Репрезентативците го одработија официјалниот тренинг пред дуелот со Унгарија
Македонската ракометна репрезентација попладнево од Свети Мартин пристигна во Вараждин. Нашите раометари го одржаа последниот тренинг пред премиерниот натпревар на Светското првенство, каде ќе се соочиме со силната селекција на Унгарија.
Деветнаесетте избраници на селекторот Кирил Лазаров беа во редовентренажен процес и работеа со максимален интензитет во малата сала во Вараждин, што автоматски значи дека нашата селекција има позитивен здравствен биланс.
Во текот на утрешниот ден нашите репрезентативци ќе имаат кратко загревање во салата во комплексот „Свети Мартин“, каде впрочем и е сместена нашата делегација. Натпреварот против Унгарија ќе се одигра утре со почеток во 20:30 часот.
Лазаров: Унгарија е ракометна сила, но ние сме спремни и ќе одиграме најдобро што знаеме
Македонската ракометна репрезентација утре го започнува својот настап на Светското првенство (СП) 2025, со првиот натпревар против силната селекција на Унгарија.
Селекторот Кире Лазаров на средбата со новинарите изрази увереност дека неговите избраници ќе дадат сè од себе на теренот.
„Унгарија е сериозна ракометна сила, со богата традиција и високо квалитетни играчи. Нивните репрезентативци главно настапуваат за две од најдобрите екипи во Лигата на шампиони. Под водство на селекторот Чема Родригез, нивната репрезентација постојано напредува и е исклучително добро организирана. Тешко е да се каже дека имаат слаба точка, бидејќи се многу комплетен тим. Сепак, веруваме дека со дисциплинирана игра и максимален ангажман, можеме да се надеваме на позитивен резултат“, изјави Лазаров.
Оваа пресметка, која ќе се одигра во „Вараждин Арена“, е закажана за 15 јануари со почеток во 20:30 часот.
Лапорта: Сакаа да ја уништат Барселона, но тоа не им успеа
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, остро ги критикуваше оние кои, според него, му пречат на клубот.
Не им успеа тоа што го планираа. Покажавме сила и решителност. Се обидоа да не уништат, сакаа да не елиминираат. Но, повеќето официјални членови на Барселона сфатија дека ова е напад со цел да се дестабилизира единството на клубот. Ќе мора да работат повеќе ако сакаат да дестабилизираат клуб со над 100 години историја. Секоја кампања која има за цел да не дискредитира нема да не спречи да бидеме клуб кој го сакаат милиони ширум светот. Навикнат сум да ме критикуваат, тоа е нормална работа во мојот живот. Би сакал да ја потврдам силата на ФК Барселона. Не чека светла иднина, изјави Лапорта.
Посочи на нештата кои според него покажуваат дека каталонскиот фудбалски великан е на вистинскиот пат.
Потпишавме договор со Најк. Дополнително, новиот стадион ќе ни гарантира солидни приходи уште многу години. Велам „нов стадион“ затоа што ова што се случува со Камп Ноу не е само реновирање. Во исто време, уживаме во силен тим со домашни играчи, засилен со неколку странци. Имаме и исклучителен тренер во Ханси Флик. Наскоро ќе навршат 4 години откако јас и мојот тим го започнавме клубот. За тоа време, работевме на четири главни работи – зголемување на приходите, намалување на трошоците и платите без тимот да ја изгуби својата конкурентност, економско закрепнување и да не го загрози работниот сопственички модел на клубот. Ние го направивме тоа. Полни сме со енергија од она што се случи неодамна. Се обидоа да не дестабилизираат во клучен момент од историјата. Сепак, имаме тим кој ќе ни донесе уште поголема радост и кој веќе ги остварува соништата, додаде Лапорта.
Барселона во неделата го освои шпанскиот Суперкуп совладувајќи го во финалето Реал Мадрид со 5-2.
Хрватска забрани внесување на други знамиња освен официјалното
Светското првенство во ракомет го означува својот почеток денеска и Македонија повторно ќе биде дел од овој значаен спортски настан.
Пред самиот старт, Ракометниот сојуз на Хрватска објави кодекс за однесување за навивачите на трибините.
Во „Вараждин Арената“, според правилникот, македонските фанови можат да внесат само официјално знаме во големина од 2×1.5 метри, додека внесување на тврди предмети е строго забрането.
Утре Македонија ќе се соочи со Унгарија во првата средба од првенството која почнува во 20:30 часот. Натпреварите од второто и третото коло против Холандија и Гвинеја се закажани за 17 и 19 јануари.
Ноа Окафор не ги мина лекарските прегледи во РБ Лајпциг
Пропадна трансферот на Ноа Окафор во РБ Лајпциг. Беше објавено дека германскиот клуб ќе го земе играчот од средниот ред на Милан на позајмица со опција за откуп за 25 милиони евра.
Сепак, Лајпциг реши да не го потпише 24-годишниот играч по медицинските прегледи, објави новинарот на „Sky Sport“, Филип Хинзе.
Швајцарецот не е подготвен за игра во скоро време бидејќи заздравува од повредата на мускулот на потколеницата.
Окафор има постигнато еден гол на 11 натпревари во тековната сезона во Серија А.
Лукас Васкез нема да добие нов договор во Реал Мадрид
Во неделата Барселона убедливо го совлада Реал Мадрид во финалниот натпревар од шпанскиот Суперкуп, „каталонците“ славеа со 5-2, а овој пораз ќе донесе одредени последици по играчите на Реал Мадрид.
Претседателот на Кралскиот клуб Флорентино Перез беше многу разочаран од играта на Лукас Васкез на десната страна од одбраната. По овој натпревар, Перез конечно одлучи дека нема да го продолжи договорот со Васкез и ќе направи се за да ја ангажира ѕвездата на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд.
Да потсетиме дека оваа сезона Васкез одигра 25 натпревари за Реал во сите натпреварувања, постигна два гола и имаше три асистенции.
Зубименди наместо во Сити или Ливерпул ќе заврши во Арсенал
Фудбалерот од средниот ред на Реал Сосиедад ќе му се приклучи на лондонскиот клуб по крајот на сезоната.
„Топчиите“ ја активираа клаузулата за ослободување од 60 милиони евра. Преговорите се во напредна фаза. Изворите велат дека договорот е речиси готов.
Забележано е дека Арсенал би сакал веднаш да го види Зубименди во составот, но Сосиедад инсистираше играчот од средниот ред да остане во неговиот сегашен тим до крајот на сезоната.
Во актуелната сезона во Ла Лига, 25-годишниот Шпанец одигра 18 натпревари на кои постигна еден гол и креираше една асистенција.
Холштајн Кил ги шокира „милјардерите“ од Дортмунд
Фудбалерите на Кил во својата дебитанска сезона ја забележаа најголемата победа во Бундес лигата. Во 17.коло, Кил со 4-2 ја победи Борусија Дортмунд.
По оваа победа Кил стигна до 11 бода, но се уште е во зоната за испаѓање, додека Дортмунд го забележа вториот пораз во новата година и се наоаѓа на осмото место со 25 бода.
Дортмунд одигра катастрофално прво полувреме, кое го загуби со 3-0.
Најпрво во 27. минута Машино му донесе водство на својот тим, а само пет минути подоцна Харес на асистенција на Розенбум го зголеми водството на Кил. До крајот на првото полувреме Бернхардсон го принуди Кобел по третпат да ја извади топката од мрежата.
„Милионерите“ не се предадоа, во вториот дел постигнаа два гола, преку Рејна и Гитенс.
До крајот играчите на Борусија се обидоа но не успеаја да изедначат. Точка на натпреварот во последните секунди стави Бернхардсон.
Роналдо го бара Каземиро
Кристијано Роналдо е во преговори за продолжување на својот престој во Ал Наср, но Португалецот постави свои услови кои бара да му бидат прифатени.
Според пишувањата на одредени медиуми, Роналдо побарал од клубот да доведе квалитетни играчи а еден од посакуваните бил поранешниот соиграч од Реал и Манчестер Јунајтед, Каземиро.
Управата на Ал Наср веќе ги разгледува барањата на својата најголема звезда и веќе подготви понуда за доведување на Каземиро во Саудиска Арабија.
Сериозна повреда на Габриел Жезус
Медиумите од Англија ја пренесуваат веста дека фудбалерот на Арсенал, Габриел Жезус, ги повредил вкрстените лигаменти на коленото за време на натпреварот против Манчестер Јунајтед во ФА Купот.
Тренерот на „топџиите“ Микел Артета, не сакаше да ја потврди оваа вест пред официјалните лекарски резултати, но сепак најави подолго отсуство за Бразилецот.
„Бевме многу загрижени после натпреварот со Јунајтед, Мораме уште еднаш да ја провериме состојбата со Габриел. Не сакам ништо да потврдам додека не добијам конечни резултати но повредата изгледа сериозно“, изјави Артета.
Голема е веројатноста дека Арсенал ќе мора да бара засилување за голгетерската позиција до затворањето на јануарскиот преоден рок.