feature

Дресот на Дончиќ во Лејкерси напродаван сезонава во НБА лигата

Објавен е податокот за продажба на дресови во НБА сезонава, по 11 години најпродавани дресови не се оние на Леброн Џејмс и Стивен Кари. Годинава за прв пат најпродаван е дресот на словенечката ѕвезда Лука Дончиќ.

На Дончиќ веројатно му помогна тоа што среде сезоната го смени клубот, па најпрвин неговите дресови ги купуваа навивачите на Далас Маверикс, а потоа и на Лос Анџелес Лејкерс.

Од 2014 година, Леброн и Кари редовно ги имаат најпродаваните дресови. Во тој период дресот на Леброн седум пати бил најпродаван, а на Кари четири пати.

Според достапните податоци, Леброн го имаше најпродаваниот дрес во 2011 година, додека во 2012 година најпродаван беше дресот на Дерик Роуз, а во 2013 година дресот на Кармело Ентони.

Иако не се на првото место, Кари и Леброн останаа на врвот и го заземаат второто, односно третото место. Џејсон Тејтум од Бостон Селтикс и Џејлен Брунсон од Њујорк Никс се меѓу првите пет продавачи.


Валенсија пред ангажман на Исмаел Бако

Шпанска Валенсија планира да го ангажира Исмаел Бако. Договорот на 29-годишниот центар со екипата на Уникс ќе заврши на крајот на сезонава.

Тој има просек од 8,6 поени и 6,4 скокови на 41 натпревар во ВТБ лигата.

Според дел од медиумите, белгискиот кошаркар е една од приоритетните цели на шпанскиот клуб кој сака да се врати во Евролигата.


Суарез има сон, сака да влезе меѓу десетте најдобри стрелци во историјата

Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез призна дека би сакал да стане еден од десетте најдобри стрелци во историјата на фудбалот.
Суарез: Би сакал да станам еден од најдобрите десет стрелци во историјата на фудбалот. Уругваецот има најмногу освоени титули меѓу своите сонародници. Суарез има 587 гола на своето име, а има потреба од уште 34 гола за влез во престижното рангирање.

„Понекогаш е лесно да се каже дека не обрнувам внимание на статистиката и головите, но адреналинот во фудбалот се заснова на нив. Иако имам 38 години, мислам дека можам да постигнам нешто уникатно за уругвајски фудбалер. Да влезам во топ 10 најдобри голгетери во историјата на фудбалот би било неверојатно“, рече Суарез, цитиран од „Ел Паис“.

Луис Суарез игра за Интер Мајами од јануари 2024 година. Претходно, Уругваецот ги носеше дресовите на Гремио, Национал, Атлетико Мадрид, Барселона, Ливерпул, Ајакс и Гронинген.


Филип Лазаров доби нов договор во Ратингем

Македонскиот ракометен тренер, Филип Лазаров останува во Германија, откако по успешната сезона доби нов договор во Ратинген Интерактив.

Клубот под водство на некогашниот лев бек на македонската репрезентација се избори за пласман во Третата германска лига, а како награда за тоа Лазаров доби продолжување на соработката.

„Ова ќе биде моја осма сезона во клубот и сè уште сум тука со голема страст. Токму поради тоа мојата мотивација и чувството на одговорност постојано се на високо ниво. Главната причина зошто продолжувам е успешната сезона што сè уште трае. Имам чувство дека започнавме да пишуваме нова приказна.

Третина од нашиот сениорски тим доаѓа од нашите младински категории – тоа е огромен успех за нас. Токму тоа е нашата долгорочна цел: да обезбедиме што е можно повеќе талентирани играчи од нашата школа, кои веќе покажаа одлични партии во оваа сезона“, изјави Лазаров по потпишувањето на новиот договор.


Буденхолзер отпуштен од Феникс Санс

Apr 1, 2025; Milwaukee, Wisconsin, USA; Phoenix Suns head coach Mike Budenholzer reacts in the second quarter against the Milwaukee Bucks at Fiserv Forum. Mandatory Credit: Benny Sieu-Imagn Images

Откако не беше осигурно ниту место во плеј-инот повеќе тренер на Феникс Санс не е Мајк Буденхолзер.

Феникс беше еден од клубовите од кои многу се очекуваше во сезоната првенствено поради двоецот Кевин Дурент – Девин Букер, но тимот потполно потфрли завршувајќи ја сезоната со скор 36-46 за само 11. место на табелата во Западната конференција.

За Буденхолзер кој се прослави предводејќи ја Атланта, а во 2021 година го освои и шампионскиот трофеј во Милвоки ова е втор отказ за две години.


Италијанските гиганти загреани за Леони од Парма

Дефанзивецот на Парма, Џовани Леони може да ја продолжи кариерата во друг клуб, тврди новинарот Николо Шира.

За 18-годишниот Италијанец сериозно заинтересирани се Јувентус и Интер.

Леони оваа сезона одигра 12 натпревари во италијанското првенство на кои постигна еден гол и заработи еден црвен картон.

Сениорската кариера Леони ја почна во падова, нево втор клуб беше Сампдорија, пред да заигра за Парма.

Има еден настан за италијанската репрезентација до 18 година и седум во селекцијата до 19 години.


Неизвесен настапот на Инаки Вилијамс против Ренџерс

Инаки Вилијамс би можел да го пропушти четвртфиналниот дуел на Атлетик Билбао во Лига Европа против Ренџерс, објавија шпанските медиуми во понеделникот. Баскискиот напаѓач има повреда на левата нога по натпреварот против Рајо Ваљекано во Ла Лига.

Денес или најдоцна утре ќе биде позната состојбата на 30-годишниот репрезентативец на Гана. Вилијамс беше принуден да биде заменет во 59. минута од Алваро Џало на натпреварот против Рајо Ваљекано.

„Имаше проблем и решивме дека мора да го напушти теренот. Немаше смисла да ризикуваме посериозна повреда“, изјави тренерот на баскискиот тим, Ернесто Валверде.

Првата средба помеѓу Ренџерс и Атлетик, одиграна во Шкотска минатиот четврток, заврши нерешено 0-0.


Во Јуве размислуваат да го задржат Тудор подолг период

Хрватот, Игор Тудор, кој има тековна соработка со Јувентус до крајот на сезоната, може да добие понуда да остане подолг период во Торино, наведуваат медиумите во Италија.

Во неговиот договор има клаузула за автоматско продолжување што ќе се активира доколку тимот се квалификува за Лигата на шампионите.

Тудор во први три натпревари имаше победи со Калјари и Лече и реми со Рома.


Олимпијакос доминантно до уште една титула во Грција

SUPERLEAGUE 2024-2025 / PLAYOFFS 1-4 / ΟΣΦΠ – ΑΕΚ (ΜΑΡΙΛΙΑ ΒΑΣΙΛΑΚΟΠΟΥΛΟΥ / EUROKINISSI)

Олимпијакос со победата од 1-0 над АЕК Атина го обезбеди трофејот во шампионатот на Грција. Решавачкиот гол на оваа средба го постигна Ајуб Ел Каби во 55. минута и на три кола пред крајот на сезоната Олимпијакос ја осигура титулата.

Оваа победа на Олимпијакос донесе разочарување во Динамо Загреб. Имено, овие клубови се бореа за директно место во Лигата на шампионите со Глазгов Ренџерс според европскиот коефициент. На таа „табела“ најдобро котираат Шкотланѓаните, ама тие нема да бидат шампион на својата земја и тоа е главен предуслов.

Откако Олимпијакос се пласира во осминафиналето на Лигата на Европа собра коефициент подобар од тој на Динамо. Грците имаат 56.500 поени, додека Динамо е третопласиран со 56.000

Сега откако Олимпијакос го обезбеди трофејот во Грција стана јасно дека дури и Динамо да направи чудо и во финишот на сезоната да го одбрани тронот, нема да има директно место во елитното европско натпреварување.

Само едно сценарио може да го остави Олимпијакос без директно место во Лигата на шампионите, а тоа е лудо. Бодо/Глимт треба да ги добие следните три натпревари во Лигата на Европа (реванш четвртфинале со Лацио и двете полуфиналиња), а потоа во мечот за трофејот смее да загуби ама само на пенали за да го грабне првото место.

Можеби ќе ве интересира
Атлетико добро се испоти за да го победи Ваљадолид (ВИДЕО)


Колашинац сериозно се повреди, го чека долга пауза

Аталанта го победи тимот на Болоња (2-0) во борбата за Лигата на шампионите преку Серија А.

Сепак, оваа победа дојде со цена бидејќи тешка повреда заработи Сеад Колашинац. Босанскиот бек беше заменет во текот на мечот, а повредата се покажа дека е од посериозна природа.

Колашинац го повреди левото колено и тоа потешко, скинати се вкрстените лигаменти. Поради ваква повреда Босанецот го очекува пауза од најмалку половина година.

Кам-бекот на Колашинац би можел да биде на почетокот на следната сезона, а проблем за него е тоа што договорото со Аталанта му истекува налето.