feature

Елмас има ситна проблем, но ќе биде подготвен за Летонија и Ерменија

Нашиот фудбалер, Елиф Елмас, се соочува со повреда и засега е под знак прашалник дали ќе може да настапи во текот на викендот за неговиот Лајпциг на мечот против Аугсбург во рамките на новото коло во Бундес-лигата.

Тој се здобил со удар во пределот на мускулот и морал да пропуштил еден тренинг. Затоа постои дилема дали ќе бидe воопшто ставен на списокот за викенд-мечот.

Најавите се дека повредата не е сериозна и дека Елмас ќе може да игра за Македонија на дуелите со Летонија и Ерменија предвидени кон средината на октомври во Лигата на нации.


Ливерпул спрема богата понуда за Родриго

Родриго игра одлично во Реал Мадрид, но со доаѓањето на Мбапе и Ендрик конкуренцијата во нападот станува голема.

Најавите се дека Реал би се согласил да го продаде Родриго следното лето доколку пристигне понуда повисока од 100 милиони евра.

Најсилен интерес за Бразилецот покажува Ливерпул, кој наводно е спремен да плати 100 милиони фунти за неговиот потпис.

Меѓутоа, самиот фудбалер сака да остане во Реал и на „црвените“ ќе им биде тешко да го убедат да се пресели во Премиер лигата.


Бјелица се врати на клупата на Динамо Загреб

Ненад Бјелица е новиот тренер на клупата на Динамо Загреб. Поранешниот хрватски репрезентативец вторпат седнува на клупата на хрватскиот шампион, откако претходно ги предводеше од 2018-тата до 2020-тата.

Стефан Ристовски и Аријан Адеми останаа без тренер после дебаклот од Баерн Минхен со 9-2, но и домашниот пораз од Хајдук со 0-1.

После смената на Јакировиќ, Динамо загуби од Славен Белупо со 4-1, па сега Бјелица ќе треба да го гаси пожарот во редовите на хрватскиот шампион.


„БЦ Партнерс“ ја купува Евролигата

Британската компанија „БЦ Партнерс“  преговара со кошаркарската Евролига за купување на малцински удел од ова натпреварување.

Според „Фајненшл тајмс“, оваа компанија чија вредност се проценува на 145 милијарди долари би зазела третина од уделот во управувањето на натпреварувањето, доколку се остварат преговорите со актуелното раководство на Евролигата.

Според проценките, вредноста на Евролигата достигна една милијарда долари. Оптимистичките проценки, повторно според споменатиот извор, велат дека преговорите меѓу двете страни би можеле да завршат за еден месец, иако, како што наведуваат од eвропските медиуми, најверојатно ќе се пролонгираат, но секако целата приказна за продажбата на акциите на управувањето со новите сопственици би можело да се заврши до крајот на годината.


Варди ќе ја заврши кариерата во Лезстер Сити

Напаѓачот на фудбалскиот состав Лестер, Џејми Варди, веројатно
ќе го продолжи договорот со англискиот клуб, велат денешните
информации од островот.
37- годишниот ветеран го облече дресот на „лисциите“ во 2012
година и беше дел од големиот историскиот успех кога беше
освоена титулата во Премиер-лигата.
Варди во неговата ризница ги има и пехарите од ФА Купот и
Супер-купот на Англија. Неговиот актуелен договор со Лестер ќе
истече на крајот на сезонава.


Мбангула и Пинсољо добија нови договори во Јуве

Голманот, Карло Пинсољо и крилниот напаѓач, Самуел Мбангула,
ги обновија договорите со Јувентус.
34-годишниот чувар на мрежата ќе остане во Торино до 2026-та
додека 20-годишниот голгетер потпиша за верност до 2028
година.

Пинсољо во моментов фигурира како трет голман и допрва ќе
бара шанса за докажување. Мбангула се наоѓа меѓу стартерите и
во досегашните четири сезонски натпревари има еден гол и три
асистенции.


Нојер се врати на тренинзите на Баерн

Мануел Нојер се врати на тренинзите на Баерн Минхен откако се
опорави од повредата на тетивата. Голманот треба да го започне
првиот саботен натпревар од Бундеслигата против шампионот
Баер Леверкузен.
Баварците ова го соопштија во четвртокот попладне откако Нојер
тренираше индивидуално претходните денови.
Ветеранот ја заработи повредата за време на победата на
„црвените“ од 9:2 во Лигата на шампионите против Динамо Загреб
минатата недела и го пропушти дуелот против Вердер Бремен на
крајот од минатата недела.
Баерн, исто така објави дека напаѓачот Матијас Тел, се вратил во
целосна акција откако ги надминал проблемите со грбот. Баерн
имаше силен почеток на сезоната под водство на новиот тренер
Винсент Компани. Баварците по четири одиграни натпревари се
на врвот во Бундеслигата со вкупно 12 бода.
Баер Леверкузен е втор со девет бода, откако на крајот на август
го претрпе првиот лигашки пораз по 15 месеци. Баер минатата
сезона триумфираше на првото место во Бундеслигата,
завршувајќи без ниту еден пораз.


Повредениот Марк Бернал доби нов договор во Барса

Maрк Бернал играше одлично под водство на Ханси Флик во Барселона, но 17-годишникот немаше среќа и пред еден месец заработи тешка повреда поради која ќе паузира до крајот на сезоната.

Младиот дефанзивен играч за врска ова лето беше приклучен на сениорскиот тим и ги стартуваше првите три натпревари од сезоната во кои Барселона забележуваше победа. Кон крајот на август Бернал се повреди ви дуелот со Рајо Ваљекано.

Бернал ги скина лигаментите на левото колено и го чека пауза од околу девет месеци и најрано би можел да настапи во некој од последните натпревари во сезоната, сепак и тоа е малку веројатно.

Сепак, Барселона покажала дека не ја изгубила довербата во него и му дала нов договор со важност до 2029 година и откупна клазула од дури 500 милиони евра, објави Фабрицио Романо.


Њуелс ќе биде последниот клуб во кариерата на Меси?

Според информациите на каталонските медиуми, Лионел Меси нема да ја заврши кариерата во тимот на Интер Мајами.

Каталонскиот „Ел Насионал“пренесува дека Меси пред да се повлече од фудбалот ќе одигра барем една сезона во дресот на Њуелс Олд Бојс од Аргентина каде што започна во младинските категории пред го доведе Барселона.

Најавите се дека вакво нешто можеби би се случило по Светското првенство во 2026 година. Меси сега има 37 година и влегува во залезот на кариерата, но и порача дека има желба да игра со Аргентина Мундијалот кој следи за две години.


Тотенхем – Сити најзвучен пар во осминафиналето на Лига Купот

Синоќа по завршувањето и на последните два меча од третото коло на Карабао Купот во Англија, беа извлеченидвојките за осминафиналната фаза. Дербито на рундата ќе го одиграат премиерлигашите Тотенхем и Манчестер Сити, чиј домаќин ќе биде лондонскиот гигант. Интересно ќе биде и на дуелот меѓу носителот на Лига куп трофејот Ливерпул и премиерлигашот Брајтон, меч кој ќе се одигра на теренот на „галебите“.

Манчестер Јунајтед во оваа рунда ќе му гостува на Лестер, додека Кристал Палас гостува кај Астон Вила.

Брентфорд – Шефилд Венздеј

Саутемптон – Стоук

Тотенхем – Манчестер Сити

Вимблдон/Њукасл – Челзи

Брајтон – Ливерпул

Престон – Арсенал

Астон Вила – Кристал Палас