feature

Роналдо: Ќе им покажеме на сите зошто Олд Трафорд е „театар на соништата“

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, верува дека неговиот тим ќе успее на свој терен да слави над Атлетико Мадрид и ќе се пласира во следната фаза од Лигата на шампиони.

На натпреварот кој се одигра во Мадрид, конечниот резултат беше 1:1,а стрелци на головите беа младите Жоао Феликс за Атлетико и Еланга за Јунајтед.

„ Одлично е чувството да се вратиш во Мадрид, кој е еден од ретките градови на светот кој можам да го наречам свој дом. Прекрасни чувства, одлични играчи и супер натпревар, тоа е Лигата на шампиони. Мајка на сите натпреварувања“, истакна Роналдо на социјалните мрежи.

„Сега имаме можност да ја завршиме работата на својот стадион и да им покажеме на сите зошто Олд Трафорд е познат како “театар на соништата“.

Реванш натпреварот е закажан за 15.март.


Алер со рекордна серија: Гол на седум натпревари по ред во ЛШ

На вчерашниот меч во Лигата на шампионите меѓу Бенфика и Ајакс кој заврши 2-2, фудбалерот на холанѓаните, Себастијан Халер, влезе во историјата.

Тој погоди за предност на неговиот тим од 2-1 и стана петтиот фудбалер кој постигнал повеќе од седум голови во серија во елитната конкуренција на Европа.

Воедно напаѓачот на „копјаниците“  е првиот што постигнал најмалку 11 гола во дебитантската сезона во елитното европско клупско натпреварување.


Хименез: Заслуживме победа, Јунајтед искусно нè казни

Дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Хозе Хименез, по нерешените 1-1 со Манчестер Јунајтед во првото осмина–финале од Лигата на фудбалските шампиони, вели дека резултатот не е реален на прикажаното на теренот.

„Мислам дека требаше да победиме. Добро се браневме, имавме напади, создававме ситуации, двапати ја погодивме пречката, но, Манчестер Јунајтед е многу добар тим и погоди од контра-напад откако ја загубивме топката“, вели Хименез.

Реваншот меѓу шпанскиот тим и „црвените ѓаволи“ ќе биде одигран во Англија на „Олд Трафорд“ на 15 март.


Прекинато фудбалското првенство на Украинa

Украинската фудбалска федерација информира дека фудбалското првенство во таа земја е суспендирано, поради воведувањето на вонредната состојба.

Претседателот на Украина, прогласи воена состојба на целата територија на државата поради нападите од страна на Русија.

Од понатамошниот развој на настаните ќе зависи кога повторно ќе се игра фудбал во Украина.

После 18 одиграни кола во украинската Премиер лига, во водство е Шахтјот Доњецк со 47 освоени бодови, пред Динамо Киев кој има 45.


Тухел: Не грижете се, Ромелу Лукаку ќе ја надмине кризата

Менаџерот на фудбалерите на Челзи, Томас Тухел, се обиде да ја објасни ситуацијата со напаѓачот, Ромелу Лукаку, кој полека ја губи довербата кај навивачите.

„Мислам дека е уморен и малку нервозен од патувањата. Ромелу има проблеми со интензивната тимска работа, не само физички туку и психички“, вели Тухел.

Медиумите започнаа со шпекулации дека црномурестиот играч сака да се врати во редовите на Интер.


Полска не сака да го игра мундијалскиот бараж во Русија

Полската фудбалска репрезентација нема да патува во Русија на бараж дуелот за пласман на Светското првенство во Катар.

Мечот треба да се одигра на 24 март а полјаците најавија дека поради ситуацијата во Русија и Украина немаат намера да го одиграат мечот на споменатата локација.

„Поради моменталната ситуација нашите спортисти не би требало да одат во Русија“, соопштија од министерството за спорт на Полска.


„Кралевите“ се интересираат за Кефран Турам

Реал Мадрид покажува сериозен интерес за играчот за врска на Ница, Кефрен Турам, пренесуваат шпанските медиуми.

„Кралскиот“ клуб во 20-годишниот Французин гледа идеална алтернатива за Каземиро во средниот ред.

Кефрен е син на легендарниот француски дефанзивец Лилијан Турам и брат на напаѓачот на Борусија Мехенгладбах, Маркос Турам.

Кефрен оваа сезона игра фантастично во дресот на Ница, запиша 27 настапи на кои постигна 3 гола и 2 асистенции.

Тој се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во француското првенство, а Реал сака на лето да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.


Конте разочаран од формата на Тотенхем

Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте ја изрази својата огорченост по поразот од Барнли со 1:0 во одложениот натпревар на Премиер лигата.

 Ова е четврт пораз за Тотенхем во последните пет натпревари.

„ Дојдов во клубот за да ја подобрам ситуацијата, но се чини дека не сум доволно способен. Работам напорно и се трудам да ги доведам играчите на најдобро ниво. Имаме нов натпревар во сабота и тоа ќе биде добар момент за проценка на ситуацијата. Не сум навикнат на оваа состојба. Нешто не е во ред и јас сум подготвен да ја преземам одговорност, бидејќи четири порази во пет натпревари се неприфатливи“, изјавува Конте.


Малдини добива 100 милиони евра за засилувања

Милан во текот на летото ќе се обиде да ги купи Холанѓанецот, Свен Ботман и неговиот португалски соиграч во Лил, Ренато Санчез.

Што се однесува до нападот, техничкиот директор Паоло Малдини и фудбалскиот директор, Фредерик Масара, го гледаат 19-годишниот Французин, Хуго Екитике, кој игра за Ремс а договорот му истекува во 2024 година. Екитике има 9 гола на 21 натпревар во Лига 1 од почетокот на сезоната.

Трансферна цел на Милан ќе биде и 24-годишниот член на Тотенхем, Стивен Бергвајн кој има 12 натпревари и 2 гола во Премиер лигата.


Тухел верува дека Зијеч и Ковачиќ ќе играат во финалето на Карабао Купот

Томас Тухел , одговори на прашање за состојбата на играчите од средниот ред Матео Ковачиќ и Хаким Зијеч, кои се повредија на првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Лил (2-0).

„Во моментов не знам колку е сериозно. Требаше да го заменам Ковачиќ порано, можеби на полувремето, што ќе ни спасеше една измена. Не сум го видел моментот со повредата на Хаким и се уште не сум разговарал со лекарите за неговата состојба. Се соочуваме со слични ситуации во текот на целата сезона, правејќи замени поради повреди наместо тактички. Сепак, има уште време до финалето на Лига купот и се надевам дека ќе имаат време да се опорават и ќе имаат можност да играат на уште еден голем натпревар“, изјави Тухел.

Финалето на англискиот Лига куп помеѓу Челзи и Ливерпул ќе се одигра на 27 февруари.