feature

Суспендирани 62 камерунски фудбалери по Купот на Африка

Неверојатна одлука денеска донесе фудбалскиот сојуз на Камерун кој суспендираше 62 фудбалери поради лажирање на нивната возраст. Информацијата е потврдена на официјалниот сајт на веб страницата.

Помеѓу суспендираните е и фудбалерот, Вилфрид Натан Дуала кој настапи за Камерун на Африканскиот куп на Нации кој беше завршен минатиот месец. Според документите тој има 17 години, меѓутоа постојат сериозни сомнежи дека си ги „намалил“ годините како и останатите суспендирани.

Засега стои дека тие нема да можат да играат во плеј-офот од домашниот шампионат, не е јасно дали подоцна ќе се вратат на терените.

Најмногу суспендирани играчи има академијата Јонг, дури 13, по седум имаат Викторија Јунајтед и Ас Фортуна.


Калчолигашот Лече му врачи отказ на тренерот по инцидентот во саботата

Лече реши да му врачи отказ на тренерот Роберто Д’Аверса по инцидентот кога удри противнички играч при поразот од Верона со 0-1.

По завршувањето на натпреварот, тренерот на Лече намерно со глава го идрил Томас Анри.

Во дополнителното време од мечот се во комфликт влегоа дефанзивецот на Лече Марин, Понграчиќ и Анри, а судијата Даниеле Киф им покажа по еден жолт картон. По завршувањето на натпреварот тие продолжија со расправијата, а Д’Аверса се сврте кон нив и со глава го удри Анри, кој падна на колена.

Тогаш судијата им покажа црвени картони на тренерот и на повредениот играч на Верона. Роберто Д’Аверса имаше договор со Лече до крајот на сезоната. Тој го презеде минатото лето и забележа 6 победи од вкупно 30 натпревари во Серија А и Купот на Италија.


Абрамович ја купува шпанска Валенсија?

Поранешниот сопственик на Челзи, Роман Абрамович може да добие нов фудбалски клуб. Според „АС“, рускиот милијардер е заинтересиран да ја купи Валенсија. Навивачите на шпанскиот тим се надеваат дека со евентуална промена, позицијата на клубот значително ќе се подобри.

Актуелниот сопственик на Валенсија, Петер Лим се обиде да му го продаде клубот на Абрамович пред две години, кога тој бараше 250 милиони евра, колку што беа долговите. Абрамович стана сопственик на Челзи во 2003 година. По санкциите на руските олигарси во 2022 година поради војната во Украина, бизнисменот беше принуден да го продаде англискиот клуб.

За време на ерата на Абрамович, Челзи стана шампион на Англија пет пати во 19 години, го освои ФА Купот пет пати, Лига Купот три пати, ФА Суперкупот два пати, двапати ја освои Лигата на шампионите и Лигата на Европа и го освои Суперкупот на УЕФА. Еднаш триумфираше во светското клупско првенство.


Паркер одушевен од развојот на Никола Јокиќ

Никола Јокиќ тивко влезе во НБА и тоа како 41. пик на драфтот во
2015 година, но денеска асот на Денвер Нагетс е еден од најдобрите
играчи во лигата која е најдобра на светот.
Центарот од сезона во сезона игра се подобро, двапати дојде до
признанието најкорисен играч за да во претходната кампања го
оствари најголемиот успех, односно го предводеше Денвер го
исторски пехар во НБА.
Со ова Јокиќ ги замолчи и најголемите критичари, а во меѓувреме тој
продолжува да „грми“, испишува историја, а во исто време да добива
признанија од сите страни. Тони Паркер дефинитивно е еден од
најдобрите европски играчи кои настапувале во НБА, па и тој му се
поклони на српскиот репрезентативец.
„Мислев дека нема да трае, но секоја сезона тој игра добро и беше
МВП. Кога лани го освои шампионатот, за мене беше – тоа, ништо не
можеш да му кажеш. Кога зборувате за него сега, а зборувате за
најдобриот играч во Европа, тоа мора да биде тој“, порача Паркер кој
со Сан Антонио Спарс освои четири шампионски прстени.


Брахим Диаз прифати да игра за Мароко пред Шпанија

Брахим Диаз сериозно напредуваше во Милан и успеа сериозно да се
надогради како фудбалер на „Сан Сиро“, а оваа сезона настапува за
првиот тим на Реал Мадрид.
Карло Анчелоти се почесто му дава минутажа на офанзивниот играч
за врска и тој стана важен дел од ротацијата на Италијанецот, но во
период кога навистина кариерата му оди во нагорна линија, донесе и
одлука која ги разочара шпанските фудбалски фанови.
Испровоциран од индолентноста и неажурноста на шпанските
фудбалски работници, Брахим Диаз решил да игра за
репрезентацијата која му беше алтернатива, а тоа е земјата која беше
најпријатно изненадување на последното Светско првенство.
По подолго размислување, Брахим решил да заигра за Мароко и ја
избрал оваа селекција пред Шпанија, сето тоа како резултат на
пасивноста на Шпанците, но и активацијата на Мароканците предводени од селекторот Валид Реграги.


Симоне Инзаги тренер на годината во Италија

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ја доби наградата „Енцо Беарцот“
за најдобар италијански тренер на годината.
На церемонијата младиот тренер ги подели заслугите со своите
соработници и играчите.
„Благодарен сум за оваа престижна награда, која го носи името на
еден толку голем тренер и човек.Ова признание немаше да биде
возможно без исклучителната поддршка од сите оние кои работеа со
мене низ годините. Оваа награда им ја посветувам ним и на моето
семејство“, рече Инзаги.
Наградата „Беарцот“ е востановена во 2011 година и се доделува
секоја година на најдобрите италијански тренери.


Руди Гобер казнет со 100.000 долари од НБА лигата

НБА лигата со 100.000 долари го казни центарот на Минесота, Руди
Гобер поради непримерно и непрофесионално гестикулирање кон
судијата и поради јавно критикување на судиите.
Тоа го соопшто Џо Думарс, извршниот потпретседател и раководител
на кошаркарските операции на НБА лигата.
Гобер се однесуваше непристојно на 8 март, по поразот на Минесота од Кливленд. Во последната четвртина, на центарот прво му беше
досудена лична и потоа техничка грешка.
Тој го погледна судијата Скот Форстер и со прсти му гестикулираше
пари, што е општо познат потег кога се алудира кога некој е платен
односно поткупен.


Клоп: Цел свет виде дека сме оштетени за чист пенал

Во дербито на англиската Премиер лига, Ливерпул на „Енфилд“ го
пречека Манчестер Сити, а дуелот заврши со поделба на бодовите (1-
1) што најмногу му одговараше на Арсенал, кој со тоа останува лидер
на табелата.
Натпреварот го одбележаа два гола, некои контроверзни судиски
одлуки и последната пресметка меѓу Клоп и Пеп Гвардиола во Англија, бидејќи Германецот најави дека ги напушта „Црвените“ на
крајот од сезоната.
Сити поведе со голот на Џон Стоунс, а во продолжение Алексис Мек
Алистер од пенал му донесе на Ливерпул 1-1. После тоа неколку
одлични прилики за домашните фудбалери, но свои шанси имаше и
Сити преку Доку и Фоден.
Клоп смета дека второто полувреме на неговиот тим беше најдобрата
претстава против Сити откако е во Англија.
„Сензационално! Во првите 10 минути бевме малку изгубени бидејќи
Манчестер Сити беше подиректен, но второто полувреме
дефинитивно е најдоброто што сме го одиграле против Сити. Имаа
статива, но моравме да постигнеме два-три гола. Фантастичен
фудбалски натпревар. Воодушевен сум!“, изјави Клоп по натпреварот
и додаде:
„Тоа беше пенал 100 проценти! Според сите фудбалски луѓе на
планетата. Тоа е стопроцентен фаул на кој било дел од теренот и
веројатно жолт картон. Сите луѓе кои ја гледаа снимката кажаа дека
тоа е чист пенал. Но знам дека ќе ни најдат некое објаснување…
Можеби ќе се кријат зад објаснувањето и фразата дека не била
очигледна ситуација за гол. Секако дека беше пенал, но не го
реализиравме и продолжуваме понатаму. За мене најважно е да
продолжиме да играме ваков фудбал. Видов неколку фантастични
изданија од моите играчи денес. Сите беа спектакуларни“.


Алегри: Да не заборавиме дека цел ни е пласман меѓу најдобрите четири

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри имаше измешани
чувства за ремито од 2-2 со Аталанта. Од една страна, тој не е среќен
што неговиот тим го загуби водството и не успеа да победи. Од друга
страна, тренерот и понатаму верува дека ова е важен бод во меч со
директен конкурент за топ 4, бидејќи токму тоа е целта поставена
пред тимот.
„Мислам дека добро се снајдовме против силната екипа на Аталанта.
Тие исто така одиграа на ниво и не со вториот гол каде што требаше
подобро да се браниме. Покажавме поголема одлучност, упорност и
техника во вториот дел. Ние треба да ги подобриме нашите
дефанзивни перформанси, особено кога водиме. Истото се случи на
натпреварот со Наполи минатата недела и на другите натпревари
претходно. Примаме премногу лесни голови. Има многу да работиме,
да се фокусираме на позитивните работи. Со овој уште сме пред
Болоња и ја задржавме предноста од 11 бода пред Аталанта. Да не
заборавиме која е нашата главна цел оваа сезона, да завршиме во топ 4. Момците добро се снајдоа во оваа атмосфера каде имаше делови од
стадионот кои не поддржаа, особено во првото полувреме. Има
работи на кои треба да работиме, но не можам да се пожалам на
недостатокот на желба и посветеност од тимот“, изјави Алегри.
Јувентус е прилично несигурен во последно време, со само една
победа во последните седум натпревари. Сепак, тренерот не е
загрижен за овие резултати.


Џордан е најбогатиот спортист на сите времиња

Американскиот портал за спорт и бизнис „Sportico“ објави ажурирана ранг листа на најплатените спортисти во историјата.

Првото место му припадна на 6-кратниот НБА шампион Мајкл Џордан, кој заработи 3,75 милијарди долари.

Втор е голферот Тајгер Вудс (2,66 милијарди), трет фудбалерот Кристијано Роналдо (1,92 милијарди). Спортико ги зема предвид платите, бонусите, паричните награди, како и приходите на спортистите од неспортски активности во текот на нивната кариера и на крајот од неа, земајќи ја предвид инфлацијата.

Во Топ 10 се најдоа уште и: Арнолд Палмер (голф) – 1,76 милијарди, Леброн Џејмс (кошарка) – 1,7 милијарди, Џек Никлаус (голф) – 1,67 милијарди долари, Лионел Меси (фудбал) – 1,67 милијарди, Дејвид Бекам (фудбал) – 1,5 милијарди, Роџер Федерер (тенис) – 1,49 милијарди и Флојд Мејведер (бокс) – 1,48 милијарди.