feature

Претседателот на ПСЖ: Суперлигата не постои, во главите е само на заблудените

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи искажа остри критики за Суперлигата.

Не постои. Всушност, никогаш не постоела, освен можеби во главите на неколку заведени луѓе. А сега, со новиот формат на трите турнири на УЕФА за мажи и ажурираното Светско клупско првенство на ФИФА, тоа е уште поневозможно. Никој нема да го поддржи ова: ниту навивачите, ниту играчите, ниту медиумите, ниту владите, ниту клубовите. Знаете дека само два клуба навиваат за Суперлигата. Се надевам дека еден ден ќе ја сфатат својата грешка и ќе се вратат во европското семејство, изјави Ал-Хелаифи.

Деновиве медиумите во Шпанија пишуваа дека проектот Суперлига е жив и дека претседателите Флорентино Перез (Реал Мадрид) и Хоан Лапорта (Барселона) и натаму остануваат на ставот дека тоа е голем и одличен проект. Се шпекулира дека повеќе од 60 клубови се заинтересирани за учество во натпреварувањето што нема да биде во организација на УЕФА.


Ландо Норис ќе тргне од првиот ред за ГН на ОАЕ

Возачот на Мекларен, Ландо Норис ќе тргне од првата стартна позиција на утрешната трка од шампионатот во Формула 1 што ќе се вози за Големата награда на Абу Даби.

Ова беа последни квалификации за сезоната 2024. Веднаш до Норис ќе биде неговиот клупски колега, Оскар Пјастри.

Од вториот ред ќе тргнат Карлос Сајнц и Нико Хулкенберг. Актуелниот светски шампион Макс Верстапен ја освои петтата стартна

Седумкратниот светски првак, Луис Хамилтон во својот последен настап за Мерцедес ќе стартува од 18. место.

Почетокот на трката на патеката „Јас Марина“ во Обединетите Арапски Емирати е утре во 14 часот. Со оваа трка се затвора сезоната во Формула 1.


Ибра: Немаше да е лошо да заиграв за Баерн, но немаа пари да ме платат

Златан Ибрахимовиќ во кариерата која ја заврши во Милан беше дел од големи клубови, но сепак не му се остварила желбата да за игра во најголемиот клуб во Германија.

Во кариерата Ибра беше дел од: Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер јунајтед и Лос Анџелес Галакси, меѓутоа и многу сакал да го облече дресот на Баерн Минхен.

Ибрахимовиќ во изјавата во свој стил се пошегува дека Баерн немал пари да го доведе.

„Во Германија се игра фантастичен фудбал и немаше да биде лошо да играм за клуб како Баерн. Ќе беше убаво, но судбината имаше поинакви планови. Сепак, тие и немаа пари да ме купат кога бев во најдобра форма“, изјави Ибрахимовиќ.


Баерн го договори наидобриот фудбалер на Хофенхајм

Екипата на Баерн Минхен како што стојат работите ќе употреби добро провремен рецепет и ќе го доведе најдоброто од Бундеслигата.

Според информациите на „Скај Спорт“ челниците на Баерн одржале состано ксо Том Бишоф кој е спремен на крајот од сезоната да го напушти Хофенхајм и да пристигне во Минхен како слободен играч.

Овој 19-годишен централен играч за врска влегува во својата последна година од договорот со Хофенхјам кој прави се за да ја продолжи соработката. Сепак, како што изгледа Баерн е во пол-позиција за неговиот потпис.

Франкфурт и Лајпциг исто така ја следат ситуацијата, меѓутоа Баерн е фаворитот. Доаѓањето на Бишоф во Минхен веројатно ќе значи и заминување на Леон Горецка кој полекга го губи својт статус и нема важна улога во Минхен.

Можеби ќе ве интересира
Барселона пред големо засилување: Големата желба на Баерн


Словенецот Тадеј Погачар е велосипедист на годината

Словенецот Тадеј Погачар ја доби престижната награда „Вело дор“ за најдобар велосипедист на годината.

Ова не е неочекувано бидејќи 26-годишникот триумфираше на нереални 25 трки оваа година, вклучувајќи ги Џиро д’Италија и Тур де Франс, додека ги прескокна Олимписките игри и Вуелта.

Процентот на освоени трки на кои учествувал Погачар е неверојатни 44,6 отсто. Доминацијата на Словенија на големите турнеи ја круниса 35-годишниот Примож Роглич (Ред Бул-Бора) со триумф во Шпанија, само четврти пат во историјата победниците на сите три трки во иста година да бидат од иста земја.


Невремето го одложи градското дерби во Ливерпул

Мерсисајд дербито помеѓу Евертон и Ливерпул беше откажано поради неповолните временски услови за време на бурата Дара.

Тамошната полиција ги советуваше луѓето во југозападниот дел на Англија да не ги напуштаат своите домови или да патуваат освен ако е апсолутно неопходно.

Средбата меѓу големите ривали беше планирана на „Гудисон парк“ од 13:30 часот. Тоа требаше да биде последното дерби на овој стадион.

Со овој натпревар требаше да се отвори 15. коло од Премиер лигата, предводени од „црвените“ со 35 бода.Што се однесува до Евертон, овој тим се наоѓа на 15. позиција со 14 бодови.

Последното дерби меѓу двата ривали одиграно во април му припадна на Евертон со резултат 2-0.

Во текот на нивната историја, тие се сретнале 244 пати. Ливерпул победи 99 пати, Евертон 68 пати, додека 77 натпревари завршија нерешено.


Реал ја одреди цената за Чуамени

ПСЖ е заинтересиран за 24-годишниот одбранбен играч за врска на Реал Мадрид, Аурелиен Чуамени.

За трансфер на францускиот фудбалер лично е заинтересиран претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи. Сепак, главниот тренер на парискиот клуб Луис Енрике е помал оптимист за купувањето на Чуамени. Претседателот на мадридскиот клуб Флорентино Перез е подготвен да ги разгледа понудите за 24-годишниот фудбалер во висина од 80-85 милиони евра.

Сезонава Чуамени во сите натпреварувања учествуваше на 16 натпревари на кои не беше ефикасен. Договорот на играчот со клубот е до летото 2028 година. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 100 милиони евра.


Бензема поуспешен од Роналдо, Ал Итихад го доби саудиското дерби

Карим Бензема се радуваше во пресметката против својот поранешен соиграч Кристијано Роналдо, Ал Итихад со гол во судиското надополнување го совлада Ал Наср со 2-1.

Во дербито на колото во Саудиска Арабија, Ал Итихад славеше против Ал Наср.

Карим Бензема го отвори резултатот на стартот од второто полувреме, но само две минути подоцна пристигна одговорот на Кристијано Роналдо, кој изедначи на 1-1.

Сепак, домаќините стигнаа до драматична победа, Бергвајн прецизно пласираше за 2-1 и огромна радост на трибините.


Ставрев ја завршува кариерата со натпреварот Работнички – Пелистер

Последното есенско коло во Првата македонска фудбалска лига се игра в недела. Сите шест меча се во ист термин, а Фудбалската федерација на Македонија веќе ги делегира официјалните лица.

Дербито на колото се игра во Тетово, каде што Шкендија го дочекува Гостивар, а за тој меч е делегиран Димитар Пилешков. Александар Ставрев веројатно последниот натпревар во кариерата ќе го суди во Скопје, меѓу Работнички и Пелистер.

Судии за 18. коло во ПМФЛ:
Шкендија – Гостивар (Димитар Пилешков)
Работнички – Пелистер (Александар Ставрев)
Силекс – Вардар (Стојанче Трпчевски)
Струга – Воска (Александар Грујоски)
Тиквеш – Брера (Игор Стојчевски)
Беса – Шкупи (Фуркан Идризи)

Натпреварите в недела се во стандардниот термин од 13:00 часот.


МекГрегор ќе плати огромни судски трошоци за случајот со силување

Конор МекГрегор, еден од најпознатите борци во историјата на ММА, беше прогласен за виновен за силување на Никита Хенд во случај кој датира од 2021 година.

Судот пресуди дека МекГрегор мора да плати отштета од 250.000 евра на жртвата, иако тој инсистира дека нивната врска била доброволна.

Ситуацијата за МекГрегор уште повеќе се влоши кога Врховниот суд одлучи дека тој мора да покрие 1,5 милиони евра од судските трошоци на Никита Хенд.

Тој, исто така, се соочува со потенцијално непочитување на судските обвиненија, откако членовите на поротата што ја донесоа одлуката ги нарече „кенгури“.

Овој случај претставува значителен удар за угледот и финансиите на МекГрегор, со можност за дополнителни правни последици кои би можеле дополнително да ја оштетат неговата кариера.