фудбал

Марко Арнаутовиќ се договори со Црвена Звезда

Се случи конечно и тоа! Марко Арнаутовиќ е нов фудбалер на Ѕвезда!

Како што наведува „Курир“, Арнаутовиќ ќе биде на „Маракана“ во понеделник, каде ќе биде организирано свеченото потпишување на договорот.

Арнаутовиќ доаѓа како слободен играч откако му истече договорот со Интер, со кој играше во финалето на Лигата на шампионите годинава.

Како што се наведува, Арнаутовиќ можеби ќе пристигне уште утре и ќе го проследи натпреварот од првото коло на неговиот нов клуб против Јавор.

Арнаутовиќ беше блиску до Ѕвезда и минатото лето, кога беше договорено да пристигне доколку се оствари пласман во Лигата на шампионите. Тоа се случи, но на крајот се изјалови.

Случајноста сакаше Арнаутовиќ да постигне гол во дуелот меѓу Интер и Ѕвезда во Лигата на шампионите претходната сезона.


Барса пак го одложи враќањето на „Камп Ноу“

Актуелниот шпански првак Барселона објави дека враќањето на фудбалерите на Камп Ноу нема да се случи на почетокот на август како што беше претходно најавено. Ова претставува уште едно одложување на враќањето на Барселона во својот дом поради тоа што, по реконструкцијата, сè уште не се исполнети сите услови за повторно отворање на култниот стадион.

Официјален датум за враќање сè уште не е објавен, но се очекува тоа да се случи во четвртото коло од новата сезона на шпанската Ла Лига, кога Барселона ќе биде домаќин на Валенсија на 13 или 14 октомври. Во првите три кола од новата сезона, во која го брани шампионскиот наслов, Барселона ќе гостува на Мајорка, Леванте и Рајо Валјекано.

Капацитетот на стадионот на почетокот на враќањето ќе биде ограничен на околу 60.000 места додека градбата не се заврши целосно следното лето, кога капацитетот ќе достигне предвидените 105.000 места. Вкупната вредност на овој проект за реконструкција изнесува околу милијарда и пол евра. Додека траеја работите на Камп Ноу, фудбалерите на Барселона беа домаќини на олимпискиот стадион на Монжуик.


Галатасарај го сака Едерсон, но испратил многу ниска понуда

Изгледа дека Манчестер Сити очекува бурно лето зад голот. Според француските медиуми, турскиот шампион Галатасарај испратил изненадувачка, па дури и малку чудна понуда за голманот Едерсон. Овој бразилски репрезентативец, кој за Сити одигра 372 натпревари и стана клучна фигура во ерата на Пеп Гвардиола, влегува во последната година од неговиот договор.

Со оглед на тоа што во август ќе наполни 32 години, шпекулациите за потенцијално заминување од Манчестер се сé погласни. Едерсон претходно привлече внимание од богати клубови, особено од Саудиска Арабија, и му беше многу блиску заминување од Етихад. Сепак, по разговор со Гвардиола, реши да остане во клубот барем до крајот на сезоната 2025/26.

Сега во приказната учествува нов клуб. Според написите на реномираниот Л’Екип, Галатасарај испрати официјална понуда до Сити за овој искусен голман, која изнесува неверојатно ниски три милиони евра.


Грабеж во домот на Мишел Платини

Former UEFA president Michel Platini smiles when leaving the courthouse after the verdict of an appeal by Swiss Attorney General’s office against former UEFA and FIFA presidents over a suspected fraudulent payment, in Muttenz near Basel, on March 25, 2025. Former FIFA president Sepp Blatter and ex-UEFA chief Michel Platini were acquitted again on March 25, 2025 on appeal by a Swiss court in a long-running corruption case. (Photo by Fabrice COFFRINI / AFP)

Домот на некогашниот прв човек на УЕФА, Мишел Платини бил ограбен утрово во градот Касиса. Според тв-станицата РТЛ, поранешниот играч од средниот ред на Јувентус и репрезентативец на Франција се разбудил во 5:30 часот наутро во својот дом во Касиса откако слушнал звуци во градината. Гледајќи низ прозорецот, забележал човек во црно со качулка, кој веднаш избегал.

Откако го прегледал домот, Платини открил дека се украдени трофеи, пехари и медали складирани во посебен дел од куќата. Според информациите, украдени се околу дваесет предмети.Вкупната штета сè уште не е проценета.


Луис Диаз се согласи да премине во Минхен, се чека договор меѓу клубови

Баерн Минхен се договори со напаѓачот на Ливерпул, Луис Диаз, за условите на неговиот личен договор. Договорот со 28-годишниот фудбалер е на четири години. Ова го објави „Билд“.

Според изворот, колумбискиот играч се договорил и со германскиот гигант дека во случај на трансфер, неговата плата ќе биде 14 милиони евра годишно пред даноци. Оваа сума вклучува бонуси за перформанси.

Се нагласува дека самите клубови сè уште не постигнале договор за трансферот на Диаз.

Минатата сезона, напаѓачот одигра 50 натпревари на сите турнири, постигнувајќи 17 гола и осум асистенции. Тековниот договор на играчот со клубот е со важност до летото 2027 година. Според информациите пазарната вредност на играчот е 70 милиони евра.


Арсенал се пофали со потписот на Мадуеке

Арсенал официјално го објави потпишувањето на крилниот напаѓач Нони Мадуеке од лондонскиот ривал Челзи во договор вреден околу 52 милиони фунти.

„Топџиите“ веќе некое време бараат нов крилен напаѓач, а интересот за Мадуеке првпат беше објавен кон крајот на јуни. По успешните разговори со Челзи и агентот на играчот, трансферот сега е завршен.

Мадуеке станува четвртото големо засилување на Арсенал ова лето, откако веќе ги потпиша Мартин Зубименди, Кристијан Њоргор и голманот Кепа Аризабалага. Се очекува Арсенал да ги финализира и договорите за Кристијан Москера и Виктор Гокерес во наредните денови.

По две и пол години на „Стемфорд Бриџ“, 23-годишниот Мадуеке пристигнува на „Емирати“ со надеж дека ќе ја оживее својата кариера. Тој има 92 настапи за Челзи, постигнувајќи 20 гола, освојувајќи ја Лигата на конференцијата и Светското клупско првенство со клубот ова лето. Мадуеке има и седум настапи за Англија.

Арсенал се надева дека ќе го комплетира својот состав со уште две засилувања пред нивната предсезонска турнеја во Азија, каде што ќе се соочат со Мила


Лилард се врати во својот Портланд

Демиан Лилард, еден од најпрепознатливите бекови во НБА лигата, официјално се врати во Портланд Трејл Блејзерс.

Клубот од Орегон потврди дека потпишал тригодишен договор со 34-годишната суперѕвезда, кој според достапните информации ќе заработи 42 милиони долари.

Враќањето на Лилард доаѓа откако неодамна беше отпуштен од Милвоки Бакс, иако во неговиот договор имаше загарантирани 113 милиони долари за наредните пет сезони. Одлуката на Бакс следеше по сериозната повреда на Ахиловата тетива во првото коло од годинашниот плејоф, поради која ќе ја пропушти целата наредна сезона.

Лилард беше избран како шести пик на НБА драфтот во 2012 токму од Портланд, каде ги помина првите 11 сезони од својата кариера и стана клупска легенда. Во 2023 се пресели во Милвоки, но неговата епизода таму беше краткотрајна.


Гарначо се предомисли и ќе се бори за место во тимот во Манчестер Јунајтед

Младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Александро Гарначо, иако не влегува во плановите на менаџерот, Рубен Аморим, нема намера да ја напушти Англија.

Познато е дека 20-годишниот играч од Аргентина е трансферна цел на неколку екипи но, тој сака да остане во Премиер-лигата.

Според проценките, неговата вредност на пазарот изнесува 45 милиони фунти. Гарначо има договор со „црвените ѓаволи“ до летото во 2028 година.


Џеко убеден дека може да игра на врвно ниво и на 40 години

40-годишниот фудбалер, Един Џеко, откако во летниот трансфер период се врати во Италија и потпиша за Фиорентина, вели дека никој не смее да го отпише пред време.

„Годините не се значајни. Се чувствувам добро, работиме напорно. Играчите се многу мотивирани“ – рече играчот од Босна и Херцеговина.

„Никогаш не сум си поставил ограничувања и никогаш не сум кажал колку голови сакам да постигнам. Тимот е на прво место, головите и асистенциите се исто така моја работа“ -истакна ветеранот кој потпиша договор за една година со можност да му биде продолжен до 2027-ма.


Де Лаурентис најави нов стадион во Неапол

Наполи ќе добие нов стадион во рок од три години, најави првиот човек на италијанскиот шампион, Аурелио Де Лаурентис, по што се насочи кон новата сезона во Лигата на шампионите и неколкуте засилувања што дојдоа во текот на летово.

„Ќе бидеме конкурентни на највисоко ниво. Мора да донесуваме одлуки бидејќи во спротивно за две или три години фудбалот ќе исчезне, мора да интервенираме“, изјави Де Лаурентис.

„Имаме Серија Б која пропаѓа, Серија А која не успева да се намали. Политичарите веруваат дека сме милијардери а 90% од клубовите се заглавени во долгови“ – изјави Де Лаурентис.