Ламин Јамал: „Навредите од ривалите се доказ дека сум важен играч“
Младиот талент на Барселона, Ламин Јамал, во ексклузивно интервју зборуваше за своите настапи и реакциите што ги предизвикува кај навивачите на ривалските тимови. „Ако ме навивачите на противникот навредуваат, тоа е затоа што знаат дека сум важен играч на теренот. Ако бев некој друг, нема да ме навредуваат“, рече 18-годишниот крилен напаѓач. Неговата самодоверба е оправдана, со експлозивното дриблирање, визијата и заканата пред голот, Јамал веќе се смета за еден од најдобрите играчи во светот.
Кога беше прашан за споредбите со Лионел Меси, особено по гол во стилот на Меси, Јамал скромно одговори: „Гол во стилот на Меси? Не, не… Лео има постигнато илјадници вакви голови, не можам да се споредувам со него. Јас само се трудам да напредувам и да одам свој пат.“ Младиот играч ја потенцираше својата посветеност на личниот развој, наместо да живее во сенката на еден од најголемите фудбалери на сите времиња.
Јамал откри и како се носи со критиките и притисокот: „Се обидувам да не обрнувам внимание на тоа што се зборува за мене. Сигурен сум дека ќе се вратам на мојата најдобра форма.“ Неговата зрелост ја потврдува причината зошто тој е клучен играч за Барселона веќе на толку млада возраст, а изјавата за навредите од ривалските навивачи ја претвора во „значка на чест“, која го потврдува неговото влијание на теренот.
Виктор Осимен: невидливата ѕвезда што блеска во Европа
Виктор Осимен е во сензационална форма и полека, но сигурно, го потврдува статусот на еден од најпотценетите напаѓачи во европскиот фудбал. Со неверојатни 12 голови на последните 8 натпревари во европските натпреварувања за Галатасарај, нигерискиот ас демонстрира класа и ефективност што ретко се гледа.
Неговите голови против ривали како Тотенхем, АЗ Алкмар, Динамо Киев, Ајакс, Ливерпул и Бодо/Глимт зборуваат доволно за неговото влијание. Особено впечатлив беше неговиот хет трик шоу против Ајакс, каде што ги надигра сите со својот инстинкт и завршница во казнениот простор.
Успехот на Осимен не е случаен. Тој ја гради својата игра врз одлично движење, позиционирање и клиничка прецизност. Анализите покажуваат дека тој е еден од најдобрите „поатчери“ во Европа, фудбалер што знае како да биде на вистинското место во вистинскиот момент.
Со просек од 3.6 удари по натпревар, од кои 1.5 се во рамките на голот, Осимен припаѓа во елитата на европските напаѓачи по ефикасност. Неговата способност да ги претвора шансите во голови е клучот за успесите на Галатасарај оваа сезона.
Формата на Осимен директно се одразува врз резултатите на тимот. Благодарение на неговите голови, Галатасарај останува конкурентен во трката за трофеи и покажува дека може да се носи со најсилните екипи во Европа.
Со перформансите што ги прикажува против големите имиња, напаѓачот докажува дека сеуште поседува квалитет за највисокото ниво.
Ромео Лавија повторно повреден, излезе по само три минути игра против Карабах
Фудбалерот на Челзи, Ромео Лавија, доживеа нова мускулна повреда само три минути по почетокот на натпреварот од Лигата на шампионите против Карабах. Младиот белгиски репрезентативец, кој штотуку се врати по долга пауза поради повреда на задната ложа, мораше веднаш да го напушти теренот, а на негово место влезе Мојсес Каиседо.
Според првичните информации, станува збор за проблем со квадрицепсот, а не за повторна повреда на истото место. Медицинскиот тим на клубот ќе изврши детални прегледи за да ја утврди сериозноста на повредата.
Лавија, кој пристигна на Стемфорд Бриџ во 2023 година од Саутемптон за 58 милиони фунти, сè уште не успева да ја покаже својата вистинска вредност поради честите здравствени проблеми. Оттогаш има само околу 30 настапи и помалку од 1.000 минути на теренот, бројка далеку под очекувањата за играч со негов потенцијал.
Менаџерот Енцо Мареска изрази загриженост и нагласи дека приоритет на клубот останува целосното закрепнување на играчот, дури и по цена на ограничување на неговите настапи.
Новата повреда дополнително го комплицира изборот во средниот ред на Челзи, кој се наоѓа во клучен дел од сезоната и во Премиер лигата и во Европа. Каиседо и Енцо Фернандез ќе треба да го преземат товарот во отсуство на Лавија, додека клубот продолжува внимателно да го менаџира неговото враќање на теренот.
ПСЖ без Нуно Мендеш, португалскиот бек ќе паузира по повреда на коленото
Париз Сен Жермен потврди дека левиот бек Нуно Мендеш има истегнување на лигаментите на левото колено и во следните неколку недели ќе биде под лекарски надзор. Повредата се случи за време на поразот од Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а Португалецот веќе започна со рехабилитација.
Отсуството на Мендеш претставува сериозен удар за тимот на Луис Енрике, бидејќи тој е еден од најважните играчи во дефанзивната линија. Дополнителен проблем за ПСЖ е што и Ахраф Хакими и Усман Дембеле се надвор од терените поради повреди.
Мендеш оваа, и минатата сезона беше клучен во балансирањето на одбраната и нападот, а неговото враќање на терените сè уште нема точен рок. Клубот најави дека ќе објави нови информации по завршувањето на репрезентативната пауза. Навивачите се надеваат на брзо закрепнување на талентираниот Португалец.
Спалети: Мојот Јуве покажа карактер против Спортинг
Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети е задоволен од играта на неговиот тим на натпреварот со Спортинг.
Јувентус вчеравечер ремизира 1:1 со португалскиот тим во меч од четвртото коло од Лигата на шампионите.
„Задоволен сум од играта на тимот. Покажавме дека имаме карактер, а момците покажаа желба да го добијат натпреварот. Ако продолжиме да играме вака, ќе победиме на многу натпревари. Играњето против Спортинг не е лесно. Тие имаат брзи и вешти играчи и имаат многу добар тренер кој совршено го поставува својот тим“, изјави Спалети за клупскиот сајт.
Јувентус има три бода и е на 23-то место на табелата, додека тимот од Лисабон е на 10-то место со седум бода.
Следниот натпревар на Јувентус во Лигата на шампионите ќе биде против Боде-Глимт на 25 ноември, додека Спортинг ќе игра против Клуб Бриж на 26 ноември.
Јуве се предомисли и сега преговара за нов договор со Влаховиќ
Ситуацијата со договорот на Душан Влаховиќ долго време е главна тема во Торино. Со доаѓањето на Лучано Спалети на тренерската позиција и добрата форма на напаѓачот во последно време, може да дојде до голема промена.
Откако во јануари 2022 година пристигна од Фиорентина за импресивни 83,500,000 евра како најпосакуван млад напаѓач во европскиот фудбал, односот меѓу српскиот репрезентативец и бијанконерите постојано се менува. Имаше блескави моменти, но и очајни – но не успеа да ги оправда годишните примања од дури 22,200,000 евра.
Убедливо најплатениот фудбалер на „Старата дама“ договорно е врзан за клубот до летото 2026 година, кога ќе биде слободен во изборот на нова средина. Доколку не го продолжи договорот, а изгледите за тоа се поголеми.
„Вратите се отворени од двете страни. Влаховиќ е максимално фокусиран и размислува само на Јувентус. Кога ќе дојде време, заедно ќе ја процениме ситуацијата и ќе донесеме одлука“, откри за Газета дело спорт Џорџо Кјелини, поранешен фудбалер и сегашен функционер на двократниот европски првак.
Галатасарај работи на позајмица на Лео Меси оваа зима
Новинарот Зеки Узундуркан донесе големи вести од Турција, а во главните улоги се Лео Меси и Галатасарај.
Според неговите наводи, челниците на тимот од Турција се во контакт со ѕвездата од Аргентина и Меси би можел да дојде во Галатасарај и да потпише договор на четири месеци.
Сè предизвика вистински хаос на социјалните мрежи бидејќи навивачите на тимот од Турција го преплавија Меси со пораки на социјалните мрежи, а сите бараат од него исто.
„Дојди во Галатасарај”, е јасната порака што навивачите на овој тим му ја упатија на Меси.
Се чини дека Галатасарај започнал со реализација на трансфер кој би го разбранувал светот на фудбалот.
Претходно успеаја да го доведат Leroy Sane и Victor Osimhen, но доколку успеат да го доведат и Меси, тоа би бил голем потфат.
Тројца фудбалери на ПСЖ повредени по дуелот со Баерн
Фудбалерите на ПСЖ, Усман Дембеле, Ашраф Хакими и Нуно Мендеш ќе отсуствуваат неколку недели, откако тројцата се повредија на вчерашниот натпревар од Лигата на шампиони против Баерн Минхен (1-2), објави вечерва актуелниот европски првак.
Мароканскиот репрезентативец „Ашраф Хакими има потешка повреда на левиот зглоб, што ќе бара пауза од неколку недели“, се вели во соопштението на ПСЖ.
Францускиот репрезентативец и освојувач на Златната топка, Усман Дембеле, кој минатата недела го одигра својот прв натпревар по враќањето од претходна повреда, претрпе „лезија на мускулот на левата нога“ и ќе отсуствува неколку недели.
Во клупското соопштение се додава дека неколку недели надвор од теренот ќе биде и Португалецот Мендеш поради повреда на левото колено.
Вардар го доби дербито во Битола и остана лидер на табелата
Вечното дерби на македонскиот фудбал меѓу најголемите имиња на зелениот терен, Пелистер и Вардар, донесе офанзивен и интересен натпревар за публиката која го исполни стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, а во кој победата ја забележаа скопските „црвено црни“ so 1-2 (0-0).
Вардар влезе како фаворит во овој меч и ја имаше иницијативата создавајќи три изгледни шанси во првиот дел. Првата шанса дојде преку Матиќ веќе во деветтата минута, кога биеше со глава по изведениот корнер. Само две минути подоцна и Бабунски се обиде да го отвори резултатот по проигрување од Мато, додека во 22. минута шанса за Вардар имаше Тодоровски.
Потоа иницијативата на Вардар спласна и забележани се две шанси за Пелистер, при што првата во 26. минута преку Белиќ кој биеше од преку 20 метри, а втората во судиското надополнување од првиот дел, кога Булатовиќ од слободен удар изнуди принудна интервенција на Талески.
Вториот дел донесе „оган на теренот“ и подигање на емоциите и кај играчите и кај публиката. Во 53. минута, Мато конвертираше во гол прекрасна асистенција од надворешаната страната на шеснаесетникот, казнувајќи ја одбраната на битолчани која не успеа да изблокира како дотогаш.
Пелистер и понатаму се обидуваше со удари од далечина, па во 59. минута Спировски од 25 метри биеше прецизно, Талески боксуваше во височина, а Петар Петковски влезе во казнениот простор и реализираше за израмнување. Судијата Грујовски на барање од вардарци побара асистенција од ВАР собата дека немало офсајд, по што голот беше потврден.
Најубавата, но нереализирана шанса за Вардар ја имаше Омерагиќ во 68. минута, по уште едно прекрасно проигрување, но топката му отскокна пред нога и не успеа да ја скроти и упати во мрежата на Јовчевски. Сепак, во 80. минута Данев иако се тетеравеше уште од надвор од шеснаесетникот, успеа да измами реакција од одбраната на Пелистер и да биде соборен во казнениот простор, по што беше досуден пенал за Вардар. Сигурен реализатор беше Закариќ во 83. минута.
Финишот беше подеднакво жесток, при што Вардар дојде до нова шанса преку Данев од левата страна, кој истрча во лево и упати непрецизен шут кон голот на Јовчевски, додека на спротивната страна Мирко Ивановски не успеа да стопира една отскокната топка по играта со глава од Ристевски. Капитенот на битолчани беше во преден план и кога после пробивот од десна страна бараше пенал поради игра со рака од одбранбениот играч на Вардар, како и во финишот за една повратна топка до Талески, но во двата случаја судијата Грујовски само покажа два жолти картони, заради реакциите на Спировски и Ивановски.
Вардар останува единствена непоразена екипа по 12. коло и со 30 бода се враќа на лидерската позиција, додека Пелистер може да жали за пропуштен бод, кој ќе му значеше во борбата за опстанок, бидејќи сега има само 8 бода и е во опасната зона, на 10 место од табелата.
По само четири дена, Пелистер во Битола ја пречекува Брера.
Флик јасно ги згасна шпекулациите за заминување од Барселона
Ханзи Флик јавно ги отфрли последните шпекулации во медиумите за можен замин од клубот во 2026 година. Германскиот стратег, кој игра клучна улога во обновата на клубот, ги оцени гласините како „само уште една глупост“ и истакна дека длабоко го сака клубот, играчите и сè што го опкружува.
„Навистина го сакам овој клуб, ги сакам играчите и сè што е поврзано со него“, рече Флик, нагласувајќи ја својата посветеност и задоволство од работа во Барселона.
Тој додаде и дека е среќен на Камп Ноу: „Многу сум среќен во Барселона“, со што се обиде да ја смири јавноста и фановите, во време кога се појавија различни шпекулации за неговата иднина.
Со оглед на важноста на неговата улога и времетраењето на неговиот договор, кој според медиумите се протега до 2026 или 2027 година, коментарите на Флик ја потврдуваат неговата посветеност на стабилноста и успехот на клубот.