feature

Роналдо доби статуа на Тајм сквер по повод 40-от роденден

Статуа на Кристијано Роналдо е поставена во центарот на Њујорк по повод неговиот 40-ти роденден.

На 5 февруари, напаѓачот на Ал-Наср и репрезентацијата на Португалија прослави роденден.

По тој повод, на „Тајмс Сквер“, плоштад во центарот на Менхетен, беше поставена бронзена скулптура на Роналдо висока 12 метри, стоејќи на камион и обоена во зелена, црвена и златна боја.

Автор на уметничкото дело е скулпторот Серџо Фурнари, кој се прослави со неговиот споменик „Ручек на врвот на облакодер“, кој е интерпретација на познатата фотографија од 1932 година на која работниците ручаат на една од челичните греди на 69-тиот кат на „Центарот Рокфелер“ во изградба на висина од повеќе од 200 метри.

Скулптурата е создадена за да ја „овековечи суштината на Роналдо не само како спортист, туку и како културна икона која инспирирала милијарди луѓе ширум светот“.

Откако Фурнари ја откри статуата, присутните почнаа да скандираат „Сиу“, начинот на кој Португалецот ги прославува головите.


Верстапен има далеку поголема плата од Хамилтон

Актуелниот светски првак во Формула 1, Макс Верстапен е најплатениот пилот во Формула 1. Според истражувањето на магазинот „Рејсинг365“, платата на Верстапен е проценета на 65 милиони долари.

Убедливо втор и со мало засотанување зад платата на светскиот шампион е Луис Хамилтон. Новиот возач на Ферари ќе има плата од 60 милиони долари. Во ТОП 3 се најде и вториот возач на Ферари, Леклер, кој има плата од 34 милиони долари на годишно ниво.

Четвртото место го делат Фернандо Алонсо од Астон Мартин и Ландо Норис од Мекларен кои годишно заработуваат плата од 20 милиони долари.


Скимо нов спорт на Зимските Олимписки Игри

Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д’Ампецо следната година во својата програма ќе имаат нов спорт – скимо.

Скимо е ски планинарење, а комбинира скијање по угорнини и спуст, како и користење врвни планинарски вештини за искачување на ледените падини.

Има различни должини на трки, од кратки спринтови до оние кои можат да траат до два часа и да вклучуваат повеќе од 1.500 метри качување.

Вкупно 18 мажи и 18 жени ќе се натпреваруваат во поединечни трки и во мешана штафета.

Спринт трките вообичаено траат само три минути за мажи и четири минути за жени и се состојат од скијање на нагорнина, дел за качување и спуштање околу портите на трката. Натпреварувачите можат да се искачат до 250 вертикални стапки.

Скимо натпреварувачите користат специјална „кожа“ што ја ставаат на долниот дел од скиите за да спречат лизгање за време на искачувањата. Нивните скии се слични на оние за нордиско скијање, малку се полесни од скиите за спуст и имаат подвижни врзиви кои овозможуваат правилно движење на зглобовите.

Зимските олимписки игри во Милано и Кортина почнуваат за точно една година, а во текот на нивното времетраење ќе бидат доделени вкупно 116 комплети медали во 16 дисциплини. Свеченото отворање ќе се одржи во Верона, додека скијачките натпревари ќе се одржат во Бормио.


Луис Енрике: ПСЖ е посилен без Мбапе

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике изјави дека не жали по Килијан Мбапе, кој минатото лето како слободен играч се пресели во Реал Мадрид.

Мбапе не му помогна на ПСЖ да ја освои Лигата на шампионите, ќе видиме дали ќе го направи тоа во „кралскиот клуб“, но факт е дека не се раздели со „светците“ во најдобри односи.

Ниту со тренерот Луис Енрике, инаку легенда на Барселона.

„Бев многу храбар минатата сезона кога ви кажав дека ќе бидеме подобри во нападот и одбраната. Тоа постојано го кажувам и бројките го потврдуваат тоа. Сите го сакаа Килијан, но тимот реагира позитивно. Сакав повеќе играчи да постигнуваат голови. Зрелоста е многу важна работа”, изјави Енрике.

Затоа, од друга страна, тој е презадоволен од настапите на Усман Дембеле оваа сезона.

„Го познавам од Барселона, тој е многу отворен тип. Тој игра спектакуларно, статистиката покажува дека „експлодира“ оваа сеозна. Не го ограничуваме, тој мора да биде важен за тимот, да носи одлуки. Тој треба да биде лидер и мислам дека може да го направи тоа“, подвлече Луис Енрике.


Одермат златен во супервелеслалом на Мундијалот во Залбах

Швајцарецот Марк Одермат, кој стана олимписки шампион во Пекинг во велеслалом во 2022 година, го освои златото на Светското првенство во Залбах, Австрија, во супервелеслалом.

За супериорното возење на 27-годишниот во петокот сведочи резултатот на неговиот врсник и освојувачот на сребрениот медал Рафаел Хазер (Австрија), Швајцарецот беше побрз за една секунда.

Подиумот го пополни 30-годишниот Норвежанец Адријан Смитет Сејерстед, со заостанување од 1,15 секунди од победникот.


Шешко е прва опција за нападот на Арсенал во јуни

Лондонски Арсенал веќе знае кој ќе биде приоритетна цел на тимот во летниот трансфер период. Арсенал го идентификуваше Бенџамин Шешко како нивна трансфер цел број 1. Се претпоставуваше дека „топчиите“ ќе тргнат по Александар Исак, но по се изгледа Њукасл тешко дека ќе дозволи Швеѓанецот да си замине.

За Исак Њукасл најверојатно ќе остане цврст на астрономската цена за шведскиот репрезентативец. На клубовите, вклучително и Арсенал, им е кажано дека ќе бидат потребни 150 милиони фунти за да го добијат голгетерот ова лето, па оттука Арсенал ќе се обиде со репрезентативецот на Словенија.


Најлошо можно сценарио, Лисандро скина вркстени лигаменти

Манчестер Јунајтед потврди дека централниот бек Лисандро Мартинез „заработил повреда на вкрстените лигаменти“. Во тек е проценката колку време аргентинскиот дефанзивец ќе помине надвор од теренот.

Иако не е дадена временска рамка за неговото враќање, тој се очекува да биде надвор од терените најмалку шест месеци, врз основа на природата на повредата. Мартинез ја заработи повредата при поразот со 2-0 од Кристал Палас на Олд Трафорд минатиот викенд.

Неговата историја на повреди откако му се приклучи на Јунајтед не е добра. Тој има пропуштено 56 натпревари поради различни повреди. 27-годишниот фудбалер беше редовен во стартниот тим под водство на менаџерот Рубен Аморим.


У21 селекцијата ги почнува квалификациите во Полска

Младата репрезентација на Македонија до 21 година на вчерашната ждрепка во Нион за противници ги доби Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија во рамките на квалификациите за пласман на ЕП кое 2027 година ќе се одржи во Албанија и Србија.

Познат е распоредот според кој ќе се играат натпреварите од групата Е, избраниците на селекторот Горан Станиќ, во првото коло на гостински терен силите ќе ги одмерат со селекцијата на Полска. Во второто коло, на домашен терен не очекува дуел со фаворитот во групата, Италија.

Во продолжение, можете да го погледнете комплетниот распоред на натпревари на нашата селекција, во групата Е од квалификациите.

1.коло Полска – Македонија 5.септември
2.коло Македонија – Италија 9.септември
3.коло Македонија – Ерменија 10. октомври
4.коло Црна Гора – Македонија 14. октомври
5.коло Македонија – Шведска 13.ноември
6.коло Македонија – Полска 18. ноември
7.коло Италија – Македонија 26.март 2026
8.коло Ерменија – Македонија 31. март 2026
9.коло Македонија – Црна Гора 1.октомври 2026
10.коло Шведска – Македонија 5.октомври 2026


Рамос потпиша едногодишен договор со Монтереј

Серхио Рамос и официјално има нов тим. Дефанзивецот, кој следниот месец ќе наполни 39 години, потпиша со мексиканскиот Монтереј.

Дефанзивецот е без тим од летото кога му истече договорот со Севиља.

„Добредојдовте, Серхио Рамос! Повеќекратен шампион со Реал Мадрид и ПСЖ. Светски шампион и европски првак со Шпанија. Вашите лидерски квалитети, технички вештини и желба за победа ќе ги однесат „сино-белите“ многу високо“, напиша новиот клуб на дефанзивецот.

Серхио Рамос избра да го носи дресот со број 93 поради неговиот гол за Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид, кој го израмни резултатот и го доведе неговиот тим до победа од 4:1 во продолженијата. Голот на Рамос беше постигнат во 93. минута.


Анчелоти: Иднината на Реал е во младите играчи

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги пофали младите играчи за изданието во четвртфиналниот натпревар од Купот на Шпанија со Леганес (3-2).

„Тоа беше изедначен натпревар. Не почнавме баш најдобро, но успеавме да поведеме и да ја искористиме предноста. Тимот играше многу добро во нападот, со голема ефикасност. Иако е точно дека моравме да работиме напорно во одбраната. Треба да бидеме задоволни од она што го направија младите играчи. Мора да сметаме на нив. Ова е тешко и предизвикувачко време. Одиме напред со игри како денешните. Реал Мадрид е во полуфиналето и младите придонесоа за ова. Можеме да бидеме задоволни од овој натпревар“, изјави Анчелоти.

Противникот на Реал Мадрид во полуфиналето ќе биде одреден со ждрепката.