feature

Нотингем Форест го претстави Лоренцо Лука

Фудбалерот на актуелниот италијански фудбалски клуб Наполи, Лоренцо Лука, се пресели во редовите на Нотингем Форест како позајмен играч објавија медиумите од Италија.

Договорот меѓу двата клуба вклучува и опција Нотингем Форест да го откупи договорот на италијанскиот напаѓач за сума од 34,8 милиони фунти.

„Лоренцо е играч кој носи специфични квалитети во нашиот тим и многу сме задоволни што ни се придружи.

Тој играше на највисоко ниво во различни земји и доаѓа со добра комбинација од искуство и простор за понатамошен развој“, изјави спортскиот директор на Нотингем Форест, Еду Гаспар.

Пред Наполи, Лука играше за Виченца, Торино, Палермо, Пиза и Удинезе.


Газдата на ПАО повторно „удри“ по Евролигата

Кошаркарите на Панатинаикос беа поразени од Макаби, во Израел, со 75-71, при што имаа „топол“ пречек од домашните навивачи.

Ергин Атаман беше првиот што беше погоден, а и другите не беа поштедени.

Ова го поттикна најконтроверзниот човек во Евролигата, Димитрис Јанакопулос, да проговори. Тој грмеше кон лидерите на елитното натпреварување.

„Кога зборуваат сопствениците, тренерите и играчите, ние сме казнети. Кога ќе бидат казнети клубовите што не прават ништо додека нивните навивачи ги навредуваат играчите и нивните семејства?, праша Јанакопулос.


Леонард Диксон е најновото засилување за Гостивар

Кошаркарскиот клуб Гостивар доведе ново засилување во пресрет на вториот дел од сезоната во македонската кошаркарска лига.

Се работи за 26-годишниот Aмериканец Леонард Диксон. Ова е четврто странско засилување за екипата на Гостивар.

Во својата кариера, Диксон играше во естонската лига во екипата на Кеила Баскет.

Ова е многу важно засилување за екипата на Гостивар која во моментов се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во македонскиот шампионат.


Домен Правц на половина пат до светското злато

Првиот ден од Светското првенство во ски-летови донесе возбуда, променлив ветер и нов лидер.

Словенецот Домен Превц е на половина пат до остварување на сонот – индивидуална светска титула, десет години откако тоа го направи неговиот брат Петар.

По првите две серии на лечилницата во Оберсдорф, Германија, Домен Превц води со убедлива предност од 14.0 поени пред најблиските конкуренти.

На второто место изненадувачки се наоѓа Јапонецот Рен Никаидо, додека поранешниот шампион Линдвик падна на третата позиција.


Среќен, но за која цена? Палмер меѓу верноста кон Челси и „повикот“ од Манчестер

Кол Палмер и логото на Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Челси, Лиам Розениор, решително ги отфрли шпекулациите кои го поврзуваат Кол Палмер со премин во Манчестер Јунајтед, нагласувајќи дека младиот фудбалер е среќен во Лондон: „Разговарав со Кол во неколку наврати… тој е задоволен и сака да биде тука“, изјави Розениор, директно демантирајќи ги пишувањата на медиумите за наводната носталгија на играчот по родниот Манчестер.

Палмер во детството беше навивач на Манчестер Јунајтед, па поради тоа овие изјави не ги стивнуваат шпекулациите на дел од фановите.

Розениор подвлече дека 23-годишниот е „огромен дел од долгорочните планови“ на клубот. Иако актуелната кампања 2025/26 му е отежната поради честите проблеми со препоните, што го ограничи на само 10 натпревари како стартер во Премиер Лигата, неговото влијание останува витално за успехот на клубот.

Трансфер пазарот сепак нуди поразлична слика. Додека некои новинари тврдат дека Челси го смета Палмер за „недопирлив“, други сугерираат дека клубот би можел да размисли за продажба доколку пристигне понуда која значително ја надминува неговата пазарна вредност од 100 милиони евра.

Интересот на Манчестер Јунајтед не стивнува, бидејќи тие во него гледаат идеален наследник на Бруно Фернандеш. Сепак, во моментов нема ништо конкретно. Иднината на Палмер на Стемфорд Бриџ најверојатно ќе зависи од нивната конкуренција меѓу најголемите трофеи.


Аргентинско засилување за „Лилјаците“: Гвидо Родригез од Вест Хем потпишува за Валенсија

Гвидо Родригез и логото на Валенсија

Валенсија постигна договор за ангажман на аргентинскиот играч Гвидо Родригез. Искусниот фудбалер доаѓа од Вест Хем како слободен агент, а трансферот ќе биде официјализиран по медицинските прегледи закажани викендов. Овој потег се очекува значително да го подигне квалитетот во средниот ред на шпанскиот тим.

„Лилјаците“ успеаја да го обезбедат потписот на Родригез без обесштетување, откако тој предвреме го раскина договорот со премиерлигашот. Сите формалности се веќе завршени, па по официјалниот потпис, 31-годишниот дефанзивен играч од средината веднаш ќе му се стави на располагање на стручниот штаб.

Родригез, кој е актуелен светски шампион со Аргентина, пристигна во Вест Хем во август 2024 година по успешниот период во Реал Бетис. Сепак, неговата минутажа во Лондон драстично се намали по заминувањето на Хулен Лопетеги, што го принуди да побара нова средина. Враќањето во Шпанија за него значи загарантирано место во првиот тим, што му е неопходно за да го задржи статусот на репрезентативец.

За Валенсија, Гвидо Родригез носи тактичка дисциплина и лидерство во критичен дел од сезоната. Од друга страна, Вест Хем ослободува место во пренатрупаниот среден ред, со што се отвора простор за најавената реконструкција на тимот.


Галатасарај договори уште еден „бомбастичен“ трансфер: Талентираниот Јасер Асприља доаѓа од Жирона

Јасер Асприља и логото од Галатасарај

Галатасарај продолжува со својата амбициозна офанзива на трансфер пазарот, обезбедувајќи ги услугите на колумбиското крило Јасер Асприља. Според првичните информации, постигнат е вербален договор со Жирона за позајмица на играчот, што претставува уште еден голем потег за турскиот гигант во овој преоден рок.

Договорот е структуриран така што му овозможува флексибилност на Галатасарај, но и долгорочна посветеност кон 22-годишниот фудбалер. Иако првично се работи за позајмица без надомест, вклучена е клаузула за откуп која станува задолжителна по одреден број одиграни натпревари. Целосната сума на трансферот би изнесувала 23 милиони евра, со дополнителни 2 милиони евра во форма на бонуси, додека Жирона ќе задржи и проценти од неговата идна продажба.

Асприља се пресели во Жирона од Ватфорд во 2024 година и веднаш го привлече вниманието во Ла Лига со својата брзина и извонреден дриблинг. Сепак, во потрага по поголема минутажа, Колумбиецот реши да го прифати предизвикот во Турција, иако за него претходно интерес покажаа европски великани како Бенфика, Ајакс и Марсеј.

Трансферот се смета за готова работа, а Асприља веќе неделава се очекува во Истанбул на медицински прегледи. Навивачите на Галатасарај се во еуфорија поради доаѓањето на талентираното крило, кое треба дополнително да го засили нападот на тимот во трката за трофеи.


Кари прв стигна до 10.000 шутеви за три поени

Стеф Кари влезе во историјата на НБА станувајќи првиот играч кој направил 10.000 шутеви за три поени. На натпреварот против Далас, суперѕвездата на Голден Стејт, имаше 15 шутеви за три поени, од кои погоди 8.

Со овој настап, 37-годишниот плејмејкер стана првиот играч во историјата на НБА кој имал повеќе од 10.000 обиди за тројка (4.222 од 10.007 шутеви).

Најблиску до него се Џејмс Харден (9.116), Дамијан Лилард (7.556) и Леброн Џејмс (7.446).


Одермат втора година по ред најбрз на супервелеслаломот во Кицбил

Швајцарецот Марко Одермат победи на денешната супервелеслаломска трка од Светскиот куп во Кицбил, пред сонародникот Фрањо фон Алмен заврши втор и Австриецот Стефан Бабински, кој заврши третопласиран.

Одермат, кој победи на супервелеслаломот во Кицбил и лани, ја мина патеката со време од 1:08,41, што беше за три стотинки побрзо од резултатот на Фон Алмен, додека Бабински заостана 25 стотинки.

За Одермат ова беше 53 победа во Светскиот куп во алпско скијање и 17 во супервелеслалом.

Одермат води во поредокот во супервелеслалом со 425 бодови, а е лидер и во генералниот пласман со 1.205 бодови.

Програмата во Кицбил продолжува викендов со спустот в сабота и слаломот в недела.


Тами Абрахам се врати во Англија, ќе игра за Астон Вила

Тами Абрахам е на пат да се врати во англискиот фудбал по четири и пол години. Ејбрахам е на прагот да се врати во Астон Вила, за која постигна 26 гола во Чемпионшип во сезоната 2018/19.

Како што објави „ТРТ Спор“, а потврди и Фабрицио Романо, Бешикташ и Астон Вила постигнале договор. Вила ќе плати 21 милион евра и во Истанбул ќе го испрати Јашин Озџан, како дел од трансферот.

Ејбрахам пристигна од Рома во црно-белиот тим од Босфор ова лето, а во последно време не игра во добра форма.

Екипата на Унаи Емери беше без Дониел Мулен кон средината на јануари, кој замина на позајмица во Рома, па Абрахам пристигнува како врвна замена во се попредизвикувачкиот дел од сезоната.

Искусниот англиски голгетер ќе биде замена за Оли Воткинс, кој е единствениот вистински напаѓач во Вила во тековната кампања.