feature

Осумнаесет победи од осумнаесет меча, Еурофарм Пелистер 2 со рекордна сезона се сели во Суперлигата

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 дојде до победа над Македонија ЃП на домашен терен (42-24) и со максимален учинок патува во Суперлигата. За тимот од Битола, ова беше осумнаесетта победа на осумнаесеттиот меч.

Тимот предводен од тренерот Александар Зарков двапати во краток период славеше над „лавовите“ на кои сега им виси позицијата за бараж. Пелистерци доминираа од почеток до крај во Битола, на полувремето беше 18-13.

Момците на Александар Зарков ќе тренираат уште десетина дена, па заминуваат на заслужен одмор. Од следната сезона Еурофарм Пелистер ќе се натпреварува во Суперлигата и Битола пак ќе има два клуба во елитата.


Раул Алонсо: Сакаме по многу години да го вратиме трофејот од Купот во Битола!

Овој викенд Охрид ќе биде домаќин на завршниот турнир на Купот на Македонија во ракомет. Титулата ја брани Алкалоид, кој ќе го отвори полуфиналето со дуел против Вардар 1961. Во второто полуфинале Еурофарм Пелистер ќе се сретне со домаќинот Охрид. Тренерот на Еурофарм Пелистер, Раул Алонсо, го најави претстојниот натпревар против ГРК Охрид. Битолскиот суперлигаш силно посакува после долго време да го врати Куп-трофејот во својот град, а со тоа се сложува и Алонсо, кој рече дека неговиот тим точно ја знае својата мисија.

Раул Алонсо
(тренер на Еурофарм Пелистер)
Ќе биде прекрасен викенд и веќе се подготвуваме за натпреварот против Охрид. Ќе имаме одлична атмосфера, а ние се фокусираме на освојување на трофејот. Сакаме да го вратиме во Битола после многу години. Сите екипи ќе бидат крајно мотивирани и мислам дека ќе решаваат мали детали. На ваквите турнири секогаш се можни изненадувања. Во моментов мислиме само на првиот меч, а со помошта на нашите навивачи, се надевам дека ќе се пласираме во финалето

Никола Митревски
(РК Еурофарм Пелистер)
Купот се два натпревари, турнирски систем и е поразлично и специфично. Се подготвуваме за полуфиналето, а двата победници имаат малку време за финалето. Моментална инспирација и индивидуален квалитет знаат да ги решаваат ваквите натпревари. Секако дека двата дена ќе бидат тешки, прво треба да се подготвиме само за мечот во сабота и да го добиеме првиот меч, а потоа ќе размислуваме за финалето. Прво да го победиме Охрид, па ќе се насочиме кон следниот предизвик.

Дуелот на Охрид и Еурофарм Пелистер се игра в сабота од 19:30 часот, а ќе го судат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.


Џон Елкан најави големи промени во Јуве

Претседателот на Јувентус, Џон Елкан, планира да направи голема реконструкција во раководниот дел на клубот а прв на удар е спортскиот директор, Кристијано Џунтоли.

Се очекува и Матео Тоњоци да се врати кај „старата дама“ и да ја раководи мрежата на скаути. Поранешниот дефанзивец на клубот од Торино, Џорџо Кјелини, би можел да добие нова улога.

Се претпоставува дека Игор Тудор ќе остане на тренерската позиција откако успеа да го однесе тимот во Лигата на шампионите.


Големо засилување за Дубаи, Алекса Аврамовиќ се враќа во АБА лигата

Кошаркарот на ЦСКА Москва, Алекса Аврамовиќ, ќе биде играч на Дубаи од следната сезона, обајви „Јурохупс“.

Дубаи ќе плати обештетување за српскиот репрезентативец и ќе потпише договор со него, останува да се види за колку сезони.

Алекса беше одличен во ЦСКА, еден од најдобрите кошаркари во тој тим, а овој трансфер во Дубаи ќе значи и негово враќање во АБА лигата и Евролигата.

По 47 настапи во Евролигата со Партизан, бекот од Чачак повторно ќе игра во елитното натпреварување со Дубаи, кој доби петгодишна лиценца од Евролигата. Јасно е дека газдите на клубот ќе формираат сериозен тим за наредната сезона.

Аврамовиќ очигледно е првата аквизиција.


Реал го официјализира Трент, плати 10 милиони за да игра на Светското клупско првенство

Долго најавуваниот трансфер сега е дефинитивно комплетиран. Реал Мадрид го потпиша Трент Александар-Арнолд. Ливерпул, и покрај тоа што не го продолжи договорот со Арнолд успеа да заработи бидејќи тој ќе му се приклучи на Реал еден месец пред истекот на договорот.

Желбата на Реал беше да го има во составот десниот бек за натпреварите на Светското клупско првенство. За да си ја оствари желбата „кралскиот клуб“ на Ливерпул му плати 10 милиони евра.

Со ова, Реал покажа сериозна намера да го нападне трофејот, во сезона во која остана без трите најважни трофеи.


Мареска го доби првото засилување, Делап пристигна во Челзи

Фудбалерот на Ипсвич Таун, Лиам Делап, ќе стане првото засилување на Челзи пред сезоната 2025/26.

Ипсвич веќе информирал голем број други заинтересирани клубови дека Делап ја избрал следната станица во својата кариера. Британски „Атлетик“ објави дека напаѓачот се сели во Челзи.

Делап има откупна клаузула во договорот со Ипсвич вредна 30 милиони фунти, која стапи на сила во моментот кога стана јасно дека тимот на Киран Мекена ќе се врати во Чемпионшип.

Челзи веќе го информирал Ипсвич дека ќе ја активира клаузулата, а договорот со Делап во принцип е веќе на сила.

Овој 22-годишен напаѓач, минатото лето се пристигна во Ипсвич, кога го напушти Манчестер сити.

Англичанецот постигна 12 гола во Премиер лигата оваа сезона, додека сите негови соиграчи постигнаа вкупно 21 гол.

Само Мохамед Салах (Ливерпул), Бруно Фернандес (Манчестер јунајтед) и Александар Исак (Њукасл) се директно одговорни за повеќе голови на својот тим од Делап.

Делап претходно работеше со тренерот на Челзи, Енцо Мареска, токму во Манчестер сити. Исто така, како член на „Граѓаните“, тој го делеше теренот со идните соиграчи: Кол Палмер и Ромео Лавија.

„Сините“ неодамна ја освоија Лигата на конференции на УЕФА, а следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите.


Милан потврди, Алегри се враќа на „Сан Сиро“ по 11 години

Фудбалскиот состав на Милан, потврди дека нов тренер ќе биде Масимилијано Алегри. Тој ќе го замени Португалецот, Серџо Консеисао.

Трофејниот италијански стартег ги предводеше „росонерите“ во периодот од 2010 до 2014 година кога ја освои и шампионската титула во Серија А.

Тој треба да остане на стадионот – „Сан Сиро“ во наредните две години. Во договорот ќе има и клаузула за евентуално продолжување на соработката за уште една сезона.


Фиорентина ја потврди разделбата со Паладино

Фудбалскиот клуб Фиорентина објави кратко соопштение на својата официјална веб-страница во кое наведува дека договорот, кој беше потпишан пред само неколку дена со шефот на стручниот штаб Рафаел Паладино и неговиот тренерски штаб, е раскинат.

Клубот во соопштението не ја открива причината за разделбата на двете страни, оставајќи многу простор за шпекулации.

Веста дека Паладино заминува во среда прв ја објави познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио, што ја шокираше локалната јавност со оглед на тоа што тренерот потпиша нов двегодишен договор само неколку дена претходно.

Наводно, самиот тренер поднел оставка, но не затоа што има понуда од друг клуб, туку очигледно поради некои несогласувања со раководството на Фиорентина.

Под водство на Паладино, Фиорентина ја заврши сезоната во Серија А на шестото место.

Останува да се види кого клубот од Фиренца ќе доведе на тренерската клупа и која беше причината за заминувањето на Паладино.


Габриел Магаљаеш доби нов договор на „Емирати“

Габриел Мaгаљаеш треба да потпише нов и побогат договор со Арсенал, објавија британските медиуми. Бразилскиот репрезентативец пристигна во Арсенал во летото 2020 година од Лил за 26 милиони евра, а неговиот актуелен договор важи до јуни 2027 година.

Проблемот е што Габриел е меѓу помалку платените играчи во клубот, заработува околу шест милиони евра по сезона. Арсенал реши да реафира бидејќи сериозен интерес за Бразилецот покажал Ал-Наср.

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, сака по секоја цена да ги задржи клучните играчи, а стоперскиот пар Габриел и Вилијам Салиба е столб на одбраната.

Иако игра како дефанзивец, Габриел е доста ефикасен во нападот. Оваа сезона постигна пет гола и имаше три асистенции во сите натпреварувања.

Во својата кариера играше и за Динамо Загреб. Тоа беше од февруари до јуни 2018 година.


Вардар раскина со пет фудбалери, замина и голманот Гачевски

Вардар објави дека ја прекинува соработката со пет фудбалери додека искусниот голман, Филип Гачевски, ќе биде ставен на трансфер листата без обештетување.

„Црвено-црниот“ состав го напуштија: Јасмин Мециновиќ, Николче Шаркоски, Александар Ѓурковски, Џибрил Дианеси и Михал Пинтер.

Ново име кај освојувачот на Купот е голманот, Илир Зибери, кој доаѓа од екипата на Тетекс.