feature

Ивановски го подобри македонскиот рекорд во маратон

Македонскиот маратонец Дарио Ивановски денеска уште еднаш испиша историја во македонската атлетика!

На денешниот маратон во Севиља (Шпанија) на кој на стартната линија се појавија преку 250 елитни маратонци од целиот свет, со цел да исполнат норма или што подобар резултат за учество на Олимписките Игри во Париз и Европското првенство во атлетика во Рим, меѓу нив беше и најдобар наш маратонец кој оствари извонреден резултат од 2:08:25, што беше на само 15 секунди до обезбедување олимписката норма за ЛОИ во Париз.

Овој резултат претставува нов македонски рекорд и исполнета норма за учество на Европско првенство во атлетика во Рим. Со овој резултат Дарио ќе скокне на ранг листата за учество на Олимписките Игри во Париз, со што би требало да значи и обезбедено место за олимпискиот маратон во Париз.


Хрватска по третпат е светски првак во ватерполо

Хрватска по третпат во својата историја е светски шампион во ватерполо.

Хрватска во финалето ја победи Италија со 15-13 по мечот пет репрезентативци и со тоа го освои светското злато. Најефикасен во хрватскиот тим беше Константин Харков со четири гола, Јерко Мариниќ Крагиќ додаде три, Рино Буриќ два, а Јосип Врлиќ и Матиас Биљака по еден.

Андреа Фондели постигна пет гола за Италија, Франческо Ди Фулвио и Николас Прешути додадоа по два, а Лука Марцијали и Франческо Кондеми по еден.

За Хрватска ова е трета титула светски шампион, по Мелбурн во 2007 година и Будимпешта во 2017 година. 


Погба и Јуве се разделуваат во јуни

Јувентус планира да се раздели со играчот од средниот ред Пол Погба во следниот преоден рок. Весникот „Тутоспорт“ пренесе дека италијанскиот тим повеќе не смета на Французинот. „Бјанконерите“ сакаат да се ослободат од него и неговата висока плата.

Погба се пресели во Јувентус во летото 2022 година. Договорот на играчот од средниот ред со клубот е до 2026 година. Оваа сезона францускиот играч одигра само два натпревари, а и натаму е под истрага за позитивен допинг тест по натпреварот од 1. коло од оваа сезона во италијанското првенство со Удинезе (0-3).


Истокот победник на НБА Ол-стар натпреварот

Тимот на источната конференција е Победник на НБА Ол-стар натпреварот кој се одигра ноќва. Конечниот резултат на крајот изнесуваше 211:186.
За МВП на дуелот беше избран Дамиен Лилард кој имаше скор од 30 поени и уфрли дури 11 тројки.

Освен за најкорисен играч, популарниот Дем го подигна трофејот и во натпреварот на шутирање тројки.


Даглас Луиз е замената за Касемиро во Манчстер?

Европските гиганти покажуваат силен интерес за играчот на Астон Вила и бразилскиот репрезентативец, Даглас Луиз.

Даглас Луиз е еден од најдобрите поединци во Астон Вила, неодамна го продолжи договорот, но е спремен да ја промени средината.

Тој игра фантастична сезона и се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата.


Серија А е иднината на Тони Крос

Toни Крос влезе во последните шест месеци и прашаање е дали ќе остане во овој клуб и наредната сезона. Реал Мадрид се уште не донел одлука за Крос кој веќе има 34 години, па двете страни може да се разделат на лето.

Германецот веќе размислува за пензија, но се уште игра на високо ниво, а таквата ситуација сака да ја искористи Јувентус.

Алегри смета дека Крос ќе биде идеално засилување за неговиот тим и „старата дама“ му нуди договор на една година со можност за продолжување на уште една.


Нагелсман отпаѓа од комбинација за клупата на Барса

Јулијан Нагелсман најверојатно нема да ја води Барселона ова лето.

Според „Диарио Спорт“, иако стручњакот кој работи со германската репрезентација е вклучен во списокот со кандидати за тренерската позиција во Барселона, сепак од клубот нема да сметаат на него како реална опција.

Прво, поради фактот што Европското првенство ќе заврши во средината на јули, подготовката на каталонскиот клуб за новата сезона би се одвива во полоши услови од нивните конкуренти. Второ, Барселона се надева дека ќе покани поискусен тренер кој исто така има подобар однос со играчите. Претходно беше објавено дека други германски тренери – Ханс-Дитер Флик и Јирген Клоп – исто така се сметаат меѓу претендентите за местото на Чави.


Заглави договорот на Лаутаро, Аргентинецо разгледува и други понуди

Лаутаро Мартинез ја одби првата понуда на Интер за продолжување
на договорот, а тоа го вклучи алармот кај многу европски гиганти.
Имено, „Газета дело Спорт“ пренесува дека голгетерот се премислил и откако ја увидел ситуацијата на пазарот побарал зголемување во
однос на договорените осум милиони евра од претходно.

Лаутаро побарал плата од десет милиони евра годишно плус бонуси,
која Интер не може да си ја дозволи во моментов. Таквата ситуација
сакаат да ја искористат Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и ПСЖ, кои
се спремни да му понудат многу повисока плата.
Лаутаро има договор до летото 2026 година, па Интер не е приморан
да го продава, но споменатите клубови се спремни да понудат 120
милиони евра за неговиот потпис.


Бразилецот Филипе Андерсон прво засилување на новиот Јуве

Јувентус постигнал договор со ѕвездата на Лацио, Филипе Андерсон,
пренесуваат италијанските медиуми. Имено, договорот на Филипе
Андресон со Лацио истекува на крајот на сезоната и нема најави за
негово продолжување.
Јувентус сака да ја искористи ситуацијата и да го донесе во Торино
без обештетување, па веќе постигнал договор со неговиот агент.
Алегри многу ги цени квалитетите на Бразилецот и сака да го има во
својот тим, па Филипе Андерсон ќе биде првото засилување за
следната сезона.


ПСЖ го договори големиот талент на Лил

Пари Сен Жермен е блиску до купување на дефанзивецот на Лил,
Лени Јоро, пишува новинарот Екрем Конур на социјалната мрежа Х.
Според неговите информации, страните се договорија за условите на
договорот. Останува ПСЖ да се договори со Лил за висината на
обештетувањето на Јоро.
За потписот на дефанзивецот се борат и Реал Мадрид, Баерн Минхен,
Челси и Манчестер Јунајтед.
Во оваа сезона Јоро одигра 27 натпревари за тимот во сите
натпреварувања во кои постигна 3 гола. Договорот на 18-годишниот
играч со францускиот клуб е до крајот на јуни 2025 година.