feature

Ковач: Во САД игравме како на терени за голф

Борусија Дортмунд која од клупата ја предводи Нико Ковач стигна до четвртфиналето на клупскиот Мундијал каде што „милионерите“ беа елиминирани од Реал Мадрид, а по натпреварот хрватскиот стратег ги критикуваше терените во САД.

Големи прилика за израмнување Борусија имаше во самата завршница кога Куртоа се истакна со фантастична интервенција по ударот на Сабицер.

„Последната одбрана на Куртоа беше фантастична, мислев дека ќе постигнеме гол, но тој покажа дека е фантастичен голман. Натпреварот сепак го изгубивме во првото полувреме, но не е срамота да изгубите од тим како Реал Мадрид“.

За терените во САД вели дека се повеќе за голф отколку за фудбал.

„Тревата на која игравме тука е многу поразлична од Германија, но и од цела Европа. Ова повеќе наликува на теен за голф отколку за фудбал, многу е кратка. Исто така наводнувањето не е како што треба и играме на високи температури и сето тоа создава многу тешки услови за игра“, изјави Ковач.


Арсенал го претстави Мартин Зубименди

Мартин Зубиаменди од денес и официјално е нов фудбалер на Арсенал

Фудбалерот од средниот ред од пред неколку месеци постигна договор со лондонскиот клуб, се споменуваше и Баерн, меѓутоа шпанскиот репрезентативец беше одлучен во намерата да соработува со својот сонародник Микел Артета.

Арсенал ја активираше откупната клаузула во договорот со Реал Сосиедад во висина од 60 милиони евра и така доведе замена за Томас Парти.

Со 26 години и статус на стандарден член на шпанската репрезентација, Зубиаменди пристигнува како фудбалер кој би требало идеално да се вклопи во формацијата која ја практикува Артета.

Потврдено е дека Зубиаменди во Арсенал ќе настапува со бројот 36.


Кенијските атлетичарки продолжуваат да рушат рекорди

Атлетскиот митинг од Дијамантската лига во американскиот град Јуџин донесе синоќа два светски рекорди од кениските атлетичарки Беатрис Чебет на 5.000 метри и Фејт Кипјегон на 1.500 метри, како и шест најдобри резултати во светот оваа сезонава.

Чебет стана првата жена во историјата која истрча 5.000 метри за помалку од 14 минути, минувајќи низ целта за 13:58,06 минути. Чебет со тоа го собори претходниот светски рекорд во оваа делница за повеќе од две секунди на Етиопјанката Гудаф Цегај (14:00.21), поставен пред две години, исто така, во Јуџин.

Брилијантната кениска атлетичарка на средни патеки, 31-годишната Фејт Кипјегон, постави нов светски рекорд на 1.500 метри, минувајќи ја целта за време од 3:48,68 минути. Со тоа, Кипјегон, која е трикратна олимписка и светска шампионка во оваа дисциплина, го подобри за 36 стотинки сопствениот светски рекорд што претходно го истрча на Олимписките игри во Париз минатото лето.

Митингот од Дијамантската лига во Јуџин донесе најдобри остварувања оваа сезона во дисциплините 3.000 метри со пречки (8:45,25), 10.000 метри (26:43,82), диск (83,16 метри), 200 метри (19,76 секунди), ѓуле (22,48 метри) и скок во далечина (7,07 метри).


Вест Хем одби понуда од 50 милиони за Кудус

Голем број клубови се заинтересирани да го ангажираат ова лето репрезентативецот на Гана, Мохамед Кудус, но лондонски Вест Хем досега ги отфрли сите понуди, вклучувајќи ја и последната од Тотенхем.

Сепак, како што јавуваат денеска англиските медиуми, вратата за евентуално заминување на Кудус не е затворена, а до Вест Хем пристигнуваат многу понуди.

Според добро информирани извори, најмалку шест елитни клубови се распрашувале изминатите неколку недели околу можноста за трансфер на Кудус, објави Би-Би-Си. Меѓу нив е и градскиот ривал на Вест Хем, Челзи.

Кудус се приклучи на Вест Хем од Ајакс во 2023 година за 38 милиони фунти, а неговиот договор со клубот од Лондон, што има важност до лето 2028 година, вклучува откупна клаузула од 85 милиони фунти.

Изминатите две сезони, Кудус одигра 65 натпревари во Премиер лигата во дресот на Вест Хем и постигна 13 голови, а додаде и 12 асистенции.


Брајант го напушти Ефес и потпиша за Хапоел

Американскиот кошаркар Елајџа Брајант е нова аквизиција на Хапоел Тел Авив, потврди актуелниот шампион на Еврокупот.

Хапоел ја информираше јавноста дека, Брајант црвениот дрес ќе го носи во следните три сезони.

Кошаркарот од сојузната американска држава Џорџија ги помина претходните четири години во Истанбул, во Анадолу Ефес, а во 2022 година го освои елитното европско натпреварување.

Човекот кој има и титулата во НБА лигата во 2021 година, минатата сезона забележа 13,9 поени, 4,2 скока и 3,2 асистенции во Евролигата, со дури 1,2 украдени топки по натпревар.

Според медиумите Брајат годишно ќе заработува 2,8 милиони евра.


Денвер нема да го пушти Валанчиунас во Европа

Литванскиот центар, засега, останува во Денвер, кој го гледа Јонас Валанчунас како клучна резерва за Никола Јокиќ.

Додека во Панатинаикос нетрпеливо чекаат разрешница на ситуацијата околу Валанчунас, од САД доаѓаат вести што нема да им се допаднат. Денвер Нагетс не сакаат да го пуштат.

Како што објави секогаш добро информираниот НБА инсајдер Марк Штајн, Валанчунас останува во НБА бидејќи Денвер го гледа како клучен играч од клупата, како резерва за најдобриот играч Никола Јокиќ. Иако

Литванецот, од вчера е во Атина, имал контакти со луѓе од Панатинаикос, но трансферот во моментов е на чекање.

Причината? Сè е дел од веќе договорената размена, Дарио Шариќ оди во Сакраменто, а Валанчунас во Колорадо.


Анте Ребиќ пред потпис со Хајдук

Поранешниот хрватски репрезентативец Анте Ребиќ би можел наскоро да се врати на домашната сцена, а како негова можна нова дестинација се споменува сплитски Хајдук.

Ребиќ е слободен играч откако ја заврши епизодата во италијанскиот Лече, што го отвора патот за евентуален трансфер без отштета. Хајдук, според хрватските медиуми, веќе ги интензивирал преговорите со 31-годишниот фудбалер, кој играше клучна улога во репрезентацијата на Хрватска што стигна до финалето на Светското првенство во Русија во 2018 година.

Идејата за негово доаѓање во Сплит не е нова, но овојпат околностите се поинакви, Ребиќ е без клуб, а Хајдук гледа прилика да ангажира уште едно звучно име и да продолжи со политиката на доведување на познати хрватски играчи.

Клучна улога во целиот процес би можел да има Иван Ракитиќ, кој по завршувањето на играчката кариера доби раководна функција во Хајдук. Тој и Ребиќ се добри пријатели и поранешни соиграчи од репрезентацијата, па тоа во Хајдук би можеле да го искористат.

Иако Ребиќ не е во најдобра форма како пред неколку сезони, во Хајдук го гледаат како големо засилување и лидер на теренот.


Мусиала скрши нога, го чека пауза од пет месеци

На мечот меѓу Баерн Минхен и ПСЖ, Џамал Мусиала заработи хорор повреда поради која на носилки беше изнесен од теренот и однесен право во болница.

Повредата изгледаше шокантно, а „Билд“ ја открива и дијагнозата. Јамал ја скршил левата фибула и оштетил неколку лигаменти.

Прогнозите на германските медиуми велат дека Мусиала ќе биде надвор од теренот околу 4-5 месеци.


Парагваецот Диего Леон потпиша за Манчестер Јунајтед

Диего Леон е нов играч на Манчестер јунајтед, објави англискиот клуб. Станува збор за 18-годишен фудбалер кој пристигна во Манчестер Jунајтед од тимот на Серо Портењо.

Финансиските детали и времетраењето на договорот не се откриени, но британските медиуми објавуваат дека клубот од „Олд Трафорд“ издвоил околу седум милиони фунти за овој трансфер.

Леон одигра 33 натпревари за сениорскиот тим на Сера Портењо и постигна четири гола. Тој е член на младинската репрезентација на Парагвај, а игра на позицијата лев бек.


Британецот Елис потпиша за Олимпија Милано

Британскиот кошаркар Квин Елис е најновото засилување за италијанскиот евролигаш, Олимпија од Милано. Тој потпиша повеќегодишен договор и беше претставен како дел од визијата за привлекување млади играчи.

Клубот веќе го потврди трансферот и му посака добредојде на плејмејкерот, од кого се очекуваат успешни настапи во овој дрес.

Британецот Елис има 22 години. Во минатото настапуваше за екипата на Тренто, каде остави одличен впечаток и просечно бележеше 10,3 поени, 5,1 асистенција и 4,4 скокови по натпревар.