feature

Одредени судиите за европските настапи на Вардар и Шкендија

Македонскиот шампион Шкендија ги продолжи настапите во квалификациите за Лигата на шампионите, а следен предизвик во второто квалификациско коло е двомечот со ФЦСБ.

Романскиот гигант доаѓа во Скопје на 22 јули од 20:00 часот, а на првиот меч УЕФА назначи да судат судии кои се дел од најдобриот шампионат на Белгија.

Натан Вербумен е главен судија, а е му помагаат Матиас Хилает и Рубен Винс, четврти судија е Весил Де Кремер. Во ВАР-собата се наоѓаат Ерик Ламбрехт и Ела Де Врис.

На реваншот во Букурешт кој е на 30 јули од 19:30 часот, ќе судат Украинци.

Тоа се Олексеј Деревински, Виктор Матјаш, Олексиј Миронов, четврти судија е Дмитро Панчишин. ВАР-судии се Микола Балакин и Денис Шурман.


Анри: Арсенал ќе ја освои Премиер лигата оваа сезона

Легендата на Арсенал, Тјери Анри, верува дека неговиот поранешен клуб конечно ќе ја освои титулата во Премиер лигата. Французинот зборуваше во подкастот „Men in Blazers“ и испрати јасна порака: време е Арсенал да направи чекор напред и да стане првак.

Иако пред неколку месеци отворено ја критикуваше трансфер политиката и истакна дека тимот премногу често останува втор, Анри сега има поинакво расположение. Потврди дека има целосна доверба во Микел Артета и отфрли какви било шпекулации за негова смена.

„Дали мислам дека Артета треба да си замине? Апсолутно не. Она што го прави е извонредно. И да, мислам дека оваа сезона ќе ја освоиме титулата. Досега бевме добри, но сега мора да бидеме одлични“, изјави Анри.

Арсенал од 2019 година инвестираше над 900 милиони фунти под водство на Артета, а минатата сезона го оствари најголемиот успех во Европа со пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите. Сега, според Анри, времето за трофеи конечно дошло.


Ракитиќ доби нова улога во Хајдук Сплит

21.07.2024.,Split- Ivan Rakitic potpisao ugovor s HNK Hajduk i odrzao konferenciju za medije.

Фудбалскиот клуб Хајдук од Сплит соопшти денес дека поранешниот репрезентативец на Хрватска, Иван Ракитиќ, ја преземал функцијата технички директор на клубот.

Во новата улога, 37-годишниот Ракитиќ ќе биде еден од соработниците на спортскиот директор Горан Вучевиќ, а како што истакна, целосно е посветен на новите предизвици.

„Благодарен сум на претседателот Иван Билиќ и на спортскиот директор Горан Вучевиќ за дадената доверба. Сакам да помогнам на Хајдук и тоа е моментално мојата единствена цел и мотивација. Подготвен сум да работам и да дадам се од себе, за клубот да напредува, а Хајдук во мене ќе има на располагање целото мое знаење, искуство и контакти во светот на фудбалот. Навивачите можат да очекуваат истиот труд и пот што го давав како играч, и сега во оваа нова улога“; изјави Ракитиќ.


Усик го нокаутира Дубоа и ги обедини сите титули

Олександар Усик стана апсолутен шампион во тешка категорија по втор пат во својата кариера. Го нокаутираше Даниел Дубоа во петтата рунда и ја забележа 24-та победа во професионалнаат кариера. Како и во првиот меч од 2023 година, Усик го победи Дубоа со нокаут и повторно ги обедини четирите големи титули во боксот.

Олександр Усик го нокаутираше Даниел Дубов во петтата рунда од борбата пред повеќе од 70.000 гледачи на стадионот „Вембли“ во Лондон.

Усик го контролираше ритамот од почетокот на мечот, а клучниот момент дојде во петтата рунда кога два пати го нокаутираше британскиот предизвикувач.

По вториот нокаут, Дубоа не можеше да стане, па судијата ја прекина борбата на 1:52 пред крајот на рундата.

Со оваа победа, 38-годишниот Украинец уште еднаш ја потврди својата доминација во тешка категорија.


Реал Мадрид ги избра новите капитени

Нова ера во Реал Мадрид наскоро почнува – подготовките за новата сезона стартуваат на 4 август, но без Лука Модриќ и Лукас Васкес, двајцата ветерани кои ова лето го напуштија клубот. Со нивното заминување останува голема празнина во соблекувалната затоа што со години беа важни авторитети во тимот, пишува Defensa Central.

Модриќ и Васкес беа двајца од последните тројца останати играчи од генерацијата која освои три последователни Лиги на шампиони. Сега, Дани Карвахал е единствениот „преживеан“ од таа златна ера. Десниот бек ќе ја презеде и улогата на прв капитен, функција која до неодамна ја имаше хрватскиот играч од средина на теренот. Модриќ за последен пат беше капитен во натпреварот против ПСЖ на стадионот MetLife, во полуфиналето на Светското клупско првенство.

Карвахал ќе ја носи капитенската лента секогаш кога ќе биде на теренот, но заедно со него, оваа задача ќе ја делат и Феде Валверде, Тибо Куртоа и Винисиус Жр.


Галагер по само една сезона заминува од Атлетико?

Конор Галагер би можел да го напушти Атлетико Мадрид само една сезона по пристигнувањето, откако шпанскиот клуб го пречекори лимитот за странски фудбалери надвор од Европската Унија.

Причина за компликациите е последното засилување на Атлетико, аргентинскиот плејмејкер Тиаго Алмада, кој пристигна од Ботафого. Со неговиот потпис, тимот на Диего Симеоне сега има четворица фудбалери без ЕУ пасош, а правилата во Ла Лига дозволуваат максимум тројца.

Поради Брегзит, англиските фудбалери веќе не се третираат како граѓани на Европската Унија, па Галагер може да биде „жртвуван“. Шпанските медиуми пренесуваат дека во клубот постои поголема заинтересираност за задржување на Самуел Лино и Науел Молина, додека иднината на Галагер е под сериозен знак прашалник.

Англискиот репрезентативец има 21 настап за „Гордиот Албион“ и веќе се поврзува со враќање во Премиерлигата. Тотенхем и Њукасл се клубовите кои покажале интерес за 24-годишниот играч за врска, кој лани пристигна од Челси за 34 милиони фунти.


Барса и Јунајтед се договорија за позајмица на Рашфорд

Англискиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, би можел да се приклучи на Барселона. Според Дејвид Орнштајн од „Атлетик“, Каталонците напреднале во преговорите за напаѓачот.

Според изворот, Манчестер Јунајтед се согласил со условите понудени од Барселона, но договорот сè уште не е во финална фаза. Се вели дека Барселона планира да го позајми Рашфорд со опција за откуп.

Маркус Рашфорд е производ на Манчестер Јунајтед. Тој ја помина втората половина од минатата сезона како позајмен играч во Астон Вила. Според медиумските извештаи, Англичанецот не е вклучен во плановите на главниот тренер на „Црвените ѓаволи“, Рубен Аморим.


Фенер добива две големи засилувања: Шкрињар и Асенсио

Жозе Мурињо сака со Фенербахче да го симне Галатасарај од врвот на турскиот фудбал, раководството му гради конкурентен тим.

Информациите од Турција велат дека во текот на наредната недела во Истанбул на медицинските тестови ќе пристигнат Марко Асенсио и Милан Шкрињар.

Шкрињар дел од минатата сезона играше за Фенербахче, но како позајмен играч од ПСЖ, сега би требало да се врати на перманентен трансфер.

За турскиот тим ќе потпише и Марко Асенсио кој својата најголема промоција ја имаше во Реал Мадрид.

И Шпанецот е член на ПСЖ, минатата полусезона настапуваше во Премиер лигата, во тимот на Астон Вила каде се покажа во одлично издание.


Реал подготвува НБА засилување за следната сезона

Реал Мадрид е во фаза на преговори со НБА играчот Чума Океке.

Американецот веќе имаше неколку понуди од други клубови од Евролигата, откако дозна дека повеќе не е член на тимот на Кливленд Кавалирс.

Океке одигра 203 натпревари во НБА, каде што играше за Орландо , Филаделфија и Кливленд во пет сезони.

Тој имаше просек од 6,3 поени.

Во 2019 година, Океке беше избран како 16-ти пик на драфтот во НБА, а во кариерата бараше и минути преку развојната лига, каде што играше за подружницата на Њујорк Никс.

Досега, Реал ги доведуваше Дејвид Крамер и Тео Маледон , покрај промените на паркетот, Мадрид го смени и тренерот, па од следната сезона, шпанскиот тренер Серхио Скариоло ќе го води кралскиот клуб наместо Кус Матео.


Бањаја освои пол-позиција во Брно

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја, ја освои денешната пол позиција за спринтот и главната трка за Големата награда на Чешка во шампионатот Мото ГП.

Бањаја стигна до првата пол позиција оваа сезона на патеката во Брно со време од 1.52.303.

Возачот на Дукати, Марк Маркез, беше блиску до освојување на пол-позицијата, но падна од моторот во последниот обид и заврши втор, со заостанување од 0,219 секунди.

Фабио Куартараро од Јамаха го освои третото место, 0,305 секунди зад победникот во квалификациите.

Спринт трката за Големата награда на Чешка ќе се одржи денес од 15:00 часот, додека главната трка е утре во 14:00 часот.

Марк Маркез е лидер во генералниот пласман со 344 поени, Алекс Маркез е втор со 261, а Банџаја е трет со 197.