feature

Јуве го враќа Кеси во Серија А

Франк Кеси минатото лето ја напушти Барселона и кариерата ќе ја
продолжи во Саудиска Арабија во дресот на Ал Ахли.
Кеси не се снајде најдобро во Барселона и кратко му траеше
авантурата на „Камп Ноу“, иако пристигна како големо засилување.
Сега Кеси не е задоволен во Саудиска Арабија и сака повторно да се
врати во Европа, односно во Серија А каде ја доживеа својата
афирмација.
Силен интерес за него покажува Јувентус, кој е во потрага по играч за
врска, а Алегри многу ги цени квалитетите на Кеси.
Кеси е спремен да прифати помала плата само да се врати во Европа и веќе почнал преговори со Јувентус.


Синот на Редондо се сели кај Меси во МЛС лигата

Името Федерико Редондо во претходниот зимскиот преоден рок се
споменуваше неколку пати. Имено, станува зборсин на легендата на
Реал Мадрид и Аргентина, Фернандо Редондо.
Се најавуваше дека 21-годишниот Редондо може да тргне по стапките
на својот татко и да добие шанса во Реал Мадрид, но тоа сепак не се
случи. На крајот тој заврши во МЛС лигата и тоа во тимот на Интер
Мајами.
Договорот со Интер Мајами значи и дека ќе биде соиграч на Лионел
Меси. Според најавите се е завршено и се чека само да се завршат
одредени формалности за и официјално да биде претставен како нов
играч на тимот на Бекам.
Досега Редондо го носеше дресот на Аргентинос Јуниорс. Треба да се
спомене и дека неговиот татко исто така во младоста играше за овој
тим од каде што се пресели во Тенерифе, а потоа беше дел од
гигантите Реал Мадрид и Милан.


Ал Итихад го изостави Бензема од тимот за ЛШ

Карим Бензема не се најде во составот на Ал Итихад за претстојното гостување кај узбекистанскиот Навбахор од осминафиналето на азиската Лига на шампиони 

На овој меч тренерот на екипата Марсело Гаљардо може да смета на пет странци, и според „Ас“ тој се одлучил за Хегази, Канте, Фабињо, Ромарињо и Хамдалах, па така нема место за Французинот.

Бенезема поминува низ фрустрирачки период во саудискиот клуб, а неодамна влезе и во конфликт со тренерот.

Како што е познато, 36-годишниот фудбалер го пропушти тренинг кампот на својот тим во Дубаи и продолжи со тренинзите дури минатата недела, па тренерот смета дека не е уште подготвен.


Летонецот Гулбис ја заврши тениската кариера

Ернест Гулбис и официјално ја заврши тениската кариера. Гулбис е играч кој успеа да дојде до топ 10 во светот, а играше и полуфинале на Ролан Гарос, меѓутоа ќе се памети како неоставрен талент.

Неретко беше казнуван и заврши дури во затвор поради проституки, даваше голема важност на турнирот во Ротердам бидејќи таму е легализирана марихуаната.


ПСЖ ќе има полна каса за следниот преоден рок

Челниците на ПСЖ од ден во ден стануваат се посвесни дека налето ќе останат без својот најдобар играч, Килијан Мбапе, кој треба да се пресели во Реал Мадрид, и веќе ги одредија неговите наследници.

Според италијанскиот весник „Ла република“, емирот на Катар кој е сопственик на ПСЖ, налето сака да купи двајца елитни напаѓачи кои играат во Серија А и веќе подготви 240 милиони евра за нивните трансфери.

„Ла република“ пишува дека ПСЖ налето ќе тргне по потписите на Виктор Осимен од Наполи и Рафаел Леао од Милан и за двајцата планира да понуди по 120 милиони евра.

Токму 120 милиони евра изнесува откупната клаузула за Осимен и за очекување е ПСЖ да го победи Челси во трката за потписот со напаѓачот.

Далеку потешко би одела реализацијата на евентуалниот трансфер на Леао бидејќи откупната клаузула за Португалецот изнесува 175 милиони евра, сума која ПСЖ нема намера да ја плати.


Се повреди Бубакар Камара, Емери без Французинот до крајот на сезоната

Астон Вила претрпе разочарувачки пораз од Манчестер Јунајтед викендов, а покрај се остана и без уште еден првотимец. Малерите кои го снајдоа во последно време тимот на Унаи Емери никако да запрат. Нов удар за Вила е повредата на играчот за врска Бубакар Камара.

Фудбалерот вчера бил на прегледи при што е потврдено дека Камара ги скинал предните вкрстени лигаменти во второто полувреме против „црвените ѓаволи“ и се очекува да ја пропушти цела втората половина од сезоната 2023/24.

Клубот планира да направи и дополнителни прегледи, но се очекува Французинот да биде надвор од терените од пет до шест месеци.


За Фердинанд Букајо Сака уште не е светска класа

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, истакна дека напаѓачот на Арсенал, Букајо Сака, не  е играч од светска класа.

„Не е уште но, се прашувам што е „светска класа“? Видовте, не се покажа во Лигата на шампионите , нели? Мислам на најважните фази. Сака е добар, само толку“ – вели Фердинанд.

22-годишниот Сака успеа да дојде до 50-от гол за „топчиите“ и да стане најмладиот играч во клубот во последниве 46 години кој ја достигнал таа бројка.


Кик-бокс клубот “Самурај“ продолжува да нижи успеси

На ден 11.02.2024 година во Спортската сала Јане Сандански во Скопје, се одржа Државно Првенство во Кик бокс, на кое учествуваа 417 натпреварувачи од 27 клубови од Македонија.

На ова натпреварување Кикбоксерите од битолскиот Кик-бокс Клуб “Самурај“ освоија 10 медали од кои 5 златни и 5 сребрени:

Леа Бошевска – златен медал ( кик лајт -50 кг. сениор)

Сара Стојаноска – златен медал (кик лајт -55 кг. постар кадет)

Дарија Петкоска -златен медал (кик лајт -47 кг. помлад кадет)

Артан Диша – златен медал  (кик лајт +94 кг. јуниор)

Божица Тодоровска – златен медал (кик лајт +65 кг.  постар кадет)

Давид Сиваков -сребрен медал  (кик лајт -79 кг. јуниор)

Марио Темелковски – сребрен медал (кик лајт -84 кг. јуниор)

Дамјана Пеовска – сребрен медал (кик лајт -70 кг. јуниор)

Ива Цветаноска – сребрен медал (кик лајт -28 кг. помлад кадет)

Тамара Божиновска – сребрен медал (кик лајт -50 кг. постар кадет)

На ова натпреварување од Самурај исто така настапија  Филип Стојковски и Енес Баталоски, кои имаа одлични настапи, па во следни натпревари очекуваме и од нив да освојат медали.

Тренерите на Самурај Тони Бошевски и Гордана Цветковска Бошевска се презадоволни од своите натпреварувачи, и ни изјавија дека продолжуваат со тренинзи уште посилно, бидејќи за брзо следат и повеќе меѓународни натпреварувања.



Влаховиќ експресно се врати на тренинзите

Фудбалерот, Душан Влаховиќ, кој поради повреда го пропушти вчерашниот меч со Удинезе во Серија А, денес работел полесна програма на тренингот на Јувентус.

„Старата дама“ која заостанува зад Интер во трката за титулата, се подготвува за гостувањето кај Верона на 17 февруари.

Влаховиќ кој има 24 години, од почетокот на сезоната има постигнато 12 гола на 23 натпревари во сите натпреварувања.


Само Анелка има подолга серија од Хојлунд во Премиер лигата

Расмус Хојлунд конечно почнува да прикажува настапи какви што се очекуваат од него.

Хојлунд ја започна својата голгетерска серија и изагледа дека Тен Хаг повеќе нема потреба да се грижи за ефикасноста на екипата. Данскиот 21-годишен фудбалер постигна гол и за викендот против Астон Вила и така продолжи да ги реди противниците против кои беше прецизен.

Сега е во низа од пет натпревари на кои погодуваше, започна токму против Астон Вила на „Боксинг деј“, продолжи против Тотенхем, Вулвс и Вест Хем, а сега повторно погоди против Вила.