feature

Евротип Спортските Обложувалници се поддржувачи на меѓународниот шаховски турнир Голд Фелициа 2024

Во неделата на 4-ти август во ресторанскиот дел на комплексот Голд Фелициа во Битола се одржа меѓународниот турнир во забрзан шах “Голд Фелициа 2024”.
Овој престижен настан, кој ги собра најталентираните  умови од повеќе земји, се покажа како извонреден тест за шаховските вештини и интелектуалната моќ на учесниците.

На турнирот учество зедоа 118 шахисти. Учествуваа шахисти од сите Македонски шаховски клубови, шахисти од балканските земји (Грција, Бугарија, Косово, Албанија и Србија) како и шахисти од Франција, Швајцарија и далечната Индија.

Турнирот се играше по Швајцарски систем од 9 кола, според правилата на Интернационалната Шаховска Федерација – ФИДЕ за забрзан (Рапид) шах при што турнирот беше пријавен и рејтингуван во ФИДЕ. Резултатите во реално време беа објавувани на официјалната веб страна на ФИДЕ (www.chess-results.com).

Модератор на настанот беше Никола Пројчески, а турнирот за отворен го прогласи битолскиот шахист Зоран Попчевски.

На овој меѓународен турнир учество зедоа нашите млади шахисти од сите 4 клубови во Битола кои покажаа дека се на висина на задачата, со своите одлични настапи и импресивни резултати.

Спонзори на овој турнир беа компаниите Голд Фелициа, Евротип Спортските Обложувалници, Голд Слот Клубовите и Премиум Сејфти Солушн – компании кои се дел од КС Групацијата и кои редовно ги поддржуваат сите спортски настани во градот Битола, а и пошироко низ Македонија.

Евротип како горд спонзор на овој шаховски турнир е задоволен од високото ниво на организација на самиот настан како и од спортскиот дух што го покажаа сите учесници. Од менаџерскиот тим на Евротип изјавија дека меѓународниот шаховски турнир е одлична платформа за младите таленти да се докажат и да стекнат искуство на меѓународната сцена и нагласија дека ова е само еден од многуте настани што планираат да ги поддржат во иднина.

Турнирот заврши со свечена церемонија на доделување награди, на која најдобрите шахисти добија признанија за своите достигнувања. Присутните имаа можност да уживаат во натпреварите и да видат како младите умови ги надминуваат своите граници.
Првото место на овој меѓународен шаховски турнир му припадна на Геогиев Кирил од Бугарија.
Имињата на сите учесници како и добитниците на награди се објавени на следниот линк: https://chess-results.com/tnr960424.aspx?lan=1&art=1&rd=9&flag=30

Со овој настан, Битола уште еднаш докажа дека е град на спортот и интелектот, подготвен да поддржи и да промовира млади таленти кои ќе ја носат нашата гордост на меѓународната сцена.


Скамака сериозно се повреди, го чека долга пауза

Италијанскиот фудбалер Џанлука Скамакa ги скина вкрстените
лигаменти на коленото, пренесуваат медиумите од Италија.
Скамака беше одличен минатата сезона и беше еден од клучните
играчи за историската сезона на Аталанта во која го освои
трофејот во Лига Европа, па така ова е тежок удар за тимот на
Гасперини.
Се очекува тој да отсуствува од терените меѓу шест и седум
месеци.


Челзи го мерка Метју О’Рајли од Селтик

Луѓето од фудбалскиот состав Челзи имаат намера да го купат
најдобриот асистент во изминатиот шампионат во Шкотска, Метју
О’Рајли, наведуваат денеска медиумите во Англија.
Според нив, играчот од средниот ред на Селтик се гледа како
еден од кандидатите да замине кај „сините“ од Лондон доколку
не обезбедат ново име во наредниот период.
Тој во претходната сезона на 49 мечеви успеа да постигне 19
голови и да направи дури 18 асистенции.


Чурлинов пред позајмица во Јагиелонија

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов е блиску до преселба во Полска и потпис за шампионот Јагиелонија.

Тој веќе ги договорил личните услови за едногодишна позајмица со новиот клуб, а сега останува да се договорат и двата клуба.

Чурлинов по завршувањето на позајмицата во Шалке се врати назад во Барнли, но, извесно е дека македонскиот репрезентативец не е дел од плановите на тимот за новата сезона во Чемпионшип.


Мурињо го сака Гундоган во Фенербахче

Германскиот фудбалски репрезентативеџ и фудбалер на Барселона Илкај Гундоган ќе го напушти овој тим.

Иако германскиот репрезентативец одигра само една сезона за шпанскиот великан, за Гундоган се интересираат повеќе клубови од богатите азиски земји, но последниов период и Фенербахче на Жозе Мурињо.

Португалецот го пикирал Гундоган како идеално засилување за средниот ред на турскиот клуб, па наводно Фенер ќе испрати и официјална понуда до играчот и неговиот клуб.


Интер спремен да се вклучи во трката по Киеза

Екипата на Интер размислува да испрати понуда за напаѓалот на Јуве, Фредерико Киеза, кој не сака да ја продолжи соработката со тимот од Торино бидејќи не е задоволен од новите финасиски услови.

Медиумите на „Чизмата“ наведуваат дека челниците од Милано стапиле во контакт со агентите на голгетерот за да дознаат под кои услови може да го ангажираат.

„Нероаѕурите“ деновиве најавија дека планираат да продадат неколку играчи и парите добиени од тие трансфери да ги насочат кон купување на врвен напаѓач.


Богдановиќ руши рекорди во историјата на српската кошарка

Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ имаше одличен меч
против Јужен Судан во која постигна 30 поени и беше
најефикасен на натпреварот.
На овој меч тој стана и најдобар стрелец во историјата на
српската кошаркарска репрезентација.
Богдановиќ го помина Милош Теодосиќ кој беше на врвот во таа
статистичка категорија.
Сега Богдановиќ има 1.059 поени од 71 натпревар, Теодосиќ
1.057 поени од 94 натпревари, Бодирога 1.023 од 85 натпревари.


Флик одбил Барса да го доведе Канте

Нголо Канте летово и бил понуден на Барселона, но неговиот
трансфер го одбил новиот тренер на каталонскиот клуб Ханси
Флик.
Французинот минатото лето ги изненади сите кога одлучи да се
пресели во Саудиска Арабија, а на Европското првенство покажа
дека се уште е еден од најдобрите.
Канте сака да се варти во Европа, а неговиот менаџер го понудил
на Барселона. Меѓутоа, тренерот Флик смета дека 33-годишниот
Французин не му е потребен во тимот.
Барса не е многу активна на трансфер пазарот поради
финансиски проблеми и целосно е насочена кон трансферот на
Дани Олмо.


Ориол Ромеу ја напушти Барса и се врати во Џирона

Ориол Ромеу кој во сезоната 2022/23 беше член на Џирона, се
враќа во овој клуб, овојпат на позајмица.
Барселона во 2023 година го купи Ромеу од Џирона и потпиша
тригодишен договор со него, по една година помината во
каталонскиот клуб, тој се враќа во најпријатното изненадување од
минатата сезона.
Барселона информираше дека Ромеу ги напуштил подготовките
на тимот. Тоа значи дека следува комплетирање на неговата
позајмица во Џирона.


Пропадна трансферот на Едерсон во Саудиска Арабија

Во изминатите неколку недели многу се зборуваше за
заминување на Едерсон од Манчестер Сити, но како што стојат
работите, на крајот ништо нема да излезе од тоа.
Бразилецот е еден од клучните играчи во тимот предводен од Пеп
Гвардиола, а во Англија пристигна од Бенфика летото 2017
година за 35 милиони фунти.
Се појавија информации дека Едерсон би можел да го напушти
„Етихад“, а „виновна“ е понудата која стигна од Саудиска Арабија,
поточно од тимот на Ал-Итихад.