feature

Реал оштетен за пенал, призна и тренерот на Рајо

По вчерашниот меч од Ла Лига меѓу Рајо Ваљекано и Реал Мадрид кој заврши нерешено 3-3, тренерот на Рајо, Иниго Перез беше прашан за ситуацијата во која судиите не досудија прекршок за пенал врз Винисиус.

„Не сакам да лажам, а мислам дека Винисиус беше шутнат од Мумин. Секогаш се трудам да бидам искрен, а кога го видов тоа реков дека судијата можеше да пресуди во нивна корист, но и не“, изјави Иниго Перез.

Реал Мадрид моментално заостанува еден бод зад Барселона на првото место.


Само што се врати Ембид повторно се повреди

Sixers center Joel Embiid leans forward after falling down driving to the basket during the first quarter against the Washington Wizards in Game 4 of their first round NBA playoff series in Washington D.C., on Monday, May 31, 2021.

Само што се врати од еднонеделно пауза поради повреда, американскиот центар Џоел Ембид заработи удар во лицето. Во борба со противничкиот играч Бенедикт Матурин, беше удрен по лицето, по што Ембид се најде на подот.

Последователно му била констатирана скршеница на синус, а со дополнителни испитувања допрва ќе се утврдува дали има дополнителни скршеници и проблеми.

Најверојатно ќе има уште една пауза во сезона во која одигра само шест од 23 натпревари.


Влаховиќ влезе во караница со фановите на Јуве

Јувентус ремизираше 2-2 на домашен терен во 16. коло против Венеција, тимот што го зазема последното место на табелата, продолжувајќи ја низата од четири нерешени натпревари.

Јувентус поразот го избегна во последните секунди, од симнително досуден пенал. Пеналот го реализираше Дуашан Влаховиќ.

По натпреварот, фудбалерите на Јувентус се приближија до делот од трибините каде што седат најжестоките навивачи на клубот. Наместо поддршка, наидоа на лавина навреди. Посебна мета беше српскиот напаѓач.

Според извори од стадионот, еден навивач упатил низа навреди кон Влаховиќ, што предизвикало негова бурна реакција.

Влаховиќ покажа со прст кон навивачот, му упатил неколку зборови. Ситуацијата ја смирил неговиот соиграч, кој застана меѓу Влаховиќ и трибините.


Дончиќ ја мина границата од 12.000 поени во НБА лигата

Лука Дончиќ синоќа ја мина границата од 12.000 поени во НБА. Словенечкиот ас во дресот на Далас ова го направи на мечот против Оклахома, кој стана негов 419-ти меч во кариерата.

Дончиќ до вакво постигнување стигна за најкус временски период, па од него побрзо до 12.000 поени стигнал само легендарниот Мајкл Џордан, кој ја стигна оваа граница на својот 368-ми натпревар.

На Леброн Џејмс претходно му беа потребни 438 натпревари за да дојде во клубот на кошаркари со 12.000 поени.


Гери О’Нил доби отказ, „волците“ ќе добијат нов менаџер

Британски Телеграф, Скај и неколку други медиуми пишуваат дека Гери О’Нил штотуку добил отказ од менаџерската функција во екипата на Вулверхемптон.

Вулверхемптон го запиша и четвртиот последователен порз, што се чини беше пресудно за раководството на „волците“ да бара тренерска замена.

Од клубот се уште не го потврдиле отказот, но се очекува тоа да биде објавено денеска.

41-годишниот Гери О’Нил е на чело на Вулверхемптон од август 2023 година и всушност имаше договор до 2028 година.


Шрудер го замени Бруклин со Голден Стејт

Голден стејт Вориорс го засилија ростерот со германскиот репрезентативец Денис Шрудер. Информацијата ја објави НБА инсајдерот, Шамс Чаранија.

Вориорс го зедоа Шрудер од Бруклин Нетс, а во спртивна насока замина бекот Диентони Мелтон и три пикови во втората драафт рунда. Исто така, тие ќе добијат и еден избор од вториот круг.

Шрудер игра одлично оваа година и е еден од најзаслужните што Нетс моментално се во се во плеј-оф зоната во Источната конференција.

Актуелниот светски шампион со Германија во просек бележи 18,4 поени и 6,6 асистенции по натпревар, за 33,6 минути поминати на теренот.

Мелтон, пак, оваа година нема да може да им помогне на Нетс, бидејќи неодамна ги скина вкрстените лигаменти на коленото и за него сезоната е завршена.

На Вориорс итно им беше потребна помош бидејќи по добриот старт загубија седум од последните девет натпревари, а се шпекулира дека ќе донесат уште еден или двајца играчи.


Полска е ривалот на македонските ракометарки во мундијалскиот бараж

Sara RISTOVSKA, North Macedonia vs Hungary, Women’s EHF EURO 2024, Austria, Hungary, Switzerland, 02.12.2024, Mandatory Credit © Axel Heimken / kolektiff

Македонската женска ракометна репрезентација го доби противникот во бараж натпреварот за пласман на Светското првенство 2025 година. „Црвено-жолтите“ ќе ги одмерат силите против .

Првиот натпревар ќе се одигра на 9/10 април 2025 година, а потоа и реваншот неколку дена подоцна на 12/13 април. Полска ќе биде на домаќин на првата средба, додека вториот меч ќе се игра во Скопје.

Репрезентациите на Норвешка, Данска и Унгарија ќе се пласираат директно на СП 2025, а истото важи и за Франција, Германија и Холандија.

Македонија има пет учества на Светските првенства, последното е во 2007 година.


Бобан Бабунски е нов тренер на Беса Добри Дол

Македонскиот прволигаш Беса го именуваше Бобан Бабунски за нов шеф на стручниот штаб. Тој го презема тимот во текот на зимската пауза и ќе има задача да обезбеди опстанок во елитната конкуренција.

„Со задоволство објавуваме дека постигнавме договор со познатиот тренер Бобан Бабунски. Веруваме дека ќе донесе позитивен дух и нова енергија во нашиот тим, помагајќи ни да ги оствариме нашите цели за новата сезона. Беса го пречекува тренерот Бабунски и му посакува успех со нашиот клуб“, изјавија од клубот.

Беса, како дебитант во прволигашката конкуренција, првиот дел од сезоната го заврши на десеттата позиција со 13 освоени бодови, само еден повеќе од последнопласираниот тим на Воска Спорт.


Мареска сака две засилувања од Дортмунд за својот Челзи

Челзи оваа сезона игра во одлична форма и моментално се наоѓа на второто место во англиската Премиер лига, каде што пред нив е само Ливерпул.

„Сините“ играат извонредно и потсетуваат на стариот Челси кој освојуваше титули во Лигата на шампиони, Премиер лигата и многу други.

„Скај Спорт“ објави дека лондонскиот клуб сака да се засили на позицијата голман токму од Борусија Дортмунд.

Станува збор за швајцарскиот голман Грегор Кобел. Тоа што го одликува Кобел е одличната игра со нозете, што точно е основа на филозофијата и тактиката на тренерот на Челси, Енцо Мареска.

Швајцарецот е вистинскиот профил на голман кој го бара Челси да го замени Роберто Санчез меѓу стативите.

Покрај Кобел, се споменува и доаѓањето на талентираниот Карим Адејеми.


Индира Кастратовиќ влезе во „Куќата на славните“ на ЕХФ

Местото на Кастратовиќ меѓу ракометните легенди беше од претходно најавено, а се одржа свечената церемонија на која ЕХФ и официјално ги претстави новите членови.

Од поодамна Кире Лазаров е член на „Куќата на славните“, па и тој беше дел од церемонијата.

Mеѓу одбраното друштво влегоа следните ракометари и ракометарки:

ГОЛМАНИ
• Андреас Тиел / Германија
• Матс Олсон / Шведска
• Дејан Периќ / Србија
• Луминица Хуцупан Дину / Романија

ЛЕВО КРИЛО
• Герго Иванчик / Унгарија

ЛЕВИ БЕКОВИ
• Никола Карабатиќ / Франција
• Микел Хансен / Данска
• Кармен Амариеи / Романија
• Ања Андерсен / Данска

ЦЕНТРАЛНИ БЕКОВИ
• Љубомир Врањеш / Шведска
• Енди Шмид / Швајцарија
• Миа Хермансон-Хогдал / Шведска
• Стине Офтедал Дамке / Норвешка

ДЕСНИ БЕКОВИ
• Фолкер Цербе / Германија
• Стафан Олсон / Шведска
• Индира Кастратовиќ / Македонија
• Марта Манге / Шпанија

ДЕСНИ КРИЛА
• Лук Абало / Франција
• Иван Чупиќ / Хрватска

ПИКЕРИ
• Игор Вори / Хрватска

ДЕФАНЗИВЦИ

• Виран Морос / Шпанија