште една година, а ќе добива плата од 3,5 милиони евра плус бонуси.


Виеира не даде „зелено светло“ за трансфер на Варди во Џенова

Легендата на Премиерлигата, а особено на Лестер Сити, Џејми Варди имаше договорен трансфер, но на крајот сè пропадна.

Имено, на Варди му заврши договорот со Лестер, и тој е слободен играч во потрага по нов клуб.

Иако има 38 години, тој сака да игра на високо ниво и во следните години, а како и да не сака, кога на 500 натпревари во сите натпреварувања постигна 200 гола и додаде 71 асистенција.

Како што тврдат новинарите на Ла Република, Варди својата кариера требаше да ја продолжи во Италија и сè беше договорено, а потоа работата ја расипал тренерот Патрик Виеира.

Ла Република тврди дека Варди имал договорен трансфер токму во Џенова, но сè во последен момент го блокирал токму Виеира.


ПСЖ го краде Родриго од Арсенал

Бразилецот Родриго може да го напушти Реал Мадрид и кариерата да ја продолжи во редовите на актуелниот европски шампион ПСЖ.

Ѕвездата на Реал Мадрид Родриго се почесто се поврзува со заминување од „кралскиот клуб“. Се спомнуваше трансфер во Англија, каде што го посакуваат најголемите клубови, и големата понуда од Ал Наср од Саудиска Арабија.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓

Меѓутоа, ЕСПН Бразил тврди дека 24-годишниот офанзивец би можел да ја продолжи кариерата во редовите на европскиот шампион ПСЖ. Преговорите веќе започнале.

„ПСЖ контактираше со претставниците на бразилскиот фудбалер Родриго. Сакаат да знаат дали постои желба да дојде во Париз“, наведува ЕСПН и дополнува:

„Манчестер Сити, Арсенал и ПСЖ веќе го контактираа фудбалерот и му соопштија дека го сакаат. Тој досега говореше дека сака да остане, но работите би можеле да се променат“.

ПСЖ бара уште еден офанзивец ова лето. Луис Енрике бара крилен напаѓач кој е способен да игра на неколку позиции, особено на позицијата “лажна деветка”.

Така, шпанскиот стручњак би создал уште поголем простор за Усман Дембеле, а токму Родриго совршено се вклопува во идеите што ги има тренерот на европскиот шампион.


Синот на Карло Анчелоти е нов тренер на Ботафого

Карло Анчелоти стана селектор на Бразил, а во таа земја оди и неговиот син, Давиде Анчелоти кои го презема кормилото на Ботафого.

36-годишниот Давиде Анчелоти до минатата сезона беше помошник на Карло, а сега почнува самостојна тренерска кариера.

Давиде повторно ќе биде во земјата каде ќе е и неговиот татко, но овојпат ќе работат на различни проекти.

Анчелоти јуниор ќе има голем предизвик бидејќи го презема кормилото на Ботафого кој е актуелен шампион на Бразил и на Копа Либертадорес.

Бразилскиот шампион изминатата сезона го водеше Артур Жорже, кој по големите успеси се пресели во Катар. На негово место во февруари дојде Ренато Паива, кој по само неколку месеци беше отпуштен. Под негово водство, Ботафого приреди изненадување победувајќи го ПСЖ во групната фаза на Светското клупско првенство, но потоа испадна од Палмеирас во првото елиминациско коло.


Мањан се предомисли, ќе брани за Милан и следната сезона

Голманот на Милан, Мајк Мањан и во наредната сезона ќе брани во Милан, потврди тренерот на италијанскиот гигант Масимилијано Алегри.

Мањан пристигна во Милан во 2021 година од Лил, а летово на големо се поврзувааше со преселба во Челси, сепак тоа нема да се случи.

„Навистина сум среќен што Мајк одлучи да остане, тој е еден од најдобрите голмани во Европа и ќе продолжи да биде наш капитен“, изјави Алегри.

Покрај Лил, Мањан во кариерата беше дел само уште од Париз и трансферот во Милан за него беше прв надвор од границите на Франција.


Американците нови јуниорски светски прваци во кошарка

Кошаркарите на САД ја освоија титулата на Светското јуниорско првенство, откако синоќа во финалето ја совладаа Германија со 109-76, додека Словенија го освои бронзениот медал со триумф од 91-87 над Нов Зеланд.

Американците стигнаа до светската титула со седум победи, освојувајќи го својот деветти златен медал во јуниорска конкуренција.

Американецот Еј-Џеј Дибантс е избран за најкорисен, МВП, играч на првенството со просек од 14,3 поени, 4,1 скокови, 2,3 асистенции и 1,1 украдена топка на турнирот.

Дибантс се најде и во идеалната петорка на јуниорскиот Мундијал, заедно со неговиот сонародник Микел Браун, германскиот тандем Кристијан Андерсон и Ханес Штајнбах, како и Словенецот Жан Смрекар.

Тагови: кошарка


Ракитиќ објави фудбалска пензија, но ќе остане да работи во Хајдук

Иван Ракитиќ денес и официјално објави крај на кариерата, а со емотивно писмо од него се збогуваше и македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски.

Трајковски со Ракитиќ беше соиграч во Хајдук каде што изгради и пријателство со поранешниот фудбалер на Барселона и Севиља.

„Денешот ден не е обичен бидејќи означува крај на едно убаво поглавје од твојот живот. Денес го напушташ теренот како фудбалер, но со себе го носиш она што низ годините секогаш го даваше: Страста, верноста, жртвите – и над сè, класата, на теренот и надвор од него.

За мене беше привилегија да се дели оваа година со тебе и многу научив, не само како соиграч, туку и како човек. Ме прими како брат и направи да се чувствувам посебен. Ти честитам на кариерата која ја изгради и на целите кои ги постигна. Денес престануваш да играш, но никогаш нема да престанеш да бидеш пример за сите нас. Среќно во се што те чека“, објави Трајковски.

Во хрватските медиуми се најавува дека Ракитиќ ќе продолжи во Хајдук во улога со која ќе помага во спортскиот сектор.


Мексико по десетти пат го освои Голд Купот

Фудбалерите на Мексико го освоија северноамериканскиот Голд Куп по десетти пат, откако го победија домаќинот САД со 2-1 во финалето на овогодинешното издание во Хјустон.

Во натпреварот меѓу двете најсилни репрезентации во Северна Америка, САД поведоа уште на самиот почеток со голот на Крис Ричардс во 4. минута.

Сепак, Мексико успеа да израмни преку својот искусен напаѓач Раул Хименез во 27 минута, пред Едсон Алварез да го постигне победничкиот гол во второто полувреме во 77 минута.

Мексико на тој начин го одбрани трофејот освоен пред две години и дојде до својата десетта титула во 18 изданија на Голд Купот, додека САД останаа на седум трофеи.


Пораз за Ивановски на стартот од Челинџерот во Романија

Македонскиот тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџер 100 во романскиот град Јаши што се игра за награден фонд од 145.250 евра. Поуспешен од Ивановски беше вториот носител од квалификациите Германецот Марко Торо, кој мечот го доби со 2-0 во сетови (6-3, 6-4) за 102 минути.

Во првиот сет Торо успеа да направи веднаш брејк и поведе со 2:0 во гемови, а Ивановски во следниот гем на сервис не ривалот не ја искористи брејк шансата. Предноста од 3-0 германскиот тенисер ја зачува до крајот на сетот што го доби со 6-3. Во вториот сет Торо во третиот гем направи брејк и поведе со 2-1 во семови. Сетот „се кршеше“ во осмиот гем кога Ивановски имаше три брејк топки, но германскиот тенисер ја задржа предноста од два гема предност (5-3). Таа предност ја зачува до крајот на сетот што забрши со 6-4 во гемови.

Ивановски следниот настап ќе го има на Челинџер турнир во Сан Марино.