feature

Голема победа на македонската селекција во Астана

Иако не одигравме супер-квалитетен натпревар, сепак најважно од се победивме. Македонија се враќа со трите бода од гостувањето кај Казахстан, откако попладневво на Астана Арената, момците на Благоја Милевски го победија домашниот тим со 0-1. Стрелец на победничкиот гол за нашата репрезентација беше Александар Трајковски во 33. минута, откако искористи една одбиена топка во противничкиот шеснаесетник и успеа да ја смести во подалечниот агол од голот на Казахстан.

Домашните подобро го чувствуваа домашниот терен на вештачка трева, подобро се снајдоа во сите 90 минути, имаа неколку чисти и зрели шанси за израмнување, но на крајот не посака и среќата. Мрежата на Димитриевски остана празна, а Македонија се враќа со нови три бода.

По четири одиграни средби, Македонија веќе има 8 бода на своето конто и се уште е без пораз во овие квалификации. Следниот предизвик е Лихтенштајн на 7 септември на домашен терен, а потоа во октомври не очекуваат гостувањето кај Белгија и домашниот дуел со Казахстан. Квалификациите ќе ги затвориме во ноември со гостувањето кај Велс.


Марјан Секуловски нов координатор на школата на Пелистер

Пелистер ја започна реорганизацијата по најавената промена во структурите на клубот. Клубот го именува Марјан Секуловски за нов координатор на школата на клубот и тој ќе го заземе местото на Златко Цветановски. Се работи за поранешен фудбалер и тренер на нашиот клуб, познат по работната етика и професионалност. Секуловски низ кариерата водел клубови од Првата лига и странство и бележел забележителни резултати. Нему му е доверена комплетната реконструкција на школата на клубот. Клубот му се заблагодарува на Златко Цветановски за професионалноста работа и успесите во претходниот период.

Ова е нашиот прв чекор, но наскоро ќе ги објавиме и останатите промени. Клубот донесе одлуки за менаџментот и управувањето и деновиве на официјална прес-конференција ќе ги објави следните чекори. Наша цел е развојот започнат од претходната управа да продолжи и ФК Пелистер да се стабилизира како прволигаш со особен значај во македонскиот фудбал.


Олимпијакос ја освои титулата првак на Грција во кошарка

STOIXIMAN GBL 2024-2025 / ΑΠΟΝΟΜΗ ΠΡΩΤΑΘΛΗΜΑΤΟΣ ΣΤΟΝ ΟΛΥΜΠΙΑΚΟ (ΑΝΤΩΝΗΣ ΝΙΚΟΛΟΠΟΥΛΟΣ / EUROKINISSI)

Кошаркарите на Олимпијакос го победија Панатинаикос во финалето на грчката лига и ја освоија шампионската титула.

Невидени тензии владееја во Грција за време на финалната серија помеѓу Олимпијакос и Панатинаикос, буквално беше борба на „живот и смрт“.

Дури и сопствениците на двата тима беа вмешани во сè, а Владата на Грција речиси ја прекина финалната серија, што никогаш не се случило во историјата на грчкиот спорт.

Олимпијакос го победи Панатинаикос со 85-71 во салата „Мир и пријателството“ и ја освои шампионската титула.

Ова беше четвртиот натпревар во финалната серија, а Олимпијакос победи со 3-1, завршувајќи го најдраматичното финале во грчката историја со шампионска прослава.

Шакил Мекисик беше најефикасен со 20 поени, додека Тајлер Дорси имаше 17, Еван Фурние го заврши натпреварот со 13 поени, 6 скока и 4 асистенции, Алек Питерс имаше 11, а исто така и Никола Милутинов со 10 скока, додека Саша Везенков имаше само 2 поени, кој го повреди глуждот и беше изнесен од теренот.

Во редовите на Панатинаикос, Кендрик Нан постигна 18 поени, додека Костас Слукас постигна 11 со 2 скока и 7 асистенции, Грант додаде 10, а Хуанчо Ернангомез имаше 9 со 9 скока.


Вања Милинковиќ Савиќ ќе биде новиот голман на Милан

Мајк Мењан ќе ја продолжи кариерата во Челзи. „Сините“ за услугите на голманот на Милан ќе му платата 18 милиони евра отштета, објавија италијанските медиуми.

Мењан пристигна во Милан летото 2021 година од Лил, а неговиот договор важеше до јуни следната година.

Милан се согласи да го продаде бидејќи не можеше да се договори за продолжување на договорот, па овој летен преоден рок беше последна шанса да заработи нешто од неговиот трансфер.

Мењан треба да биде заменет на голот на Милан со српскиот голман Вања Милинковиќ-Савиќ (28), чиј договор со Торино истекува за една година.


Рајндерс е новата осумка на Сити

Тиџани Рајндерс откако ги помина медицинските тестови во Англија, изјави дека со нетрпение чека да го облече дресот на Манчестер Сити.

„Не можев да дочекам да дојде денов. Целта е да се заврши се побрзо и да учествувам на Светското клупско првенство„ – рече Холанѓанецот кој доби времена дозвола да го напушти кампот на „лалињата“ за да ја заврши процедурата за трансферот.

Рајндерс беше купен од италијанскиот Милан за 55 милиони евра но, сумата може да достигне до седумдесет милиони со предвидените бонуси.


Еурофарм Пелистер ја прослави шампионската титула во Голд Фелиција

Во Голд Фелициа во Битола, на осми јуни со свечена прослава Еурофарм Пелистер ја прослави шампионската титула и го означи крајот на тековната сезона.

На прославата покрај играчите и стручниот штаб беа присутни спонзорите и поддржувачите на клубот. На настанот свое обраќање имаа челните луѓе на клубот како и градоначалникот на Општина Битола д-р Тони Коњановски, кои им се заблагодарија на сите играчи за нивниот максимален влог во текот на сезоната кој триумфираше со освојувањето на шампионската титула.

Со шампањ, кетеринг закуски подготвени од страна на Голд Фелициа и заеднички фотографии за спомен на добрата сезона се заокружи свечената прослава на РК Еурофарм Пелистер клубот кој го етикетира градот Битола како ракометен град.


Пењароја останува тренер и покрај сезоната без трофеи на Барса

Жоан Пењароја ќе остане на кормилото на кошаркарскиот состав Барселона иако неговиот тим е елиминиран во четвртфиналето на Шпанското првенство од екипата на Уникаха со 2-1 во победи. Тоа го потврди генералниот менаџер на клубот, Хуан Карлос Наваро.

„Јасно е дека заврши фантастична работа. Сега ќе работиме на зајакнување на тимот. Беше многу тешка сезона од сите аспекти“ – рече Наваро.

Пењароја во претходното лето потпиша двегодишен договор со Каталонците.


Хојлунд ветува подобра сезона во Јунајтед

MANCHESTER, ENGLAND – NOVEMBER 03: Manchester United’s Rasmus Hojlund during the Premier League match between Manchester United FC and Chelsea FC at Old Trafford on November 03, 2024 in Manchester, England. (Photo by Carl Recine/Getty Images)

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд, нема намера да го напушти составот од Англија иако за неговите услуги е заинтересиран тимот на Интер. Тој во последната сезона одигра 52 меча и постигна скромни 10 голови.

„Имам договор до 2030 година, очекувам да играм за Манчестер Јунајтед. Се радувам на летниот одмор а потоа сум целосно посветен на проектот“ – рече напаѓачот.

22-годишниот Данецот иако не ги исполни очекувањата на навивачите, се надева дека во новата сезона ќе се врати во посакуваната форма.


Виеира доби нов договор во Џенова

Италијанскиот фудбалски состав Џенова, објави, дека го продолжи договорот со тренерот, Патрик Виеира. 48-годишникот останува во клубот до 30 јуни во 2027 година откако го презеде во ноември во изминатата година.

„Имав многу интензивен период откако пристигнав во Џенова. Успеавме да го обезбедиме опстанокот во Серија А “ – рече Виеира.

Џенова во најсилната фудбалска конкуренција на Италија ја заврши сезоната 13. место на табелата.


Алкалоид промовираше седум засилувања

Ракометниот клуб Алкалоид промовираше дури седум засилувања за наредната сезона во која ќе атакува на трофеите како на домашната така и на меѓународната сцена.

-РК Алкалоид останува на определбата да биде составен во најголем дел од македонски ракометари кои ќе добијат врвни услови за тренинг, ќе работат според професионална програма и ќе имаат простор за напредок преку настапите на домашната и на европската сцена, – стои во објавата на Алкалоид.

Нови имиња кај актуелниот освојувач на Европскиот Куп се: Ненад Костески, репрезентативно десно крило, Емилијан Ѓорговски – големиот потенцијал на левата бековска позиција, Михаил Аларов – репрезентативен пивот, десниот бек – Михаил Иваноски, младиот голман -Ѓорѓи Николовски, левото крило – Давид Трајкоски и интернационалецот од Србија – Урош Борзаш.