feature

Конте го сака Гарначо како замена за Кварацхелија

Алехандро Гарначо, крилниот напаѓач на Манчестер јунајтед нема сигурен статус во клубот по доаѓањето на новиот тренер Рубен Аморим. Англиските медиуми шпекулираат дека Аргентинецот ќе го напушти тимот во актуелниот преоден рок.

Пишувањата на англискиот печат ги подржува и Танкреди Палмери еден од најпознатите италијански спортски новинари.

Наполи е подготвен да го донесе Гарначо доколку Кварацхелија го напушти клубот и замине во Пари Сен Жермен.

Наполи е подготвен да плати 50 милиони евра, оваа сума со задоволство би ја прифатиле челниците на Јунајтед.

Гарначо оваа сезона одигра 29 натпревари за Манчестер јунајтед, постигна осум гола и додаде четири асистенции, но е без гол или асистенција на последните осум натпревари во Премиер лигата.


Лацио ќе го добие на позајмица Ибрахимовиќ од Баерн

Лацио наскоро ќе потпише со Аријон Ибрахимовиќ, германскиот фудбалер кој на Олимпико ќе пристигне од Баерн Минхен.

Се работи за позајмица до крајот на сезоната, платата на фудбалерот ќе ја плаќа Лацио, а по крајот на сезоната ќе имаат право да го откупат за околу 10 милиони евра.

Ако Лацио се одлучи за перманентен трансфер, Ибрахимовиќ ќе потпише тригодишен договор со италијанскиот клуб.

Аријон Ибрахимовиќ е 19-годишен крилен напаѓач кој веќе дебитираше за сениорскиот тим на Баерн Минхен, а играше и за сите младински репрезентации на Германија од У16 до У19.


Силекс ги почна подготовките, главната фаза во Анталија

Есенскиот првак Силекс ги стартува подготовките за втората полусезона во ПМФЛ.

Александар Васоски ја одржа првата зимска прозивка по паузата и играчите ги започнаа тренинзите. Планот е да се тренира во Кратово, а потоа да се замине во Анталија каде што ќе се одиграат квалитетни тестови.

Силекс закажа четири пријателски натпревари во Турција. Првиот е против Нефтчи Фаргона, потоа игра со Ружомберок, па Воитсберг и кулминација ќе биде пресметката со украинскиот гигант кој често игра и во Лигата на шампионите Шахтјор.

Момците на Васоски на рестартот во ПМФЛ играат против Тиквеш на 16 февруари.


Раниери: Проблемите ги решавме еден по еден

Тренерот на Рома, Клаудио Раниери призна дека не знае дали клубот ќе потпише со нови играчи за време на јануарскиот преоден рок. Тој секако сака тоа да се случи и во моментов се разгледуваат различни опции, но 73-годишниот стручњак не може да гарантира дека ќе се постигне договор со било кој од нив.

„Не сум загрижен. Проблемите се решаваат еден по еден. Знам дека имаме многу работа и веќе преземаме мерки. Не е сигурно дека ќе најдеме соодветни играчи во јануари. Кој и да дојде, треба да донесе дополнителна класа за тимот. Можеби ќе земеме добар играч, но тој може да има проблеми да се адаптира. Кога внесуваме некого, мораме да знаеме се за него, од врвот до дното“, изјави Раниери.

Додаде дека целта е да се најдат играчи кои навистина одговараат на Рома.

„Нема смисла да ги заведуваме навивачите и да кажуваме имиња туку така. „Ќе го привлечат овој, ќе го привлечат оној“ – тоа не е наш начин и не ми се допаѓа. Кој и да дојде мора да биде подготвен за предизвикот. Ако погрешиме со новите аквизиции, тоа ќе биде моја вина и на спортскиот директор Флоран Гисолфи. Подготвени сме да го преземеме“, додаде тренерот.


Кејн: Не сум среќен што не освојувам трофеи

Хари Кејн даде интервју во кое откри што му тежи најмногу во кариерата. Напаѓачот на Баерн Минхен и Англија се уште нема освоено ниту една титула во тимот.

-Точно е дека имам индивидуални награди за најдобар стрелец и најдобар играч. Секоја сезона ја започнувам со цел да освојам трофеј и не сум среќен што не освојувам тимски трофеи. Не сум среќен поради тој факт. Но јас имам само 31 година, рече тој.

Според него, најдобрата верзија на Хари Кејн допрва доаѓа.

-Убеден сум во тоа, како и во фактот дека вториот дел од мојата кариера, кој започнува сега, ќе биде богат со големи трофеи. И кога ќе се пензионирам, недостатокот на титули веќе нема да биде тема на разговор, изјави Кејн за „Франс Фудбал“.


Интер Мајами му понуди нов договор на Лео Меси

Интер Мајами разговара за продолжување на договорот со напаѓачот Лионел Меси, пренесе „Марка“. Актуелниот договор на 37-годишниот Аргентинец со клубот од МЛС истекува на крајот на оваа година.

Меси доби понуда за договор до крајот на 2026 година. Дополнително, новиот договор би можел да вклучи опција за потенцијално позајмување на напаѓачот во европски клуб во текот на сезоната во МЛС.

Меси игра за Интер Мајами од летото 2023 година. За тимот има одиграно 39 натпревари, постигнувајќи 34 гола и 18 асистенции.


Ливерпул пресилен за Акрингтон, „црвените“ лесно ја прескокнаа првата пречка во ФА Купот

Фудбалерите на Ливерпул се пласираа во 4. коло од ФА Купот со победата од 4-0 над Акрингтон Стенли.

Ова беше прва победа на „црвените“ по двата разочарувачки резултати во дуелите со Манчестер јунајтед во Премиер лигата (2-2) и Тотенхем во Лига Купот (0-1).

И покрај тоа што Арне Слот на теренот испрати комбиниран состав, навивачите го добија она по што дојдоа, убедлив триумф на нивните миленици.

Натпреварот засекогаш ќе гопамети Рија Нгумоха, кој со 16 години и 135 дена стана најмладиот стартер во историјата на Ливерпул.

Натпреварот го одбележа уште еден тинејџер, резервистот Џејден Денс, кој го замени новиот рекордер Нгумоха во 76. минута и набргу потоа се најде на вистинското место во вистинско време, го заврши нападот и го постигна третиот гол.

Стрелци за Ливерпул, покрај Данс, беа и Диого Жота (29), Трент Александер-Арнолд (45) и Федерико Киеза (90).

Тоа беше првиот гол на поранешниот играч на Јувентус за клубот откако се пресели од Италија, а натпреварот денеска го започна од клупата за резерви, во игра влезе во 46.минута на местото од Собослај.


Супер-гол на Влашиќ, Јуве пак ремизираше во торинското дерби

Фудбалерите на Торино и Јувентус ремизираа (1-1) во градското дерби одиграно во рамките на 20.коло, во Серија А. Торино остана на само една победа во „Дерби деал Моле“ во последните три децении, а Јувентус ја продолжи серијата нерешени резултати. Шест пати тимот на Тијаго Мота одигра без пбедник на последните седум натпревари.

Јувентус дојде д предност во осмата минута, кога талентираниот Јилдиз шутираше од далечина и погоди.

Овој резултат беше активен до финишот на првиот дел. Во судиското надополнување топката стигна до Никола Влашиќ, кој постигна прекрасен гол.

Дербито на Торино го одбележа и вербалната пресметка на двајцата тренери, по што беа исклучени. Тиаго Мота и Паоло Ваноли се скараа по стартот на Савона над Карамоа, ситуацијата набрзо ескалира кога се вмешаа играчите.

„Старата дама“ останува непоразена, но ова е 12. реми за тимот во 19 кола. Моментално Јувентус се наоѓа на петтото место со 33 бода, додека Торино е 11-ти со 22.

Во следното коло Јувентус гостува кај Аталанта додека фудбалерите на Торино ќе патува во Фиренца.


Мањан крубо погреши, Каљари освои бод во Милано

Милан не ги искористи киксовите на Аталанта и Јувентус за да се доближи кон врвот, на Сан Сиро одигра 1-1 против Каљари.

По освојувањето на Суперкупот со победи над Јувентус и Интер, Консеисасо денеска првпат го водеше Милан во Серија А.

Неговиот прв меч во италијанската лига не помина славно, одигра само 1-1- против Каљари. Милан имаше повеќе шанси за гол, но искористи само една, а примија гол по лоша интервенција на Мењон

По шест минути игра во второто полувреме Мората донесе водство за Милан од 1-0, но предноста на росонерите траеше само четири минути кога Зортеа од далечина реализираше за конечни 1-1.


Кејн го освои Менхенгладбах, Баерн со победа ја отвори новата година

Баерн Минхен ја забележа 12-та победа во Бундеслигата оваа сезона, откако во Менхенгладбах ја победи Борусија со 1-0.

Моментот кој го реши дуелот се случи во 68. минута кога Хари Кејн беше прецизен од 11 метри.

Пеналот за Баерн беше досуден откако Лукас Улрих го фаулираше Мајкл Олисе. Кејн го постигна својот прв гол во ноември, откако во декември не играше месец поради повреда. За Англичанецот ова беше 15.гол сезонава во Бундеслигата.

Баерн има четири бода повеќе од актуелниот шампион Баер Леверкузен на врвот на табелата.

Борусија моментално е на десеттото место.