feature

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Веста дека Новак Ѓоковиќ си најде нов тренер и дека во 2025 година ќе го тренира Енди Мареј, еден од неговите најголеми ривали, се појави како од ведро небо, како што и самиот потврди преку социјалните мрежи.

Новак Ѓоковиќ објави видео клип во кој има компилација од нивните дуели, додека самиот Мареј беше дел од „големата четворка“, односно во еден период успеа да се прикраде и да ја заземе првата позиција на АТП листата покрај Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Енди Мареј постигна голем успех, а сега ќе го тренира Новак Ѓоковиќ. Еве зошто српскиот тенисер за својот нов тренер:

„Од момчиња игравме еден против друг, 25 години бевме големи ривали, се форсиравме надвор од нашите граници. Имавме некои од најголемите битки во нашиот спорт. Нè нарекоа менувачи на игри, преземачи на ризик и создавачи на историјата. Мислев дека нашата приказна е завршена, но ќе има последен чин. Време е еден од моите најголеми ривали да застане во мојот агол, тренерот Енди Мареј е добредојден“.


Еурофарм Пелистер го декласира Тиквеш, прва победа на Алонсо во Македонија

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер забележа нова победа во домашното првенство, откако во Битола го совлада Тиквеш без особени проблеми со 40-23. Клучната залиха за битолчани беше обезбедна во финишот на првиот дел, кога беше плус пет, во вториот дел голманот Ивиќ имаше серија интервенции, Алонсо им даде шанса на скоро сите ракометари од клупата и на крајот шампионот славеше убедлив триумф.

Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Богдан Радивојевиќ и Петар Атанасијевиќ со по седум гола, а во составот на Тиквеш Кривокапиќ постигна шест погодоци.

Во следното 13. коло Еурофарм Пелистер гостува во Струга.


Надал веќе има нов план, го шири ланецот на хотели ширум светот

Само неколку дена откако официјално ја заврши кариерата и се пензионираше, Рафаел Надал ја донесе првата деловна одлука и најави нова локација за изградба на својот хотел.

Надал не мораше долго да чека за да направи големи чекори по повлекувањето од тенисот, бидејќи неговиот синџир хотели „ZEL Born“ најави нова локација за еден од неговите хотели во Доминиканската Република.

Рафа го основа овој синџир хотели минатата година, заедно со Габриел Ескарер, директор на Melia Hotels International, а нивната визија беше инспирирана од традиционалните медитерански куќи и нивната култура на живот на отворено.

Новиот луксузен хотел ЗЕЛ Пунта Кана ќе биде лоциран на плажата Кортесито, на прекрасниот брег на Бавара, кој е идилична дестинација за секој патник кој сака да ужива во песочните плажи и кристално чистото море. Хотелот кој располага со 190 соби е трет по ред по отворањето на ЗЕЛ Мајорка лани и ЗЕЛ Коста Брава на почетокот на летово – се вели во соопштението.

Иако официјално не потврди, се добива впечаток дека Надал ќе се занимава со хотелиерство по неговото повлекување од играњето. Да потсетиме, тој неодамна беше поразен од Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп на стартот од Дејвис купот, а на првиот чекор испадна и самата Шпанија.


Голем проблем за Хенес: Ел Билал Туре сериозно се повреди

Штутгарт неколку месеци ќе биде без својот напаѓач Ел Билал Туре, откако фудбалерот заработи фрактура на ногата, соопшти бундеслигашот.

Туре тешката повреда ја доживеа додека играше за репрезентацијата на Мали во текот на неделата и треба да биде опериран. Туре дојде во Штутгарт на позајмица пред оваа сезона од италијанска Аталанта. Тој го постигна победничкиот гол против Јувентус (1-0) во Лигата на шампионите.

Штутгарт во петокот објави дека тимот ќе остане и без напаѓачот Денис Ундав во наредните недели откако тој заработи повреда на мускулот на тренинг.


Везенков ќе игра за Кипар на Евробаскетот?

Најдобриот кошаркар во Евролигата, Саша Везенков во иднина би можел да настапува за репрезентацијата на Кипар.

Кипар кој е еден од домаќините на следниот Евробаскет го посакува Везенков во своите редови. Минатата сезона бугарскиот кошаркар настапуваше во редовите на Сакраменто од каде што пристигна во Олимпијакос. Везенков веќе го носеше дресот на Бугарија, но според правилникот на ФИБА има можност да ја промени земјата.


Аморим го сака Камавинга во зимскиот преоден рок

Португалскиот тренер Рубен Аморим, кој неодамна седна на кормилото на Манчестер јунајтед, веднаш почна да прави планови за изгледот на тимот кој го наследи. Аморим сака неколку засилувања во следниот период, а наводно веќе договорил еден фудбалер од Реал Мадрид.

Англиските медиуми пишуваат дека „црвените ѓаволи“ почнале преговори со Едуардо Камавинга, кој бил расположен да се пресели на „Олд Трафорд“. Вредноста на Камавинга е околу 100 милиони евра.


Барела е сонот на „кралевите“ за замена за Модриќ

Легендарниот играч за врска на Реал Мадрид, Лука Модриќ би можел да го напушти клубот следното лето. На Хрватот му истекува договорот, кој според различни проценки, тешко дека страните ќе го обноват. Мадрид ќе излезе на трансфер пазарот на лето за да ја најде неговата замена.

Според изворот, најверојатен кандидат за заменик на Модриќ е ѕвездата на Интер, Никола Барела. Интер сака да добие 80 милиони евра за Барела, но претседателот на клубот Флорентино Перез е убеден дека миланезите можат да бидат убедени да се согласат на трансферот за 60 милиони евра.


Кошаркарите тренираат во Клаипеда по долгиот пат

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска го одработи тренингот пред утрешниот натпревар од четвртото коло во квалификациите за Евробаскетот 2025, во кое ќе играме повторно против Литванија.

Натпреварот во Клаипеда се игра во терминот од 18:30 часот.

Кошаркарите денеска тренираа во салата „Свитурио“ каде и што ќе се игра средбата. За разлика од првиот натпревар, од денеска во нашиот тим е и нашиот најдобар кошаркар, Ненад Димитријевиќ.


Конор МекГрегор осуден за силување, мора да плати 150.000 фунти

Поранешниот шампион на УФЦ, Конор Мекгрегор, беше прогласен за одговорен за сексуален напад на жена во хотел во Даблин во 2018 година и ќе мора да плати отштета од 150.000 фунти.

Случајот, кој беше процесуиран пред граѓанскиот суд, се однесува на тврдењата на Никита Хенд дека Мекгрегор сексуално ја нападнал во пентхаусот на хотелот „Бикон“ во јужен Даблин во декември 2018 година. Мекгрегор за време на судењето тврдеше дека врската била консензуална.

Во тужбата се вклучи и Џејмс Лоренс, кој беше ослободен во оваа постапка.

Судењето траеше осум дена, при што беа изведувани докази, додека завршните зборови траеја три дена. Поротата, составена од осум жени, донесе пресуда во која Мекгрегор беше прогласен за одговорен.

На изрекувањето на пресудата во петокот, тој се појави во судницата придружуван од неговото семејство – партнерот Ди Девлин, родителите, сестрата и деверот.


Светската атлетика добива ново натпреварување – Ултимејт шампионат

Ново атлетско екипно натпреварување наречено Ултимејт шампионат (Ultimate Championship) претстави денеска Меѓународната атлетска федерација кое премиерата ќе ја има во септември 2026 година и ќе значи промена за самата атлетика, изјави првиот човек на светската атлетика Себастијан Коу.

„Новиот Ултимејт шампионат 2026 година ќе биде врв на извонредност во година без светски првенства или Олимписки игри и ќе биде отскочна штица за иновации во спортот, рече Коу на прес-конференција во Будимпешта.

Првото издание на ова ново натпреварување ќе се одржи од 11 до 13 септември 2026 година во главниот град на Унгарија. Потоа ќе се организира на секои две години.

Наградниот фонд ќе изнесува рекордни 10 милиони долари, а секој победник ќе биде награден со 150.000 долари.

Речиси 400 атлетичари ќе се натпреваруваат во различни атлетски настани, вклучувајќи ги и 100 метри, 800 метри, скок со стап, скок во височина и новата штафета 4×100 метри мешано. Дисциплините во кои спортистите ќе се натпреваруваат на Ултимејт шампионатот се: 100 м, 200 м, 400 м, 800 м, 1500 м, 5000 м, 100 м/110 м со пречки, 400 м со пречки, скок со стап, скок во височина, трискок (жени), кладиво (мажи), фрлање копје и мешана штафета 4×100м и 4×400м.

„Сакаме на нашите фанови да им понудиме атлетика каква што досега не виделе со најдоброто во светот на атлетиката“, рече Коу.