feature

Кобајаши победи на скоковите во Сапоро

epa09661220 Ryoyu Kobayashi of Japan is airborne during a training jump for the second stage of the 70th Four Hills Ski Jumping Tournament in Garmisch Partenkirchen, Germany, 31 December 2021. EPA-EFE/PHILIPP GUELLAND

Јапонецот, Роју Кобајаши, ја израдува домашната публика во зимскиот центар –Сапоро откако победи во денешното натпреварување во скијачки скокови кое се бодува за Светскиот куп.

Тој имаше скокови од 137,0 и 136,5 метри што беше доволно да ја обезбеди првата позиција пред Јан Хорл (Австрија) со (136,5 и 137,5 метри) и Домен Превц (Словенија) со (137,5 и 135,5 метри).

Во вкупното рангирање води Даниел Шофених од Австрија пред Јан Хорл. Утре на истата локација во земјата на „самураите“ ќе има нов натпревар во скијачки-скокови.


Кимих добива нов договор во Минхен

Откако Баерн Минхен го продолжи договорот со Алфонсо Дејвис и Џамал Мусиала, сега на ред е клучниот играч Џошуа Кимих:

“Се наоѓаме во добра ситуција во однос на преговорите со Кимих. Се надеваме дека многу скоро и со него ќе потпишеме за продолжување на договорот. Јасно е дека Кимих ќе биде нашиот капитен откако Мануел Ноер ќе се пензионира. Ни останиваат само некои детали и секако официјалниот потпис“ истакна Макс Еберле, директорот на Баварците.


Уго Умбер го освои турнирот во Марсеј

Хамад Меџедовиќ, кој го одигра турнирот на кариерата и беше на прагот на прва титула, во финалето доживеа пораз од домашниот тенисер Уго Умбер кој беше подобар со 0-2 во сетови (6-7 ,4-6).

Првиот сет го реши тај-брејкот, а иако Меџедовиќ се држеше во вториот и спаси дури три брејк-топки, сепак, концентрацијата во десеттиот гем кој воедно беше и клучен дозволи брејк за победа на Французинот.

Умбер ја одбрани титулата во Марсеј, а воедно дојде до седмиот АТП-трофеј во кариерата.


Чаби Алонсо: Баерн е многу силен, ремито е добар резултат

Баер Леверкузен и Баерн Минхен доцна синоќа го одиграа дербито на 22 коло во Бундес лигата. Мечот на теренот на „фармацевите“ заврши без голови а нивниот тренер, Чаби Алонсо, вели дека резултатот е реален на прикажаното.

„Баерн е многу силен. Обично лесно ги разбива екипите, но тоа не беше случај денеска. Многу сме горди на нашиот настап.

Пред мечот рековме дека мора да играме совршено. Не е лесно да се игра против Баерн“, потенцираше тренерот на домаќините.


Мањан добива нов договор во Милан

Милан и голманот на тимот Мајк Мењан се договориле за нов договор, пренесе новинарот Матео Морето. Актуелниот договор истекува за година и пол, но ќе биде обновен до 2028 година со опција за уште една сезона.

Годишната плата на францускиот репрезентативец ќе се зголеми на 5 милиони евра плус бонуси.

Мењан веќе дал согласност за новиот договор, а се очекува во наредните недели да има нова средба меѓу двете страни на која ќе биде ратификуван договорот и ќе бидат потпишани сите документи. 29-годишниот голман пристигна во Милано летото 2021 година и веднаш стана редовен стартер на „росонерите“, за кои има вкупно 146 меча со 150 примени голови и 55 чисти мрежи, а од неодамна ја носи и капитенската лента на тимот.

Пред синоќешната победа над Верона од 1:0, менаџерот на клубот Златан Ибрахимовиќ потврди дека се водат преговори за нови договори со Мењан и со левиот бек Тео Ернандез, нагласувајќи дека и двајцата се чувствуваат среќни во Милан.


Медведев сакрастичен за казната на Синер

Данил Медведев испрати саркастична порака во врска со суспензијата на Јаник Синер поради допинг.

„Се надевам дека отсега сите ќе можат да разговараат со ВАДА и ако кажат: „Го најдовме ова за тебе, ќе биде двегодишна (суспензија)“, ќе речеш: „Не, суспендирај ме на еден месец“. Се надевам дека тоа ќе биде преседан. Во спротивно, ќе биде чудно“, изјави Медведев.

За потсетување, во август беше објавено дека Синер бил позитивен на допинг, поточно нелегалната супстанца клостебол.

Меѓутоа, Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА) го ослободи од обвиненијата.

Светската антидопинг агенција (ВАДА) ја обжали таа одлука пред Судот за спортска арбитража (КАС).


Медисон е херојот, Тотенхем пак го совлада Манчестер Јунајтед

Тотенхем го совлада Манчестер jунајтед во 25. коло од Премиер лигата со 1-0.

Тотенхем ја прекина серијата од два порази и ја забележа четвртата победа во последните девет натпревари, додека Јунајтед продолжи да игра топло-ладно и шести натпревар по ред не успеа да слави против овој ривал.

Агелос Постекоглу по 35 години стана првиот менаџер на Тотенхем кој успеал да ги добие двата натпревари против Манчестер јунајтед во една сезона во Премиер лигата.

Со оваа победа избраниците Постекоглу ги прескокнаа „црвените ѓаволи“ на табелата, и сега се на 12. позиција, додека Јуанјтед се скандалозно лоши, во моментов се 15. во Премиер лигата.

Првиот и, како што се испостави, единствен гол во Лондон беше дело на Џејмс Медисон во 13. минута од натпреварот.

Ударот на Бергвал беше го одбрани Онана, но одлично позиционираниот англиски репрезентативец налета на топката и лесно го погоди небранетиот гол на гостите.

Во вториот дел, чудо е што немаше барем еден гол, бидејќи двете екипи имаа по четири удари кон голот.

Јунајтед беше конкретен преку Гарначо и Зикркзе, но повратникот на голот на Тотенхем, Викарио не дозволи да биде совладан.


Консеисао е херојот, Јуве го совлада Интер во „Дербито на Италија“

Јувентус го победи Интер во Дерби д’Италија со 1-0. Наполи по 25 коло остана лидер со 56 поени, два повеќе од Интер, додека Јувентус се наоѓа на четвртото место со десет поени помалку од првопласираниот тим во Серија А.

Дербиот на стадионот на Јувентус во Торино го реши португалскиот репрезентативец, Фабио Консеисао во 74.минута.


Реал ќе се жали на црвениот картон на Белингем

Реал Мадрид ќе го обжали директниот црвен картон на Џуд Белингем кој го заработи на вчерашното гостување кај Осасуна, наведуваат денеска авторитетните медиуми во Шпанија.

Главниот судија, Хозе Луис Мунуера Монтеро, го исклучи Англичанецот поради пцовки иако зборовите може да се преведат со друга конотација. Сепак, судијата разбрал дека Белингем му упатил навреда и тоа го навел во извештајот.

Англичанецот се соочува со минимална суспензија од два натпреварa но, може да добие и посериозна казна доколку се утврди дека навистина го навредил судијата.


Анисимова го освои турнирот во Доха

Аманда Анисимова многу полесно од очекувањата ја совлада Јелена Остапенко во финалето на турнирот во Доха со резултат 2:0 во сетови (6-4, 6-3).

Шест пати Американката влегуваше на теренот како аутсајдер и победи во шест наврати. Никој досега не постигнал таков подвиг во Доха.

Можеби на Остапенко, која сака агресивна игра, донекаде и пречеше тоа што финалето беше прекинато поради дожд, што секако ги успори условите, но причината пред се треба да се бара во нејзиниот многу послаб настап од претходните денови.

Ова е трета титула на Анисимова во кариерата, убедливо најголема.

ВТА турнирот во Доха се играше за награден фонд од 3.654.963 долари.