Евротип спортските обложувалници отсега и со виртуелна картичка
На сите корисници на Евротип Клуб картичката им е испратен е-маил со нивниот уникатен баркод. Се што треба да направите е да го посетите вашиот е-маил, да ја отворите пораката на Евротип и таму ќе го добиете вашиот баркод. Со Евротип виртуелната картичка од сега ќе можете да ги уплатете вашите ливчиња со покажување на вашиот баркод на вашата омилена уплатната локација. www.evrotip.mk – #СекогашПовеќе
Скок на Лина Ѓорческа на ВТА листата
Нашата Лина Ѓорческа со пласманот во четвртфиналето на собирот во Анаталија, Турција, успеа да напредува на новата ВТА листа на најдобрите тенисерки на светов.
Таа со новите девет поени има вкупно 319 што беше доволно да напредува за четири позиции и да го обезбеди 235.то место. Таа успеа да отиде чекор понапред и во конкуренција на двојки односно има скок за едно место – 373 со истиот број на поени – 226.
Што се однесува до Магдалена Стоилковска, таа се спушти за една позиција и се наоѓа на 1212 -то место со 9 поени.
Олимпик Марсеј му врачи отказ на Гатузо
Раководството на Марсеј е незадоволно од настапот на тимот оваа сезона. Новинарот Николо Шира сериозно ја разгледува можноста да го отпушти Џенаро Гатузо, под чие водство тимот освои само 9 победи во 24 натпревари во сите натпреварувања.
Марсеј е деветти во поредокот на францускиот шампионат 2023/24 со 30 бодови од 22 натпревари.
Гатузо е на чело на Марсеј од септември 2023 година, неговиот договор со клубот е со важност до крајот на јуни 2024 година.
Диего Жота го чека двомесечна пауза
На Ливерпул не му оди лошо сезонава во Премиер лигата, меѓутоа во овие моменти се соочуваат со големи пороблеми поради повредите на неколку ѕвезди во тимот.
Тренерот Јирген Клоп остана без услугите на Диого Жота кој се повреди против Брентфорд и ќе мора да паузира два месеци.
Жота ги оштетил лигаментите на левото колено и ќе биде надвор од терените, неговото враќање би требало да се очеквуа некаде пред крајот на сезоната. Ливерпул во овој момент е лидер на табелата со 57 бодови, па потоа следи Арсенал со 55 и Манчестер Сити со 53.
Ферари ги претстави тркачките бои
Победникот на последното издание на трката за издржливост „24 часа Ле Ман“, Ферари, ги претстави боите со кои прототипите 499P ќе се тркаат во Светскиот шампионат во издржливост (ВЕЦ) следната сезона.
Презентацијата беше на 126-тиот роденден на основачот на компанијата – Енцо Ферари.
Скудерија се врати минатата година со два прототипа во класата „хајперкар“, победувајќи на Ле Ман со бр.51, пилотиран од Алесандро Пјер Гуиди, Џејмс Каладо и Антонио Џовинаци. Ферари оваа година повторно ќе влезе на ВЕЦ со истите екипажи, а Антонио Фуоко, Мигел Молина и Никлас Нилсен ќе се натпреваруваат со бр.50.
При откривањето на шемата на бои на 499P за сезоната 2024, Ферари објасни дека ги комбинира боите на 312 RV – последниот ВЕЦ прототип на Скудерија пред 499P – и Ф1 болидот од 2007 година што ја освои последната светска титула на Кими Раиконен меѓу пилотите во светскиот шампионат.
За оваа сезона е зголемено присуството на жолта во шемата на бои, со што се нагласени „трупот и кокпитот“, велат од тимот, а благодарение на новата шема на бои, прототипите подобро ќе се гледаат при слаба осветленост.
ВЕЦ сезоната започнува на 2 март со трката во Катар на 1.812 километри и „24 часа Ле Ман“ на 15-16 јуни.
Тухел: Кејн не е среќен во Минхен
Гисласон останува селектор на германската репрезентација
Исландскиот ракометен тренер Алфред Гисласон ќе продолжи да ја извршува селекторската функција во Германија.
Тој го поднесе својот извештај за настапот на ЕП 2024 до УО на германската федерација, а според пишувањата на „Handball World“ членовите на УО гласале за продолжување на соработката со Гисласон.
Исланаѓанецот ќе добие понуда за нов договор до 2027 година и прва задача ќе му биде да ја однесе Германија на Олимписките игри во Париз.
Распишана меѓународна потерница по Квинси Промес
Фудбалерот на Спартак Москва и поранешен холандски репрезентативец, Квинси Промес се бара со меѓународна потерница поради шверц на кокаин.
Судот во Холандија му изрече казна затвор од шест години за учество во шверц на кокаин, а има и плус година ипол поради напад со нож на негов роднина на семејна веселба.
Денес е потврдено дека се бара со меѓународна потерница.
„Осудениот фудбалер е ставен на меѓународна потерница. Обвинителството се обиде да го приведе во Холандија и презеде мерки за ткво нешто, но нема негова екстрадиција“, потврди Ваитмена, портпаролот на обвинителството во Амдтердам, сепак додаде дека есктрадицијата не зависи само од Холандија туку и од земјата каде што престојува.
Германија и Франција планираат заедничка организација на СП во ракомет
Германија и Франција ќе имаат заедничка кандидатура за организација на Светското првенство во 2029 година и во 2031 година.
Двете федерации објавија дека посакуваат да бидат организатори на уште еден голем настан, но ќе имаат силна конкуренција. За организација на двата Мундијала, свои апликации имаат поднесено Исланд, Данска и Норвешка, како и Саудиска Арабија, односно Унгарија.
Со оглед на тоа што Германија веќе ја има организацијата на СП 2027, тешко е за верување дека ќе ја добие и за СП 2029, а јасно е дека ИХФ планира еден од овие два големи настани да се одржи во Саудиска Арабија.
Извршниот Комитет на ИХФ одлуката за доделување на домаќинствата на големите настани ќе ја донесе на 16 април.
Мајк Џејмс најави кошаркарска пензија
Договорот на Мајк Џејмс со неговиот сегашен клуб Монако завршува на крајот на сезоната, а откри дека следниот договор ќе биде последен во неговата кариера.
„Колку и да ја сакам кошарката, некогаш сум уморен од улогата кошаркар, ако ви има смисла. Така да, ќе бидам прецизен. Следниот договор најверојатно ќе биде последен. Тоа ќе биде крај на моето поглавје како кошаркар“, изјави Џејмс.
На прашањето дали ќе го продолжи договорот со Монако чиј дел е од 2021 година Американецот остана мистериозен.
„Долга е сезоната, знаат каде живеам. Имаме време да разговараме за тоа“, додаде 33-годишникот.