feature

Сан Антонио Спарс ќе гради нова арена

Сан Антонио Спарс доби одобрение од градскиот совет за нивниот нов проект за арената. Советот гласаше за учество во изградбата вредна 1,3 милијарди долари иако градоначалникот беше против таа идеја.

Според информациите, 500 милиони ќе бидат инвестирани од клубот а 489 милиони ќе бидат обезбедени од градот.

Во почеток на ноември ќе се одржи гласање на ниво на регионот кое ќе треба да одобри учество во проектот на другите 311 милиони.


Киву: Мојот Интер покажа неспорен квалитет

Фудбалерите на Интер доцна синоќа го прегазија Торино со 5-0 во старниот меч во новата сезона во Серија A. Нивниот тренер, Кристијан Киву, не крие дека е презадоволен.

„Момците ги оставија настаните од минатата сезона и го демонстрираа вистинскиот потенцијал. Од првиот ден, сите се вратија во реалноста, работеа под голем притисок и никогаш не се пожалија“ – рече Киву.

Романецот не беше расположен да зборува за евентуални нови трансфери.


Магично деби на Киву, Интер го прегази Торино

Фудбалерите на Интер го затворија првото коло од италијанската Серија А со убедлива победа над Торино со 5-0 (2-0).

„Неро-азурите“ му ја предадоа круната на Наполи минатата сезона, а со овој почеток испраќаат јасна порака дека сакаат да го вратат „Скудетото“ во своите витрини.

„Биковите“ беа целосно инфериорни на „Џузепе Меаца“, а серијата голови отвори Алесандро Бастони во 18-та минута.

Уште толку време му беше потрбно на Маркус Тирано за да го постигне својот прв гол на оваа средба.

Во раната фаза од второто полувреме, Лаутаро Мартинез ја искористи големата грешка на одбраната на Торино за да го зголеми резултатот 3:0, а потоа Тирам постигна убав гол во 62-та минута.

Торино целосно потона, а во 72-та минута „петардата“ ја комплетираше новодојдениот Французин Бони, само пет минути по влегувањето на теренот.


Лудо дерби во Њукасл, тинејџер донесе победа на Ливерпул во 100. минута

Неверојатен натпревар и голема победа за Ливерпул против Њукасл, со голот на тинејџерот Енгумоа, кој погоди во десеттата минута од судиското продолжение во второто полувреме за конечни 2:3.

Њукасл и Ливерпул одиграа фантастичен натпревар на затворањето на второто коло од Премиер лигата, во кој „стралките“ малку ги делеше од неверојатен подвиг.

Ливерпул не одигра ништо, дури и во ситуација кога имаше играч повеќе, Њукасл доминираше, особено во првите 35 минути, кога со високиот пресинг ја загушија играта на ривалот.

Грабенберг погоди за 0:1 во 35-та минута, а десет минути подцна Гордон поради невнимателен старт доби црвен картон.

По 20 секунди игра Екетике ја зголеми предноста на ливерепул.

Њукасл немаше намера да се рпедаде, се вратија домашните во мечот со головите на Гимараеш во 57. и Осула во 88-та минута. Ја посакуваа домашните победата, и по израмнувањето напаѓаа но без бод останаа во 100-тата минута.

Ги шокира 17-годишниот тинејџер Енгумоа, кој четири минути претходно влезе на теренот. По додавањето на Салах и брилијантно промашената топка на Собослаи, тинејџерот го постигна првиот гол во сениорска конкуренција.


Девет клуба од ПМФЛ добија уште 101.000 евра од УЕФА фондот

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за распределба на дополнителни средства од солидарната шема на УЕФА за клубовите од ПМФЛ за натпреварувачката сезона 2024/25.

Средствата во висина од 101.000 евра ќе бидат распределени подеднакво на девет клубови од Прва МФЛ.

Воска Спорт, Гостивар и Беса, клубови кои го откажаа учеството во лигата, нема да бидат вклучени во распределбата на средствата од солидарната шема на УЕФА.


Македонската футсал селекција доби нов селектор

Македонската футсал репрезентација ќе добие нов селектот во втората половина од годината. Управниот одбор при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја прифати оставката на Васко Скендеровски од функцијата селектор на македонската футсал репрезентација.

Фудбалската федерација на Македонија му се заблагодари на долгогодишниот предводник на футсал селекцијата за неговиот придонес и посветеност во развојот на македонскиот футсал.

Газмент Исеини е назначен за нов селектор на футсал македонската репрезентација. Исеини е тренер на актуелниот првак и Куп освојувач, Форца 2015, тим кој учествуваше во главната квалификациска рунда во Лигата на шампионите. Во изминатите години, беше дел од стручниот штаб во А футсал репрезентацијата.


Нов договор за Калајџиески, ќе го носи зелено-белиот дрес до 2029 година

Во линија на продолжувањето на договорите со браќата Атанасијевиќ, денес ја информираме јавноста за уште еден важен потпис за сегашноста и иднината на нашиот клуб. Мирче Калајџиески се обврза на верност со Еурофарм Пелистер до јуни 2029 година, со што ја прифати подадената „рака“ од клубот да биде дел од следниот проект.

21-годишниот среден бек од Словенија дојде во Битола и веднаш се наметна во една ипол сезона во дресот на Еурофарм Пелистер 2. Од оваа сезона е член на Еурофарм Пелистер и веќе е стандарден член во тимот предводен од Рубен Гарабаја.

Калајџиевски со Еурофарм Пелистер 2 избори промоција во Суперлигата за сезоната 2025/26.


Охрид првпат го освои Меморијалот „Крсте Андоновски“

Еурофарм Пелистер не успеа да го освои својот втор турнир во Охрид, откако во финалето загуби од домашнаѕта екипа со 31-26 (12-10). Пелистерци добро го отворија натпреварот, но по почетното водство од 0-2, влезгоа во серија на грешки што охриѓани максимално ја искористија. Со голови на Ѓукиќ, Кукуловски и Јотиќ, домаќинот дојде до предност која ја одржуваше до крајот.

Иако Еурофарм Пелистер се закани во неколку наврати, охриѓани останаа смирени и со клучни погодоци во финишот го затворија мечот. Дарко Ѓукиќ беше најефикасен со шест гола за Охрид, додека Дејан Манасков постигна седум погодоци за Пелистер.

Организаторите ги соопштија и најдобрите играчи на Меморијалот, а воедно беше прогласен и идеалниот тим. Во ол-стар екипата се најдоа голманот Бојан Блажевски од Охрид, левото крило на Тримо Требње, Марко Мајсторовиќ, бекот на Еурофарм Пелистер, Павле Атанасијевиќ, неговиот соиграч Анджеј Видомски на позицијата денес бек, а најдобар кружен напаѓач е Илија Богдановиќ од екипата на Динамо Панчево.


Победи на Пелистер и Башкими за крај на третото коло

Пелистер го совлада попладнево Шкупи со 2-0 додека Башкими триумфираше над Тиквеш со 3-1 во двата денешни натпревари со кои се комплетираше 3. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Пелистер го пречека Шкупи во Кавадарци и ја забележа втората победа оваа сезона со головите на Ристиќ (59) и Булатовиќ (85).

Фудбалерите на Башкими ја искористија предноста на домашниот терен и пред своите гледачи во Куманово извојуваа победа со головите на Алексовски (36, 78) и Симоновски (47), додека Мишов го постигна почесниот гол за Тиквеш во 56 минута.


Проблеми за Лазаров: Јагуриновски сериозно се повреди во Германија

Македонскиот ракометен репрезентативец, Томислав Јагуриноски, доживеа посериозна повреда и ќе мора да отсуствува подолг временски период.

Повредата на Јагуриноски се случила за време на подготовките со неговиот клуб Десау Рослер, а од тамошниот табор соопштија дека повредата е од сериозен карактер и бара подолг период на рехабилитација.

Според прогнозите на лекарите, Јагуриноски ќе отсуствува помеѓу два и три месеци, што значи дека тој ќе има само еден месец за враќање во потребната форма пред настапот на ЕП.