feature

Саудиска Арабија ќе го организира и следниот Суперкуп на Италија

Фудбалскиот сојуз на Италија потврди дека следното издание на Суперкупот на оваа земја ќе биде исто како претходното.

Тоа значи турнир со полуфинале и финале, а одново домаќин се очекува да биде Саудиска Арабија. Овогодинешното издание беше прво со четири учесници, на кое трофејот го крена Милан.

„Росонерите“ одново се сигурен учесник на Суперкупот заедно со Болоња како финалисти во Копа Италија. На добар пат да си обезбедат „виза“ за Саудиска Арабија се првопласираните две екипи во калчото Наполи и Интер.

Одново се очекува турнирот да се одржи на стартот на новата година, а по крајот на сезоната би требало да бидат познати и паровите.


Фенер сака да го купи Влаховиќ од Јуве

Фенербахче сака да го купи Душан Влаховиќ, пишува „Сабах“. Истанбулскиот клуб е подготвен да плати 40 милиони евра за напаѓачот на Јувентус.

Раководството на Фенербахче размислува да го продаде Јусеф Ен-Несири за 30 милиони евра на клуб од Саудиска Арабија. Разликата од 10 милиони ќе биде покриена од клупски средства и спонзорски договори.

Тековниот договор на Влаховиќ со Јувентус е до јуни 2026 година. Во последните месеци стана јасно дека српскиот репрезентативец нема да го обнови договорот со „бјанконерите“.

Годишната плата на 25-годишниот фудбалер е 12 милиони евра. Јувентус плати вкупно 80 милиони евра на Фиорентина за Србинот во 2022 година.

Оваа сезона, Влаховиќ одигра 26 натпревари во Серија „А“, во кои постигна 9 гола и имаше 4 асистенции.


Бундеслигашите се избегнаа на Ф4 на ЛШ во Келн

Се одржа и ждрепката за главниот настан во „Ланксес Арената“ во Келн , а тоа е за завршницата на машкиот ракометна Лига на Шампиони.

Денешната ждрепка ги одреди полуфиналните натпревари кои ги сочинуваат Фуксе Берлин и Нант и Барселона против Магдебург.

Завршниот турнир во Келн е закажан за на 14 и 15 јуни.


Јанта волеј е нов шампион на Македонија во женска одбојка

ЖОК Јанта Волеј Кисела Вода е нов одбојкарски шампион на Македонија во женска конкуренција откако го совлада Работнички со 3-1 (14-25, 25-23, 25-19, 25-22) и дојде до третиот триумф во финалната серија.

Работнички Скопје тргна сигурно во салата „Независна Македонија“, имаше константна контрола над играта во првиот сет и со 14-25 поведе со 0-1. Но, во продолжението домашните одбојкарки го надминаа почетниот грч во играта и ги превземаа работите во свои раце.

Бранителот на титулата водеше со 3-8, 4-10 и 6-12 кога се случи „будење“ во тимот на Јанта и со серија од 5-0 прво се доближи на 11-12, а потоа се избори и за комплетен пресврт, 20-16, односно 22-20 и користејќи ја втората сет-топка, со 25-23 изедначи на 1-1.

Во третиот сет егал играта траеше до 8-8, по што Јанта Волеј со нова серија поведе со 15-8 и со сигурни 25-19 се избори за пресврт од 2-1.

Голема борба се водеше во четвртиот сет. Јанта Волеј создаваше предност од два-три поени, но Работнички Скопје секогаш наоѓаше начин како да се врати во игра.

Во овој период од играта гледавме убави, долги поени, во квалитетна игра како во полето, така и на мрежата. Гостинките се обидуваа да се изборат за петти сет и да останат во игра за титулата, но Јанта Волеј ја искористи првата сет и меч топка, за 25-22 и конечни 3-1.

Новиот шампион го предводеа Мери Бошковска со 19 поени, Ива Стојковска со 12, како и Валерија Собол со 11 поени, додека во редовите на Работнички Скопје, Стакхаус и Дикова освоија по 13 поени, додека капитенката Баталаковска имаше 11 поени.

Ова за Јанта Волеј беше четврта шампионска титула во клупската историја.


Конор Бредли е замената за Трент на „Енфилд роуд“

Англискиот фудбалски репрезентативец Трент Александер – Арнолд по завршување на сезоната оваа лето ќе направи трансфер во Реал Мадрид.

Токму затоа сите со нетрпение очекуваат кој ќе биде играчот кој ќе биде замената за Трент, дали “Редси“ ќе се активираат на трансфер пазарот.

Се чини дека Арне Слот, стратегот кој во својата прва сезона му ја донесе титулата на Ливерпул, замената за Трент ја има и тоа во своите редови.

Бредли Конор би требало да добие првотимски статус, се разбира ако Трент навистина направи трансфер на “Сантијаго Бернабеу“.


Париз се врати во Лига 1, од следната сезона ќе игра градско дерби со ПСЖ

По 46 години, фудбалскиот клуб Париз се врати во Лига 1, елитниот ранг на францускиот фудбал.

На коло до крајот на сезоната, Парижаните го потврдија второто место, зад Лориен, со нерешен резултат со Мартиго на гости (1:1), и со тоа овие два клуба обезбедија директен премин во Лига 1.

Клубот, кој е мнозински контролиран од семејството Арно, кој е управуван од најбогатиот Европеец во светот (Бернард Арно), сигурно нема да застане тука.

Со буџетот што го има на располагање, амбициите се големи, најголеми.

За потсетување, Париз е клуб кој е основан по одвојувањето од Пари Сен Жермен во 1972 година, последен пат играше во Лига 1 во 1978 година и оттогаш игра во пониските лиги.

Во последните години, тој играше четири пати во плејофот за пласман во Лига 1 и секој пат беше елиминиран. Тоа беше време кога семејството Арно не го водеше клубот.

Семејството Арно владее со ФК Париз од ноември 2024 година.


Ѓорческа и Горгодзе ќе играат полуфинале во Грузија

Нашата тенисерка Лина Ѓорческа заедно со домашната претставничка Екатерине Горгодзе влегоа во полуфиналето во игра на двојки на ИТФ фјучерсот во Лопота, Грузија кој се игра за награден фонд од 40.000 долари.

Тие ја оправдаа фаворитската улога во дуелот со Зозија Кардава (Грузија) и Улаџислава Зверава (Русија) и триумфираа за нешто повеќе од еден час со 2-0 во сетови со 6-3 и 6-3.

Лина и Горгодзе во наредната рунда ќе играат со третите носителки, Рутуја Хосале (Индија) и Пејџ Хуриган (Нов Зеланд).


Ефес не се предава, го совлада ПАО и ја премести серијата во Атина

Патникот на завршниот турнир од пресметката меѓу Ефес и Панатинаикос ќе го реши петтиот меч. Вечерва, Ефес успеа да го изедначи резултатото во серијата на 2-2 откако победи со 85-82.

Брајант го предводеше Ефес до победата со 19 поени, Шмитс уфрли 15, а Османи 14. Ларкин имаше девет поени и девет асистенции.

Од другата страна, најдобри беа Осман со 22 поени, Ернангомез со 15 и седум скока, Слукс со 14 поени и шест асистенции и Нан со 12 поени.


Барса се избори за „мајсторка“ во серијата со Монако

Кошаркарите на Барселона го победија Монако во „Блауграна“ со 79:72, во четвртиот натпревар од плејофот на Евролигата.

Барселона го израмни резултатот во плејоф серијата на 2-2, што значи дека „мајсторката“ во кнежевството ќе го патникот на завршниот турнир.

Џабари Паркер ги предводеше Каталонците до победата со 22 поени и два скока, а го следеше Дарио Брисуела со 17 поени. Двоцифрен број на поени во редовите на Барселона постигна уште само Кевин Пантер 11, три скока и две асистенции.

За Монако се истакна Мајк Џејмс со 16 поени, четири скока и пет асистенции, а двоцифрен број на поени постигнаа и Алфа Дијало (3 поени, пет скока и две асистенции), Метју Стразел (10 поени и четири асистенции).

Претодно вечерва, Ефес го победи Панатинаикос по драмата во Истанбул со 85:82 и го израмни резултатот во плејоф серијата на 2-2.

Пласмна на завршниот турнир во Абуд Даби веќе изборија Олимпијакос и Фенербахче.


Кими Антонели најбрз на спринтот во Мајами

Тинејџерот Андреа Кими Антонели, ја освои пол-позицијата за спринт трката во Мајами. До најголемиот успех во кратката кариера, возачот на Мерцедес, дојде со најбрзиот круг 1:26.482 минути.

Со неполни 19 години, Антонели стана најмладиот освојувач на пол позиција во историјата на Формула 1, без разлика дали станува збор за Гран при или спринт трка.

Антонели зад себе ги остави возачите на Мекларен, Оскар Пајстри (+0.045) и Ландо Норис (+0.100).

Спринтот до Норис, од вториот ред ќе го започне актуелниот светски првак Макс Ферстапен (+0.255).

Петтото место во квалификациите му припадна на колегата на Антонели, Џорџ Расел. Зад него се возачите на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон.

Во Топ 10 се пласираа Алекс Албон (Вилијамс), Иска Хаџар (Рејсинг Булс) и Фернандо Алонсо (Астон Мартин).

Спринт трката во Мајами се вози во сабота со почеток во 18 часот, а квалификациите за главната трка се закажани за 22:00 часот.