Бетис е заинтересиран да го добие на позајмица голманот на Манчестер јунајтед, Андре Онана, објавија шпанските медиуми.
За евентуален договор во врска со 29-годишниот Камерунец, двата клуба веќе стапиле во контакт. Претходно, страните беа во контакт во врска со евентуалното враќање на бразилскиот напаѓач на Манчестер јунајтед, Антони.
Во сезоната 2024/25, Онана одигра 50 натпревари за Манчестер јунајтед, прими 65 гола и 11 пати ја зачува мрежата чиста. Неговиот договор е со важност до 30 јуни 2028 година.
„Transfermarkt“ ја проценува вредноста на голманот на 25 милиони евра.
Нико Ковач доби нов договор во Борусија Дортмунд
Управата на бундеслигашот Борусија Дортмунд го продолжи договорот со главниот тренер Нико Ковач, соопшти прес-службата на „милионерите“.
Новиот договор на хрватскиот фудбалски стручњак е со важност до 2027 година.
Ковач дојде во Борусија Дортмунд во јануари 2025 година. Под негово водство, тимот го освои четвртото место во Бундеслигата минатата сезона и избори учество во Лигата на шампионите.
Во првото коло од новата сезона на Германското фудбалско првенство, Борусија Дортмунд одигра нерешено со Сент Паули (3:3).
Димитриевски нема да потпише за Леванте, клубот се реши за ветеранот Рајан
Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски ги разгледува опциите да го смени клибот до крајот на преодниот рок. Валенсија, откако Георги Мамардашвили си замина во Ливерпул, на позајмица го донесе Хулен Агирезабала од Атлетик Билбао и тој е проектиран да биде прв голман.
Столе Димитриевски минатото лето пристигна во Валенсија како слободен играч, требаше да биде прв голман, бидејќи Георги Мамардашвили оствари трансфер во Ливерпул.
Сепак клубовите договорија грузискиот голман да остане на позајмица една сезона, поради што Димитриевски бранеше само на неколку натпревари.
Сега кога Мамардашвили замина, Валенсија, на барање на тренерот Карлос Корберан, на позајмица го донесе Хулен Агирезабала од Атлетик Билбао. По овој потег што го повелекова „лилјаците“ беше јасно дека Димитриевски ќе замине од „Местаља“.
Пред пет дена шпанските медиуми објавија дека Димитиревски е блиску до договор со Леванте, но по се изгледа трансферот нема да се случи.
Претпалднево, Леванте повтрдија дека потпишале договор со искусниот австралиски голман Мет Рајан. Тој потпиша како слободен агент (година плус година), откако му истече договорот со Ленс.
Шпанските медиуми, пред три недели, пишуваа дека постои шанса Димитриевски новата сезона да ја мине на позајмица во Елче. Клубот по пауза од една година се врати меѓу шпанската елита и бара искусен голман за предизвиците во Примера.
„Винициус не заслужува да го носи дресот на Реал Мадрид“
Предраг Мијатовиќ, стрелецот на голот во 1995 година со кој Реал по 30 години пауза стана европски првак, жестоко го критикуваше Винисиус Жуниор. Актуелниот потпретседател на фудбалскиот клуб Партизан, рече дека Бразиелцот не заслужува да го носи дресот на Реал.
Реал во неделата, победи во Овиедо со 3:0. Два од трите гола Реал постигна во самиот финиш на мечот. Еден постигна Винисиус, но медиумите во Шпанија по мечот повеќе пишуваа за однесувањето на Бразилецот, отколку за она што го покажа на теренот.
„Некои работи не се менуваат. Сметам дека со однесувањето не заслужува да го носи дресот на Реал Мадрид. Се мотивира така што се расправа со сите. Тој е исклучителен фудбалер, но мора внимателно да процените дали вреди да се биде во клубот“, рече Мијатовиќ.
Петра Квитова објави тениска пензија
Петра Квитова, двократната шампионка на Вимблдон, на 35-годишна возраст замина во пензија.
Во мечот од првото коло на Отвореното првенство на САД, каде што нејзиниот најголем дострел во кариерата беше четвртфиналето, Чехинката загуби од Французинката Пари со 6:1, 6:0.
Квитова го освои Вимблдон во 2011 и 2014 година, а играше и во австралиското финале во 2019 година.
Нејзиниот најдобар пласман на ВТА листата беше второто место во октомври 2011 година.
Селекторот на Германија, Алекс Мумбру од вчера е во болница поради здравствени проблеми. Германската кошаркарска федерација ја потврди информацијата за хоспитализација на Мумбру.
Во текот на вчерашниот ден 46-годишниот Мумбру е хоспитализиран како превентивна мерка откако претрпел акутна инфекција. Тој прима третман и се очекува за брзо време да закрепне, но не е јасно кога ќе може да се врати на работните обврски во репрезентацијата.
Шпанскиот кошаркарски стручњак сигурно ќе го пропушти првиот натпревар на Германија на Евробаскетот против Црна Гора. Во негово отсуство, помошникот Алан Ибрагимагиќ ќе ја преземе функцијата селектор.
Репрезентацијата на Германија утре од 15:30 ќе го има првиот свој настап на Европското првенство 2025.
Германците се во групата Б со Литванија, Финска, Велика Британија, Шведска и Црна Гора.
Валеро Ривера најави пензија од активното играње ракомет
Валеро Ривера објави дека ја игра последната сезона во својата богата ракометна кариера.
Ривера потекнува од Барселона, а потоа настапуваше за Арагон, Алгесирас, Гвадалахара и Октавио Виго, пред да се пресели во Франција.
За Нант играше од 2010 до 2016, а потоа на две сезони се врати во каталонскиот гигант, додека од 2018 година повторно е дел од Нант и ќе комплетира вкупно 14 сезони во овој клуб.
Со националниот тим на Шпанија освои злато на СП 2013, злато на ЕП 2018, сребро на ЕП 2016 и бронза на ЕП 2014 година.
Евгениј Поп Ацев го преплива Ла Манш
Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев стана петтиот Македонец што го преплива каналот Ла Манш.
„Огромни честитки до Евгениј Поп Ацев од Македонија, кој денес го заврши своето пливање во Каналот за неверојатно време од 9 часа и 43 минути. Евгениј е 3-кратен светски шампион и е примен во Меѓународната сала на славните за маратонско пливање. Има учествувано на 107 натпревари од светска класа во кариерата што траеше од 2007 до 2021 година. Неверојатно пливање Евгениј…..и благодарност до целиот екипаж на бродот“, се вели во информацијата на Асоцијацијата на пливање преку каналот Ла Манш.
Пред Поп Ацев од македонските пливачи Ла Манш го препливаа: Нико Нестор, Атина Бојаџи, Томи Стефановски и Игор Димовски.
Кејлор Кели потпиша за Лејкерси
27-годишниот кошаркар, Кејлор Кели, му се приклучи на составот од Лос Анџелес. Деталите од договорот не беа откриени.
Тој во изминатата сезона одигра 11 натпревари во НБА (два како стартер) за Њу Орлеанс и Далас постигнувајќи просек од 3,1 поен и 3,5 скока за 11,5 минути.
Кели кој беше во системот на Лејкерси и во претходното лето беше испратен во Г-лигата. Таму во дресот на Саут Беј Лејкерс одигра 32 меча.
Евертон потпиша со Диблинг од Саутемптон
Екипата на Евeртон објави на социјалните мрежи дека го ангажирала досегашниот фудбалер на Саутемптон, Тајлер Диблинг.
Крилниот напаѓач се согласил да потпише договор за четири сезони. Според информациите основата на трансферот е 35 милиони фунти но, ќе бидат вклучени и одредени бонуси.
Младиот играч кој има само 19 години, во претходната сезона одигра 33 натпревари во Премиер лигата и постигна 2 гола.