feature

Римските клубови се избегнаа во осминафиналето на ЛЕ

Клубовите кои се гордост на на шпанската покраина Баскија, Реал Сосиедад и Атлетик Билбао, ќе бидат актери на двата најпривлечни натпревари во осминафиналето во Лига Европа.

Ждрепката одржана во седиштето на УЕФА во Нион во оваа фаза ги спои Реал Сосиедад и Манчестер јунајтед, односно Рома и Атлетик Билбао.

Осминафинални двојки:

Викторија Плзен – Лацио
Боде/Глимт – Олимпијакос
Ајакс – Ајнтрахт
АЗ Алкмар – Тотенхем
Реал Сосиедад – Манчестер јунајтед
ФЦСБ – Лион
Фенербахче – Ренџерс
Рома – Атлетик Билбао

Првите осминафинални натпревари се закажани за 6, а реваншите на 13 март.

Боде/Глимт/Олимпијакос – Викторија Плзен/Лацио
АЗ Алкмар/Тотенхем – Ајакс/Ајнтрахт
Фенербахче/Ренџерс – Рома/Атлетик Билбао
ФЦСБ/Лион – Реал Сосиедад/Манчестер јунајтед


Мурињо го одбра Раниери пред Пеп и Ферги

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо гостуваше во подкастот на својот поранешен играч Џон Оби Микел.

Поранешниот репрезентативец на Нигерија го праша кој тренер е најдобра во историјата на Премиер лигата, Алекс Фергусон или Пеп Гвардиола.

„Ферги или Пеп? Не можете да споредувате. Има различни генерации, различни тренерски потенцијали. Две историски личности во Премиер лигата. Сепак, за мене најголем тренер е Клаудио Раниери“, изјави Мурињо, а потоа даде објаснување.

„Човекот ја освои титулата со Лестер. Тоа е најголемиот подвиг во историјата на Премиер лигата. Пет-шест трофеи со Јунајтед, шест или седум со Сити е одлично, но Раниери и неговата работа со Лестер не се споредуваат со ништо. Тоа е најголемата победа“, заклучи Мурињо.


Македонските фудбалери ги дознаа ривалите во Конференциската лига

Борац Бања Лука и Јагелонија, екип на македонските интернационалци Бобан Николов, Дамјан Шишковски и Дарко Чурлинов ги дознаа противниците во осминафиналето во Конференциската лига.

Борац со Николов и Шишковски ќе играат против Рапид Виена, а Јагиелонија на Чирлинов со Серкл Бриж.

Осминафиналени двојки:

Фиорентина – Панатинаикос
Борац Бања Лука – Рапид Виена
Јагелонија – Серкл Бриж
Легија – Молде
Целје – Лугано
Џургарден – Пафос
Челзи – Копенхаген
Виторија – Бетис

Првите осминафинални натпревари се закажани за 6, а реваншите на 13 март.

Четвртфиналните натпревари ќе се играат на 10 и 17 април, полуфиналните на 1 и 8 мај, додека финалето е закажано за 28 мај во Вроцлав, Полска.


Боби Портис суспендиран на 25 натпревари во НБА лигата

Раководството на американската професионална кошаркарска лига НБА го суспендираше играчот на Милвоки бакс, Боби Портис на 25 натпревари без плата, откако беше позитивен на тестот за лекови против болки трамадол, со што беше прекршена антидопинг програмата на лигата.

Суспензијата стапува на сила на натпреварот против Лос Анџелес клиперс, а Портис нема да може да игра до 8 април, што ќе биде 79. натпревар за Милвоки во сезоната.


Познати сите учесници во осминафиналето на КЛ

Фудбалерите на Панатинаикос се пласираа синоќа во осминафиналето на Конференциската лига, откако на домашен терен во Атина го совладаа Викингур со 2-0 во реваншот од плеј-офот.

Во првиот натпревар минатата недела тимот на Рејкјавик победи на домашен терен со 2-1.

Пласман во осминафиналето обезбедија и фудбалерите на Целје, откако на гостински терен во Никозија го совладаа АПОЕЛ со 2-0. Првиот натпревар во Словенија беше нерешен 2-2.

Во драматичен натпревар во кој победникот го одлучи пенал серијата, место во осминафиналето обезбеди и норвешки Молде, совладувајќи го во Даблин домашниот тим Шамрок со 5-4.

Фудбалерите на Јагелонија се пласираа во осминафиналето откако во реваншот го совладаа ТСЦ Бачка Топола со 3-1. Полскиот тим со вкупен резултат 6:2 го елиминира српскиот клуб.

Место во осминафиналната жрепка која е закажана за денеска од 14 часот обезбедија и Бетис, Копенхаген, Борац Бања Лука и Пафос.


Алонсо: Ми се допадна како победивме

Еурофарм Пелистер го совлада Динамо Букурешт со 25-24 и остана во трка за осминафинале на Лигата на шампионите.

По натпреварот тренерот на домашните Раул Алонсо тој им честита на играчите, а потенцира дека секој играч во колективот е важен за овој успех. Воедно, истакна дека е задоволен од борбата и на начинот на кој се победило.

„Прво, сакам да им честитам на играчите за фанастичниот меч. Игравме против доста добар тим кој исто така проба се за да го добие овој меч. Ми се допадна како победивме и како тоа го направивме за да славиме во оваа голема борба.

Знаевме дека мечот ќе биде многу тежок, но останавме заедно обединети до крајот, баравме решенија кога нештата не одеа баш најдобро, имавме шанси и да избегаме на повисока предност, па мислам дека заслужено ги освоивме бодовите. Во првото полувреме тргнавме добро, а потоа Динамо покажа квалитет и се врати во мечот по нашите промашувања, но во вториот дел покажавме карактер. Убаво е да се види како ја креираме таа сила на тимот во кој секој играч е важен – играчи кои играат шеесет минути, играчи кои играат едно полувреме, десет минути или не играат. Можеби имавме и малку среќа на крајот, ама победивме. Јас сум многу среќен затоа што успеавме да победиме пред нашата публика“, изјави Раул Алонсо.


Венбањама го повреди рамото, го чека долга пауза

НБА тимот на Сан Антонио преку социјалните мрежи ја објави веста која ги шокираше кошаркарските фанови.

Венбанјама во последните денови почувствувал болки, а докторите утврдиле дека на едно место има згрутчување на крвта. Според нив, проблемот е изолиран и нема да му предизвика поголеми проблеми, но за секој случај тој нема да игра до крајот на сезоната.

Отсуството на Венбањама веројатно ќе значи и крај на надежите на Сан Антонио за пласман во плејофот со оглед на неговиот голем допринос во играта.

Се верува дека францускиот кошаркар ќе биде подготвен за настап на Европското првенство кое ќе се одржи во август и септември.


Дресот на Меси уште е најпродават во Барселона

Само двајца играчи на Барселона оваа сезона продаваат повеќе дресови на каталонскиот гигант од Лионел Меси.

Иако според многумина најдобриот играч во историјата на фудбалот го напушти „Камп Ноу“ во 2021 година, тој останува огромен туристички магнет во градот на североисточниот брег на Шпанија.

Со оглед на тоа што 37-годишниот играч повеќе не е член на клубот, на Барса и е забрането да продава дресови со неговото име на фан шоп. Сепак, верните фанови и краткорочните посетители најдоа начин да ја надминат таа пречка.

Купуваат дресови без содржина на грбот, па дополнително доплаќаат за персонализација и гравирање на презимето на Меси и легендарниот број 10, пишува шпанскиот весник „АС“.

Оваа практика е толку вообичаена што презимињата на само двајца играчи се појавуваат на дресовите во клупските продавници почесто од оние на Аргентинецот: Ламин Јамал и Роберт Левандовски.


Тотенхем го става Сон на трансфер листа

Тотенхем ја има една од најлошите сезони во поновата историја на Премиер лигата, а лондонскиот тим е подготвен да направи сериозни промени во составот, почнувајќи од капитенот.

Хеунг-мин Сон, легенда на Тотенхем, би можел да го напушти клубот следното лето како дел од целосната реорганизација на тимот.

Јужнокорејскиот интернационалец и стрелец на 172 гола за клубот од северен Лондон, би можел да биде продаден веќе во следниот преоден рок.

Без разлика дали Ангелос Постекоглу ќе остане на клупата на Тотенхем, клупските челници ќе направат сериозна реконструкција.

Првиот чекор е да го продаде капитенот на тимот и најдобар стрелец, а негова замена треба да биде Еберечи Езе.

Многу е јасно дека Тотенхем гледа кон иднината. Сон има 32 години, Езе е шест години помлад, но има одлични настапи во Кристал Палас. Летово беше на мета на големите клубови, но сепак остана во клубот.

Сон е во 2015 година од Леверкузен пристигна на „Вајт Харт Лејн“.


Пеп ќе остане во Сити и покрај неуспешната сезона

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, не ја доведува во прашање неговата иднина во тимот по поразот од Реал Мадрид (3-1) во реваншот од плејоф рундата во Лигата на шампионите.

Реал Мадрид го доби и првиот натпревар (2-3) и се пласираше во осминафиналето на елитното фудбалско натпреварување.

„Сакам да продолжам во Манчестер сити. На овие два натпревара победи подобриот тим, тоа мора да го прифатиме. Не само Мбапе. Имаат многу квалитетни играчи, фантастичен тим. Само им честитам, заслужуваат да одат понатаму. Ние се фокусираме на Премиер лигата. Ова е прва година кога не успеваме да се претставиме добро во Лигата на шампионите. Треба да го прифатиме тоа и да се бориме следната сезона повторно да бидеме тука“, изјави Гвардиола.

Манчестер сити не успеа да се пласира во осминафиналето за прв пат откако Гвардиола беше назначен за тренер во 2016 година