УЕФА официјално ѝ даде зелено светло на Ла Лига и Серија А да организираат по два натпревара од оваа сезона надвор од Европа.
Како што беше најавено уште летово, европските клубови би можеле да добијат значителна финансиска добивка доколку прифатат да одиграат одредени натпревари надвор од својата земја, иако на тој начин практично го губат домашниот терен.
Таков ќе биде случајот со Виљареал, кој во декември треба да ја „угости“ Барселона во – Мајами!
Од друга страна, УЕФА одобри и натпревар од Серија А – Комо против Милан, кој треба да се одигра во февруари во Перт, Австралија.
Во своето официјално соопштение, УЕФА ја образложи оваа одлука и покрај бројните несогласувања од страна на повеќе клубови и навивачки групи низ Европа, наведувајќи дека поради недостиг на јасни правила од страна на ФИФА, не може формално да го спречи одигрувањето на овие натпревари.
Флорентино спрема рекордна понуда за Родри од Сити
Реал Мадрид изгледа доста добро откако Чави Алонсо е тука, но многумина сугерираат дека кралскиот клуб има некои сериозни проблеми во средниот ред и дека нешто треба да се промени таму.
Секако, не е лесно да се заменат Тони Крос и Лука Модриќ, па Флорентино Перез е во вистински проблеми.
Сепак, се чини дека е подготвен конечно да го реши горливото прашање со издвојување на дури 150 милиони евра.
Целта на Флорентино Перез ова лето беше Родри, освојувач на Златната топка во 2024 година, за кого претседателот на „кралевите“ е подготвен да понуди 100 милиони евра.
„Граѓаните“ не прифатија, но работите би можеле да се променат следното лето. Според шпанскиот весник Мундо Депортиво, кој се повикува на Мадрид Универзал, Реал Мадрид повторно ќе се обиде да го доведе 29-годишниот играч од средниот ред на крајот од оваа сезона
Кејн не планира за скоро да се врати во Англија
Фудбалерот на Баерн Минхен, Хари Кејн, засега нема намера да се врати во Премиер лигата.
„За подолг престој во Баерн, дефинитивно би можел да го направам тоа. Пред неколку недели отворено реков дека засега не сум имал такви разговори со Баерн, но ако го сторат тоа, би бил спремен да ги водам и да имам искрен разговор. Очигледно, зависи од тоа како ќе помине следната година или нешто слично и што ќе постигнеме заедно. Во моментов, би рекол дека сме во фантастичен момент и не размислувам за ништо друго. Што се однесува до Премиер лигата, не знам. Да ме прашавте кога првпат се приклучив на Баерн, дефинитивно би рекол дека ќе се вратам. Она што го научив во мојата кариера е дека постојат различни можности и различни времиња, и сè си доаѓа на свое место“, изјави Кејн за „ESPN“.
Во сезоната 2025/26, 32-годишниот Англичанец постигна 18 гола и имаше три асистенции во 10 натпревари во сите натпреварувања. Неговиот договор со Баерн е до 30 јуни 2027 година.
Кејн претходно играше за Тотенхем, Лестер, Норвич, Милвол и Лејтон Ориент.
Хутер доби отказ, Терзиќ фаворит за негов наследник во Монако
Един Терзиќ е најсериозниот кандидат за нов тренер на Монако, по одлуката на клубот да ја прекине соработката со Ади Хитер. Раководството на овој тим разочарано од последните резултати, реши да побара стратег кој ќе внесе нова енергија и ќе го искористи потенцијалот на составот.
Ремито против Ница на домашен терен, иако гостите повеќе од еден час играа со играч помалку, беше капка која ја прели чашата. Отказот на Хитер е веќе извесен, а сопственикот Дмитриј Риболовљев лично ги води разговорите со Терзиќ за да го убеди да дојде во кнежевството.
Поранешниот тренер кој ја водеше Борусија Дортмунд до финалето на Лигата на шампионите се смета за идеален избор поради неговиот модерен и офанзивен стил на игра. Терзиќ работеше со ѕвезди како Ерлинг Халанд и Џуд Белингем и беше на чекор од титула во Бундеслигата, која му избегна во последното коло против Баерн Минхен.
Според медиумите во Франција, Монако веќе испратил конкретна и финансиски привлечна понуда. Терзиќ има 48 часа да даде одговор, а доколку ја одбие, управата ќе започне разговори со други потенцијални кандидати.
Нико О’Рајли ќе го замени Рис Џејмс во англиската репрезентација
Фудбалерот на Манчестер Сити, Нико О’Рајли, доби повик во репрезентацијата на Англија за квалификацискиот дуел со Летонија. Тој ќе го замени Рис Џејмс од Челзи, кој ќе го пропушти натпреварот поради повреда.
Англија на 14 октомври ќе гостува кај Летонија во Рига во шестото коло од групата К во квалификациите за Светското првенство. Пред дуелот со Летонците, Англичаните ќе одиграат пријателски меч со Велс во четврток.
О’Рајли (20) го добива својот прв повик во сениорската репрезентација на Англија, која со 15 бода од пет натпревари е лидер во групата К.
Челзи понуди 66 милиони за Јилдиз, Јуве категорички одби
Јувентус ја отфрли понудата на Челзи за купување на правата за играчот од средниот ред Кенан Јилдиз за 66 милиони евра, објави „Teamtalk“.
Исто така и Арсенал заинтересиран за 20-годишниот Турчин. Според Tuttosport, „Топчиите“ испратиле скаути на натпреварот Јувентус – Милан (0-0) за да го набљудуваат играчот од средниот ред. Тој одигра 69 минути.
Во сезоната 2025/26, Јилдиз постигна два гола и имаше четири асистенции во осум натпревари во сите натпреварувања. Неговиот договор е до 30 јуни 2029 година.
„Трансфермаркт“ ја проценува неговата трансферна вредност на 50 милиони евра.
Јуве ќе го менува Влаховиќ со Габриел Жесус
Душан Влаховиќ ја игра последната сезона во дресот на Јувентус. Не ги опрвада вложените 82 милиони евра во неговиот трансфер од Фиорентина.
Србинот влезе во последната година од договорот, ги одби сите понуду да потпише нов за многу помала плата. Италијанските медиуми шпекулираат дека Јувентус ќе се обиде да го продаде Влаховиќ во зимскиот преоден рок. Планот е да извлече некое евро од неговиот трансфер, доколку тоа не му успе тгаш напаѓачот како слободен играч ќе го напушти клубот во јуни следната година.
„Тeam Talk“, тврди дека Јувентус веќе почнал да бара замена за Влаховиќ и дека изборот паднал на Габриел Жесус.
Арсенал веќе ја одредил цената за Бразилецот, а „Старата Дама“ мора да издвои околу 35.000.000 евра за неговиот трансфер.
Се додава дека Жесус го следи и Евертон, кој ќе биде главен конкурент во битката за потписот на напаѓачот на „топџиите“. Бразилецот сè уште се опоравува од сериозна повреда и наскоро треба да се врати на теренот.
Узбекистан го промовираше Канаваро за селектор
Фабио Канаваро е нов селектор на репрезентацијата на Узбекистан.
Како што веќе беше најавувано, италијанската легенда се договори со Фудбалската федерација на оваа земја и ја презеде клупата.
Светскиот шампион од 2006 година и еден од најдобрите дефанзивци во историјата на фудбалот ќе ја предводи узбекистанската репрезентација во подготовките и на Мундијалот во САД, Канада и Мексико.
Тој на функцијата доаѓа како прв селектор по заминувањето од клупата на поранешниот македонски предводник Среќко Катанец.
Реми на Пелистер и Шкендија во борбен дуел во Битола
Последниот натпревар од 9. коло на Првата фудбалска лига донесе атрактивен фудбал, но мрежите на стадионот „Петар Милошевски“ во дуелот меѓу Пелистер и Шкендија мируваа во текот на сите деведесет минути (0-0).
Откако мина почетното одмерување на силите, Шкендија направи притисок во средината на првиот дел, но Јовчевски ги стопираше обидите на Рамадани во 24. минута и на Зејнулаи во 27. минута. Најизгледната шанса за водство на тетовчани се случи во 28. минута, кога голманот на Пелистер веќе беше излезен, но Здравковиќ со одлична дефанзивна интервенција спречи сигурен гол. Наспроти тоа, домашните многу потешко ги градеа своите шанси, па во првиот дел за одбележување е ударот на Спировски од слободен удар кој заврши над голот. Битолчани се бореа за поседот на топката, бараа шанси од прекини и контранапади, но без соодветна завршница.
Динамичната игра донесе по неколку удари од аголот, но Пелистер почна посериозно да се заканува дури на стартот од вториот дел, кога во три наврати организираше акции со изгледни шанси за реализација. Прв во позиција за удар се најде Белиќ во 54. минута, а шест минути подоцна Спировски го проигра Ристиќ, кој биеше млако и по средината, директно во рацете на Амзаи. Најсериозната шанса за домашните дојде по контранапад, кога Мрмачовски одлично ја прими топката и тргна сам кон голот, но Амзаи успеа со нога да ја пресече.
Во финишот, Шкендија повторно создаде неколку изгледни шанси, најпрвин преку Тамба и Љатифи, а потоа и преку Адеми, кој биеше над голот. Иако и двете страни имаат за што да жалат, се чини дека нерешениот исход беше најреален одраз на прикажаното. Од резултатот Шкендија сигурно не може да биде задоволна, но затоа Пелистер ќе го памети овој бод по пет последователни порази. Младите фудбалери на битолчани видливо напредуваат во присуство на поискусните Ивановски и Спировски, додека Шкендија ги чуваше своите „џокери“ за финишот, но не успеа да ги реализира шансите.
Џерард пак ќе го води Ренџерс, ќе му биде менаџер и на нашиот Миовски
Стивен Џерард е главен кандидат за нов тренер на Глазгов Ренџерс по отпуштањето на Расел Мартин, тврдат британските медиуми.
Ренџерс вчера донесоа одлука да се разделат со менаџерот Расел Мартин по само 17 натпревари на клупата, во кои клубот оствари само пет победи.
Џерард, кој ги водеше Ренџерс од 2018 до 2021 година, ја освои титулата во Премиер лигата во сезоната 2020/21 за време на неговиот претходен мандат, со што ја прекина долгогодишната доминација на Селтик.
По заминувањето од Глазгов, поранешниот капитен на Ливерпул ги водеше Астон Вила, а потоа и Ал Етифак од Саудиска Арабија. Тој моментално е слободен тренер и, според медиумите, е подготвен да се врати на „Ајброкс“.
Ренџерс моментално се наоѓаат на осмото место во Шкотското првенство, 11 бода зад лидерот Хартс, а по паузата за репрезентативни натпревари клубот ќе биде домаќин на Данди Јунајтед во обид да направи пресврт во сезоната.