feature

Кавадарци домаќин на Суперкупот на Македонија во ракомет

Тимовите на Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 на почетокот на септември ќе се борат за првиот трофеј во новата натпреварувачка сезона.

Традиционално ракометните возбудувања во Македонија започнуваат со Суперкупот, кој оваа година ќе се игра во Кавадарци.

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги извести клубовите за местото каде ќе ја водат новата битка, а салата „Јасмин“ за првпат ќе биде домаќин на еден ваков ракометен спектакл.

Натпреварот е закажан за на трети септември, а РФМ дополнително ќе извести за терминот и судиите кои ќе ја делат правдата на ова дерби.


Антони на чекор до останува во Севиља, Јунајтед и Бетис пред договор

Бетис напредува во однос на реализирање на една од своите големи трансферни цели – да го обезбеди Антони од Манчестер Јунајтед и за следната сезона.

Според Фабрицио Романо, двата клуба воделе директни разговори во понеделник, и комуникацијата продолжила денес. Понудата на андалузијците е повторно за почетна позајмица на Бразилецот со опција за откуп. Мајк Макграт од „Дејли Телеграф“ дури тврди дека двата клуба веќе дошле до принципиелен договор за зделката.

Манчестер Јунајтед преферираше директна продажба уште сега, но клубот не доби поволна понуда за таква. Желбата на самиот Антони беше да се врати во Бетис, каде што минатата сезона одигра 26 натпревари, во кои постигна девет гола и запиша пет асистенции.

На „Бенито Виљамарин” продолжуваат да ја чуваат фудбалската маица со бр.7 за Антони.


Реал и Олимпик Марсеј во завршни преговори за Себаљос

Реал Мадрид и Марсеј сè уште не можат да постигнат договор за трансферот на играчот од средниот ред на „кралскиот клуб“ Дани Себаљос, соопштува трансфер експертот Фабрицио Романо.

Како што е познато, 29-годишниот шпански полузащитник објави на социјалните мрежи дека ќе го напушти клубот, а ОМ веднаш изрази интерес за него.

Во овој момент, меѓутоа, двата клуба не можат да се договорат. Пречката е во побарани 15 милиони евра од Реал за играчот, кои изгледаат премногу на Французите.

Себаљос игра за кралскиот клуб од 2017 година, откако пристигна во Мадрид од Бетис. Тој има одиграно 194 натпревари за Реал, во кои постигна 7 гола, додека меѓувреме имаше период на позајмица од две години во Арсенал. Но, во последно време играчот добива премногу малку шанси за изразување.

По оваа причина Марсеј се насочи кон друг полузащитник – играчот од средниот ред на Бенфика Флорентино Луис. Станува збор за позајмица со обврска за трајно купување. ОМ интензивно бара внатрешен полузащитник, а сè уште не е јасно каква ќе биде судбината на тешко провиниениот ас во средината на теренот Адриен Рабио.


Исак знае што сака и инсистира на трансфер во Ливерпул

Александар Исак јасно им кажа што сака на челниците на Њукасл кои разговараа во неговиот дом.

Пред вчерашниот натпревар меѓу Њукасл и Ливерпул, Ишак разговараше со челниците на Њукасл, а единствената тема беше неговата иднина на Сент Џејмс Парк.

Порано овој месец, Свраките добија формална понуда од 130 милиони евра од Ливерпул за напаѓачот кој сака да замине, но таа беше одбиена.

Потоа, Исак јавно изјави дека Њукасл ги прекршил ветувањата кои му беа дадени и дека не е задоволен со тоа.

„Ветувањата беа дадени и клубот одамна го знае мојот став. Да се однесуваат како овие проблеми да се појавиле сега е измамнички. Кога ветувањата се прекршат и довербата се изгуби, односот не може да продолжи”, изјави тогаш Исак.

Минатата недела, како одговор на изјавата на Ишак, од Њукасл јасно кажаа дека се “разочарани” од играчот и неговото однесување.

Како што стојат работите, Ишак, иако јасно на сите им кажа дека сака да потпише за Ливерпул, на крајот на оваа сезона ќе го носи дресот на Њукасл.


Кремонезе пред потпис со Варди

Новиот италијански прволигаш Кремонезе започал преговори со легендарниот напаѓач на Лестер, Џејми Варди кој си замина од клубот каде што остави длабока трага по истекот на договорот на крајот на минатата сезона.

Варди смета дека и понатаму може да игра на високо ниво, а во претходниот период се поврзуваше и со преселба во Наполи. Сепак, таа опција изгледа отпадна.

СКремонезе оваа сезона е врати во највисокиот ранг на италијанскиот фудбал и сезоната ја започна со победа над Милан на гостински терен.

Познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио тврди дека преговорите за трансфер на Варди се во тек и дека Кремонезе вложува големи напори да го убеди искусниот голгетер да пристигне во Италија.

Ангажманот во Кремонезе би бил прв за Варди во италјанскиот фудбал.


Серхио Перез официјално ќе вози за Кадилак

Кадилак од наредната сезона ќе се натпреварува во шампионатот на Формула 1. Минатата недела тимот го потврди дека еден од возачите ќе биде Валтери Ботас, а денес потврда дојде и за Серхио Перез.

Мексиканецот и Финецот имаат многу искуство зад себе, бидејќи во својата богата кариера возеа и за Ред Бул и за Мерцедес во своите најдобри сезони. Ова ќе биде интересен тим, бидејќи за прв пат ќе имаат можност да се борат за статусот на прв возач, што не беше можно ниту за Перез поради Ферстапен, ниту за Ботас поради Хамилтон.

„Потпишувањето на овие двајца возачи е голем чекор за овој нов тим. Сите ги познаваат, додека тие знаат како да бележат одлични резултати во Формула 1“, соопштија од Кадилак.

Од следната сезона, Формула 1 ќе претрпи големи промени, буквално „најбрзиот циркус“ ќе влезе во нова ера, со нов тим во името на Кадилак, кој ќе настапува во докажан состав.


Ел Билал Туре потпиша за Бешикташ

Напаѓачот од Мали, Ел Билал Туре ја напушти Аталанта и ќе го помине остатокот од сезоната на позајмица во редовите на Бешикташ. Турскиот клуб ќе може да го откупи неговиот догоговор по завршувањето на сезоната.

Пред две години, Туре стана најскапото засилување во историјата на Аталанта кога дојде од Алмеира за нешто повеќе од 30 милиони евра.

Сепак, тој не се снајде во Бергамо. Речиси веднаш по пристигнувањето во Италија, тој заработи сериозна повреда на тетивата, што го спречи да игра до февруари.

Минатата сезона ја помина на позајмица во Штутгарт, а сега се сели во Бешикташ.

Претходниот тренер на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, не беше задоволен од неговата форма, а новиот тренер на „Ла Деа“, Иван Јуриќ, очигледно не смета ниту на него.

Тој одигра вкупно 17 натпревари за Аталанта, постигнува три гола, додека минатата сезона одигра и 17 натпревари за Штутгарт, постигнува три гола.

Туре е роден во Брегот на Слоновата Коска, но игра за репрезентацијата на Мали, вза која одигра 25 натпревари и постигна девет гола.


Пафос ја исфрли Црвена Звезда од Лигата на шампионите

Црвена звезда не успеа да избори пласман во Лигата на шампионите. Сроскиот првак во плеј офот доживеа елиминација од Пафос. Кипраните славеа со вкупни 3-2.

Поразот и лошата игра во Белград, кога Пафос победи со 2-1, скапо ги чинеше црвено-белите,

Во реваншот, не блескаа но го исконтролираа првото полувреме. Во вториот дел играчите во црвено-бели дресови притиснаа од сите страни. Иницијативата ја материјализираа во 60.минута, кога Иваниќ со малку среќа погоди за 0-1.

Црвено-белите имаа шанса во 80.минута да го постигнат вториот гол, а кога се подготвуваа за продолженија ги нокаутира Жажа кој во 89.минута постигна нестварен гол.

Во преостанатото време речиси и да не се играше, Кипраните започнаа со провокации, имаше инцидент на влезот на тунелот па резултатот остана 1-1.

Пафос сезонава ќе дебитира во Лигата на шампионите, а Црвена звезда продолжува во Лига Европа.


Силекс и Работнички со убедливи победи го почнаа Купот на Македонија

Со шест натпревари од воведното коло денеска официјално стартуваше новата сезона во фудбалскиот Куп на Македонија.

Работнички на гостински терен извојува убедлива победа од 16-0 над Карбинци, а рутински пласман во второто коло обезбедија и фудбалерите на Македонија ЃП, триумфирајќи против Љуботен со 14-0.

Второлигашот Охрид го елиминираше прволигашот АП Брера по подобро изведување пенали, откако натпреварот во регуларниот дел заврши нерешено 1-1.

Силекс извојува победа од 7-1 против Евротип Онлајн, Брегалница ја елиминираше Победа Валандово со триумф од 6-0, додека Детонит на гостински терен го совлада Башкими 2008 со 4-1.

Мечот Беласица – Арсими ќе се одигра утре, а останатите средби се закажани за во септември.

На трети септември на програмата се мечевите Тетекс – Пелистер и Пчиња – Новаци, на деветти се среќаваат Победа Прилеп – Башкими Куманово додека следниот ден играат Кожуф – Шкупи, Скопје – Тиквеш и Јени Мале Спорт – Шкендија.


Скопје домаќин на регионален ракометен турнир

Од 28 до 30 август, спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на Регионалната ракометна лига, натпреварувачки турнир кој ќе ги обедини ракометните екипи од Македонија, Црна Гора и Србија. Овој уникатен спортски настан има за цел да го поттикне натпреварувачкиот дух, пријателството и регионалната соработка во спортот.

Регионалната ракометна лига се одржува со поддршка на Министерството за спорт, а е во организација на Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

„Горди сме што Македонија е домаќин на првото издание на Регионалната ракометна лига. Нашата цел е преку спортот да изградиме мостови меѓу земјите од регионот, да создадеме нови можности за младите ракометари и да им понудиме на љубителите на спортот врвни натпревари. Веруваме дека оваа лига ќе прерасне во традиција и ќе биде двигател за понатамошен развој на ракометот во регионот“, изјавија од РФМ.

На овој турнир во машка конкуренција ќе настапат РК Еурофарм Пелистер, РК Вардар 1961, РК Војводина од Нови Сад и РК Ловќен од Цетиње. Во женска конкуренција силите ќе ги одмерат ЖРК Ѓорче Петров, ЖРК Металург, ЖРК Бор од Бор, ЖРК Будуќност од Подгорица.

Натпреварите ќе се играат во текот на трите дена, а публиката ќе има можност да ужива во квалитетен ракомет, исполнет со енергија, страст и спортски фер-плеј.