feature

Усик и Фјури ќе ги вкрстат ракавиците на 17 февруари

Официјално, како што пренесува „Дејли Меил “, Тајсон Фјури и Александар Усик ќе ги вкрстат ракавиците во Ријад, Саудиска Арабија на 17 февруари.

Тоа го потврди и самиот Фјури, кој претходно требаше да се бори со Усик на 23 декември, исто така во Ријад.

Но, тогаш Британецот побара борбата да се одложи за неколку месеци, со оглед на тоа што неодамна се бореше против поранешната ѕвезда на УФЦ Френсис Нгану, кого го победи дури по судиската одлука.

Да потсетиме, Фјури го има шампионскиот појас на ВБЦ во тешка категорија, додека Украинецот Усик ги има шампионските појаси на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО.


Англискиот фудбалски сојуз со оптужба за Артета

Фудбалскиот сојуз на Англија излезе со оптужба за тренерот на Арсенал, Микел Артета, за недоличното однесување и коментарите за судењето после натпреварот со Њукасл во Премиер лигата.

Артета изрази големо незадоволство од одлуката на ВАР судијата после поразот од Њукасл со 0-1, кога судијата Антони Гордон во три наврати проверуваше спорни ситуации и во сите случаи одлуките беа во корист на Њукасл.

Од фудбалскиот сојуз на Англија излезе соопштение во кое се вели дека коментарите на Артета претставуваат недолично однесување бидејќи се навредливи спрема судијата и дека го нарушуваат натпреварот.

Тренерот на Арсенал има рок до вторник за да стави жалба на одлуката.


Израелските клубови ќе бидат домаќини во евро-куповите во Србија

Екипите на Макаби Хаифа и Макаби Тел Авив од Израел, домашните дуели во фудбалските натпреварувања под капата на УЕФА ќе ги играат во Србија пред празни трибини.

Европската куќа на фудбалот дозволи таков развој на настаните со израелските екипи поради воениот конфликт на тој дел од светот. Според програмата, Хаифа мечот со Рен од групната фаза во Лига Европа ќе го одигра на 30 ноември на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград.

Составот од Тел Авив ќе се сретне со Зорја на 14 декември на стадионот „ТСЦ“ во Бачка Топола во групната фаза во Конференциската лига.


Барди: Големината на Италија е мотив за нас

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди, кој со прекрасен погодок беше креатор на ремито со Италија во Скопје, вели дека утрешниот меч со „аѕурите“ во Рим, претставува голем мотив за сите репрезентативци.

„Натпреварот во Македонија против Италијанците остана во историјата. Утре ни следи нов натпревар, веројатно нови фудбалери и нов систем. Не треба да потенцирам дека сме мотивирани. Имаме нови, млади фудбалери и тоа е шанса да бидеме подобри а за тоа ни требаат вакви натпревари. Сите индивидуално се подготвуваме, имаме одличен квалитет и не верувам дека Италија ќе нè потцени. Верувам дека


Елмас: Задоволство е да играме против Италија, дојдовме во Рим по три бода

Фудбалерот на Наполи и на нашата репрезентација, Елиф Елмас, вели дека Италија ќе има голема поддршка од фановите на утрешната пресметка со Македонија во Рим во рамките на квалификациите за ЕП.

„Мечот е многу значаен за Италија но, ние треба да се насочиме кон нашата игра. Дојдовме тука за да освоиме три бода. За нас е задоволство да играме против Италија. Не знам дали не потценуваат но, дојдовме тука да извлечеме добар резултат. Знаеме како играат тимовите на Спалети, верувам дека ќе биде исто како во Наполи. Тие ќе се обидат да бидат агресивни“, вели македонскиот репрезентативец.


Рибера останува шпански селектор до 2028 година

Шпанската ракометна федерација официјално објави дека е продолжена соработката со Жорди Рибера, кој е еден од селекторите со најдолг стаж. Двете страни се договорија на нова, четиригодишна соработка, па така Рибера на чело на Шпанија ќе биде до 2028 година.

Рибера на кормилото на Шпанија дојде во 2016 година на местото на Маноло Каденас, а претходно ги водеше Бразил и Аргентина. На клупско ниво работеше во неколку шпански клубови –  Арате, Галдар, Бидасоа и Адемар Леон.

Со шпанската репрезентација досега освои шест медали на големите натпреварувања, а ќе има уште две шанси на ЕП 2024 и ОИ 2024.


Надал најави скоро враќање на терените

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал изјави дека се надева дека ќе се врати на теренот, пренесува „Мундо Депортиво“. Тој призна дека искрено верува дека повторно ќе игра, но не може да даде точен датум за враќање.

„Пред неколку недели немав таква доверба. Се надевам дека наскоро ќе можам да кажам нешто поконкретно, рече Надал.

Тенисерот тренира повеќе од претходно и нема да се откаже од враќањето.

Триесет и седумгодишниот Шпанец не учествувал на турнири откако се повреди на Австралија Опен во 2023 година. На почетокот на јуни тој беше опериран на мускул на левата нога. На 11 октомври, директорот на Австралија опен, Крег Тајли, потврди дека Надал ќе игра на турнирот во 2024 година.

Во досегашната кариера Надал има освоено 22 Грен слем титули и 92 АТП титули во сингл.


Милано го сака финалето на ЛШ во 2027 година

Стадионот „Сан Сиро“ или „Џузепе Меаца“ во Милано, официјално поднесе кандидатура за домаќинство на финалето во Лигата на шампионите.

Градоначалникот го потврди предлогот стадионот да биде домаќин на завршниот меч во 2026 или 2027 година. Доколку понудата биде прифатена, тогаш финалето ќе се врати во Милано по 10 години откако во 2016 –та Реал Мадрид на пенали го совлада Атлетико. 

Tаму се одиграа и финалињата во 1965, 1970 и 2001 година.


Жиру казнет со два натпревари заради исклучувањето во Лече

Милан во следните два натпревари нема да може да смета на својот најдобар стрелец Оливие Жиру.

Фрацузинот доби црвен картон во финишот на мечот против Лече поради навреди кон судијата.

Дисциплинската комисија на Серија А денес му одреди суспензија на два меча, па ќе ги пропушти натпреварите со Фиорентина и Фросиноне.

Ова е додатен проблем за тренерот Пиоли, бидејќи тимот е во резултатска криза, а Жиру е еден од најдобрите поединци.


Тотенхем го сака Кристанте од Рома во зимскиот преоден рок

Луѓето од Тотенхем може да испратат понуда за фудбалерот на Рома, Брајан Кристанте, велат последните информации од Англија.

Воедно, 28-годишниот Италијанец не крие дека сака да се натпреварува на највисоко ниво и да ги покаже неговите квалитети во Премиер конкуренцијата. 

Играчот од средниот ред може да биде совршено засилување за Тотенхем. Се претпоставува дека трансферната сума нема да надмине 30 милиони евра.