feature

Де Брујне неизвесен из а дербито со Тотенхем

Ерлинг Халанд останува под знак прашалник за гостувањето на Тотенхем во Премиер лигата во Манчестер Сити во среда, изјави менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола.

Халанд, кој има 27 гола оваа сезона во сите натпреварувања, заработи повреда на коленото во победата на Сити над Њукасл од 4:0 на 15 февруари и беше изоставен од тимот за неделниот пораз од Ливерпул со 2:0 на домашен терен, по кој Сити е четврти со 44 бода.

-Ќе знаеме вечерва по тренингот. Се надевам дека ќе биде така, но сè уште не знаеме. Тој се чувствува подобро, но ќе видиме утре, изјави Гвардиола за изгледите на Халанд да игра против Спарс.

И покрај тешкотиите, Гвардиола изјави дека излегувањето на Сити од кризата нема да биде најголемиот предизвик во неговата кариера, со оглед на тоа што неколку пати го градеше тимот во изминатите девет години.

-Веќе го направивме тоа два или три пати. Ова не е најголемиот предизвик. Предизвикот што го имав беше кога ја започнав мојата менаџерска кариера со мојот персонал. Си докажавме со мојот тим дека можеме да го направиме тоа, додаде Каталонецот./МИА


Де Брујне во јуни заминува од Сити

Кевин Де Брујне, еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот и легенда на Манчестер сити, на крајот од сезоната ќе го напушти клубот како слободен играч, објави „Скај Спорт“.

Белгиецот кој во Сити пристигна во 2015 година за 76 милиони евра, одби да го продолжи договорот со клубот. Де Брујне одигра 409 натпревари за Сити, постигна 105 голови и забележа 173 асистенции. Со клубот освои шест титули во Премиер лигата, два ФА купа, пет Лига купови и во 2023 толку посакуваната Лига на шампиони.

Иако Де Брујне и понатаму е еден од најдобрите играчи во светот, се чини дека Пеп Гвардиола решил да тргне во насока на подмладување на тимот. Белгиецот во јуни ќе наполни 34 години, а во последно време често го мачат повредите.

Според последните информации тој би можел да ја продолжи кариерата во МЛС. Сан Диего новиот клуб во лигата, наводно е во напредни преговори со белгискиот играч за врска. Американскиот клуб му нуди статус на ѕвезда и улога на клучен играч во првата сезона во МЛС.


Интер е третиот полуфиналист на Копа Италија

Интер се пласираше во полуфиналето на Купот на Италија, откако го совлада Лацио со 2-0 (1-0) на „Џузепе Меаца. „Нероаѕурите“ во полуфиналето ќе играат против градскиот ривал Милан.

Клучен момент за победата на Интер беше 39. минута. Тогаш австрискиот напаѓач Марко Арнаутовиќ со прекрасен волеј му донесе водство на својот тим. Точка на мечот стави Хакан Чалханоглу од пенал на 15 минути до крајот на натпреварот. .

Интер игра одлично пред своите навивачи, нема пораз на претходните 16 натпревари, е победија на 13 од нив и три пати ремизираа. Лацио, пак, е елиминиран во четвртфиналето на Купот по петти пат во последните шест сезони

Во другото полуфинале ќе играат Болоња и победникот од дуелот Јувентус-Емполи.


Манчестер Јунајтед го договорил Виктор Осимен

Виктор Осимен е прв избор на тренерот Рубен Аморим за нов напаѓач на Манчестер јунајтед.

Последните информации велат дека работата е речиси завршена и дека брилијантниот Нигериец во летниот преоден рок ќе го стави својот потпис на договорот со великанот од „Олд Трафорд“.

Осимен моментално е позајмен во Галатасарај од Наполи, а наполитанците бараат 75 милиони евра обештетување.

Парите за трансферот треба да ги обезбеди „Инеос“ компанијата на ко-сосптвеникот на клубот, Џим Ретклиф. Аморим е незадоволен од настапите на Зиркзе и Хојлунд и Осихен несомнено ќе бидат прва опција во нападот.

Нигериецот има 26 години, најдобрите моменти во кариерата ги имаше во Наполи, кого го предводеше до титулата во 2023 година. На 108 натпревари за наполитанците постигна 65 голови. Моментално е во Галатасарај каде на 18 натпревари постигна 14 голови.

За репрезентацијата на Нигерија одигра 39 натпревари и постигна 23 гола. Тој беше вицешампион на Африканскиот куп на нации во 2023 година.


Гасперини спремен да ја замени Аталанта со Рома

Џан Пјеро Гасперини нема да го продолжи договорот со Аталанта. Искусниот тренер го предводи клубот од Бергамо од 2016 година. Под негово водство, тимот постојано е меѓу најдобрите во италијанскиот фудбал, редовен учесник во европските купови.

Во Серија А еднаш беа втори, три пати трети и двапати четврти. Најлошиот финиш на Аталанта под водство на Гасперини беше во сезоната 2021/22, кога беа осми. Минатата сезона беше најуспешна за нив, беа втори во италијанскиот шампионат и ја освоија Лигата на Европа.

Во тековната сезона го држи третото место на 12 кола до крајот на првенството. Заостанува два бода зад второпласираниот Наполи и три бода зад водечкиот Интер.

Единствената негативна страна е елиминацијата во осминафиналето на Лигата на шампионите против белгискиот Клуб Бриж.

Гасперини, чиј договор со Аталанта истекува во јуни следната година, во саботата потврди дека нема намера да го продолжи договорот.

Според италијанските медиуми, Гасперини од следната сезона ќе биде тренер на Рома.


Артета: Арсенал нема да се откаже од битката за титулата

Арсенал не се откажува од борбата за титулата во Премиер лигата.

Така барем вели Микел Артета, иако предноста на Ливерпул е огромна. „Црвените“ имаат 11 бода и меч повеќе од Арсенал на девет кола пред крајот на првенството.

„Нема откажување од борбата за титулата. Само преку мене мртов“, истакна шпанскиот стручњак, а потоа дополнително објасни: „Ако престанам да верувам, ќе си одам дома. Математички се уште е можно“.

Арсенал во среда гостува кај Нотингем Форест во вонредно коло, додека лидерот Ливерпул го пречекува Њукасл.


Жалгирис бара замена за Луни Вокер

Екипата на Жалгирис се обидува да пронајде замена за кошаркарот, Луни Вокер, кој изненадувачки замина во НБА лигата во составот на Филаделфија.

Литванскиот клуб се обидува да обезбеди ново име пред мечот со Црвена Ѕвезда во Евро-лигата закажан за в четврток.

Според одредени наводи, составот од Каунас преговара со Ајзеа Вонг, кој игра за Шарлот. Тој во сезонава одигра 20 натпревари со просек од 6 поени и 1,4 асистенции.


Консеисао доби ултиматум за да остане во Милан

Весникот –„Кориере Дела Сера“, тврди, дека тренерот на фудбалерите на Милан, Серхио Консеисао, има посебна клаузула која му дозволува на клубот да го ослободи без отштета доколку не успее да се квалификува во Лигата на шампионите.

Тој заработува 1 милион евра по сезона а договорот со „росонерите“ му е валиден до летото во 2026 година.

Милан засега е на седмото место на табелата во Серија „А“ и доколку не оди во ЛШ, тогаш Консеисао сигурно ќе добие отказ.


Романски Баја Маре е ривал на Алкалоид во четвртфиналето на ЕХФ Купот

Романскиот ракометен состав, Баја Маре, ќе му биде противник на нашиот Алкалоид во новата елиминациска рунда во ЕХФ Европскиот куп.

Избраниците на Кире Лазаров првиот меч треба да го одиграат на теренот на противникот додека реваншот ќе биде во Скопје.

Баја Маре претходно ги елиминираше косовскиот Раховеци и финскиот БК-46. Алкалоид пак успеа да ги прескокне претставниците на Австрија и Италија.


Кимих се повреди, нови непредвидени грижи за Компани

Џошуа Кимих ќе мора да паузира поради воспаление на тетивата, соопштија од Баерн Минхен.

Германскиот фудбалер за врска се повреди во првото полувреме од победата со 4-0 против Ајнтрахт Франкфурт во неделата и не можеше да го продолжи натпреварот. Клубот потврди дека проблемот е во тетивата на потколеницата на левата нога.

Сè уште не е познато дали Кимих ќе биде подготвен за првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите против Баер Леверкузен на 5 март.