feature

Сити загреан за потпис на Родриго

Англискиот фудбалски првак Манчестер Сити е заинтересиран во летниот преоден рок да се засили со крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Родриго, пренесува денеска шпанскиот весник Марка.

Според изворот, голем број европски клубови ја следат ситуацијата во Реал Мадрид во врска со очекуваниот трансфер на Килијан Мбапе, поради што дел од играчите би можеле да бидат незадоволни од новата улога во тимот.

Оваа сезона 23-годишниот Бразилец Родриго одигра 50 натпревари за Реал во сите натпреварувања, постигнувајќи 17 голови и девет асистенции.

Родриго е дел од Реал од 2019 година, а неговата пазарна вредност се проценува на 100 милиони евра.


Дарвин Нуњез заминува од Ливерпул ова лето?

Дарвин Нуњез пристигна во Ливерпул како најскапо засилување во историјата, но никогаш не ги оправда очекувањата.

Пред неколку недели се шпекулираше дека тој ќе прави трансфер во Барселона, а во Ливерпул се свесни за ситуацијата и поставиле цена.

Новиот тренер Арне Слот исто така му посочил на раководството дека нема да смета на Уругваецот и му ја отворил излезната врата.

Ливерпул чека понуди и е спремен да го пушти доколку некој клуб понуди 85 милиони евра.


Гризман може да ја искористи клаузулата во договорот со Атлетико

Антоан Гризман во својот договор има клаузула според која летово може да го напушти Атлетико Мадрид за сума помала од 15 милиони евра.

Французинот одигра уште една одлична сезона и за него интерес покажуваат неколку европски гиганти, како и клубови од МЛС.

Гризман минатото лето прифати да остане во Атлетико за многу помала плата, но затоа во договорот стави ниска откупна клаузула.

Сепак, Грзиман нема намера да го напушти Атлетико и сака да остане уште една сезона во Мадрид.


Калвин Филипс сака да ја напупти Премиер лигата за меѓународен предизвик

Калвин Филипс откако ја помина сезоната како позајмен во екипата на Вест Хем, размислува да го напушти неговиот клуб Манчестер Сити и да замине во друга држава.

Поранешниот фудбалер на Лидс откако не се наметна кај Пеп Гвардиола, мораше да оди на позајмица кај „чеканите“.  

За 28-годишниот играч наводно се заинтересирани екипи од Германија и Италија. Филипс за селекцијата на Англија има одиграно 31 меч и постигнато еден гол.


Морати сака да ги откупи акциите и да се врати во Интер

Масимо Морати кој беше прв човек на фудбалскиот состав Интер од 1995 до 2013 година, не крие дека е заинтересиран да откупи дел од акциите. Италијанскиот тим од неодамна има нови сопственици.

„Да се биде дел од Интер е голема одговорност, нашите деца се големи навивачи“, вели 79-годишниот бизнисмен.

Интер под водство на Морати освои 13 пехари во домашни рамки и по еден трофеј од Лигата на шампионите , Купот на УЕФА и Светското клупско првенство.


Ван Бисака ставен на трансфер листа во Манчестер Јунајтед

26-годишниот Арон Ван-Бисака кој го изгуби местото во првата постава на Манчестер Јунајтед веројатно ќе си замине во текот на летото.

Бидејќи десниот бек ја нема посакуваната минутажа кај „црвените ѓаволи“, сосема е реално да размислува за нов предизвик. Згора на тоа новата управа на клубот најави дека ќе има поголема реконструкција во ростерот.
Црномурестиот играч го облече дресот на Манчестер Јунајтед во 2019 година и досега одигра 130 меча на кои даде два гола.


Мануел Угарте пред потпис со Атлетико Мадрид

Мануел Угарте кој ја заврши сезоната со 37 настапи во дресот на ПСЖ, влегува во радарот на Атлетико Мадрид, најавија дел од медиумите.

Фудбалерот кој во изминатото лето беше купен од Спортинг Лисабон има договор до 2028 година. Бидејќи не е редовен стартер кај „светците“, тимот од Пиринеите ќе се обиде да го ангажира како позајмен играч за наредната сезона.  

23-годишниот фудбалер може одлично да игра на неколку позиции иако по дефиниција дејствува во дефанзивата.


Астон Вила го сака Гендузи од Лацио

Луѓето од Астон Вила водат интензивни преговори со претставниците на фудбалерот од средниот ред на Лацио, Матео Гендузи.

25-годишниот играч откако го загуби првотимскиот статус, сака да ја промени средината. Французинот во последната сезона во Калчото одигра 33 средби со ефект од два гола и три асистенции.

Неговата трансферна сума е околу 20-25 милиони евра, наведуваат медиумите во Англија.


Лас Палмас уште добива пари од трансферо на Педри во Барса

Одличните настапи на Педри во дресот на Барселона, му донесоа на неговиот претходен состав Лас Палмас околу 18 милиони евра во вид на различни бонуси.

Каталонците кои во 2019 година го купија 21- годишниот играч од средниот ред за 5 милиони, во последните 5 години мораа да ги исполнат условите и да му исплатат одредена сума на Лас Палмас.

Така, вкупната за трансферот достигна  23 милиони. Медиумите наведуваат дека евентуален трансфер на Педри во друг состав, ќе му донесе на Лас Палмас нови 15 проценти од сумата што ќе биде платена.


Ел Кааби собори рекорд на голови во нокаут фазата на евро-куповите

Фудбалерот на Олимпијакос, Ајуб Ел Кааби, кој го постигна решавачкиот гол за победа против Фиорентина во вчерашното финале во Конференциската Лига постави рекорд по бројот на голови во плеј-офот на европските купови.

Тој на девет средби успеа да дојде до бројката од 11 голови. Веднаш до него е Португалецот, Кристијано Роналдо, кој има 10 голови во плејофот на Лигата на шампионите во 2017 година и Французинот, Карим Бензема кој таквиот ефект го направи во 2022 година.

Колумбиецот, Радамел Фалкао, во 2011 година успеа во Лига Европа да дојде до 10 погодоци.