Тен Хаг: До први јули нема да работам во ниеден клуб
Ерик тен Хаг по заминувањето од Манчестер Јунајтед, многу ретко даваше изјави.
На прашањето дали има намера да се врати на тренерската работа искусниот стратег истакна:
„Одлучив до први.јули да не работам ништо, а потоа ќе видиме“ посочи Тен Хаг.
Инаку според медиумите на Островот, за Тен Хаг имало интерес од неколку клубови, негово било само да ја одбере најдобрата опција.
Синер обвинет за нова измама
Јаник Синер постигна договор со Светската антидопинг агенција (ВАДА). Наместо рочиште пред Судот за спортска арбитража (ЦАС) во Лозана, каде што можеше да добие тениска забрана на една или две години, тој ќе биде суспендиран на само три месеци.
Сега, сите се прашуваат кој е виновен, дали Синер или ВАДА, па останува да се утврди. Имено, се појавија некои нови информации во британскиот Би-би-си.
Како што открива медиумот, бил постигнат договор меѓу Синер и ВАДА, според кој место да му истекува од 14 февруари, суспензијата почнала да тече од 9 февруари. Сето тоа било направено за да добие право за настап пред својата публика, на мастерсот во Рим, кој започнува на 5 мај.
Тешко дека е само случајност сето ова и дека дошло до ненадејна грешка, особено ако се земе предвид дека претседателот на АТП, Андреа Гауденци, е Италијанец и дека целиот овој случај е прилично контроверзен.
Пред сè, поради начинот на кој беше спроведен целиот процес, што доведе до тоа да може да се договори Синер за својата казна, иако два пати падна на допинг-тест бидејќи беше позитивен на „клостебол“.
Милан прави голема чистка налето
Тројца од главните фудбалери на Милан можат да бидат продадени по крајот на сезоната, тврди “Газета дело спорт”. Голманот Мајк Мењан, левиот бек Тео Хернандес и левото крило Рафаел Леао е можно да си заминат од “росонерите” на лето поради разочарувачката сезона.
Се очекува Милан да направи масовна чистка во составот летово, особено ако не успее да се класира за Лигата на шампиони. Мењан преговара за продолжување на договорот до 2029 година, но според информациите тоа нема да гарантира негово останување. Францускиот голман направи клучни грешки во натпреварите против Фејенорд и Торино.
Хернандес нема да добие нов договор и клубот е нетрпелив да сослуша понуди летово или да го остави да си замине како слободен агент во 2026 година. Леао има клаузула од 175 милиони евра во договорот, но неговите подеми и падови оваа сезона значат дека раководството е спремно да прифати понуди пониски од таа сума.
Вини одбил да потпише нов договор со Реал
Винициус ја одбил понудата на Реал Мадрид за продолжување на договорот, иако клубот му понуди покачување на сегашната плата од 15 милиони евра.
Актуелниот договор на Винициус со Реал Мадрид е до 30 јуни 2027 година, а „кралевите“ сакаат да ја продолжат соработката и му понудија нов договор на Бразилецот.
Реал Мадрид е свесен дека овие преговори нема да бидат лесни, бидејќи за Винисиус има сериозен интерес од клубови од Саудиска Арабија, кои се подготвени да му понудат значително повисока плата.
Влаховиќ опција за нападот на Барса
Според информациите од италијанските медиуми, Душан Влаховиќ скоро сигурно ќе замине од Јувентус по завршувањето на сезоната.
Имајќи предвид дека е во последната година од договорот, Јувентус планира да го продаде Влаховиќ за 40 милиони евра следното лето.
Оваа одлука доаѓа откако го вклучија во тимот Коло Муани во зимскиот трансфер период, кој одлично се прилагоди.
Барселона сега се вклучи во борбата за Влаховиќ, и подготвена е да ја покрие сумата која ја бара Јувентус.
Каталонскиот клуб смета дека Влаховиќ би бил идеален заменик за Левандовски, кој полека ги привршува активните играчки години.
Симеоне: Првиот следен натпревар е најбитниот
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, ги повика своите играчи целосно да се фокусираат на претстојниот прв натпревар од полуфиналето на Купот на Кралот против Барселона кој се игра вечерва, пред дуелот во Лигата на шампионите против Реал Мадрид кој е дел од напорниот распоред на тимот.
Периодот од пет недели за Атлетико вклучува два натпревари против Реал во осминафиналето на Лигата на шампионите и уште една средба со Барса во Ла Лига, каде што Атлетико заостанува зад двата гиганти со еден бод во трката за титулата.
„Единствениот начин е да се оди натпревар по натпревар“, изјави Симеоне на прес-конференцијата пред мечот со Барса.Возбудени сме, сакаме да се натпреваруваме, со нетрпение очекуваме на најдобар можен начин да се соочиме со секој следен противник и за да го постигнеме ова, мора да бидеме фокусирани само на утрешниот натпревар“, додаде Симеоне.Кога се соочувате со големи тимови, знаете дека треба да бидете подготвени да се спротивставите, да страдате. Ќе има добри моменти за секој тим, а ние мора да ги искористиме нашите. Имаме специфична идеја и однапред ќе работиме на тоа со момчињата. Се соочуваме со противник чиј начин на игра навистина ми се допаѓа. Тие имаат голема сила во нападот и ќе се обидеме да ги повредиме таму каде што мислиме дека можеме да ги повредиме“ заврши Симеоне.
Еурофарм Пелистер го „разнесе“ Алкалоид и го презеде врвот на табелата
Ракометарите на Еурофарм Пелистер издвојуваа голема победа над Алкалоид (33-20) во дерби натпреварот од 19. коло во Суперлигата. Бранителот на трофејот беше супер-мотивиран, расположен за игра и му одржа лекција на ривалот од Автокоманда од кого го загуби првиот меч во шампионатот. Меѓутоа вечерва воден од верната битолска публика, Еурофарм Пелистер беше нерешлива енегма за избраниците на Кире Лазаров и дојде до триумфот кој го посакуваше, триумф со кој го презема првото место на табелата.
Четата на Алонсо знаеше што сака на ова соочување од почетокот до самиот крај, имаше контрола на резултатот, играта, па така по првото полувреме имаа плус пет (16-11), предност која продолжи да расте во вторите 30 минути за конечни на тринаесет разлика.
Најефикасен во победничкиот табор беше Кузмановски со единаесет погодоци, а осум гола додаде Богдан Радивојевиќ. Кај поразените се истакна Серафимов со осум реализации.
Во следното коло Еурофарм Пелистер ќе гостува во Радовиш, а претходно игра европски дуел во Берлин.
Лукас Перез потпиша за ПСВ Ајндховен
Холандскиот фудбалски гигант ПСВ Ајндховен потпиша денеска договор со 36-годишниот напаѓач Лукас Перез до крајот на сезоната.
Перез пристигна во ПСВ како слободен играч откако во јануари го раскина договорот со Депортиво од родната Коруња.
Искусниот шпански фудбалер потпиша за ПСВ само една недела пред неговиот нов клуб да игра во осминафиналето против еден од неговите поранешни работодавци, лондонски Арсенал. Перез пристигна на Емирати од Депортиво во летото 2016 година за 20 милиони евра, но не успеа да се наметне.
„Работев напорно во последните недели, и на фудбалскиот терен и надвор од него и подготвен сум за докажување. Сакам да му помогнам на овој клуб да ги постигне своите цели за освојување на првенството и Купот“, изјави Перез.
Дамјан Стојановски ја заврши репрезентативната кариера
По две децении минати во македонскиот националниот дрес Дамјан Стојановски вечерва официјално стави крај на својата репрезентативна кошаркарска кариера.
Капитенот на актуелниот македонски првак МЗТ Скопје Аеродром се збогува со националниот дрес пред вечерашниот дуел на Македонија против Полска во рамки на завршното коло во групата Х во квалификациите за пласман на Евробаскетот 2025.
Пред натпреварот во СРЦ „Кале“ раководството на македонската Кошаркарска федерација на Дамјан Стојановски му подарија врачен дрес со бројот 19.
Дамјан Стојановски дебитираше за Македонија пред 20 години и беше дел од генерацијата која на Европското првенство во 2011 година го освои четвртото место.
Македонија со победа над Полска ги заврши евро-квалификациите
Македонската кошаракраска репрезентација со победа над Полска 88-74 ги заврши неуспешните квалификации за пласман на Европското првенство. Македонија квалификициите ги заврши на третото место во групата со две победи (двете над Полска) и четири порази. Од групата пласман на ЕП изборија Литванија, Естонија и Полска како коорганизаторо на првенството.
За крај на Македонија одигра добар натпревар, го контролирапе од самиот почеток, а играчите самодоверба добија со добриот шут за три поени во првата четвртина. На полувреме Македонија имаше предност од шест поени, на крајот од третиот период 12.
Полјаците успеаја да се доблиѓат во последната четвртина на три поени разлика со серија од девет поени (66:63), Македонија го одби нивниот налет и набрагу ја врати двоцифрената разлика.
Ти Џеј Шортс со 23 поени ја предводеше Македнија. Маслонко уфрли 22 со пет скока, Зекири 16 со седум скока и четири асистенции, а Димитирјевиќ запиша 11 поени, пет скока и седум асистенции.