Тотенхем го продава Ндомбеле и носи две замени од Серија А
Пари Сен Жермен е фаворит за привлекување на играчот од средниот ред на Тотенхем, Танги Ндомбеле. Францускиот гигант има намера да ја засили конкуренцијата на средината на теренот со поранешниот играч на Олимпик Лион, кој не е во плановите на Антонио Конте.
Тотенхем сигурно ќе се раздели со Ндомбеле доколку го обезбеди потписот на Франк Кеси. Интернационалецот од Гана одби да го продолжи договорот со Милан и тоа го направи атрактоивен за многу клубови. Од Милан ја чекаат најдобрата понуда, откако категорично одбија да му платат на играчот од средниот ред 8 милиони евра по сезона.
Во случај да не успее да го земе Кеси, Тотенхем ќе се сврти кон Верету од Рома. Французинот е високо ценет од Конте и неговиот трансфер во Англија изгледа сосема можен со оглед на фактот дека ја загуби стартната позиција во Рома од Серхио Оливеира.
Игор Котевски именуван за нов тренер на Металург
Тимот на Металург потврди дека Игор Котевски е новиот тренер на клубот.
Вакво нешто се најавуваше во претходните денови, а вчера вечерта доби и официјална потврда. Преземањето на првиот тим на Металург за Котевски значи враќање во Автокоманда затоа што претходно го водеше Металург 2.
Котевски во клубот доаѓа на местото на Иван Марковски кој неодамна си замина.
Ветеранот Вагнер Лав потпиша во Данска
Поранешниот бразилски репрезентативец Вагнер Лав на 37 години потпиша договор со вицешампионот на Данска, Мјитиланд. Договорот е потпишан до крајот на сезоната.
Мјитланд првиот дел од сезоната го заврши на првата позиција со два бода предност во однос на Копехнаген, а пет од актуелниот шампион Брондби.
Вагнер Лав во Данска пристигнува од Казахстан од екипата на Каират. Ова е негов 14-трансфер во богатите кариера. Помеѓу останатите го носеше дресот на Палмеирас, ЦСКА Москва, Фламенго, Монако, Бешикташ…
Дресот на репрезентацијата на Бразил го носеше на 20 натпревари и постигна четири гола.
Рајо Ваљекано одби 5,5 милиони евра од Ал Наср за Димитриевски
Нашиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, им се врати на тренинзите во Рајо Ваљекано после повредата која го оддалечи од теренот неколку натпревари.
Според информациите од Шпанија, клубот од Ла Лига ја одбил понудата од 5,5 милиони евра која ја испрати екипата на Ал Наср од Саудијска Арабија за ангажирање на голманот Димитриевски.
Од Рајо Ваљекано одговараат дека сакаат да го задржат Димитриевски во екипата, но ако некој сака да го доведе во своите редови, ќе мора да ја плати клаузулата од договорот вредна 50 милиони евра.
Меѓутоа, постојат информации дека Ал Наср ќе бидат упорни во својот обид за купување на македонскиот голман и дека во најскоро време ќе испратат повисока понуда.
Фабио Канаваро на листата можни тренери на Евертон
Легендата на италијанскиот фудбал, Фабио Канаваро, започнал разговори со челниците на Евертон околу можноста тој да биде новиот тренер на екипата.
Канаваро на овој начин им се приклучи на Вејн Руни и Френк Лампард кои се меѓу најсериозните кандидати за клупата на тимот од Гудисон Парк.
Доколку Италијанецот ја добие функцијата, тоа ќе биде негово прво тренерско искуство во Европа, после неговиот престој како тренер на кинескиот Гуангжу.
Во меѓувреме Канаваро имаше понуда да стане селектор на полската фудбалска репрезентација, која тој набрзо ја одби.
Малерозниот Ансу Фати повторно повреден
Фудбалерот на Барселона, Ансу Фати, никако да ја прекине серијата од повреди кои го пратат оваа сезона.
Младиот Фати, доживеа уште една повреда на натпреварот во кој Барселона после продолженијата беше елиминирана во Кралскиот куп од тимот на Атлетико Билбао.
Тренерот Чави сигурно ќе биде загрижен бидејќи според првите информации од лекарскиот тим, повредата на фудбалерот не е наивна и се очекува тој да паузира повеќе од два месеци.
Пабло Мари од Арсенал нов соиграч на Несторовски во Удинезе
Тимот на Удинезе објави дека се засилува со одбранбениот играч Пабло Мари кој пристигнува од Арсенал.
Мари ќе биде во италијанскиот клуб како позајмен играч до лето, а Удинезе ќе има опција за откуп на неговиот договор. 28-годишниот Шпанец не беше во плановите на Артета и се очекуваше да го напушти клубот.
Во овој момент Удинезе се наоѓа на 14-тата позиција на табелата во Серија А и сигурно дека им е потребна цврстина во одбраната, Мари би требало таа цврстина да ја донесе.
Ѓоковиќ бара милионска отштета од Австралија
Ѓоковиќ ќе се жали за изгубен приход од парични награди за спортски настап, плаќања за спонзорство, како и морална штета за незаконски притвор и малтретирање.
Точно, сè уште не е сосема јасно на кој суд ќе се обрати спортистот, бидејќи нема толку многу структури во светот што можат да ја повикаат целата држава на одговорност, особено надвор од Европа.
На 5 јануари, Ѓоковиќ беше приведен на аеродромот во Мелбурн поради прекршување на визните прописи и влез во Австралија без вакцинација против ковид. Новак беше сместен во хотел за оние кои чекаат депортација, но четири дена подоцна беше ослободен и му беше дозволено да тренира.
На 14 јануари повторно беше издадена наредба за негова депортација, во врска со фактот дека присуството на ѕвезда антиваксер во земјата се заканува со масовни немири. Обидите на тенисерот да ја оспори оваа одлука на суд беа неуспешни, тој ја напушти Австралија и не можеше да учествува на Грен слемот во Мелбурн.
ФФМ ќе гради национален стадион за 10.000 луѓе
Раководството на Фудбалската федерација на Македонија, претседателот Муамед Сејдини, генералниот секретар, Филип Поповски и неговиот заменик, Дрилон Ганиу во „Куќа на фудбалот“ имаа работна средба со градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски и шефот на кабинетот на градоначалникот во општината, Марјан Христов.
На состанокот разговараа за фудбалската инфраструктура во општина Аеродром и можноста за соработка на двете институции во изградба на капитален проект, односно изградба на нов репрезентативен стадион во рамки на „Куќа на фудбалот“ во општина Аеродром.
„Би сакал да упатам благодарнот до градоначалникот Муцунски за конструктивниот разговор. Инфраструктурата е секогаш важна. Секогаш велам дека нас, како Фудбалска федерација на Македонија, ни треба стадион. Ние ќе бидеме носители на проектот, но добредојдени се локалната самоуправа, државата и сите останати кои можат да помогнат.
Нѐ радува искрената желба и отвореноста за помош и поддршка од општина Аеродром и градоначалникот Муцунски за започнување на еден ваков голем проект. Ова беше првичен состанок, но сигурен сум дека соработката со општината ќе биде одлична. Верувам дека заеднички ќе создадеме услови да започнеме со проект кој ќе биде обележје на едно време.
Ние како Фудбалска федерација сме исклучително активни кога е во прашање подобрувањето на фудбалските услови и на тој начин ќе продолжиме и во иднина, изјавил претседателот на ФФМ, Сејдини.
За градоначалникот Муцунски, ФФМ го продолжува континуитетот на квалитетна работа и заедништво.
„Вие сте пример за другите како една успешна федерација може да функционира. Не само заради резултатите на репрезентацијата која ја обедини цела Македонија, туку и за силните напори да го развивате фудбалот на сите нивоа. Наша обврска како општина е да се обидеме да придонесеме за напредок на спортот и фудбалот во општината и токму тоа е целта и на нашата денешна посета на „Куќа на фудбалот“. Инфраструктурата останува засекогаш. Верувам дека таквата политика на Федерацијата ќе трае. Со претседателот на ФФМ, Сејдини разговаравме за изградба на репрезентативен стадион во општина Аеродром и во блиска иднина верувам дека ќе започнеме со активности. Нашата општина ќе помогне во рамки на своите можности да биде вистински партнер во изградба на репрезентативен стадион кој ќе биде гордост на Аеродром и целата држава“, наведе Муцунски.
Александар Исак е планот Б, доколку Барселона не успее да го доведе Халанд
Голема желба на претседателот на Барселона, Жоан Лапорта е доведување на напаѓачот Ерлинг Халанд ова лето.
Меѓутоа, евентуалниот трансфер на норвежанецот ќе биде доста комплициран проект, бидејќи за него се интересираат и многу други европски гиганти. Тука мора да се напомене и високиот износ кој Барселона ќе треба да ја плати за трансферот, провизијата за менаџерот Мино Рајола како и самата плата на играчот.
Доколку каталонците не успеат со доведување на Халанд, како втора опција се споменува играчот на Реал Сосиедад, Александар Исак.
За напаѓачот од Шведска постои голем интерес и од голем број на клубови од Премиер лигата меѓу кои предничи Арсенал, но се претпоставува дека тој повеќе преферира да остане во Шпанската Ла Лига.