feature

Арсенал се интересира за Хуго Ларсон од Ајнтрахт

Весникот„Билд“, тврди, дека луѓето од Арсенал се заинтерсирани за
19-годишниот играч од средниот ред на Ајнтрахт Франфурт, Хуго
Ларсон.
Германскиот состав ќе мора да се раздели со неколку играчи во текот
на летото доколку не успее да се пласира на европските турнири.
Тоа сакаат да го искористат „топчиите“ и да го привлечат
Швеѓанецот на стадионот – „Емирати“. Ларсон има договор до 2028
година.


Руските спортисти нема да ги бојкотираат Олимписките игри во Париз

И покрај низата несфатливи ограничувања кои ги добија руските
спортисти за настап на ЛОИ во Париз, Русија нема да ги „бојкотира“
Олимписките игри, изјави рускиот министер за спорт, Олег Матицин .
„Не смееме да се свртиме, да го затвориме, да го бојкотираме ова
движење“, рече министерот, мислејќи на Олимписките игри.


Изјавата ги отфрли повеќемесечните шпекулации за одговорот на
Русија на драстичните услови поставени од ИОК за учество на Русите
и Белорусите на Летните игри.
Не само што ИОК бара од спортистите од двете земји да се
натпреваруваат под неутрално знаме, туку додаде и невиден сет на
критериуми.

Така, руските и белоруските спортисти ќе можат да се натпреваруваат
само како поединци и само ако активно не ја поддржуваат руската
офанзива во Украина. Дополнително ќе треба да поминат и
квалификации.


Килијан Мбапе неизвесен за Олимписките игри во Париз

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе може да ги пропушти
Олимписките игри во Париз годинава, пишува весникот „Екип“.
Според изворот, Французинот има напорен распоред, што претставува пречка.

Од 14 јуни до 14 јули напаѓачот ќе игра за француската
репрезентација на Европското првенство во Германија. Олимписките
игри ќе започнат на 26 јули и ќе траат до 11 август.
Во исто време, според „ЕСПН“, еден од условите за трансфер на
играчот во Реал Мадрид на лето е отсуството на забрана за учество на
Олимписките игри.


25-годишниот Мбапе одигра 36 натпревари оваа сезона,
постигнувајќи 35 гола и 7 асистенции.
Ѕвездата на францускиот фудбал му соопштил на раководството на
ПСЖ дека ќе си замине на крајот од сезоната 2023/24. Неговиот
договор со клубот истекува на лето.


Ван Дајк е најдобар дефанзивец во историјата на Премиер лигата

Многу одлични дефанзивци поминаа низ Премиер лигата и тешко е да се каже кој е најдобар на сите времиња. Ако се погледне статистиката, тие велат дека капитенот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк е најдобриот дефанзивец во историјата на Премиер лигата.


Беа споредени статистичките податоци на петте дефанзивци кои
важат за најдобри, односно оние за кои можеше да се извлечат
прецизни податоци, бидејќи деталната статистика во Премиер лигата
почна да се следи дури во 2004 година.


Тие пет дефанзивци се Англичаните Џон Тери (Челси, Астон Вила) и
Рио Фердинанд (Вест Хем, Лидс Јунајтед, Манчестер Јунајтед),
Немања Видиќ (Манчестер Јунајтед), Винсент Компани (Манчестер
Сити) и Вирџил Ван Дајк (Саутемптон, Ливерпул).


Според тие параметри – воздушни дуели, дуели на земја и прецизни
додавања – капитенот на Ливерпул е најдобар од сите споменати
дефанзивци.
Исто така, тој е единствениот играч кој се уште е активен.


Челзи ги продава Кепа и Лукаку во Саудиска Арабија

Раководството на Челзи има намера да ги продаде напаѓачот Ромелу
Лукаку и голманот Кепа Аризабала, пренесува TalkSport.
Лондончани сакаат да ги продадат 30-годишниот Белгиец и 29-
годишниот Шпанец на клубови во Саудиска Арабија во обид да
соберат 117 милиони евра.
Лукаку оваа сезона одигра 36 натпревари за Рома, постигнувајќи 18
голови и 4 асистенции.
Кепа има одиграно 18 натпревари за Реал, примено 18 гола и 7
нечисти голови.


Дибиров и следната сезона ќе игра за Загреб

Во изјава за „Balkan-handball“ левото крило на руската
репрезентација, Тимур Дибиров потврди дека, во договор со
семејството, се согласил на уште една сезона во дресот на Загреб.
Дибиров игра одлична сезона и со првакот на Хрватска ќе се бори за
четвртфинале на Лигата на шампионите во двомечот против
Монпелје. Русинот е втор најдобар стрелец во историјата на Лигата на
шампионите зад нашиот Кирил Лазаров.
Пред да дојде во Хрватска, Дибиров девет години играше за Чеховски
Медведи и девет во Вардар. Со македонскиот шампион Русинот
двапати стана европски првак.


Пикси Стојковиќ добива нов договор како српски селектор

Драган Стојковиќ Пикси ќе ги предводи „орлите“ на Европското првенство во Германија, но според најавите големи се шансите Пикси и по турнирот дс остане на клупата.

Информeр од свои извори тврди дека Стојковиќ ќе потпише нов договор со Фудбалскиот сојуз на Србија кој ќе трае до крајот на квалификациите за СП 2026 година.

Истиот извор наведува дека е постигнат договор меѓу Стојковиќ и ФСС, а договорот ќе биде потпишан пред пријателскиот натпревар со Русија закажан за 21 март.

„Приказната за договорот на Пикси трае долго време. Онаа што ја има во моментов важи до крајот на Европското првенство, поточно до моментот кога на истото е Србија. Пикси сакаше да го реши својот статус како во најбрз можен рок и го актуелизираше прашањето за нов договор.Тој праша да знае сега дали се разделуваат на лето или ќе ја води селекцијата уште еден циклус?Договорот е тој да биде таму во следните две години. Сè е договорено, тој ќе потпише нов договор, а ќе го потпише деновиве, најдоцна до пријателскиот натпревар со Русија“, ги пренесува „Информер“ зборовите на изворот.


Копмајнерс вреди 70 милиони, Аталанта бара луда сума за Холанѓанецот

Аталанта и холандски репрезентативец, Туен Копмајнерс е мета на многу европски гиганти кои на лето ќе се борат за неговиот потпис. 25-годишниот Холанѓанец се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А, па и самиот сака да направи чекор напред во кариерата.

Интерес за него покажуват Јувентус, Ливерпул, Њукасл и Тотенхем, кои веќе ја започнаа битката за неговиот потпис.

Аталанта е свесна дека нема да може да го задржи и е спремна да го продаде на лето, но за неговата слобода ќе бара 70 милиони евра.


Бен Вајт потпиша нов договор со Арсенал

26-годишниот дефанзивец Бен Вајт потпиша нов договор со „топчиите“. Тој му се приклучи на лондонскиот клуб од Брајтон во летото 2021 година и има 122 настапи во сите натпреварувања.

Актуелниот договор на играчот е до летото 2026 година. Новиот договор со англискиот фудбалер е до 2028 година и вклучува опција за продолжување на уште една година.

„Одлична вест е што Бен ја посветува својата иднина во клубот. Бен е клучен играч за нас, професионалец од највисоко ниво со победнички менталитет и еден од момците кои секој ден даваат пример за другите“, рече главниот тренер Микаел Артета.


Диаз од Ливерпул е прв летен пик на ПСЖ

Крилниот фудбалер на Ливерпул, Луис Диаз, се наоѓа на радарот на
францускиот елитен клуб – ПСЖ.
Иако Колумбиецот на трансфер – пазарот тежи околу 80 милиони
евра, дел од челниците на тимот кои доаѓаат од Катар, се подготвени
да ја платат сумата.

Напаѓачот во сезонава одигра 27 натпревари во Премиер –лигата со
ефект од 6 голови.