feature

Познат терминот за првото сезонско „Ел Класико“

Првото сезонско дерби помеѓу Реал Мадрид и Барселона ќе се одигра на 26 октомври од 21:00 часот.

Ова стана јасно откако Ла Лига по денови и часови ја објави програмата за следните неколку кола од шампионатот, вклучително и онаа од 11 коло за кога е закажано Ел Класико.

Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ во саботниот вечерен термин, а пред директниот дуел Реал Мадрид и Барселона треба да одиграат уште четири натпревари во првенството, како и два во Лигата на шампионите.


Роуз доби отказ од Мемфис Гризлис

НБА тимот на Мемфис Гризлис одлучи пред почетокот на новата сезона му дадоа отказ на Дерик Роуз.

Ветеранот кој своевремено беше еден од најдобрите играчи во лигата минатата сезона одигра само 24 натпревари имаше просек од осум поени, 3,3 асистенции и 1,9 скока.

Во НБА лигата Роуз кариерата ја започна во Чикаго, за потоа настапуваше за Никси, Кавалирси, Тимберволвс, Пистонс и повторно за Њујорк.


Мбапе се повреди, неизвесен за дербито со Атлетико

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе се повреди на натпреварот од 7. коло од шпанската Примера лига со Алавес, кој заврши со победа на Реал Мадрид со 3-2.

Да потсетиме дека на овој натпревар напаѓачот постигна гол и побара замена во 80. минута од натпреварот.

Според информациите на шпанските медиуми, францускиот напаѓач има проблеми со тетивата. Неговото учество на мечот со Атлетико Мадрид сега е доведено во прашање. Реал Мадрид е загрижен за моменталната ситуација.

Врз основа на резултатите од седум натпревари, Реал Мадрид е на второто место во поредокот во Ла Лига со 17 бодови. Во моментов, Барселона е на првото место во шпанското првенство со 18 бодови, а вечерва игра против Гетафе.


Федерер спремен да се врати на теренот за егзибиционен натпревар

Агентот на Роџер Феререр, Тод Годсик, најави дека славниот швајцарски тенисер би можел после две години од пензионирањето пак да се врати на терен.

Федерер би играл на егзибициски меч против Рафаел Надал, што би било простување на Шпанецот од активното играње тенис.

„Мислам дека нема дилеми околу тоа. Роџер и Рафа сакаат да соработуваат, тоа би било одлична приказна“, изјави Годсик.


Талант на големи грижи, се повреди неговиот син Алекс

Полскиот ракометен шампион Киелце најверојатно до крајот на годината нема да може да смета на услугите на десниот бек Алекс Душебаев, кој во првото коло од Лигата на Шампионите против Загреб заработи повреда.

Иако првичните информации од клубот беа дека шпанскиот репрезентативец има мала повреда на мускулот на потколеницатат, дополнителните лекарски прегледи покажаа дека станува збор за посериозна повреда, и пауза од најмалку од три месеци.


Димитриевски опција за голманското место во Барса

Каталонскиот „Спорт“ најавува дека македонскиот чувар на мрежата, Столе Димитриевски е опција за Барселона по повредата на Тер Штеген кого го чека долга пауза.

Тер Штеген се повреди во натпреварот со Виљареал за викендот и според најавите веројатно ќе паузира околу осум месеци.

Димитриевски е опција за во јануари, но се споменуваат уште Алваро Ваљес и Ѓиљерме Растес. Во Барселона планираат Инаки Пења да го чува голот до јануари, а по отворањето на зимскиот преоден рок да ангажираат ново име.

Ќе потсетиме, Димитриевски летово пристигна во Валенсија, но се уште не дебитирал во Ла Лига бидејќи е резерва на Грузиецот, Мамардашвили.


Станојевиќ поднесе оставка и го напушти Партизан

Тренерот на Партизан, Александар Станојевиќ поднесе оставка по дебаклот против Црвена Звезда во 174. дерби.

„Веднаш по поразот во вечното дерби против Црвена звезда (4:0), тренерот на Партизан Александар Станојевиќ поднесе оставка од таа функција“. пишува српски „Телеграф“.

Пред четири месеци Станојевиќ се врати на клупата на црно-белите кога го наследи Игор Дуљај.

Станојевиќ по дербито се најде на мета на навивачите, кои најпрво скандираа да си замине од клубот, а по мечот се здоби со повреда кога бесните навивачи ги сршија стакланата на соблекувалната.

Со Станојевиќ, Партизан нема победа на последните осум натпревари, што последен пат му се случило пред 44 години.


Јуве го сака Осимен во зимскиот преоден рок

Медиумите во Италија наведуваат дека Јувентус нема врвен напаѓач и дека челниците на тимот размислуваат да ангажираат нов фудбалер во текот на наредното лето.

Според дел од шпекулациите, тие се заинтересирани за Виктор Осимен, кој неодамна си замина од Наполи и се пресели како позајмен во редовите на турскиот Галатасарај. 

Како можно ново име во редовите на  „старата дама“ се наметнува и Џонатан Дејвид од Лил, чиј договор истекува во летото во 2025 година.


Гвардиола: Де Брујне наскоро пак ќе биде на терените

Еден од најдобрите играчи на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне
наскоро ќе се врати од повредата откако го пропушти ремито со
Арсенал на домашен терен викендов, изјави менаџерот, Хосеп
Гвардиола.
Де Брујне има проблем со препоните, повреда што ја доби против
Интер во Лигата на шампионите во средата.
„Мислам дека ќе се опорави за кратко време. Не можам да кажам
точно колку време ќе му треба и не знам дали ќе биде подготвен
за натпреварот со Њукасл, но нема да биде надвор од терените
долго време“, изјави Гвардиола.


Халанд ќе мине неказнето по инцидентот со Габриел

Дисциплинската комисија на Фудбалската асоцијација на Англија
нема да изрече дополнителни казни за неколкуте инциденти меѓу
фудбалерите на Манчестер Сити и Арсенал за време на дербито
во неделата.
Во фокусот беше голгетерот на „граѓаните“ Ерлинг Холанд, кој по
израмнувачкиот гол на Џон Стоунс во 98. минута, со топката во
тилот го удри дефанзивецот на Арсенал, Габриел, а малку
подоцна имаше и пресметка со дефанзивецот.
ФА објави дека инцидентот бил разгледан од судијата во ВАР, Џон
Брукс и затоа не може да има дополнителни прегледи. ФА смета
дека немало ниту еден инцидент што бил доволно сериозен за
дополнително да се истражи.