feature

Вардар 1961 и Алкалоид запишаа убедливи домашни победи

РК Вардар 1961 лесно се справи со Радовиш во средбата од 14. коло од првата ракометна лига

„Црвено-црните“ одиграа топ одбрана против фенерџијата во Суперлигата кој на соочувањето во Скопје постигна само 13 голови (33-13). Гостите беа особено лоши во вториот дел кој го завршија со само три реалиазции.

Најефикасен кај победникот беше Родригез со седум гола, пет пак имаше Петриќ. Добра вест за вардарци е што на теренот се врати и македонскиот репрезентативец Милан Лазаревски, односно неговиот кам-бек доаѓа пред дербито со Битола против Еурофарм Пелистер.

Бутел пак едно полувреме беше максимално конкурентен на Алкалоид (16:15), но тоа ниво не до задржа во вториот дел и претрпе пораз од четата на Кирил Лазаров со 32-24.

Серафимов со шест гола беше лидер кај Алкалоид, Николов за гостите даде девет погодоци.

На првата пак денешна средба Тиквеш како гостин беше подобар од Куманово со 29-26 додека на останатите две средби

Ракометарите на Тинекс Пролет целосно и се одмаздија на Струга за поразот во првата сезонска меѓусебна пресметка, сега во 14. коло убедливо славеа со 38-26 додека Охрид, пак, убедливо со 38-28 славеше против Прилеп во натпревар во кој охриѓани уште во првото полувреме имаа предност од 19-16.


Осимен очајно посакува во јануари да потпише за Јуве

Напаѓачот на Галатасарај, Виктор Осимен сака на лето да се пресели во Јувентус. Тој во моментов е на позајмица во турскиот гигант Галатасарај, а како играч на Наполи. Сепак Осимен се надева дека потоа ќе се пресели во Торино, каде повторно ќе се соедини со спортскиот директор Кристијано Џунтоли, со кого претходно работеше во Неапол, пренесува „Ил Матино“.

Џунтоли беше онок кој го донесе во Наполи од Лил во 2020 година за 75 милиони. евра. Во последно време е јасно дека директорот на Јувентус сака да го однесе Нигериецот во Јуве, а се чини дека и самиот фудбалер е подготвен на таков чекор.

Според информациите, Јувентус е подготвен да ја плати клаузулата од 75 мил. евра, што е вклучено во договорот на Осимен. Сепак, според други извори, оваа клаузула важи само за клубови надвор од Италија, додека за тимовите од Серија А е 90 милиони евра.

Јувентус е во потрага по нов напаѓач бидејќи иднината на Душан Влаховиќ е под знак прашање. Доколку Србинот биде продаден на лето, „бјанконерите“ парите од неговата продажба би можеле да ги искористат за да го доведат Осимен.


Диао со пета во 94. минута донесе реми за Бeтис со Барса

Бетис ја прекина лошата серија во дуелите со Барселона на домашен терен. По серијата од седум порази на „Бенито Виљамарин“, Бетис освои бод против Барселона (2-2) во 17.коло во Примера. Според играта и бројот на создадени шанси Бетис заслужи да го победи лидерот на табелата.

Бетис во 93.минута го постигна вториот гол преку младиот напаѓач Диао. Бодот апсолутно го заслужија домаќините, кои промашија неколку големи шанси. Две врвни интервенции имаше Ињаки пења. Во третата минута му одбрани во ситуација „еден на еден“ на Ез Абде, а во вториот дел брилијантно реагираше по шутот на Авила.

Покрај тоа Бетис имаше уште две големи шанси, во првиот дел ударот на Ло Селсо заврши крај голот, а во вториот нестварно е што промаши Алтимира, од четири метри топката по неговиот удар заврши крај голот.

Барселона првата добра акција ја круниса во гол, по додавањето од Кунде Левендовски постигна гол. Израмнувањето дојде во 67.минута. Де Јонг, кој три минути претходно влезе во игра го фаулираше играчот на Барселона на позајмица во Бетис, Витор Роке. Поради бурни протести црвен картон доби тренерот на Барселона, Ханси Флик.

Главниот судија не виде ништо, ВАР се огласи, па по прегледувањето на снимката Бетис доби пенал. Најстрогата казна ја реализираше Ло Селсо.

Втората добра акција на „Бенито Виљамарин“ Барселона ја изведе во 83.минута, брилијантно додавање на Јамал за Торес кој погоди за 1-2.

Бетис до крајот повторно притисна и за желбата, борбеноста и добрата иф=гра беа наградени со голот на Диао.


Антонио го искрши автомобилот, но се наоѓа стабилна здравствена состојба

Фудбалерот на Вест Хем, Мајкл Антонио, кој имаше тешка сообраќајна несреќа е во стабилна состојба.

Информацијата за несреќата ја потврди и клубот кој потоа ја објави здравствената состојба на напаѓачот.

„Вест Хем може да потврди дека Мајкл Антонио е во стабилна состојба по сообраќајната несреќа попладнево во областа Есекс. Во овој тежок момент, љубезно бараме од сите да ја почитуваат приватноста на Мајкл и неговото семејство. Клубот нема да дава дополнителни коментари вечерва, но во догледно време ќе објави дополнителни вести“, соопштија од клубот.

Пред официјалните детали кои ги објави клубот, на социјалните мрежи се појавија фотографии од искршеното Ферари кое наводно го возел фудбалерот.


Јуве во последните секунди се спаси од пораз од Болоња

Фудбалерите на Јувентус ремизираа со Болоња (2-2) во натпреварот од 15. коло на Серија А одигран во Торино.

Ова беше прва средба на која Тиаго Мота го предводеше Јувентус против Болоња, со која направи голем успех минатата сезона кога го освои четвртото место и обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Мота нема по добро да го памети првиот меч против поранешниот тим. Се тргна наопаку за Јувентус кога Ндоје ги доведе гостите во предност во 30. минута.

Мота беше нервозен, постојано се расправаше со судијата Маркети и неговите помошници, обвинувајќи ги за еднострано делење на правдата.

Ситуацијата ескалира кога на стартот од вториот дел доби директен црвен картон кога претера со протестите, а само две минути подоцна Побега ја удвои предноста на гостите.

Копмајнерс успеаја да ја намали негативата во 63. минута, но резултатот не се менуваше до судиското надополнување на времето.

Влахпвиќ во 93.минута се проби по десната страна, а потоа на спротивната страна на шеснаесетникот го Мбангула. Младиот фудбалер пласираше во спротивниот агол и ги постави конечните 2-2.


Реал ја освои Џирона, Миовски настапи скоро еден час

Во последниот натпревар од саботната програма од 16. коло на Ла Лига, Реал на „Монтоливи“ ја победи Џирона со 0-3. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски играше до 58. минута.

Реал повторно се доближи до Барселона и со евентуална победа во одложениот натпревар против Валенсија има можност да се врати на челната позиција.

Џуд Белингем повторно беше на висина на задачата. Англискиот репрезентативец игра одлично во изминатиот месец. Во овој период, одигра пет натпревари во лигата и беше стрелец на секој од нив. Неговиот вкупен учинок е пет гола и три асистенции.

Против Џирона го постигна првиот гол во 36.минута, кога ја искористи паниката на домашните дефанзивци. Потоа Англичанецот му асистираше на Гулер за 0-2 во 55. минута. Конечните 0-3 ги постави Килијан Мбапе во 62. минута на асистенција на Лука Модриќ.

Реал со натпревар помалку има два бода помалку од водечката Барселона.


Меси и Интер Мајами ќе го отворат Светското клупско првенство

ФИФА го објави распоредот за натпреварите на Светското клупско првенство во 2025 година. Турнирот ќе се одржи во обновен формат од 14 јуни до 13 јули следната година во САД. На него за прв пат ќе учествуваат 32 екипи кои се поделени во 8 групи по 4 екипи.

Во воведниот натпревар на турнирот на 14 јуни (сабота), египетскиот Ал Ахли ќе се сретне со домаќинот Интер Мајами во пресметка од групата А. Елиминациската фаза на Светското клупско првенство започнува на 28 јуни.

Финалето ќе се игра на „Метлајф“ стадионот во Њу Џерси на 13 јули, а двете полуфиналиња како и едно од четвртфиналните натпревари ќе се играат на истото место.


Хејс Дејвис е МВП на 14. коло на Евролигата

Најџел Хејс-Дејвис е прогласен за најкорисен играч во 14. коло на Евролигата.

Кошаркарот на Фенербахче постигна 33 поени во победата над Реал Мадрид од 82:70. Тоа е втор најдобар резултат оваа сезона и втор најефикасен натпревар во кариерата на Хејс-Дејвис.

Најџел реализираше 6 од 9 двојки, 6 од 10 тројки и 3 од 4 слободни фрлања за 37:33 на теренот. Имаше и 4 скока и 2 украдени топки.

Американецот ја освои наградата МВП по четврти пат во кариерата.


Претседателот на ПСЖ: Суперлигата не постои, во главите е само на заблудените

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи искажа остри критики за Суперлигата.

Не постои. Всушност, никогаш не постоела, освен можеби во главите на неколку заведени луѓе. А сега, со новиот формат на трите турнири на УЕФА за мажи и ажурираното Светско клупско првенство на ФИФА, тоа е уште поневозможно. Никој нема да го поддржи ова: ниту навивачите, ниту играчите, ниту медиумите, ниту владите, ниту клубовите. Знаете дека само два клуба навиваат за Суперлигата. Се надевам дека еден ден ќе ја сфатат својата грешка и ќе се вратат во европското семејство, изјави Ал-Хелаифи.

Деновиве медиумите во Шпанија пишуваа дека проектот Суперлига е жив и дека претседателите Флорентино Перез (Реал Мадрид) и Хоан Лапорта (Барселона) и натаму остануваат на ставот дека тоа е голем и одличен проект. Се шпекулира дека повеќе од 60 клубови се заинтересирани за учество во натпреварувањето што нема да биде во организација на УЕФА.


Ландо Норис ќе тргне од првиот ред за ГН на ОАЕ

Возачот на Мекларен, Ландо Норис ќе тргне од првата стартна позиција на утрешната трка од шампионатот во Формула 1 што ќе се вози за Големата награда на Абу Даби.

Ова беа последни квалификации за сезоната 2024. Веднаш до Норис ќе биде неговиот клупски колега, Оскар Пјастри.

Од вториот ред ќе тргнат Карлос Сајнц и Нико Хулкенберг. Актуелниот светски шампион Макс Верстапен ја освои петтата стартна

Седумкратниот светски првак, Луис Хамилтон во својот последен настап за Мерцедес ќе стартува од 18. место.

Почетокот на трката на патеката „Јас Марина“ во Обединетите Арапски Емирати е утре во 14 часот. Со оваа трка се затвора сезоната во Формула 1.