feature

Баерн го загуби Дејвис до крајот на сезоната

Тежок удар доживеа Баерн Минхен во решавачкиот дел од сезоната. Левиот бек, Алфонсо Дејвис, поради повред на лигаментите во коленото ја заврши сезоната.

Алфонсо Дејвис, поради болки во коленото, пред три дена го напушти теренот во 12. минута против САД. Во борбата за третото место во Лигата на нации во КОНКАКАФ зоната, Канада ги победи САД (2-1), а Дејвис по натпреварот на новинарите им кажа дека се повредата не е сериозна.

Сепак, деталните прегледи дијагностицираа кинење на лигаментите во коленото.

Канаѓанецот во тековната сезона одигра 31 натпревар, постигна три гола и забележа исто толку асистенции.

Инаку, Дејвис на почетокот на февруари конечно ги прифати условите кои му беа понудени и се обврза на соработка до летото 2030.


Еурофарм Пелистер потпиша со полски десен бек

Полскиот ракометар, Анџеј Видовски, ќе биде ново име во составот на Еурофарм Пелистер за наредната сезона.

Станува збор за 22-годишен играч кој ќе дојде од екипата на Гвардиа Ополе. Десниот бек кој е висок 186 сантиметри настапува и за полската репрезентација.

Тој со битолчани ќе има договор до 2027 година.


Ралф Рангник од јуни ја презема Борусија Дортмунд

Селекторот на фудбалската репрезентација на Австрија, Ралф Рангник ги одбројува последните месеци од својот мандат како селектор на националниот тим, бидејќи медиумите во Германија пишуваат дека тој е во напредни преговори со Борусија Дортмунд за преземање на функцијата спортски директор.

И покрај тоа што договорот со оваа средноевропска репрезентација му истекува на крајот на оваа календарска година, големи се шансите популарниот „Професор“ да го скрати мандатот и на лето да му се врати на клупскиот фудбал.

Без разлика што Рангник веќе водел прелиминарни преговори со Борусија, германски „Билд“ пренесува дека елиминацијата од Србија и пропуштената шанса да ја одведе Австрија во елитната дивизија од Лигата на нации може да го забрза заминувањето на искусниот тренер.

Самиот Рангник изјави дека поразот од Србија нема да влијае на примарна цел на Австрија да се пласира на Светското првенство следната година.

Првите предизвици Австрија ги очекува во јуни на стартот од квалификациите, каде во првата половина од месецот ќе ги одмери силите со Романија и Сан Марино, па останува да се види дали квалификациите ќе го започне со Рангник на клупата или без него.

Она што дополнително ја усложнува ситуацијата е тоа што местото спортски директор на Борусија е веќе пополнето, бидејќи функцијата ја обавува пораншениот играч на овој клуб, Себастијан Кел.


Првиот човек на Интернационалниот Параолимписки Комитет гостин во Скопје

Во просториите на МОК, претседателот Даниел Димевски, оствари средба со Ендрју Парсонс. На истата беше потенцирана соработката помеѓу двата комитета и беа предложени идеи за аплицирање на заеднички проекти за афирмација на спортот на лицата со инвалидност преку програмата на Ерасмус+.

Претседателот на Македонскиот параолимписки комитет, Бранимир Јовановски им врачи плакети на гостите за долгогодишната успешна соработка на полето на развој на спортот на лицата со инвалидност, со надеж дека таа и понатаму ќе трае и ќе се надоградува.

Во „Јане Сандански“ на тренингот на кошаркарите во колички, Парсонс имаше можност да се запознае со активностите на параолимпискиот комитет и желбата еден ден тие натпреварувачи да заиграат во „NLB WILL“ Лигата.


Голем пех за Барса, Чимези Мету подолго надвор од терените

Чимези Мету ќе биде надвор од терените подолг период. 28-годишниот кошаркар на Барселона на вчерашниот натпревар против Баерн се здоби со пукнатина на Ахиловата тетива на левата нога.

Интернационалецот од Нигерија во сезонава има просек од 11 поени и 4,8 асистенции за речиси 20 минути поминати на теренот.

Поентерот на Каталонците допрва ќе дознае колку време ќе треба да паузира.


Египќанецот Сеиф Елдера потпиша за Барса

Барселона успеа за наредната сезона да стави потпис за наредната натпреварувачка со Сеиф Елдера.

Станува збор за 26-годишен египетски репрезентативец кој настапува на позицијата лев бек, кој денеска потпиша двогодишен договор со Барса што ќе стане валиден по завршувањето на оваа сезона.

Сеиф Елдера пристигнува од францускиот прволигаш Лимож каде настапува во претходните три години, а „фараонот“ сезонава е најдобар стрелец на оваа екипа со 99 гола на 20 средби во француското првенство.

Сеиф е помлад брат на Јехиа Елдера, кој настапува за Веспрем, па ова семејство во следната сезона ќе има двајца ракометари кои ќе бидат дел од Лигата на Шампионите.


Ѓоковиќ лесно се справи со Мусети и обезбеди четвртфинале во Мајами

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Мајами, откако синоќа по два сета го совлада 16. пласираниот на АТП листата Италијанецот Лоренцо Мусети со 6-2, 6-2.

Петтопласираниот тенисер во светот дојде до победа по еден час и 23 минути игра.

Во првиот гем од првиот сет Италијанецот направи брејк на сервисот на Ѓоковиќ, но српскиот тенисер потоа нанижа шест гемови и поведе со 1-0 во сетови.

Ѓоковиќ ја искористи втората брејк топка во вториот гем од вториот сет и со сигурен сервис во следниот гем поведе со 3-0. До седмиот гем двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, кога Ѓоковиќ ја искористи првата меч поен на сервис на Мусети.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра против светскиот рекет број 25, Американецот Себастијан Корда.


Брантвејт е замената за Мегваер на „Олд Трафорд“

LIVERPOOL, ENGLAND – MAY 11: Jarrad Branthwaite of Everton applauds the fans during the Premier League match between Everton FC and Sheffield United at Goodison Park on May 11, 2024 in Liverpool, England. (Photo by Lewis Storey/Getty Images)

Премиерлигашот Манчестер Јунајтед планира да се раздели со 32-годишниот дефанзивец Хари Мегваер и на негово место тоа да го ангажира 22-годишниот фудбалер на Евертон, Џаред Брантвејт.

Според истиот извор, Јунјатед долго време ја разгледувал можноста да го продаде Мегваер, но трансферот бил попречен во последните два преодни рока поради високите барања за плата на Англичанецот.

Сега Јунајтед е подготвен да инвестира во млад централен дефанзивец, а според англиските медиуми Евертон за услугите на Брантвејт бара сума од околу 80 милиони фунти.

Мегваер го носи дресот на Манчестер јунајтед од 2019 година. Досега за тимот од „Олд Трафорд“ одигра 234 натпревари.

Неговиот договор со Јунјатед е до лето 2026 година. Пазарната вредност на Мегваер се проценува на 15 милиони евра.


Аргентина го декласира Бразил и го потврди учеството на Мундијалот

Пред Суперкласико, како што Јужноамериканците го нарекуваат дербито меѓу Аргентина и Бразил, кое се играше во Буенос Аирес во 14. коло од квалификациите за СП, Аргентина обезбеди пласман на Светското првенство следната година, на пет кола пред крајот на квалификациите. Тоа покрај нејзините одлични резултати и го овозможи нерешениот резултат меѓу Боливија и Уругва (0:0).

На стадионот на Ривер Плата „Монументал“, Аргентинците без Лионел Меси и Лаутаро Мартинез го декласираа Бразил со 4:1.

Натпреварот резултатски, но коа станува збор за ривалствот тоа е нешто друго. За полувреме „гаучосите“ ја наполнија мрежата на Бразил.

Стрелци за домашните беа Хулијан Алварез во 4. минута, Енцо Фернандез во 12. минута, Алексис Мекалистер во 37. минута и Џулијано Симеоне во 71. минута. Стрелец на единствениот гол за Бразил беше Матеус Куња во 26. минута.


Раул Асенсио доби нов договор во Реал Мадрид

Фудбалерот, Раул Асенсио, кој се позиционира во првиот тим на Реал Мадрид, потпиша нов договор до летото 2029 година.

22-годишниот играч максимално ја искористи шансата што му ја даде Анчелоти по серијата повреди на стандардните првотимци.

Младиот дефанзивец во сезонава има 30 натпревари од кои дел се во Лигата на фудбалските шампиони.