feature

ВАДА инсистира Синер да биде казнет

Истрагата за два позитивни теста на допинг контрола на италијанскиот тенисер Јаник Синер сè уште е во мирување, додека спортската јавност го следи развојот на овој контроверзен случај. Одлуката на Судот за спортска арбитража (CAS), по жалбата поднесена од Светската антидопинг агенција (ВАДА), е одложена и нема да биде донесена пред февруари.

Иако привременото одложување на постапката отвори простор за шпекулации, официјалните извори уверуваат дека случајот нема да биде заташкан и дека сите наводи ќе бидат темелно разгледани.

Светската антидопинг агенција го обвинува Синер за прекршување на антидопинг правилата, што претставува сериозен удар за еден од најперспективните тенисери во светот. Ако обвиненијата се докажат, младиот Италијанец би можел да се соочи со сериозни санкции, вклучувајќи суспензија од натпреварувањата.

– При донесувањето на првата одлука, беше пресудено дека не е била одговорност на Синер – потсетува Оливие Нигли, директор на VADA, за првата казна која била донесена врз основа на изјавата на самиот Италијан дека забранетата супстанца влегла во неговото тело по одговорност на неговиот физиотерапевт. – Но, нашата позиција е поинаква. Ние сметаме дека одговорноста на играчот се однесува и на луѓето од неговото опкружување. Затоа тоа е нешто на што се потпира нашата жалба до КАС. Не спориме дека е можно да е во прашање контаминација, но веруваме дека спроведувањето на постапката не било во согласност со законот.


Шведска без Бергендал на Светското првенство

Ракометарот на Магдебург и репрезентативец на Шведска Оскар Бергендал, се повреди на натпреварот со Гумерсбах од Бундес лигата и го чека подолга пауза од ракомеатните терени.

Според информациите што ги објави бундеслигашот, станува збор за повреда на скочниот зглоб што ќе го оддалечи Бергендал три месеци од терените.

Тоа значи дека кружниот напаѓач нема да настапи на претостниот Мундијал во Данска, Хрватска и Норвешка.


Велез Сарсфилд е нов шампион на Аргентина

Велез Сарсфилд ја освои титулата во Аргентина по 11-ти пат во нивната историја, откако на домашен терен го совлада Хуракан со 200 во натпревар од последното коло. Триумфот за тимот предводен од Густаво Кинтерос доаѓа 11 години по претходната титула и 30 години по освојувањето на Копа Либертадорес и Интерконтиненталниот куп.

Овогодинешниот шампионат беше доста интересен, бидејќи пред последните натпревари дури три екипи имаа шанси за првото место. Талерес отпадна од игра по поразот на домашен терен од Њуелс Олд Бојс со 3-1. Тимот од Кордоба беше во серија од пет победи, но потфрли против противникот кој заврши на 25. место во конечниот пласман.

Хуракан можеше да стане и шампион доколку успееше во директната битка против Велез. Двата тима влегоа во решавачкиот дуел со два разлика во корист на домашните. Тие ќе беа задоволни со нерешено благодарение на голот на Талерез, но наместо тоа го добија решавачкиот натпревар и ги воодушевија навивачите на преполниот стадион „Хозе Амалитифани“ во главниот град Буенос Аирес.

Клаудио Акино го отвори резултатот во корист на Велез во 30. минута. Непосредно пред паузата домашните постигнаа втор гол, а стрелец беше Демијан Фернандез.


Саутемптон го смени менаџерот по дебаклот од Тотенхем

Челниците на Саутемптон го отпуштија менаџерот Расел Мартин по синоќешниот дебакл на домашен терен од Тотенхем. На „Сент Мери“, гостите од Лондон славеа со 0-5. Сите голови ги постигнаа во првото полувреме.

„Светците“ имаат само една победа, во досегашните 16 натпревари, забележаа 13 порази и две нерешени и се убедливо последени со само пет бода.

Расел Мартин има 38 години и важи за еден од најперспективните британски тренери. Тој пристигна во Саутемптон на почетокот на минатата сезона од Свонси и успеа да ги врати „светците“ во Премиер лигата откако го совлада Лидс во плеј-офот.

Сепак, оваа сезона неговиот тим бележи катастрофални резултати во елитната лига.

Единствената победа на шкотскиот менаџер во Премиер лигата беше против Евертон минатиот месец.

Тимот привремено ќе го води Симон Раск, тренер на младинската екипа на Саутемптон (до 21 година), додека не се најде трајно решение.

Неговиот прв натпревар ќе биде четвртфиналето на Лига купот против Ливерпул во среда.

Инаку, Мартин е четвртиот менаџер од Премиер лигата кој доби отказ оваа сезона по Стив Купер во Лестер, Ерик тен Хег во Манчестер јунајтед и Гери О’Нил во Вулверхемптон.


Џенова го расипа роденденот на Милан и му откина бод од „Сан Сиро“

Фудбалерите на Милан ремизираа 0-0 со Џенова на „Сан Сиро“ во 16. коло од италијанската Серија А.

Росонерите вечерва ја прославија 125-години од основањето на клубот, трибините беа исполнети со бројни легенди кои оставија длабока трага во дресот на Милан, дури и дресот беше специјално дизајниран за оваа прилика.

Сепак, актуелниот тим предводен од Пауло Фонсека е далеку од најдобрите тимови во Серија А оваа сезона.

Домашните имаа три добри во првите дваесет минути, но гол не успеаја да постигнат Емерсон, Ејбрахам и Чуквуезе.

Најдобрата шанса Милан ја имаше преку Мората, ударот на Шпанецот заврши во гредата.

До крајот екипата на Патрик Виера го издржа притисокот и освои важен бод кај фаворизираниот Милан.


Барса пак се лизна на домашен терен, Леганес носи три бода од Каталонија

Сензационален резултат го обележа последниот натпревар од 17.коло во Примера. Леганес на „Монжук“ ја победи Барселона со 0-1. Херпј на натпреварот беше поранешниот голман на српската репрезентација, Марко Дмитровиќ.

Каталонците беа апсолутни фаворити против 17. пласираната екипа на табелата, која во претходните 16 натпревари забележа само три победи, ниту една на гости, но на крајот тие со наведнати глави го напуштија теренот.

Леганес поведе во четвртата минута, стрелец беше капитенот Серхио Гонзалес Поаре.

Од тој момент играчите во сино-црвените дресови постојано напаѓаа, шанси пропуштаа Роберт Левандовски и капитенот Рафиња, но Дмитровиќ успеа се да одбрани.

Барселона очигледно западна во резултатска криза, со само една победа во последните шест натпревари. Тие се уште се први на табелата, но сега имаат ист број на бодови и натпревар повеќе од Атлетико Мадрид и само еден бод повеќе од Реал Мадрид.

Во следното коло избраниците на Ханси Флик ги очекува дерби против Атлетико Мадрид.


Челзи не запира, победен Брентфорд и петто славје по ред

Фудбалерите на Челзи и Тотенхем забележаа победи во последните неделни натпревари од 16. коло во Премиер лигата. Челзи го победи Брентфорд со 2-1, а Тотенхем во Саутемптон го декласира домаќинот со 50-5.

Марк Кукуреља го постигна својот прв гол во сезоната во 43. минута со што му донесе предност на Челси.

Тимот на Енцо Мареска е во серија од пет победи и моментално го држи второто место со 34 бода, два помалку и натпревар повеќе од лидерот Ливерпул.

Брентфорд моментално е 12. на табелата со 23 бода.


Селтик по пенал-рулетот го освои шкотскиот Лига Куп

Селтик го победи вечниот ривал Ренџерс во спектакуларното финале на шкотскиот Лига куп. Натпреварот во 90 минути заврши 3-3, а Селтик ја доби пенал серијата со 5-4.

Во пенал серијата сите пет изведувачи на Селтик погодија, кај Ренџерс трагичарот е Ридван Јилмаз, неговиот удар во четвртата серија го одбрани херојит на Слетик, Каспер Шмајхел.

Селтик го освои 22. Лига Куп, вкупно ова е 119. трофеј во клупската историја (Ренџерс имаат еден помалку), со што Селтикс стана вториот најтрофеен клуб во светот. Зад неприкосновениот Ал Ахли од Каиро со 123 трофеи.

По 86 години Слетик успеа да го мине големиот ривал Ренџерс, според бројот на освоени трофеи.


Јунајтед со луд финиш ги однесе сите три бода од „Етихад“

Фудбалерите на Манчестер јунајтед го совладаа Манчестер сити (1-2) во дербито на Манчестер, во 16. коло од Премиер лигата.

Херој на „црвените ѓаволи“ беше Амад Диало, кој најпрвин избори пенал ви финишот, неколку минути подоцна донесе пресврт за својот тим.

Сити долго време водеше, со голот на Јошко Гвардиол во 36. минута. Бруно Фернандеш реализираше пенал во 88. минута, а во 90. минута Диало погоди за победа на Јунајтед.

Манчестер сити ја продолжи лошата серија, има само една победа на последните 11 натпревари. Рубен Аморим втор пат во краток период излезе како победник во дуелот со Пеп Гвардиола, откако претходно како тренер на Спортинг ги победи „граѓаните“ во Лигата на шампионите.


Норвешка по десетти пат е европски првак во ракомет за жени

Ракометарките на Норвешка ја одбранија титулата на Европскоот првенство. Во реприза на финалето од 2022 година, Норвежанките ја победија Данска со 31-23 (13-12). Во мечот за бронзениот медал, Унгарија ја победи против Франција со 25-24 (13-12).

Според очекувањата, финалниот меч донесе експлозивен ракомет, исклучително брза игра, многу одлични одбрани, многу убави акции. и голови. Данска имаше предност во поголемиот дел во првото полувреме, највисока од два гола, но на полувремето Норвешка водеше со 13-12.

На почетокот на вториот дел Данска удри во норвешкиот одбранбен ѕид. Од друга страна, следеше серија лесни голови од транзиција за 16-12. Тука беше јасно дека Данска не може да им парира на Норвежанките.

Кога Норвешка стигна до 21-14, јасно беше дека ќе ја одбрани титулата. Норвежанките јубилеен 10 пат станаа европски шампионки, претходно најдобри беа во 1998, 2004, 2006, 2008, 2010, 2014, 2016, 2020 и 2022 година.

Норвешка ја предводеше Ела Рајстад со осум голови. Шест постигна Емили Ходвен, а Камила Херем четири. За Данска, Мие Хојлунд и Ен Мете Хансен постигнаа по пет гола.