feature

Њукасл ја одби првата понуда за Трипие

Њукасл ја одби првата понуда на Баерн Минхен за десниот бек Киран Трипие.

Трипие веќе има договор со Баварците и инсистира да се пресели во Минхен, но двата клуба не можат да постигнат договор.

Тренерот на Баерн, Томас Тухел, сака неговиот тим да се засили со нов десен бек и смета дека Трипие би бил идеално решение во моментов.

Меѓутоа, Њукасл не сака да се откаже од еден од најдобрите свои фудбалери, па ја одби првата понуда на Баерн Минхен.


Арсенал фаворит за потписот на Спинацола

Арсенал е силно заинтересиран за дефанзивецот на Рома и италијански репрезентативец Леонардо Спинацола.

Спинацола влезе во последната година од договорот и се уште нема ставено потпис за продолжување на соработката со Рома.

Арсенал сака да ја искористи таквата ситуација и да го доведе на „Емирати“ бидејќи Артета сака да ја засили левата бековска позиција.


Моизе Кин на позајмица од Јуве во Атлетико Мадрид

Тренерот на Јувентус, Макс Алегри му ја отворил излезната врата на Моизе Кин, кој веќе пронашол нов клуб.

Кин и оваа сезона е во сенка на Влаховиќ и ретко добива минутажа, а главно е на клупата за резерви. Поради тоа и самиот е спремен да ја промени средината, а неговиот агент го понудил на неколку клубови ширум Европа.

Последните информации се дека Атлетико Мадрид покажал најсериозен интерес и веќе се договорил со италијанскиот напаѓач.

Двата клуба се пред постигување на договор за позајмица со право на откуп на крајот на сезоната.


Браќата Маркез ќе возат ви тимот Гресини Рејсинг

Гресини Рејсинг е првиот тим од МотоГП шампионатот кој ги промовира своите возачи, тоа се Марк и Алекс Маркез.

Двајцата ќе бидат возачи на екипата во МотоГП шампионатот во 2024 година. Од нив се очекуваат возбудливи трки и интересни резултати, посебно од осумкратниот шампион Марк во кого се гледа како главен адут.

За него ова ќе биде прва сезона на Дукати, по настапите за Хонда.


Реал нема да го откупи Кепа од Челзи

Реал Мадрид не планира да го купи шпанскиот голман Кепа Аризабалага кога ќе заврши неговата позајмица.

„Сините“ го купија Кепа во 2018 година за 71,6 милиони фунти, но шпанскиот голман имаше многу проблеми во Лондон, па дури и го загуби статусот на прв голман на Едуард Менди.

Маурицио Почетино пристигна оваа сезона во Челси и најави дека Кепа ќе биде прв голман, меѓутоа ситуацијата се промени и 29-годишниот голман се пресели во Мадрид.

Кепа не се прослави ниту кај „кралевите“, па на лето ќе се врати во Лондон, но најверојатно ниту таму нема долго да се задржи бидејќи Челзи ги има Роберт Санчез и Ѓорѓе Петровиќ.


Инфантино ги осуди расистичките испади на фудбалските терени

По вчерашните расистички навреди упатени кон играчите во Италија и Англија, првиот човек на ФИФА, Џани Инфатино, излезе со револуционерен предлог за санкционирање.

„Покрај процесот во три чекори кој вклучува опомена, времен прекин и  напуштање на теренот, треба да воведеме и автоматска дисквалификација и одземање на бодови на тимот чии навивачи покажаа расизам. Треба да има и глобални забрани и кривични пријави против сите расисти. Настаните што се случија во Удине и Шефилд во саботата се одвратни и целосно неприфатливи. Играчите погодени од саботните настани ја имаат мојата безрезервна поддршка“, напиша Инфантино на профилот на социјалната мрежа „Икс“.


Тухел одби да го продаде Матијс де Лихт

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, зборуваше за состојбата на централниот бек Матијс де Лихт, кој се повреди за време на тренинг кампот на Баерн Минхен во јануари, а исто така ги сподели своите размислувања за иднината на 24-годишниот играч во клубот.

„Тој го напушти тренинг кампот повреден. Матијас беше повреден неколку пати претходно. Во истиот момент проблеми имаа Упамекано и Ким Мин Џеј. Но, секако дека сметаме на него, Де Лихт е наш играч и тој е еден од најдобрите играчи во тимот, како и прекрасна личност.Матијас е подготвен да игра без никакви ограничувања, тој вчера имаше целосен тренинг. Нема причина за грижа. Тој ќе може да игра утре од самиот почеток“, изјави Тухел.

Да потсетиме, Баерн утре, 21 јануари, ќе игра против Вердер Бремен во натпреварот од 18. коло во Бундес лигата. Натпреварот ќе започне во 15:30 часот. Претходно во медиумите се појави информација дека тимот од Минхен е подготвен да се раздели со Де Лихт, бидејќи тој имал напнати односи со Тухел.


Арсенал одби да го продаде Емил Смит-Роу

Арсенал ја одби првичната понуда на Вест Хем Јунајтед за позајмица за играчот од средниот ред Емил Смит-Роу. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на социјалната мрежа Икс.

Забележано е дека клубот нема намера да го пушти Емил Смит-Роу да оди на позајмица, бидејќи тој се уште се смета за клучен за тимот на Микел Артета. Покрај тоа, играчот е среќен што останува во Арсенал.

Во тековната сезона од англиската Премиер лига, 23-годишниот Емил Смит-Роу одигра шест натпревари на кои имаше една асистенција. Покрај тоа, играчот од средниот ред има три натпревари во Лигата на шампионите и по еден во ФА Купот и англискиот Лига куп. Фудбалерот не покажа ефективни акции во овие натпревари.


Стефан Коцев потпиша за Шкендија

Екипата на Шкендија продолжи со засилувањата во пролетниот дел од сезоната и го доведе десниот бек Стефан Коцев.

Коцев е 29-годишен фудбалер за кого ова е враќање во Македонија откако помина една полусезона во дресот на Каспиј.

Претходно во Македонија тој го носеше дресот на Брегалница и Силекс. На интернационална сцена покрај Каспиј беше дел од Аспропиргос и Лирија од Косово.

Ново засилување на Гостивар Петар Слишковиќ, хрватски интернационалец кој има 15 настапи во Бундес-лигата, и многу повеќе во втората Бундеслига.

32-годишниот напаѓач има големо искуство во Германија и беше член на Мајнц, Динамо Дрезден, Сент Паули, Дуизбург, Ален…

Последните два ангажмани му се во Индија од каде доаѓа во Македонија и се очекува да биде големо засилување за Гостивар.


Трипие преговара со Баерн Минхен

Киран Трипие е најновото име што се поврзува со преселба во Баерн Минхен, откако баварскиот гигант никако не успева да му ја исполни желбата на тренерот Тухел е да донесе нов десен бек во екипата.

Германскиот шампион десетина дена преговара со ПСЖ за Мукеле, но ставот на Французите е јасен – позајмица е можна само со клаузула за задолжителен откуп за летово, што пак од друга страна е неприфатливо за Баерн.

Од иста причина пропаднаа и преговорите со Галатасарај за Бои, па челниците на Баерн сега вниманието го насочија кон Трипие.