feature

Васоски по шест месеци си замина од Вардар

=Александар Васоски од денеска повеќе не е тренер на екипата на Вардар. По завршувањето на есенската полусезона во ПМФЛ, тренерот реши да си замине, а за одлуката ја информираше и јавноста со објава на социјалните мрежи.

„Почитувани спортски пријатели, сакам само да ви се обратам 2-3 дена после последниот натпревар на Вардар во оваа сезона.

Факт е дека Вардар е последно место на табелата што секако не личи на клуб со реноме,меѓутоа проблемите кои веќе со години го мачат клубот не не одминаа и оваа сезона.Освоени се 17 бодови(чисти како солза) без помош на пријатели (никој ни нема аут и фаул поклонето), а не пак бодови. Играта од натпревар во натпревар се поправаше,создававме многу шанси кои за жал не ги реализиравме,и со малку повеќе среќа ќе имавме уште 5-6 бода на нашето конто.

Несреќна околност беше и повредата на нашиот капитен Мицевски, и откажувањето на солидниот стопер Алаверда. Огромна благодарност до в.д раководството од Комитите кои одвојувајки и свои средства помагаа во функционирање на клубот.

Благодарност до навивачите, администрацијата,вработените во клубот, а највеќе до фудбалерите кои вложуваа натчовечки напори да се постигнат позитивни резултати. Што се однесува до мене,јас ветив дека до декември ке му помогнам на клубот,надевајки се дека ситуацијата ке се подобри,меѓутоа очигледно се нема слух и стратегија од луѓето кои треба да донесат одлуки за доброто на клубот. Неможејќи повеќе да го носам теретот на таквото функционирање се повлекувам од тренерското место во Вардар. На клубот му посакувам се најдобро во иднина“, напиша Васоски.


Елмас се повреди, нема да игра до крајот на годината

NAPLES, ITALY – MAY 21: Eljif Elmas of SSC Napoli during the Serie A match between SSC Napoli and FC Internazionale at Stadio Diego Armando Maradona on May 21, 2023 in Naples, Italy. (Photo by Francesco Pecoraro/Getty Images)

Maкедонскиот репрезентативец Елиф Елмас нема да биде во комбинација за настап за Наполи против Каљари за викендот.

Елмас повредата ја заработил на еден од последните тренинзи на својата екипа. Македонскиот фудбалер заработил истегнување на мускулот во ногата и поради отпаднал од комбинација за настап.

Италијанските медиуми претходно го најавуваа како еден од можните стартери за овој дуел.

Засега не е познато колку ќе мора да паузира Елмас, а тоа би било познато по деталните прегледи. Наполи во наредниот период го очекуваат натпревари против Фросиноне (19 декември), Рома (23 декември), Монца (29 декември).


Суперкомпјутерот го издвои Арсенал како прв фаворит за освојување на ЛШ

Англиските медиуми ги искористија услугите на Суперкомпјутер за да го одредат победникот во Лигата на шампиони (ЛШ).

Според податоците кои биле собрани од Суперкомпјутерот, Арсенал оваа сезона ќе го крене пехарот во ЛШ.

Суперкомпјутерот објави дека Арсенал има 22 отсто шанси да го освои трофејот, по што следи Манчестер сити со 20 проценти и Баерн Минхен со 15%.


Мундијалските дресови на Меси продадени за 7,2 милиони долари

Аукциската куќа „Сотби“ објави синоќа дека комплетот од шест дресови кои капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација Лионел Меси ги носеше на Светското првенство 2022 во Катар се продадени за 7,2 милиони долари.

Меси на Мундијалот во Катар ја предводеше Аргентина до светската титула и беше прогласен за играч на турнирот.

„Овие историски дресови се спомен на еден од најважните моменти во спортот и се поврзани со круната на кариерата на еден од најголемите играчи на сите времиња“, појасни претставникот на „Сотби“, Брам Вочер.

На патот до титулата во Катар, аргентинскиот капитен го носеше сино – белиот дрес во групната фаза против Саудиска Арабија и Мексико, во осминафиналето против Австралија, во четвртфиналето против Холандија, во полуфиналето против Хрватска и во финалето против Франција.

Најавувајќи ја аукцијата минатиот месец, „Сотби“ очекуваше комплетот дресови да достигне цена повисока од десет милиони долари.

Дел од приходот ќе биде дониран за проектот UNICAS кој го води детската болница „СЈД“ во Барселона со поддршка на „Фондацијата Лео Меси“ за потребите за деца заболени од ретки болести.


Лукаку од следната сезона се сели во Саудиска Арабија

Иако игра одлично во дресот на Рома оваа сезона, римскиот клуб нема намера да плати висока отштета за Ромелу Лукаку и тој на крајот од сезоната ќе си бара нов предизвик во кариерата.

Долго време се шпекулира дека ќе продолжи во Јувентус, но италијанскиот новинар Фабио Сантини тврди дека тој, всушност, ќе ја напушти Европа.

„Веќе ги известив навивачите на Рома дека заминувањето на Лукаку е сигурно. Што се однесува до Јувентус, тешко дека ќе функционира тоа бидејќи Лукаку веќе прифати понуда од Саудиска Арабија“, тврди Сантини.


Миклер ќе го прескокне Европското првенство во јануари

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Унгарија, Чема Родригез, го скрати списокот за настап на Европското првенство во Германија.

Стратегот на Унгарија на континенталниот собир нема да може да смета на искусниот голман Роланд Миклер.

Членот на ПИК Сегед го информирал селекторот и челниците на унгарската ракометна куќа дека го откажува настапот поради неговата здравствена состојба.


Македонија домаќин на група на Европската лига

Македонската одбојкарска репрезентација ќе биде дел од Европската Златна лига 2024, којашто првпат ќе биде организирана со лигашки формат.

Сите 12 репрезентации кои ќе бидат дел од натпреварувањето ќе одиграат по шест натпревари со различни противници на вкупно три турнири, а секоја федерација ќе организира по еден турнир. Потоа ќе биде одредена конечната табела, од која четирите најдобри селекции ќе одат во полуфиналето.

Исто како годинава, Хрватска ќе го организира завршниот турнир, на 15 и на 16 јуни, така што „коцкестите“ се сигурни учесници на финалниот турнир, заедно со три други најдобри селекции.

Македонија ќе биде домаќин на првиот турнир во периодот од 17- 19 мај. Вториот турнир меѓу 24-26 мај ќе се одржи во Белгија, а потоа од 31 мај до 2 јуни ќе има трет турнир во Хрватска.


Ако го продаде Думфрис, Интер ќе тргне по Мазрауи

Интер е силно заинтересиран за десниот бек на Баерн Минхен и марокански репрезентативец, Нусер Мазрауи.

Мазрауи пристигна како големо засилување во Баерн од Ајакс, но не ги оправда во целост очекувањата. Мароканецот  не добива голема минутажа во Минхен, па е спремен да ја промени средината, а Интер сака да ја искористи ситуацијата.

Интер во јануари може да го продаде Дамфрис, за кого има понуди од Премиер лигата, а во Мазраиу гледа идеална замена.

„Нероаѕурите“ ќе се обидат да го доведат на позајмица со право на откуп за 20 милиони евра.


Конте фаворит за клупата на Милан

Милан влезе во серија од разочарувачки резултати, иако очекувањата на „росонерите“ оваа сезона беа многу големи.

Вчерашната победа против Њукасл му донесе на Милан пласман во Лига Европа, но секако дека целта беше елиминациона фаза во Лигата на шампиони.

Клубот се уште не размислува за отказ на Пиоли, но тренерот повеќе не ужива голема доверба кај раководството. Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на Милан во јуни сигурно ќе доведе нов тренер, а најголема желба е Антонио Конте.

Конте е слободен и сака да се врати во Италија, а доколку му бидат ветени вложувања сигурно дека ќе седне на клупата на Милан.


Супер-талентот на Ривер пред вратите на Барселона

Барселона започна преговори за ангажирање на 17-годишниот играч од средниот ред на аргентинска Ривер Плата, Клаудио Ечевери.

Според информациите, каталонскиот клуб е подготвен да плати поголема сума од наведената во клаузулата за раскинување на договорот, околу 25 милиони евра, но на рати.

Ечевери е дете на Ривер Плата и напредуваше од академијата до првиот тим. Договорот на играчот со клубот е до декември 2024 година.