feature

Магдевски се врати во МЗТ Скопје

Во екипата на МЗТ Скопје Аеродром се враќа репрезентативецот
Андреј Магдевски, кој во минатата сезона настапуваше за
Пелистер..
Ова ќе биде по трет пар Магдевски да се врати во МЗТ, откако
претходно настапуваше за клубот од 2018 до 2021 и уште еднаш
во 2022 година, а потоа се пресели во Холандија,
МЗТ Скопје во следната сезона ќе ја брани двојната круна во мак-
баскетот, а ќе игра и во АБА-2 лигата. Првиот натпревар на „сино-
белите“ е закажан на 24 септември против Теодо Тиват во
јадранската конкуренција.


Јуртсевен пред потпис со Турчинот Јутсевен

Европскиот кошаркарски шампион Панатинаикос само детали го
делат од промоција на второто големо засилување оваа лето, а
тоа е турскиот центар Омер Јуртсевен кој според информациите на грчките медиуми ќе потпише двегодишен договор со клубот од
Атина.
Според договорот 26-годишниот центар висок 213 сантиметри ќе
заработи еден милион евра за престојната сезона, но постои
можност и да го напушти клубот со откупна клаузула по крајот на
сезоната 2024/25.
Јуртсевен пристигнува во главниот град на Грција на желба на
тренерот Ергин Атаман кој со поранешниот кошаркар на Јута и
Мајами соработуваше во турската репрезентација.


Стеф Кари го продолжи договорот со „воините“

Стеф Кари доби нов договор од НБА тимот на Голден Стејт
Вориорс откако дојде во НБА од Универзитетот Дејвидсон во 2009
година кога во првиот круг беше избран како седми пик.
Голден Стејт за една сезона на Кари ќе му плати 63 милиони
долари, под договор сп Вориорс ќе биде до 2027 година.
На овој начин Стеф Кари им се придружи на Леброн Џејмс и
Кевин Дурент, овие тројца од играње кошарка досега заработиле
над 500 милиони долари.


Постигнат договор, Амрабат се сели во Фенербахче

Фенербахче и Фиорентина го договорија трансферот на Софијан
Амрабат кој патува во Истанбул да го потпише договорот.
Се работи за позајмица со обврска за целосен откуп., а
Фенербахче ќе плати вкупно 18 милиони евра.
Најпрво 2 милиони евра за позајмица, а потоа мора уште 13
милиони евра за целосен откуп, ќе плати и 3 милиони евра за
бонуси. Амрабат ќе потпише четиригодишен договор.


Арсенал нема да достави понуда за Ѓокереш

Челниците на фудбалскиот состав Арсенал нема да испратат понуда до  напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓокереш, иако Швеѓанецот во континуитет се поврзуваше со трансфер кај „топчиите“.  

Проблем е неговата цена која се движи околу 100 милиони евра. 26-годишниот напаѓач во претходната сезона одигра точно 50 натпревари во сите конкуренции.

Тој запиша 43 гола и 15 асистенции.


Пропадна трансферот на Лукман во ПСЖ

Адемола Лукман изгледа дека ќе остане во Аталанта иако имаше најави дека ќе се пресели во францускиот Пари Сен Жермен, објави денес „Тутомеркато“.

26-годишниот фудбалер од Нигерија се поврзуваше и со Арсенал но, очигледно нема да направи трансфер ниту во Англија.

Напаѓачот ќе му биде на располагање на тренерот, Гасперини за викенд мечот со Милан во рамките на Серија А.


Уште двајца српски репрезентација откажаа за стартот на Лигата на нации

По неодамна објавениот поширок список на играчи на кои смета селекторот Драган Стојковиќ за претстојните натпревари против Шпанија и Данска, конечниот список на Србија ќе биде објавен во петок на 30. август.

Душан Влаховиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Александар Митровиќ од непознати причини ќе го прескокнат септемврискиот циклус на натпревари.

Иако Пикси тврди дека нема проблеми, медиумите во Србија на големо шпекулираат дека ниту Влаховиќ има „семејсни причини“, ниту Митровиќ и Савиќ се повредени, а причината била незадоволство од работата на Пикси на Европското првенство.


Де Јонг не е спремен, веројатно мора на нова операција

Играчот од средниот ред на Барселона,Френки де Јонг, се уште не може целосно да се опорави од тешката повреда која ја доби пред неколку месеци на дербито со Реал Мадрид.

Во април годинава Холанѓанецот се повреди по дуелот со Валверде, а повредата го спречи да учествува и на ЕП 2024.

Иако оттогаш поминаа неколку месеци, Де Јонг се уште чувствува болки во скочниот зглоб и не може да тренира. Во моментов медицинскиот штаб на Барселона спроведува конзервативен третман на фудбалерот, но се чини дека ситуацијата не оди најдобро. Де Јонг ќе мора да оди на операција за целосно да се реши проблемот.


Рамсдејл пред потпис со Саутемптон

Голманот Арон Рамсдејл е на чекор до заминување од Арсенал. Уште синоќа „Скај Спортс“ објваи дека Саутемптон се договорил со „топчиите“ да го ангажира голманот за 18 милиони фунти плус дополнителни 7 милиони фунти како бонуси. Страните ги продолжуваат преговорите за другите аспекти од договорот и се оптимисти дека до крајот на оваа недела договорот ќе биде потпишан.

Рамсдејл се уште нема играно во Премиер лигата оваа сезона, а минатата сезона забележа само шест настапи. Тој самиот инсистираше да си замине, откако го загуби местото на голот на Арсенал, па сега таа желба се чини ќе му биде исполнета.


Влаховиќ одби да игра за српската репрезентација во Лигата на нации

Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, нема да биде дел од репрезентацијата на Србија на почетокот на новото издание од Лигата на Нации каде Србите ќе играат против Шпанија и Данска во септемврискиот циклус.

Влаховиќ преку својот Инстаграм профил потврди дека нема да настапи за Србија.

„Денес го известив стручниот штаб дека од семејни причини нема да бидам во можност да одговарам на повикот на селекторот за претстојните натпревари од Лигата на Нации против Шпанија и Данска“, објави Влаховиќ.

Сепак сите се прашуваат дали има нешто многу подлабоко во одбивањето на повикот на Влаховиќ. На 5-ти септември, Србија ќе го пречека европскиот првак Шпанија во Белград, а три дена подоцна ќе и гостува на Данска.